Ке може ли некој што знае како да се прераскаже песна со сите стилски фигури и се што е во граматиката,да ми каже во кратки црти како да го напишам тоа? Итно ми треба,бидејки ништо незнам за оваа тема,а кој може и знае да ми како нека ми напише лп!?
Ve molam sostav za pismena mi treba so tema Ljubovta e sila .. Koj mozhe neka mi napishe itno za sreda mi e
Можеш да го почнеш составот со цитат од Вертер, како тој го доживува општеството - како место на лажни и неправедни односи меѓу луѓето: „Да ја видиш само онаа блескава беда, онаа тиња меѓу овој гнасен свет, каде секој секого навредува. Па таа нивна болест - кој ќе излезе постар по ранг, па како само будно бдеат и внимаваат кој кого ќе престигне за еден чекор: сето тоа се најјадните, најбедни страсти, и тоа без никаква маска“.
Писмена работа Вака девојки ми треба помош 8мо одд сум .. во школо ни дадоа тема , и јас треба да напишам состав епа мене ми треба помош бидејки ништо баш не ми текнува а сакам да ја направам писмената работа со одличка оценка .. Темата е ,, Ја сакам есента ,, Ве моламм за помош .. Благодарам однапред ..
Писмена работа Седам во топлата соба и гледам низ прозорецот. Еден жолт лист се откинува од високата гранка на веќе опожолтеното дрво. На влажната земја ја гледам неговата сенка како мала точка, која се повеќе се зголемува, добива срцевидна форма. И во еден момент листот ја покрива сенката и паѓа на мртвата земја. Сенката исчезнува, листот умира. Сивило го препокрива небото. Дождот ја кваси земјата. Се' е мрачно, успиено, усмртено... Но умира само дел од природата. Заспива само дел од неа, но останува оној невидлив сок кој студи во секое гранче, во секоја грутка земја, оној живоен сок кој ја чини суштината на есента. Ја обојува, ја замрачува, ја чини таинствена и величествена. Секогаш подготвена да не пречека во своите прегратки, секогаш спремна да оддели дел од себе за нашата интима. Ја сакам есента, ја сакам нејзината таинствена атмосфера, ја сакам нејзината натаженост. Толку е прекрасен оној мирис на изгниените лисја, заситен со влага. Се чувствуваш некако посебно. И се' околу тебе те тера да размислуваш. Да ја раскинеш онаа невидлива завеса помеѓу тебе и есента, да навлезеш во неа, да ги дознаеш нејзините тајни. еве најдов нешто
Писмена работа Zdravo Mene mi treba pomos utre pravam pismena vezba na temata :Vo svetot na bajkite: i :Razgovor so Oblakot: ako mozete da mi pomognete fala od napred
Помош ! За утре ни треба состав со ономатопеја (звуци од природата , гласови на животни и сл.). Ако може некоја да ми помогне , оти јас ако фатам да пишувам.
Девојки и на уште една слична ваква тема побарав помош ама не добив одговор.Па можеби овде нешто ке добијам..Сега значи вака утре прам писмена и наставничката ни кажа 3 теми од кои само 1 ке ни даде.И за 1та напишав се . И за другите знам ама незнам како да почнам.Иначе еве ги темите : 1. Љубомората и зависта го уништуваат срцето на човекот. 2. Убавината на моите години. Фала однапред.
Значи,8-мо сум и за утре ми треба прераскажана песната тешкото за писмена вежба,ама не баш да биде прераскажана.Ако може некој да ми помогне бидејки стварно незнам.
Ми треба состав за "Љубовта во срцето мое"(да искажеме љубов кон:татковината,брат,сестра,мајка или татко).Ако сака некој нема ми помогне,да не ми беше итно немаше да пишам за отценка ми е!
Пишувам состави Mi treba sostav za ljubovta vo srceto moe i blaze koneski i osvrt na pesnickite teshkoto i vezilka
Za citanje mi e lektirata Bojan a jas pojma nemam od kade da ja zemam segde prebarav nikoj ja nema..Ve molam za cetvrtok mi e koj mozhe samo glavniot del da mi go raskazhi samo sodrzhinata.. ((
е работи за младото момче Бојан, кој што еден зимски ден доаѓа да го посети својот дедо, чија колиба се наоѓа на највисоките падини на планината Грамадна. Но, дедо му неколку дена мора да замине долу во градот за да заврши неколку работи, па Бојан останува сам да се грижи за колибата и за стоката. Тоа одлично го знаеше, бидејќи уште од мал, додека сите одеа некаде на одмор, тој и летниот и зимскиот распуст ги поминуваше овде на планината. Таа беше негов втор дом, а неколку метри погоре живееше и неговиот друг дедо, дедо Иван. Иако мислеше дека сè ќе помине во ред, сепак не беше така. Во неколку наврати стоката беше нападната од глутница волци и тој беше приморан цела ноќ да чува стража и да бдее над стоката, која преплашено завиваше. Иако друштво му правеа храбрите песови Караман и Стрела, сепак неколку овци станаа плен на волците. Тој мора да се бори и против снегот кој без престан паѓа и сè повеќе му пречи да ги извршува секојдневните обврски. Својата упорност ја „истура“ врз дебелиот трупец, со кој води секојдневна борба, во обид да го расцепи. Во меѓувреме го посетува и дедо Иван, кој што е многу среќен што сред оваа тешка зима неговиот храбар внук дошол да го посети. Бојан го поминува и најсилниот тест, копнежот кон својот дом и својата мајка. Неколку дена има и голема треска, но сепак не се откажува и како херој го дочекува дедо си, кој поради големите снежни наноси, подолго мораше да остане долу во селото. Романот има и втор дел, кој се случува кога студената зима ќе помине и ќе дојде пролетта. Тогаш на планината доаѓаат и луѓе од градот, меѓу кои Денко, кој подоцна станува најдобар пријател на Бојан и Елена, мило девојче, кое буди симпатии кај Бојан уште на прв поглед. Тие тројца доживуваат многубројни згоди и незгоди, на кој единствен сведок е планината и врвот Орелска Чука, кој го освојуваат дури два пати. Evee
Љубовта во срцето мое Љубовта е една огромна величина, но сепак ја собира и во најмалото срце. Еден огромен свет, во кој ако знаеш да сакаш, ќе бидеш сакан. Љубовта е во сите нас, односно во нашите срца. Секој чуствува љубов, кон некого или нешто. Било да е тоа родителска љубов, љубов кон децата, блиските, далечните, љубов кон природата, музиката, уметноста, љубов кон татковината, љубов кон пријателите и семејството, љубов кон животот воопшто! Како и сите љуѓе, така и јас чуствувам љубов кон сето тоа и кон уште други работи и личности! Секако најмногу за семејството, пријателите, училиштето, татковината.. Но посебно ќе ја издвојам љубовта кон мојата најдобра другарка! Таа беше моето ѓаволче во моментите кога ми требаше храброст.. Моето ангелче во моментите кога ми требаше добрина..ми беше вечен придружник за да ги одмеруваме улиците и се тоа што се наоѓаше на нив..ме научи да не им верувам на сите добри зборови кои излегуваат од лоши усти.. Беше присутна во секоја моја испуштена воздишка која доаѓаше од дното на мојата душа.. ме научи како да бидам дарежлива и да ги споделам радоста и тагата, љубовта и омразата.. ми покажа какви лоши работи постојат во животот и кога ми беше најтешко и ми рече да се радувам затоа што моето “тешко” неможеше да се спореди ни половина од тоа што навистина се случуваше околу нас.. Ми даде верба дека животот е убав и вреди да се живее најдобро во секоја измината стотинка.Ми ја поткрена главата повисоко поради љубовта што мислев дека е вистинска.. Беше со мене секогаш кога ми беше потребна, ми ги покажуваше работите кои некогаш беа невидливи за мене, ме водеше по вистинскиот пат во моментите кога сама неможев да продолжам.. Токму поради сите овие работи таа заслужува едно посебно место во моето срце и сета љубов во него! Еве
Есеј Ако може помош...Треба да напишам есеј за иновации и претприемништво околу 3-4 стр. да биде ,за претприемништво нешто најдов ама за иновации нема никаде :/ ај ве молам ако знае некој нешто или ако има напишано да ми прати ... фала однапред.
Феминки, ми требаат итно состави на теми: 1.Впечатоци од новата учебна година. 2.Детството - најбезгрижен период од мојот живот. 3.Со конците на народниот јазик се исткајува вечниот глас во народните умотворби. Ќе ве замолам да ми помогнете што побрзо, оти утре ја правам писмената. Ви благодарам однапред!
Може некој да ми напише состав за детските права но на повисок стил,ми треба за сестра ми Ве молам,и фала однапред и во мое и во нејзино име.