Ми треба вовед за состав на тема Моменти кои сакав да траат вечно. Па ако сака да ми помогне некој, за утре ми е. Благодарам однапред. :]]
Meне не ми треба состав, ми треба помош и идеја. Како да почнам состав за некој пистел ? Еве на пример за Ацо Шопов, Блаже Конески.... Идеја ? Да напишам во вовед во кој литературен правец спаѓаат, друго што ? Може да се зпочне со цитат од писателот или некоја многу позната негова изрека или познати стихови
За писмена работа по македонски јазик и литература Тема:Општеството создава болни луѓе кои не можат да допрат до вистинските вредности на животот-Чехов
Женски,итно,многу итно ми треба состав на тема "Слобода".Знам дека е широк поим и се тоа,но во моментов имам 300 работи да довршам и мозоков ми е блокиран.За утре ми е составот.Ениуан ?
Devojki i mene mi treba pesna na tema ubava si moja tatkovino za utre mi e. Ne mi doaga nikakva ideja da napisam. Pomos?
Девојки и мене ми треба мала помош. Една тема за писмената ми се конфликтните ситуации во Хамлет. Е сега не знам по кој редослед да пишувам. Што да стои како вовед, што во крајот. Ако знае некоја само да ми каже во која насока да пишувам, би и‘ била многу благодарна.
Случајно дане има некоја состав за "Судбината на човекот" од Михаил Шолохов, или пак за расказите "Павиљон број 6" или "Смртта на чиновникот" од Чехов ?
3. Страданијата на младиот Вертер - Вертеровата чувственост и неговата позиција на неснаоѓање во светот, а самоубиството е само конечен чин во серијата неправедности Ми треба состав на оваја тема.. Ако можи некој да ми помогни ве молам пишетеми со ЛП.. Би ви била многу благодарна.. позз
Здраво, овде брат и на NEA. Потребни ми се три состави на теми: "Печалбарството како мотив во македонската литература меѓу двете светски војни" "Социјалните елементи во македонската литература меѓу двете светски војни" "Мотивска класификација на збирката "Бели Мугри" од Кочо Рацин" Доколку може некој, нека ми помогне во врска со овие теми, Благодарам
Хеллоу,имам една голема молба до вас,имам писмена за Клетници,односно за општеството како криминалец и уништувач. Ве молам доколку имате некој состав,некоја писмена на ваква тема помогнетеее.. :// Исто имам и тема за Страданијата на младиот Вертер каде треба по детално да навлезам за роматичарските белези преку јунакот и преку јунаците.. :/
А, составов треба да ги оправдува постапките на Вертер или да ги критикува? Би ти напишала јас, и онака и мене можеби ќе ми падне оваа тема, да се увежбам.
Ве молам ако може некој состав или барем краток дел да имам претстава што да напишам,на тема македонскиот јазик(на пример како се создавал почетоци и слично) за писма и за уметноста(појава итн.) благодарам однапред
Страданијата на младиот Вертер Пропаднат во светот на романтизмот, всушност и во неговиот типизиран карактер, е младиот Вертер. Тој е заробен во канџите наметнати од општеството и неговото пасивно и сентиментално незадоволство бара излез, бара нов свет. Тоне во природата избегнувајќи ги луѓето. Но дали тоа е доволно? Затоа што, колку всушност оддалечувајќи се од општоприфатеното може да ни помогне? Душевно, себично, можеби и повеќе од доволно, но погледите нон-стоп би не боделе од сите страни додека и самите ние не се изгубиме во светот кој што за нив не постои. За лик како Вертер е и многу предвидливо дека ќе се заљуби. И тоа е таква љубов, неовенлива, безусловна, неспречлива и прекрасна, како и самата негова Лота. Иако тој се чувствува ослободен од сите ограничувања на општеството, е разочаран од единствената љубов која што може да се воспостави помеѓу него и Лота, а тоа е платонската. Тој не може, а да не ја сака. Се повеќе и повеќе ја запознава нејзината чиста душа, нејзиниот храбар и лојален дух. И ох, колку е таа само грижлива! Вертер е безнадежно заљубен! Но тука е и Алберт, нотар кој ја претставува граѓанската класа и истовремено е симбол на разумот. Комплетно спротивен на Вертер. И како, еден романтичар како него би можел да му ја оттргне ветената Лота, безразлика колку себично и да ја посакува? Не, Лота е свршеничка на Алберт, и тоа така мора да остане. Покрај тоа што Вертер е уверен дека љубовта му е возвратена, тој мора да замине подалеку од двајцата. Тоа не трае долго. Тој мора повторна да ја види, сега веќе мажена. Ја губи целата своја надеж и не гледа повеќе причина за живот. Лота беше и е неговото се! Лота, која сега му подарува грижа и љубов како најдобар пријател, а не љубовник. Не гледа спас за неговата душа, бидејќи знае дека неговата љубов кон неа нема никогаш да изумре. Во самоубиството гледа единствен излез, и го постигнува, со помош на пиштолите на Алберт. Можеби тоа го прави како потсетник за Алберт, дека тој е всушност причината поради која што Вертер се откажал од животот бидејќи не бил доволно себичен да му ја уништи среќата со Лота. Срцето има свои причини кои разумот не ги разбира. Разумот може да ни каже што не треба да правиме, а срцето секогаш ни кажува што треба да правиме. Но силните чувства можат да надвладеат со личноста. Да го уништат и да го остават без спокојство. Вертер, на еден начин, си го нашол своето спокојство. Во најмала рака, било на начин што тој самиот си го оправдува, а нели сопственото одобрување е најважно, зарем не? Се надевам ја погодив темата како што треба, и дека немам многу печатни грешки - немам време да го прочитам! И се разбира, се надевам дека помогнав!
ај некој ако може да ми каже некое составче за тема македонски јазик....во него да има за стариот словенски јазик, како се создал, кој биле првите македонски писатели...т.е....да има се опфатено од како се создал па се до денес и македонски писатели помегу двете светски војни...фали ви однапред..ако може што побрзо некој да ми прати на лп ве молам!!!!! итно е!!!!!!!
Mi treba pomosh itno :/ shest sostavi na temi: 1.Nedoverbata na Gvaltieri kon svojata sopruga, iskushenijata koi i gi pridava za da vidi dali e vistinska i trajna nejzinata ljubov, trpenieto i tpokornosta na Grizelda koi vroduvaat so plod.(deloto "Dekameron"-Bokacho)) 2.samodoverbata i narcisoidnosta na FRancheska(deloto "Dekameron"-Bokacho) 3.Bolkata i stradanjata na Petrarka od smrta na svojata ljubena Laura. 4.Iskonskata ljubov na Petrarka kon Laura dodeka bila zhiva 5.Snaodlivosta na Melhesaduk od deloto dekameron (bokacho e avtor) 6.Slavejcheto_simbol na ljubovta za vreme na renesansnitot period.(dekameron-Bokacho) Ve molam ako ne mozhete cel tekst barem voveden del predlozhete mi .. pa ako ne ja kje zavrsham p a duri ako ne i kratok plan na pishuvanja kako koncepcija mi treba stv za vtornik mi e VE MOLAM ODNAPRED BLAGODARAM