Состави

Discussion in 'Образование' started by Blabla16, Sep 7, 2011.

  1. Red Rose

    Red Rose Истакнат член

    Joined:
    Oct 29, 2016
    Messages:
    55
    Likes Received:
    7
    Gender:
    Female
    Ми треба состав за писмена
    1. Мојот живот со или без предрасуди.
     
  2. __thegoodgirl

    __thegoodgirl Активен член

    Joined:
    Jun 30, 2019
    Messages:
    20
    Likes Received:
    31
    Gender:
    Female
    Можеби не е прашањево за тука, но дали некој ја има прочитано "Гордост и предрасуда"? И дали би можело да добијам некое кратко артикличе за што всушност се зборува и се тоа? Фала ви однапред.:inlove:
     
  3. macencef

    macencef Популарен член

    Joined:
    Jun 20, 2011
    Messages:
    2,125
    Likes Received:
    3,170
    Gender:
    Female
    https://owlcation.com/humanities/Movie-Review-Pride-and-prejudice-by-Jane-Austen види на линков, инаку ја немам читано
     
  4. Smoke12

    Smoke12 Активен член

    Joined:
    Aug 8, 2019
    Messages:
    9
    Likes Received:
    1
    Gender:
    Female
    есеј за предизвиците за слободата на медиумите во дигиталниот свет дали можи да ми пратите некаков есеј за ова ве молам
     
  5. Kika234

    Kika234 Нов член

    Joined:
    Nov 21, 2019
    Messages:
    1
    Likes Received:
    0
    Итно!
    Ве молам ако може некој да напише состав на тема за иднината.Ми треба за утре правам писмена по македонски. Прва година сум во средно училиште, одлична сум но за состави не ме бидува. Благодарам однапред:inlove:
     
  6. Naum2005

    Naum2005 Нов член

    Joined:
    Jul 4, 2019
    Messages:
    1
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Male
    Ми треба есеј на тема : Младите во современиот свет.
    Ви благодарам
     
  7. Beauty devil

    Beauty devil Нов член

    Joined:
    Dec 1, 2019
    Messages:
    1
    Likes Received:
    1
    Ми треба состав на тема алкохолот, цигарите и дрогата-мојот најголем непријател, ми требаат некои добри метафори и епитети
     
    TeonaZ likes this.
  8. Посакувана

    Посакувана Активен член

    Joined:
    Aug 13, 2019
    Messages:
    8
    Likes Received:
    8
    Gender:
    Female
    Zdravo na site dali ima nekoj koj mozhe da mi pomogne so sostav na tema "Паралела помеѓу светот на Гилгамеш и нашиот свет" blagodaram mnogu
     
  9. __thegoodgirl

    __thegoodgirl Активен член

    Joined:
    Jun 30, 2019
    Messages:
    20
    Likes Received:
    31
    Gender:
    Female
    Дали некој има есеј за романите Пиреј и Пустина?
     
  10. Superlejdi27

    Superlejdi27 Популарен член

    Joined:
    Jan 1, 2020
    Messages:
    287
    Likes Received:
    1,380
    Gender:
    Female
    Ми требаат состави за утре ве молам ако има некој:
    1.Зависта е извор на секое зло
    2.Животот е маскенбал
    Благодарам
     
  11. Andrej00

    Andrej00 Истакнат член

    Joined:
    Jan 27, 2020
    Messages:
    8
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Male
    Здраво на сите за 1 сат ми треба состав на тема "Животот е раскрсница" ако успее некој да види и да напиши нешто фала однапред.
     
  12. ivanamackica

    ivanamackica Популарен член

    Joined:
    Jun 12, 2018
    Messages:
    729
    Likes Received:
    1,053
    Gender:
    Female
    Дали research paper е уствари семинарска?
     
  13. NULTIX

    NULTIX Истакнат член

    Joined:
    Sep 14, 2019
    Messages:
    12
    Likes Received:
    2
    Gender:
    Male
    За домашно ни дадоа да напишеме кратко за --Власта во фукнција на граѓаните---.тоа е насловот,
    Јас не се разбирам од власт и политика.Ако некој знае да напише.По граганско образование е домашното
    Благодарам
     
  14. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Joined:
    Sep 3, 2016
    Messages:
    2,417
    Likes Received:
    34,778
    Gender:
    Female
    А зошто не се потрудиш самиот?
    Верувај не ви бараат да навлегувате којзнае колку во политики, туку да напишете општо на кој начин власта придонесува (или не придонесува) за здравјето, безбедноста, економската состојба, образованието и квалитетот на живот на граѓаните. :)

    Истражи првин што е власта, кој ја сочинува, каков тип на владеење постои, кои се правата на граѓаните во зависност од типот на владеење.
    Потоа сумирај твој личен впечаток за кој модел на функционирање е најсоодветен според тебе т.е. со каква власт граѓаните би живееле во среќно општество.
    Можеш и да истражиш и за други држави, не мора само да се осврнеш на нашава.

    Можеби и некој ќе ти испрати состав, но убаво би било да ги знаеш некои од нештава поради општа култура. :)
     
  15. Single Strokes

    Single Strokes Нов член

    Joined:
    Apr 4, 2020
    Messages:
    1
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Female
    Здраво може некој да ми помогне ми треба есеј на тема::worried:
    “Зашто да не помогнам, утешам, израдувам...”
    Благодарам однапред. :)
     
  16. Дарио Несторо

    Дарио Несторо Истакнат член

    Joined:
    May 19, 2015
    Messages:
    13
    Likes Received:
    3
    Gender:
    Male
    Здраво,може некој да ми помогне,ми треба есеј на тема:
    ,,Смислата на бесмртноста и потрагата по неа во епот ,,Гилгамеш"
    Благодарам однапред.
     
  17. zuri

    zuri Нов член

    Joined:
    Apr 30, 2020
    Messages:
    1
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Female
    Здраво ми треба приказна или состав во кој се употребени извични прашални заповедни расказни и желбени реченици
     
  18. Maciiimac

    Maciiimac Истакнат член

    Joined:
    Dec 1, 2018
    Messages:
    80
    Likes Received:
    21
    Gender:
    Female
    Zdravo mi treba sostav na tema krpen zivot ako ima nekoj da prati :)
     
  19. The Drifter

    The Drifter Истакнат член

    Joined:
    Nov 26, 2016
    Messages:
    12
    Likes Received:
    10
    Gender:
    Female
    Романтичарски белези во Странствувањето на Чајлд Харолд и Евгениј Онегин


    Романтизмот е културен и политчки правец кој се појавил во 18 век како реакција на просветителството и класицизмот. Авторите во романтизмот изразувале целосна целосна слобода во литературното творење, нурнувајќи се во длабока интима изразувајќи ги своите желби и ставови. Меѓу позначајните дела во овој период се “Странствувањето на Чајдл Харолд” од Бајрон и “Евгениј Онегин” од Пушкин.

    Во делото “Странствувањето на Чајдл Харолд”, авторот Чајлд Харолд го опишува како млад човек од благороднички род, кој скита во општество во кое не може да се пронајде себеси. Тој не го прифаќа системот во кој што живее и таквото негово однесување го предизвикува да ја напушти својата татковина во потрага по нови краишта, авантури и доживувања. Поемата е составена неколку дела. Во првото дело Харолд заминува во Португалија каде е обземен од убавината на бреговите на Португалија и нејзиното богатство, но се разочарува од сликата на сиромаштија и задушувања во градот Лисабон. Во второто дело Харолд заминува во Шпанија каде е восхитен од планините и пејсажот но набргу се разочарува. Блунтноста на шпанците му предизвикува да го разбуди јунашкиот дух во нив и да ги поттикне да започнат ослободителна борба. Во ова дело авторот ги истакнува своите ставови против војната. Ги проколнува оние кои започнуваат војна и дека никаде нема да најдат мир освен во нивните гробови. Во третото и четвртото дело понатамошното патување му предизвикува уште поголема осаменост, болка и тагување по својата татковина. Главен лик во романот на Пушкин е Евгениј Онегин. Тој е човек кој живее без работа, неамбициозен и ладнокрвен, и поради неговиот здодевен живот заминува да живее во село каде го наследува имотот на неговиот вујко. Во селото се запознава со Ленски кој има спротивни карактеристики од него. Ленски е чесен човек, искрен, која трага по патот на вистинската љубов кон Олга. Сестрата на Олга – Татјана, се вљубува во Онегин но тој ја одбива нејзината љубов. Заплетот се случува на една игранка. Ленски го обзема љубомора, навреда и неправда кога го гледа како Онегин танцува со Олга и го предизвикува на двобој каде тој умира. Во второто дело Онегин ги открива своите чувства кон Татјана, но тоа било касно бидејќи Татјана сакала да му остане верен на нејзиниот сопруг безразлика дека сеуште имала чувства кон него.

    Заедничкото што може да се согледа помеѓу Харолд и Онегин е нивната ладнокрвност, егоистичност, изолирање во својот интимен свет и нивната недоверба во љубовта. Белезите во овие романтичарски дела се препознаваат преку делата на главните ликови. Во “Евгениј Онегин” се опишува култот кон жената како нешто најубаво, досадата и незадоволството од животот кој Онегин го живеел, Ленски кој бил типичен романтичар кој се предава на љубовта. Кај Бајрон се опишува светската тага на Харолд , откривањето на егзотични предели, култот кон слободата, неговата одбивност да живее во сегашноста и постојано гледал кон минатото и потенцирање на индивидуализмот.

    Споредба помеѓу Данте и Петрарка

    Хуманизмот е период кој го означува почетокот на едно ново, посветло време кое е проследен со ренесансата. Ренесансата е културно движење кое го претставува преминот од мрачниот среден век во ново посветло време каде човекот и љубовта кон човекот почнале да се возвишуваат. Тоа движење најпрво се појавило во Италија во услови кога црквата имала целосна власт врз човекот. Бидејќи човекот почнал да твори се појавило потреба од поинаков начин на живот во кој човекот почнал да се свртува кон себе си и кон убавините на овој свет. Италијанската ренесанса дала повеќе писатели меѓу кои се и Данте Алигиери со делото Божествена Комедија и Франческо Петрарка со Канцониерот.

    Како инспирација за да ги создадат овие дела им служела жената. На Данте како инспирација му послужела Беатриче а на Петрарка госпоѓата Лаура. И двата писатели се инспирирани од љубовта кон жената но двата писатела на многу различен начин го изразуваат тоа во своите дела. Франческо Петрарка е првиот кој вовел индивидуализам во своите дела. Тој е свртен кон своите чувства и на многу поотворен начин ги прикажува. Тој во песните вели дека сака да биде со неа, сака да ја гали. Додека Данте на многу подискретен начин ја искажува својата љубов и не ја претставува љубовта кон Беатриче како главна тема, тој ја симболизира како симбол за совршенство и сака да стигне до неа во рајот но не ги изјавува своите подлабоки чувства кон неа. Разликата се состои во тоа што во времето на Данте луѓето сеуште не биле навикнати да ги иразуваат своите чувства бидејќи црквата сеуште имала големо влијание. Иако Петрарка никогаш не ја запознал госпоѓа Лаура сепак ја сметал за совршена и ја сместил во рајот како и Данте со Беатриче. Петрарка никогаш не и се ни приближил затоа што сакал да остане праведен и да го заслужи местото во рајот. И двата писатели сметале дека ако останат чесни и правдени во животот ке бидат наградени во задгробниот живот со тоа што ќе бидат со своите сакани. И двајцата си ја претсавуваат жената која ја сакаат како водилка да бидат праведни. Беатриче на Данте му го испратила Вергилиј да му биде сопатник низ пеколот додека да стигне до неа а пак Лаура му се појавува во сон на Петрарка и го теши дека во задгробниот живот ќе биде со неа. Иако тоа било имагинарно нејзините зборови му биле многу мили и тој посакувал да умре со цел да се најде кај неа во рајот. И двајцата немале можност додека е жива да бидат со неа бидејќи двете дами починале многу млади.

    Иако и двете дами починале нивната љубов не згаснала, тие сеуште се труделе за љубовта и се тешеле дека ќе им биде возвратена во задгробниот живот.И двајцата писатели станале многу славни со овие дела и засекогаш ке бидат запаметени. Со овие дела тие ја постигнале својата цел, успеале да ја овековечат својата љубов кон жената.

    Проклетството на парите во драмите пишувани меѓу двете светски војни


    Македонската драма во перидот меѓу двете светски војни била во очајна состојба. Поделбата на Македонија, забраната за употреба на македонскиот јазик и решавањето на македонското прашање биле причина за сето тоа. Но и покрај тоа се случува силен подем во македонското драмско творештво. Особено значајни драматурзи од овој период се: Васил Иљоски, Антон Панов и Ристо Крле. Во сите три драми: “Чорбаџи Теодос” од Васил Иљоски, “Печалбари” од Антон Панов и “Парите се отепувачка” од Ристо Крле претставен е македонскиот живот, социјалните разлики, обичаите, традицијата. Да се зборува за делата од тој период значи да се погледне длабоко во животот на македонскиот народ и неговата положба.

    Драмите “Чорбаџи Теодос”, “Парите се отепувачка” и “Печалбари” се битово-социјални драми со мотиви од печалбарскиот живот. Тука е опфатен начинот на живеење, обичаите на Македонците, судирот меѓу богатите и сиромашнитеи печалбарството како нужност да се спечали. Во драмата “Печалбари” се раскажува за љубовта меѓу Симка и Костадин. Но поради неговата сиромаштија единствен услов за да се ожени со неа било да се отиде на печалба. Костадин е млад човек кој има многу напредни сфаќања и размислувања во споредба со времето во кој живеел. Тој е еден од ретките млади луѓе кој не ја прифаќа печалбата како излез од тешката социјална положба. На крајот бил принуден да замине на печалба, но не само што немал можност да излезе од сиромаштијата туку не успеал да си го види својот син. Се разболел и умрел. Сето тоа само за да го врати својот долг кон Јордан што е дел од традицијата. Со тоа Јордан ја остава својтаат ќерка без маж, вдовица а нивното дете без својот татко. Но дали е вредно да се даде сопствениот живот само затоа што традицијата наложува секој млад човек да оди на печалба? Чорбациите Теодос и Јордан имаат слични карактеристики. И двајцата се богати лихвари кои не се загрижени за среќата на своите деца, туку за својот углед, за богатството, за задржување на веќе застарената традиција. Не давале нивните ќерки да се омажат со некој од пониска класа. На нивниот став никој не можел да влијае. Светот морал да биде поставен само според нивните сфаќања. Затоа тие се безчувствителни, надмени, недопирливи. “Чорбаџи Теодос” е комедија на интригата што ќе ја подметне итриот Арсо за да го исмее чорбаџијата. Инспирана е од анегдотата за присилното кумство. Во “Парите се отепувачка” е прикажана алчноста, себичноста на родителите, кои не го препознале својот син кој се вратил од печалба после 20 години. Сакајќи да им го украдат богатството што го спечалил го убиваат.

    Во трите дела е претставена несреќната судбина на семејствата. Ниту едните, ниту другите не успеале да го постигнат посакуваното. Доколку ја ставале среќата на своето дете пред сѐ никој немало да биде повреден. Но наместо среќа тие ги одбрале парите. Парите се отепувачка - убиваат кога отсуствува разумот, а надвладува лудоста, алчноста и себичноста. Тие за час му пресудуваат фатално на цело семејство. Печалбарството не е само полно ќесе пари туку и смрт, не е само можност да се излезе од сиромаштијата туку и закана со сиромаштија да се остане без татко, без маж, без син. Во сите драми е преставено негативноста на парите, дека ги уништуваат моралните вредности кај човекот и дека постојат поважни работи од нив како што се љубовта и семејството. Овие дела имаат вечна тема чија актуелност нема да замре.
     
    Last edited by a moderator: May 5, 2020
    nesa likes this.
  20. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Joined:
    Jun 18, 2014
    Messages:
    2,944
    Likes Received:
    7,884
    Убаво е овде што се споделуваат состави, еве и јас имам нешто дома па ќе испратам деновиве. Само лошо е што до ова имаат пристап и наставниците, и така децата кецови ќе си имаат бидејќи препишале од интернет (фемина)
     
    edna_malecka likes this.