Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Состави

Дискусија во 'Образование' започната од Blabla16, 7 септември 2011.

  1. liverpoolgirlkm

    liverpoolgirlkm Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Човечката димензија на клетникот со животна судбина

    Клетници е роман во кој е насобрано искуството на цел еден живот кој претставува величествена фреска на времето, што ги опфаќа сите општествени слоеви, почнувајќи од оние што стојат на најниското стапало на општествената скала до највисокото.

    Во овој роман ликот на Жан Валжан, поранешен затвореник, обвинет за кражба на леб излегол од затвор и сакал да започне од нула и со чесност и морал да стане човек со материјална сигурност и достоен за почитРазмислувајќи за казната што ја добил, го осудил општеството за својата несреќна судбина и се заколнал дека при првата можност ќе се пресмета со него. Некогашниот смирен работник станал злосторник. Кога излегол од затвор, отфрлен од сите, чукнал на вратата од која никој не бил вратен. Подарениот сребрен прибор од стана на бискупот значел нов живот. Жан Валжан бил мртов, се родил сер Мадлен. Ја запознал Фантина која била жртва на една страсна љубов од која останало едно невино дете. Тие заедно со нејзината ќерка Козета биле девојки кои немале среќа во животот, но тој се менувал на подобро благодарение на Жан Валжан. Фантина не можела да се грижи за нејзината ќерка поради тоа што немала пари и откако ја изгубила работата малата Козета ја дала на посвојување. За да го плати издржувањето на ќерка и ја продала својата коса. Жртвувајќи ја сопствената убавина Фантина се борела за својата ќерка,но подоцна таа починала. По животна непредвидливост, Жан Валжан препознавал дел од својата клетничка судбина исе обврзал да ја пронајде нејзината ќерка Козета и по лична иницијатива, да ја одгледа како свое дете. Ја откупил од Тенардиеви од каде што таа била вдомена, но исто така и малтретирана и злоупотребувана.Таа се заљубила во младото момче Мариус ,а подоцна станала и негова сопруга.Одржувајќи го ветувањето кон Фантина и придржен со љубов од неговите најблиски, Жан Валжан починал.

    И од најголемиот злосторник може да се добие добар човек доколку опшеството му подаде рака. Со ликот на Жан Валжан Иго успеал да ги наслика оние за кои верувал дека можат да се преобразат во опшеството. Секој може да се искачи до највисоките степени во опшествената хиерархија,заземајќи го местото на довчерашните среќници. Секогаш има простор за надеж и оптимизам и дека можеби не се се изгубено за ‘клетниците’.
     
    На The Drifter му/ѝ се допаѓа ова.
  2. liverpoolgirlkm

    liverpoolgirlkm Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Лирската исповед за најнежните романтичарски духовни расположенија на Вертер

    Гете е автор на едно вечно популарно дело,творец на типични романтичарски јунаци кои ни ги презентирал одликите на романтизмот,а истовремено ни насликал една слика во која романтичарскиот лик животот го води преку срцето,исклучувајќи го разумот. Во ‘’Страданијата на младиот Вертер’’ романтичарот Гете ја опишал чуствителноста како одлика на системот

    Пропаднат во светот на романтизмот, всушност и во неговиот типизиран карактер, бил младиот Вертер. Тој бил заробен во канџите наметнати од општеството и неговото пасивно и сентиментално незадоволство барало излез, барал нов свет.Тонел во природата избегнувајќи ги луѓето.Не сакал ни да работи, се гушел, постојано патувал и се чувствувал неразбран од другите, скитник, патник.Вертер бил заљубен во Лота. И тоа била љубов, неовенлива, безусловна, неспречлива и прекрасна, како и самата негова Лота. Иако тој се чувствувал ослободен од сите ограничувања на општеството, бил разочаран од единствената љубов која што може да се воспостави помеѓу него и Лота, а тоа била платонската. Тој не можел, а да не ја сака. Се повеќе и повеќе ја запознава нејзината чиста душа, нејзиниот храбар и лојален дух. И колку е таа само грижлива. Вертер бил безнадежно заљубен. Но тука бил и Алберт, нотар кој ја претставува граѓанската класа и истовремено е симбол на разумот.Лота била свршеничка на Алберт и тоа така морало да остане. Покрај тоа што Вертер бил уверен дека љубовта му била возвратена, тој морал да замине подалеку од двајцата. Тоа не траело долго. Тој морал повторна да ја види, сега веќе мажена. Лота била и останала неговото се! Лота, која сега му подарила грижа и љубов како најдобар пријател, а не љубовник. Не гледал спас за неговата душа, бидејќи знаел дека неговата љубов кон неа нема никогаш да изумре. Ја изгубил целата своја надеж и не гледал повеќе причина за живот и решил да се врати во својот роден крај. Вертер не можел да се пронајде себеси. Поради изгубената надеж во љубовта која веќе не можел да ја освари тој останал пријателски настроен со Лота која му подарила грижа и љубов како најдобар пријател. Спас за неговата душа немало и тој се самоубил со пиштол кој му припаѓал на Алберт.

    Водејќи борба самиот со себе се нашол во конфликт помеѓу срцето и разумот.Разумот може да ни каже што не треба да правиме, а срцето секогаш ни кажува што треба да правиме. Но силните чувства можат да надвладеат со личноста. Да го уништат и да го остават без спокојство.Опшествента заедница која е помоќна од поединците ги убива нив... Нивните срца, нивната чувственост и искрените души како што била и душата на младиот Вертер.
     
    На The Drifter му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ayushka

    Ayushka Активен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2016
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Nekoj ja ima raskazano Шагринска Кожа?
     
  4. Hristinaaa8

    Hristinaaa8 Активен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Дали некој има состав во врска со својот идол?
     
  5. Hristinaaa8

    Hristinaaa8 Активен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Moжеш да ми напишеш состав на тема ,,Мојот идол,,?
     
  6. Bae#A♥

    Bae#A♥ Нов член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Нова сум и здраво на сите ! Дали може да ми составите состав на тема ,,Мојата амбиција е посилна од се,, :inlove:
     
  7. tamarce<3

    tamarce<3 Нов член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2016
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Ве молам ако може некој да ми помогне во врска со состав на тема Придобивките на средновековието, во светлината на ренесансата, не се темни. :)
     
  8. Noel

    Noel Нов член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво ми треба песна за "Св.Климент Охридски и моќта на словото" треба да содржи окулу 480 зборови имам напишано окулу 200-230 ако може некој да ми состави барем 10-15 стиха би биле од помош:D
     
  9. Iva Markovska

    Iva Markovska Нов член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Mi treba eden sostav od ovie tri temi:
    1.Patuvam,zapoznavam i se voshituvam.
    2.Za mene prijatelstvoto znaci...
    3.Sportot gi zblizuva lugjeto

    Blagodaram!!
     
  10. Iva Markovska

    Iva Markovska Нов член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Mi treba eden sostav od ovie tri temi: 1.Patuvam,zapoznavam i se voshituvam. 2.Za mene prijatelstvoto znaci... 3.Sportot gi zblizuva lugjeto...
    Mi treba za utre!!Blagodaram.
     
  11. Hristinaaa8

    Hristinaaa8 Активен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Има ли некој состав за Селска куќа?
     
  12. Iva Markovska

    Iva Markovska Нов член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Mi treba eden sostav od ovie tri temi: 1.Patuvam,zapoznavam i se voshituvam. 2.Za mene prijatelstvoto znaci... 3.Sportot gi zblizuva lugjeto...

    Mi treba za vo petok!
     
  13. Крокодилче

    Крокодилче Нов член

    Се зачлени на:
    9 мај 2016
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Исто така и на мене ми требаат состави за писмена работа. Ако некој има или ако може да напише на некој од темите.
    1. Грижата на македонското општество кон јазикот (мојот литературен јазик е мојот идентитет)
    2. Љубовта ја облагородува и збогатува човечката душа.
    3. Македонското народно творештво, приказ на целата мудрост на народот.

    Ми треба за во петок, ако некој напише нека ми прате во лп, благодарам однапред.
     
  14. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Ајде не можеш уште еднаш да пишеш (facepalm) знаеш дека ако пишуваш овде насекое, составот магично ќе ти се напише сам...
    Колку убави теми има, не знам како не ви е мерак сами да се потрудите.
    По цел ден сте обесени на лаптоп, а ве мрзи еден состав да напишете.
     
    На SparkyAngel, cresa-jagoda, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Iva Markovska

    Iva Markovska Нов член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ne go tupi be
     
  16. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Ете и да сакаше некој да ти помогне сега КУРАЦ ќе ти помогне пошто немаш домашно воспитување. Што е тоа култура? Шпанско село е тоа за тебе.
    Да не сакаш по пошта да ти го пратам составот? :D
    Ајде уште 3 пати пиши за кога ти е и кои се насловите, пошто не разбрвме... за петок рече? :D
     
    На cresa-jagoda, Gosh, Victorian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Iva Markovska

    Iva Markovska Нов член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Mi treba eden sostav od ovie tri temi: 1.Patuvam,zapoznavam i se voshituvam. 2.Za mene prijatelstvoto znaci... 3.Sportot gi zblizuva lugjeto...

    Mi treba za vo petok!
    Sega jasno tie??
     
  18. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Iva Markovska Е тие тие, баш тие, јави се во Штабот, таму даваат такви состави од Црвен Крст :D
    И што оти ти требаат за во Петок? Дали искрено очекуваш некој тука да ти ја напише домашната задача бидејќи ти си too busy being неписмена или? (facepalm)
     
    На cresa-jagoda, Gosh, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  19. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Еве, гледате со какви глуперди се расправаат професорите? Кај шуто па и боде...
    Па девојкава не е ни писмена како што треба. Ме прашува: Јасно ТИЕ?
    Кои се тоа тие? Од кај дојдоа тие?
    Не бе, воопшто не им е лесно ни на професорите, сфатете ги...
    Како да напише состав, кога не знае ни да пишува.
    Ај ве молам напишете и некој, жал ме фати.
     
    На SparkyAngel, cresa-jagoda, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.010
    Допаѓања:
    5.728
    Пол:
    Женски
    Нам ни е јасно дека ти треба состав за во петок, ама тебе треба да ти е јасно дека ако така се однесуваш никој нема да ти го напише :)

    Интернетот ја уби креативноста :/
     
    На cresa-jagoda, theowndemon, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.