1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Состави

Дискусија во 'Образование' започната од Blabla16, 7 септември 2011.

  1. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Сигурно знаеш што е балада и романса. Сигурно не слушаш сега првпат за нив. Можеш да се потрудиш сам да напишеш место да чекаш некој да ти напише.
     
    На cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  2. revolution566

    revolution566 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2020
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Помош ми треба состав за писмена работа за Процес ич нема за него на нет ми треба нешто инспирација ве молам помагајте
     
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.812
    Допаѓања:
    23.374
    Пол:
    Женски
    Темава е направена за помош за состави, за споделување состави што сме веќе напишале и за пишување на состави кога некој побара ако некој е толку слободен и дарежлив. Буквално тоа е намената на темата и има 120 страни, бајаги членови се нафаќаат да помогнат.

    Сега прочитав дека се препукувате зошто барале помош - кога се на правилно место, тоа е поентата? Ако сакате помогнете, ако не не, не се правите паметни и не се секирајте за нивната едукација. Ако дошле тука да бараат и вие им кажете сами да си напишат, сигурно не седнале одма лектира да читаат и да напишат сами, ќе се снајдат на друг начин или ќе добијат 2ка. Јас лично им посакувам да се снајдат.
     
    На butterflygirl0, LejlaD, Glowy и 2 други им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.122
    Допаѓања:
    124.841
    Пол:
    Женски
    Никој не е против тоа да побараат мала помош.
    Ама мала,не цел состав.
    Треба да пишуваат сами.
    Како ќе ги научат лекциите ако постојано друг им помага?
    Како ќе се снаоѓаат во иднина кога од нив ќе се бара да напишат семинарски и извештаи?

    Имало,де.
    Ама,од денешните генерации има повеќе такви.
     
    Последна измена од модератор: 15 ноември 2021
    На calm-girl и Just.do.it им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Грешка си.
     
    На Demon11 и Indiegurl им се допаѓа ова.
  6. Pshes

    Pshes Нов член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    @Just.do.it Bev na operacija otsustvuvav 1 mesec i sega pismena
     
  7. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Ти посакувам брзо опоравување. Штом идеш во школо, сигурно можеш и школските обврски да ги извршуваш.
     
  8. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.891
    Допаѓања:
    6.576
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од гласања и слично, може да и предложите на професорката еден од класот да влечи или таа директно да ја каже темата, да не губите време.
    Инаку ти треба пракса за да знаеш колку отприлика се 50 збора, 250, 300. И тоа е за секој различно, не може некој да каже тоа е страна, страна и пол. Секој има различен ракопис. Затоа ќе вежбаш за да имаш претстава колку за тебе се 250-300 збора, со вежбање самото око ќе ти се научи пример колку реда тебе во главно ти фаќаат 50 зборови.

    @Demon11 те разбирам и до некаде се согласувам, тестот е подобро да биде оној кој оди во дневник за писмена оценка, но сепак писмената работа да постои, да се оценува само да не оди во дневник и таа да не е основата за оценката на еден ученик. А треба да постои, секој треба да научи да напише еден состав на мајчин јазик, концизен, најобичен, треба да се развива креативното и критично мислење на ученикот, а и со писмените се спремаат за есејот за матурата.
     
    На Demon11 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Demon11

    Demon11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2021
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    62
    Потполно се согласувам!
    И би сакал да додадам дека треба да пишуваме и различни видови на есеи (научен, неформален, истражувачки, компаративен итн), а не само литературен есеј (за писмената). И добро би било повеќе да пишуваме формални текстови!
     
  10. Pshes

    Pshes Нов член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    " 20.000 милји под морето " - Жил Верн
    Приказната започнува така што се зборува за морско чудовиште, кое што е забележано од бродови од различни земји. Најпосле, американската влада оформува експедиција во Њујорк за да го пронајди и да го уништи чудовиштето. Професорот Пјер Арно, кој е познат француски морски биолог (кој што е воедно и наратор во книгата) случајно се наоѓа во Њујорк во тоа време, така што добива покана за експедицијата, која тој прифаќа.
    Експедицјата тргнува од Бруклин на бродот со име Абрахам Линколн, кој е дел од Американската морнарица. Бродот патува кон Кејп Хорн во Тихиот океан. Пос долго барање, чудовиштето е пронајдено и бродот го напаѓа. Во текот на борбата, бродот се оштетува и дел од морнарите се исфрлени во морето. Потоа, бродот е заглавен на грбот од чудовиштето и тогаш, морнарите откриваат дека чудовиштето е метално. Екипажот е внесен во „чудовиштето“ и тогаш, тие го запознаваат неговиот создавач, Капетанот Немо.
    Потоа се раскажува за патувањето со подморницата Наутилус, која ја изградил капетанот Немо со цел да им се одмазди на луѓето кои го прогониле од цивилизацијата, но исто така и за нови научни откритија. Немо им објаснува на Арно и на неговиот екипаж дека никогаш не можат да заминат од подморницата, за да не ја откријат неговата тајна. Така, нивното патување ги води на различни места низ океаните, некои реални, а некои измислени: од Црвеното Море преку Антартикот до потонатата Атлантида. Кога ќе се врати во Атланскиот Океан, подморницата е нападната од една „огромна медуза“ и еден член од екипажот умира.
    Низ приказната е прикажано дека капетанот Немо бил прогонет од неговата земја, а тоа има некоја врска со неговото семејство. При крајот од приказната, подморницата „Наутилус“ е нападната од брод од таа земја. Немо ги игнорира барањата на Арно да не го напаѓа бродот и наредува напад на бродот, кој потонува со целиот екипаж. Потоа, Немо паѓа во депресија и ја остава подморницата да скита низ океанот, така што таа стасува до брегот на Норвешка, во местото наречено „Маелстром“. Ова им дава шанса на неколку затвореници да избегаат од „Наутилус“ и тие успеваат да се вратат живи на копното, но судбината на Капетанот Немо и на „Наутилус“ не е откриена.
     
  11. Pshes

    Pshes Нов член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Есен

    Есен...Едно од најубавит годишни времиња.Есента вомојот крај дојде со позлатена кочија.Таа е прекраснаубавица облечена во жолто-позлатена руба.Сигурно и самите можете да забележите природата како да ја зафатила некаква доцна есенска треска.Пожолтените лисја на дрвјата паѓаат од своите гранки што бдеат вовоздухот.Ветерот тивко си играше,подигајќи ги нагоре-надолу,а потоа ги спушташе на земјата постилајќи под нашите нозе.Северецот веќе ги зауздил своите сиви коњи,и како победнички витез од волшебните бајки во полто ги успал најубавите цвеќина.По небото се почесто се бркаат сиво-белите облаци и ги навестуваат есенските дождови,а птицитешто останаа со нас да ја пречекаат и оваа зима се потажно црцорат.Планините,парковитe,дрворедите иградините ја сменија својата слика.Зошто тоа така мора да биде? Затоа што се се одвива по непишаното правило на природата.Затоа велиме дека есента е волшебен сликар на природата.Јас севосхитувам на овој есенскипејсаж!!!
     
  12. Sara Liskova

    Sara Liskova Нов член

    Се зачлени на:
    15 декември 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Некој ако може да направи состав за една од вие теми ХИТНО ми е благодарам
    1.Лицемерието на Тартиф, неизоставна особина на секојдневниот човек
    2.Дали во секој од нас се крие по еден Тартиф
    немора многу долги првата тема може само за Лицемерието на Тартиф
     
  13. Her0j**

    Her0j** Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2021
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Здраво, дали некој може да ми помогне само како да започнам со пишување на составите на теми:
    1.Љубовта искажана во погрешно време (Онегин и Татјана)
    2.Моите омилени ликови од романтизмот
    3.Гавранот - симбол на болкат,треперењто и смртта
    Не барам напишани состави, само сакам малку помош при тоа како да започанам со составите.
    ПС.За тема 1 веќе напишав, за останатите две теми ми е потребна помош.
     
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.884
    Пол:
    Женски
    За втората тема започни да пишуваш нешто општо за романтизмот. Не раскажување, туку неколку кратки описни реченици со главните карактеристики на тој литературен период.
    Спомни ги побитните дела, а од таму надоврзи се да напишеш за твоите омилени ликови. Во главниот дел ги опишуваш ликовите, што ти оставило впечаток, зошто, итн.

    За третата тема, во воведот објасни како често во литературата се користи смртта и тагата како инспирација, како луѓето ги експресираат најдлабоките емоции преку симболи, можеш во една реченица да кажеш за Едгар Алан По и неговата поезија, ама вклопи ја убаво. Од таму поврзи се со главниот дел каде ќе објасниш што е всушност гавранот во поемата и што претставува, како се доживува и објаснува, како и важноста на симболиката.

    За Евгениј Онегин веќе си напишал, ама ако ти треба сугестија, за љубовни врски меѓу ликови секогаш во воведот можеш да опишуваш за љубовта како најпопулсрна тема и мотив во уметноста и зошто луѓето толку многу сакаат да пишуваат за нејзе.
     
    На cresa-jagoda, Uniqpro, Angel103 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. gogimica

    gogimica Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    148
    Dali nekoj ja ima lektirata Mojot prijatel A raskazana
     
  16. bitches broken

    bitches broken Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2021
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    nekoj pirejjjj sostav da ne ima
     
  17. Flowys

    Flowys Нов член

    Се зачлени на:
    13 март 2022
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Дали има некој состав на тема „Зошто да не утешам, израдувам и да помогнам“
     
    На JJsummer му/ѝ се допаѓа ова.
  18. butterflygirl0

    butterflygirl0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2021
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    8
    Дали има некој состав за Пустина или Зора зад аголот? Или ако може некој барем нешто малку да напише да ми помогне? Благодарам однапред:)
     
    На JJsummer му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    За некој ден писмена правиме, две состави имам напишано, ако има некој слободен да види дали добро сум ги напишала? На претходната писмена сѐ од себе дадов да ми биде 5-ка, ни една правописна грешка немав и пак 4+ извадив затоа ако има некој слободно време да ми помогне. :(
     
  20. My litle pony

    My litle pony Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    853
    Пол:
    Женски
    На која тема е составот,пиши ми ако знам ќе ти кажам.