Дали има некој писмена работа за Лицемерието на луѓето изразено преку религијата во делото Тартиф од Молиер? Ако има некој ве молам да ми пишете итно ми е
Здраво дали некој има писмена на тема Љубовта ги прави луѓето среќни или ги фрла во очај да е поврзано со Чичко Горио. Ако имате пишете ми итно ми е.Фала однапред
Ми треба помош за состави: 1.Човекот е главен мотив во литературата 2.Значење на медиумите во комуникацијата на луѓето Ако може побрзо ми треба за утре
Здраво женски. Ми треба помош за есеј од 1000 зборови. Во него треба да биде претставен и опишан некој општествен проблем а потоа и да се наведат некои решенија за тој проблем. Ве молам за идеи. Фала ви
Devojki mi treba pomos itno. Ke imam pismena so temi mojata avantura ili ljubovno pismo. Vi blagodaram odnapred!
Илијадата е најсовремената епопеја на сите времиња, за сите народи При првата средба со Хомеровата „Илијада“ се бориме да ги совладаме необичните стихови, првпат слушнатите епитети, но полека стануваме дел од древната приказна за десетгодишната Тројанска војна Илијада претставува бесмртно дело на Хомер каде што гневот на Ахил се провлекува како црвена нишка нишка низ целото дело, од самиот почеток па се до неговиот крај. Слепиот Хомер пред себе имал мноштво на личности, кои имале една желба и цел, да победат и да се прослават. Тој ја покажува својата величина во сликањето на многу различни карактери, во изнесувањето на нивните добри и лоши страни.А посебно го истакнува големиот јунак Ахил 2..Двигател на дејството во „Илијада“ е гневот на Ахил.. Ахил претставува литерарен лик, создаден од авторот, лик кој има божествени особини – идеали... Без него борбите се неуспешни, а со неговото враќање се насетува победата на Ахајците.. Нему не му се важни богатството и пленот од војната, туку честа и општото добро на сите Ахајци. Ахил е бестрашен јунак кој е непоколеблив во борба, најубав и најсилен од сите, одважен, непопустлив, гневен и упорен. Тој е верен пријател кој се колне дека ќе одмазди по секоја цена. Одмаздувајќи, го гледаме како бездушен (кога го влече Хекторовото тело со двоколката), но и сочувствителен, великодушен и чесен кога му го дава телото на Пријам. Неговото убаво лице се грчи од гнев заради навредата од Агамемнон. Но тој не поднесува навреда и неправда! Неговиот гнев и инает се посилни од сѐ. Болката и желбата за одмазда поради смртта на неговиот најдобар пријател Патрокло, ќе го разгорат гневот уште повеќе. Но, сега тој е насочен кон Хектор – виновникот за смртта на пријателот. Заслепен од чувството за одмазда, Ахил не само што го убива Хектора, туку станува вистински монструм влечејќи го со својата двоколка мртвото тело.Бесчувствителноста на Ахил ќе успеат да ја омекнат само татковите молбени зборови на Пријам, барајќи го телото на својот син Хектор.3.Тука, можеби премудриот Хомер, покрај сѐ со што нѐ восхити во своето дело, ќе нѐ поучи и на тоа дека не гневот, туку простувањето е возвишената човечка особина.Можеме да заклучиме и дека Ахил ги поседува сите карактеристики на епски јунак.Тој е главен војсководец, борецна страстите кој оди во крајности За разлика од Гилгамеш што го губи гневот кога близок му починува, на Ахил гневот му станува уште поголем. За разлика од Гилгамеш што го губи гневот кога близок му починува, на Ахил гневот му станува уште поголем.
Чесноста на боговите во тројанската војна Боговите во грчките митологија се опишани како моќни сили кој го креирале светот. Под тоа се подразбира создавањето на светот и создавање на живи суштества- човекот. Човекот ги почитувал боговите и често ја барал нивната сила за да опстанат. Силата на боговите е правилно опишана во тројанската војна. Имало две страни од војната едната стране на Хектор а другата цтрана на Ахил. Војната траела 10 години и се додека се одвивала боговите следеле. Како што поминувала војната им било мерак на боговите сами да одредат кој да биде победник.Зевс како крал на боговите им дозволил да одберат страна во војната. Од страната на Ахил биле: Атена, Посејдон, Хера, Хермес, Тетис, а од страната на Хектор биле: Аполон, Артемис, Арес, Афродита. Големе значење имале боговите во војната. Голем впечаток оставила Атена, бидејќи се претворила во братот на Хектор за го убеди да го поролжи походот против Ахил. Друго значење имал Хермес затоа што го создал оклопот и оружјето на Ахил за финалната битка против Хектор. Посејдон и Тетида како богови на водите му овозмжиле на Ахил да има предност во војната. Божицата на ловот Артемис одлучила да биде стрелец во редиците на Хектор и им давала подршка на војниците. Арес како бог на војната ја искористил неговата моќ да им даде повеќе моќ и морал на војниците на Троја. Кога дошло време за финалната битка помеѓу Ахил и Хектор Зевс сакал тој да одлучи кој ќе биде победникот. Тој со помош на вага одлучил да процени кој ке има поголема предност во војната. Се покажало Ахил дека ја имал предонста. Иако Ахил ја имал предноста во Илијада е прикажано како боговите се еднакви пред сите. Боговите за да биде еднакво подеднакво се поделиле и на војсководвите им помагале сите на свој начин.
Здраво девојки дали некој има состави на следниве теми: 1.Моменти што сакав да траат вечно 2.Волшебниот свет на детсвото Итно ми треба!
Дали маската го менува човекот? Дали човекот може да се смени? На подобро или на полошо? Или сепак, луѓето не се менуваат, туку им паѓаат маските. Го откриваат своето вистинско лице, вистинското јас. Злото зазеде маска. Малку се оние кои ја кажуваат вистината и помагаат на другите. Но кога нешто ке изгубат ќе се сетат дека биле засенети од други работи и ќе сакаат да ја тргнат злобната маска која ја залепиле за нивното лице. Но образот веќе им е валкан – нема можност маската да се извади, а нивната душа е онаква каква злото сакало да биде. Тие се под негово влијание, а не под свое. Повеќе не ги слушаат и прават чесните постапки за да дојдат до успех, туку подмолните постапки со кои подмитуваат и прават се за да успеат. Сакаат да станат неоткирени. Едноставно како да се губат со маската на злото, не знаат кој се, не знаат каде се. Моето мислење е дека маската може да го промени човекот. Но зависи од него. Повеќето велат дека најчесто парите и имотот го менуваат човекот. Со парите како човекот да има завеса пред очите и не гледа ништо освен забава, за разлика од оние кои се загрижени за него и неговиот живот. Сепак важно е мислењето на личноста, колку таа сака да се промени, колку верува дека ќе се промени. Многу лоши луѓе насилници и тепачи се промениле и подоцна станале почесни и позрели. Сепак тие верувале дека еден ден ќе успеат и ќе се издигнат на врвот. Некои луѓе се менуваат секојдневно, поточно кажано насекаде имаат друго ЈАС. Дали е тоа поради инстинктот за преживување, остварување на своите цели или нешто друго. Тоа е маската на дволичноста. Не морате да се дружите со таквите луѓе. Лицето покриено со маска го ослободува разумот од секакви мисли за тоа како ќе биде кога ќе се појави во јавност без маска, туку таков каков што е. Како ќе се извини на сите за тоа што го направил и ќе им објасни зошто бил под маска цело време. Се е маска, преправање, глумење, прилагодување и секогаш на крај вистинската личност излегува на површина.
Здраво ми треба состави, на тема: - Тагата и лелекот на Гилгамеш по мртвиот пријател - Нечовечката борба на Гилгамеш протв смртта (против бесмртноста) - Доминантни ликови на јунаци во Илијада - Јуначкиот мегдан на епопејата Илијада ( борбата меѓу Ахил и Хектор) Би благодарам однапред!
Дали некој е во можност да ми помогне да напишам состав на тема "Не сонувај го животот, живеј го својот сон" за 9. одделение? Треба нешто да спомнам и за идната професија.. Благодарам однапред...
Dali moze nekoj da mi napise tri sostavi za 6 oddelenie ve molam!!!Temite se:eden izletnicki den vo pregratkite na prirodata(da sodrzi mnogu opisi I pridavki),opis na mojot roden kraj i eden ucilisen den!!!
Здраво.Ми треба состав за „Со убав збор до посакуваната цел" Немам многу време.Доколку некој може да напише нека ми пушти ви благодарам однапред.