Ми треба подолг!! состав на тема: Јас очевидец и уште еден состав на тема Хуман Чин.... Ве молам кажувајте незнам што точно да напишам....не ми текнува ниту една приказна...:\\\
Проза, поезија, цитати, извадоци Девојкиии!! ми треба помош за состав.Наставникот по етика ни даде за напишеме состав за прочка..Ве молам, итно ми треба за утре ми е... Позз
Уште од многу мала ги сакав книгите.Секогаш кога ми мајка ми ми купуваше приказни мали се обидував да ги разберам .Но и ден денес луѓето не ги разбираат книгите. Тие се непроценливо богатство на светот. Односно на парче хартија ги искажуваат длабочините на чувствата и највозбудливите настани. Книгите се наши најголеми учителки. Eve ti nasoka, mozhesh vaka da pocnesh D
Sostav na tema: zoshto da ne utesham,izraduvam,pomognam? ako imate neshto kratko za temava pishete ve molam fala odnapred :
Книгата дно нема Книгата е наш жуборлив извор. Со векови и векови сите знаења се ставаат во книгите. Многу убави нешта, книгата ќе ти каже. Затоа, драго дете, треба да знаеш дека книгата никогаш нема да те слаже. Книгата е прозорец што силно ти отвара крила. Кога ќе ја отвориш книгата како нешто милно да те гали. Од сите книги ќе научиш по нешто и затоа биди вешт. Книгата нема да падне во темни сенки затоа што сите деца со љубов ја отвараат. Од генерација на генерација, книгата е ризница со големи богатства. Книгата нема дно!
Средба со книгата Кога првпат се сретнав со книгата, бев вчудовидена. Нејзините убави страници ме пренесоа во чуден, волшебен свет на бајките, па како немирно коњче кое трча низ полската ширинка, како славејот што весело пее во гората, бев радосна и секому сакав да му докажам дека сум голема и дека веќе имам книга. На нејзините страници се редеа безброј букви и бројки, а јас оттогаш сфатив дека книгата ќе биде мој најверен другар. Веќе подолго време се дружам со книгата бидејќи таа ме пренесува секаде, од неа ги дознавам тајните на светот. Таа ме доведува до волшебни гори и волшебни дворци. Ми раскажува за витези кои скитаат по широкиот свет барајќи згоди и незгоди, за стебла што зборуваат, извори што леат, букви што се движат. Со неа патувам и по зелените полиња, се запознавам со јунаци, со знајни и незнајни борци кои се бореле за слобода и кои се пример за храброст, достоинство и самопожртвување. И, како да не ја наречам книгата, "мој најверен другар" кога со неа сум најискрена. И уште многу тајни кријат нејзините страници кои се немир за мојата душа и со кои секогаш ќе другарувам. А, читањето и пишувањето се огледало и патоказ кон иднината. Затоа секогаш ќе ја сакам и ќе другарувам со најмудриот учител - книгата.
Книгата дно нема Нема ништо потаинствено од книгата. Таа е најмалечката златна врата, која со своето знаење и волшебна моќ ме води на патување во најдалечните и најчудните места во кои никогаш не сме биле. Книгата дно нема, таа е страна од слики и зборови, низа од раскази, приказна за кралеви и кралици и збирка од поуки од кои ќе научиме многу новости, многу мудрости кои светот ни го прават поинтересен. Книгата е долг тунел на знаења кои се доволни со вистински труд да не направат покултурни и попаметни. Книгата е патоказ за среќен и удобен живот, таа е свеќа која што не догорува и секогаш ни го осветлува патот кон иднината.
Се гордеам со мојата татковина Татковина! Колку тоа убаво звучи. Од тој збор зрачат топлина, љубов и сигурност. Таа е како нешто свое, нешто што го чуваш за себе и не го даваш никому. Таа е сонце што не грее. Светлина без која не може да се живее. Татковината е наша втора мајка. Како мајката не храни, ни дава сигурност и не чува во својата прегратка за ние да бидеме среќни и безгрижни. Нашата Татковина е обоена во разни бои. Сите нејзини бои се светли и разиграни. Сината боја е една од нејзините езера и бистри реки со чисти води во кои се огледува сонцето со својата златножолта насмевка. Зелената боја е од нејзините богати шуми, пасишта, чиста природа - природата кон која човекот знае да биде и немилосрден. Жолта е Татковината во есен кога златните лисја ја покриваат. Жолти се житните класје што зреат по родните полиња. Татковината има многу бои. Шарена е кога ја красат разнобојни цвеќиња и ја облетуваат птиците и пеперутките. Татковината има и црвена боја. Секој македонски вез е извезен со црвено и црно. Црната боја е симбол на тешкиот живот на народот под туѓи ропства, а црвената боја е бојата на крвта пролеана за нејзината слобода. Тука е и белата боја, бојата на гулабот - симбол на слободата, среќата и заедништвото. Сета таа убавина на мојата Татковина ја надополнуваат и убавите градби од минатото и денес прекрасните цркви и манастири, разните споменици, китните села и раскошните градови. Секој што ја посетил нашата татковина сигурно посакал да се врати повторно и да ужива во нејзините убавини. Колку и да се зборува за татковината секогаш ќе остане нешто недокажано. Но едно е сигурно. Сите ја сакаме и горди сме на нејзината убавина.
Природа Природата дарува љубов, живот, убавина и задоволства за нашата душа и мил поглед за нашите очи. Сепак за да ја имаме убава, природата треба да ја чуваме и негуваме, да ја штитиме и да не ја уништуваме. Таа бара љубов и внимание, а ни возвраќа со чист воздух и здрава животна средина. Природата е повредена ако кон неа се однесуваме несовесно, фрламе отпадоци насекаде, ги уништуваме дрвјата и зеленилото, ги загадуваме реките и езерата. Во современиот свет на брза технологија на многу фабрики и милион автомобили, природата е загрозена. Но таа се бори со сите зла и ни дарува чист воздух. Непланираното сечење на шумите и многубројни пожари го уништуваат зелениот појас на природата. Затоа треба да ги негуваме младите дрвца, да ги пошумуваме голите ридови. Природата секогаш ни порачува да ја чуваме, да не ја загадуваме, затоа што таа мисли на нас и на идниоте генерации. Чистите и бистри реки, езера се здрава средина на водениот свет, но и на нас - луѓето. Природата треба да се чува за да не опкружува убавина од шуми, цвеќиња, бистри реки и чиста здрава околина. Убаво е кога ќе одиме во прошетка и ќе видиме разеленети дрвја, расцутени цвеќиња, бујна зелена трева и животни кои разиграно трчат низ убавините на природата. Птиците пеат низ разгранетите дрвја, а милион пчелки да збират мед од цвет на цвет, пеперутки во разни бои да летат низ ливадите, тоа е убавината на природата. Ние сме дел од неа, таа не опкружува и заедно со нас живее, расте и умира.
moze nekoja od vas da mi prati sostav za likot vo ilijada iii za likot vo odiseja fala odnapred stvarno mi e itno
Дали некој може да ми помогне да написам состав за поврзаноста помеѓу илијада и епот гилгамеш? И ако некој може да ми ги каже карактеристиките на ликовите на гилгамеш...Фала однапред