Дечки хај, сакав да ве замолам нешто, може ли некој да ми помогне во врска со писмена работа за женските ликови од делото Вујко Вања, со околу 300 зборови, тенксс
еве на кој му е ппотребен состав за Војната го разорува животот на човекот, но го прави уште посилен Војната се дефинира како состојба на отворен, вооружен конфликт што се води помеѓу нации, држави или страни. Со оваа дефиниција не се доближуваме до вистинското значење на војната, во смисла на емоциите и ефектите на војната врз човештвото. Приказната на Шолохов “Судбината на човекот” го отсликува страдањето што произлегува од војните. Семејството зазема важно место во животот на секоја личност. Но ова е од особена важност за оние кои рано ги изгубиле своите најблиски, знаат што значи да се биде сираче и затоа се обидуваат да пронајдат удобност и љубов на земјата. Ова е она што го имаше семејството на глвниот лик Андреј Соколов. Уште на самиот почекот авторот не’ запознава со главниот лик. Обичен човек во кој се отелотворени сите одлики на рускиот карактер: трпеливост, скромност, одговорност, чувство на човечко достоинство, споени со чувство на огромен патриотизам и посветеност кон својата татковина. Соколов го губи своето семејство на рани години, кога се враќа од Кубан и се вработува како бравар тој се жени со Иринка – кротка, мудра, убава жена во која Соколов веднаш се заљубил. Наскоро младиот пар имал деца: прво најстариот син Анатоли, а потоа две ќерки. Соколов имаше добра плата, па тој и неговата сопруга изградија убава куќа и добија фарма. Децата пораснаа, а потоа отидоа на училиште. Овој период беше најсреќен во неговиот живот. Но тогаш војната започна. Му беше тешко да се раздели од семејството. Срцето му се кинеше од сожалувањето кон сопругата. Разменувањето писма со семејството му даде сила да преживее и помине низ пеколните фашистички логори. Враќајки се во својата татковина се соочува со страшната трагедијата за неговото семејство: бомба паднала врз куќата каде биле Ирина и нејзините керќи. Сите надежи и соништа за среќна, мирна иднина со сопругата и децата за херојот пропаѓаат во еден момент. Потребна е неверојатна храброст за да се најде сила да се преживее смртта на најблиските, а да не се биде изолиран во својата тага. Наскоро дознава дека неговиот син Анатоли, кој е на фронтот, е жив и здрав. Но радоста не е на негова страна. Анатоли е убиен од гермнаски снајперист. Се чини дека по таков удар, човек дефинитивно нема да се опорави, се’ додека не го пронашол Вања. Понекогаш е потребно да се живее со лага за да се преживее. Вања е сираче кон кого Соколов се сожалувал и се одлучил за “хумана” лага. Се претставил како татко, ја сплотува својата судбина со судбината на детето сираче. И каква неизбришлива моќ на добрина на душата ни открива Андреј Соколов, на начинот на кој се однесувал кон сиракот. Тој му ја врати на Вања радоста, го бранеше од болка, страдање и тага. Овој негов подвиг беше не само од морална смисла на зборот, туку и од херојска смисла. Андреј триумфираше над античовечноста на фашизмот, над уништувањето и загубата. Ја победи самата смрт!
А кој ќе знае подобро за твојата мајка, од тебе? Дај седнете сами потрудете се малку, не сè на готово чекате.
Здраво дали некој има состав на овие две теми? 1. Јазикот е најголемо духовно богатство на еден народ 2. Другарството на денешната младина
Ми треба есеј на тема Слобода Да содржи: -вовед, главен дел и заклучок -да не биде помалку од 200 збора -да ги употребите зборовите: слобода, слободен избор,праведност,храброст,чувство,желба, навика,ограничување,грешка/и,мисла, изразување,почит/ување. -да се одговорат следните прашањапишувањето на есејот да биде во насока на одговарање на следните прашања) 1. Што е слобода? 2.Како ја претставуваш слободата? 3.Што подразбираш под востинска слобода? 4.Има ли , и ако има кое е огранучувањето во слободата? 5.Слободно мислење и изразување , некогаш и денес. 6. Слободата која јас ја сакам е....
Јас имам состав за мајчиниот јазик одамна го напишав за некого и сега пак ми побара еден друг, и малку го средив, доколку на некои му е потребно го давам. Да јас имам но доцна гледам
Фемининки ми треба ваша помош ве молам тој што има состав на тема "Мрзеливоста е најчестата причина за неуспех во животот на човекот" да ми прате. Фала ви однапред!!!
Nekoj ako mozi da mi prati sostav za Besmrtnite Panonski Legendi itno mi e za pismena za utree. Fala vi od napred!!!
Дали може некој да ми напише состав за една од овие теми? 1. Реализмот ја носи реалистичната смрт, а битовата драма дава битова смрт (од делото: Смртта на Иван Илич) 2. Битово - социјални елементи во македонската драма 3. Ликовите во битово - социјалните драми се поделени Од делата: Бегалка, Парите се отепувачка, Печалбари и Чорбаџи Теодос. Ми треба за утре, секоја идеја е добредојдена.Благодарам однапред❤
Здраво, другари. Би Ве замолил да ми направите состави на следните 2 теми бидејќи не ме бива за состави, а ми е итно. До вечер најдоцна ми требаат составите. Ви благодарам однапред и Ви посакувам убав ден. Темите: