Ќе ми помогне некој за состав на тема “Што го прави Гилгамеш бесмртен?“ и за оваа “Темната страна на човекот има длабока старост“(инспирирано од Илијада)? фала однапред
Ќе ми помогне некој за писмена на тема “Чистата околина-здрав,среќен и долг живот“ и “Немаме резервна планета“.Итно ми е. Благодарам однапред.
Една моја авантура Денот ми започна сосема вообичаено. За време на вечерата не ми се јадеше и си заминав во мојата соба. Имав некое чудно претчувство. Неможев да заспијам па одлучив да излезам малку на терасата, на свеж воздух. По 10-тина минути, забележав нешто чудно на небото. Доаѓаше некаква светлина, како што се доближуваше до мене стануваше се поголема и поголема. Кога пристигна не видов, бидејќи почувствував како таа светлина да ме проголта. Ги затворив очите, бидејќи светлината наликуваше на златен прав, како ветер да го раздувал. Кога ги отворив се најдов на сосема различно место, беше величествено тоа што го видов. Еден голем грчки храм. Прекрасно беше. Влегов внатре и сите луѓе ме гледаа како да виделе вонземјанин. Можеби затоа што отпатував во минатото. Облеките им беа чудни, за мене дури и помалку смешни, додека јас имав патики, некои беа боси или со кожни римјанки. Се беше како во стара Хелада, а потсетуваше малку и на римската култура. Јас не разбирав што зборуваат, така да неможев да кажам од каде доаѓам, едвај ме разбраа дека моето име е Џули, после толку мимики. Неколку часа бев со еден советник, кој се трудеше да ме разбере ама се беше бесуспешно. Бидејќи народот се исплаши од мене, помислија дека сум некакво предупредување од боговите за некоја катастрофа,па затоа одлучија да ме однесат во лавиринтот. Јас не ни помислив што ме очекува таму. Ми дадоа еден меч, кој беше потежок од мене и ме натераа да влезам внатре. Беше многу морничаво и страшно место, како во филмовите, само што воопшто не ни размислив дека внатре го има она најглавното, знаете минотаурот (половина човек-половина бик). Татко ми ме воспитуваше секогаш да бидам храбра и одлучна девојка, па решив конечно да ги послушам неговите зборови. Со сигурност и храброст продолжив да одам низ лавиринтот, чувствував како се повеќе и повеќе се губам и дека никогаш нема да излезам оттука. Кога наеднаш слушнав силно рикање, ако може да се нарече тоа така, беше толку бучно, мислев срцето ќе ми застане, чувстував како некој трча и се повеќе ми се доближува, почнав да бегам, а всушност уште повеќе се загубив. Беше скоро невозможно да се излезе од лавиринтот. Веќе се уморив и одлучив да застанам, си реков ионака нема да излезам подобро да видам што ме очекува. После 20-тина минути трчањето и рикањето беа се поблиску, а јас се повеќе се испплашив. Дојде моментот кога помислив дека сум готова, дека за мене е се завршено, но се случи сосем спротивното, затоа немојте да се надевате и многу убави работи ќе ви се случат. Минотаурот се исправи пред мене, беше со глава на бик, толкави рогови никогаш не сум видела, многу се исплашив но ете решив да бидам храбра во тој момент. Минотаурот долго време зјапаше во мене, потоа одлучив да го поздравам, му реков Џули и со раката се удрив во градите. Така тој сфати дека моето име е Џули, потоа тој проговори, а тоа беше најмалку што очекував, ми рече: - ЕГОУ ПОРИФИРИС (кое би требало да значи јас сум Порифирис). Потоа јас му се поклонив за да разбере на некој начин дека ми е мило што го запознав. Седна спроти мене, 2-3 часа ме гледаше, а јас почувствував како да полудувам, 16-годишно девојче, од 21 век, отпатува во минатото, а моментално седи спроти минотаурот Порифирис, значи супер, уште сега ги гледам насловите во весниците дека ќе бидам прогласена за лудача. Сето ова на глас си го размислував, дури почнав и самата со себе да зборувам. А минотаурот т.е ПОРИФИРИС љубопитно ме следеше што зборувам, потоа тој проговори на македонски јазик, а јас само останав вчудоневидена. Си реков јас мора да сонувам, како може тој да го знае овој јазик. Ми рече не грижи се млада девојко Џули, ти си тука за да ми помогнеш, таа светлина што ја виде беше испратена од мојот бог заштитник ЕЛЕНИДО. Ми рече само ти можеш да ме извадиш од овој лавиринт, во кој сум повеќе од 16 години. Тебе те чекам, бидејќи ти си потомок на боговите, ти беше испратена во сонот на Филип II да му кажеш дека син ќе му се роди кој ќе го освои светот. Јас и понатака мислев дека сум во сон, но решив да соработувам и да му верувам на Порифирис, иако тоа што го кажуваше изгледаше како бајка. Тој имаше компас, само што незнаеше како да ракува со него, затоа јас помогнав, по долго време и големи маки, успеавме да дојдеме до излезната врата на лавиринтот. Му требаше повеќе од 1 час да ја сруши и конечно после долго време затворени, излеговме на чист воздух, на виделина што се вели. Минотаурот ми се заблагодари од се`срце, ми го даде неговиот медалјон кој беше во форма на позлатен круг, а во внатрешноста се преливаше светлината што ме донесе тука. Порифирс ми рече дека секогаш ќе биде со мене, и кога и да му затре**м само да дувнам во кругот тој ќе ми го реши проблемот. Потоа ми раскажа дека јас ќе бидам позната во светот по тоа што ќе ја најдам гробницата на Александар Македонски, кој всушнот бил чистокрвен Македонец, барем така ми призна Порифирис. Дека тој е грк било само измислица од страна на народот, кои го пренесувале тоа на нивните поколенија како вид на приказна. Откако се збогував со Порифирис, светлината повторно се појави, и ме проголта, и јас повторно се најдов на мојата тераса, само со медалјонот околу врат. Едноставно не ми се веруваше, истрчав да им кажам на моите, мислев дека се загрижени што ме немало толку долго време, а вусшност ме направија лудача бидејќи ме немало помалку од 10 минути. Не ми се веруваше, а кога го свртев медалјонот имаше порака на него, драга Џули твојата авантура ќе остане тајна, ама за твојата слава ќе дознае целиот свет. - Порифирис. Јас само се насмевнав и сфатив дека тоа што го доживеав беше една прекрасна авантура, можеби наликуваше на измислена бајка, но се беше вистинито. И многу би сакала да се повтори, а во врска со тоа дека ќе го пронајдам гробот на Александар Македонски ќе дознаете сами, да не ви откривам детали.
22 Април - Ден на планетата Земја Ние - луѓето на планетата Земја, уживаме во убавините и чудата нејзини, се радуваме на сонцето, месечината, ѕвездите на небото, на воздухот и на разновидниот живот. Планетата Земја е наш дом и дом на сите живи суштества. Луѓе! Природата, планетата е загрозена од несовесноста наша. Таа моли за спас. Не за да постои како планета, туку да можеме ние, нејзините жители да имаме здрав живот. Луѓе, да се осветиме! Да изнајдеме начини да си ја зачуваме планетата. Нашата заедничка иднина зависи од односот на секој поединец кон природата. Денес е Ден на планетата Земја. Празник. Ајде, нека секој ден биде празник. Секој да даде позитивен придонес за спас на нашиот дом - нашата планета Земја!
Светот во кој живееме и светот кој го посакуваме Не попусто големиот германски мајстор на пишаниот збор Гете рекол: "Тој што не може да се приближи до три илјади години живее од денес до утре". Човечкиот живот е чудна приказна. Во него нештата се одвиваат онака како се предодредени. Се редат лица, настани. Секојдневието, мечтите и фантазиите го трасираат текот. Различностите се вплеткуваат, дополнуваат. Светот и животот денес се разликуваат многу од она што биле пред неколку години. Технологијата, науката, медицината од ден на ден напредува со цел да му овозможи на човекот подобар живот и побрз пристап до најпотребните работи. Луѓе трчаат со брзина на светлина, мислиш во неповрат. Како да очекуваат дека бескрајноста ќе им го донесе убавиот крај. Еден се кренал толку високо, мислиш ќе полета,а другиот паднал толку ниско.Живееме во оп-во кое си ги измени своите основи и погледот на светот.Околу нас насекаде војни,убиства,глад,сиромаштија,немоќ.Ситите и големите ги газат гладните и немоќните.Дали некој не може или не сака да го смени тоа? Сите се борат за мир, сакаат мир, декларираат миротворни намери, но сите се подготвуваат за војна, произведуваат оружје, ги развиваат воените сили и системи, дури глобални системи, така ниту географијата повеќе не може да помогне на никого да остане надвор од настаните со кои нема никаква врска ниту пак во нив на било кој начин сака да учествува.Но јас би сакала да живеам во еден свет каде што тревата е зелена, а небото сино.Каде се слушаат само птици како пеат, а цвеќињата се шарени и мирисаат и каде што сите се среќни и еднакви.Што би правеле ние таму?Каков би бил светот, без зло, или без гневни, алчни, пожудни, завидливи, луѓе? Што би правеле ако нема алчни луѓе што го сакаат и грабаат сето богатство само за нив? Си купуваме весник, а во него само убави работи пишува,слушаме на вести само за успеси на другите и се радуваме подеднакво како и тие.Свет каде што нема војни, свет каде што нема терористи кои ги убиваат луѓето по пазари и трговски центри,свет во кој нема гладни и болни, кај што не се експериментира со разни вируси врз луѓе. Дали сме сковани да живееме во еден таков свет, каде што кога ќе купиме весникот или ќе погледниме вести нема да бидеме пресреќни затоа што таму некаде има некој кој страда повеќе од нас.На крај, во светот мора да победи совеста.Дека само во вакво среќно оп-во можеме сите среќно и безгрижно да живееме,да се радуваме и да твориме. Чуден е човечкиот разум. Имаме голем напредок во науката, техниката, културата, а расте и оружјето за самоуништување. Ова е парадоксот на денешницата. Бараме убавина , добиваме самоубијци кои се лишуваат од својот младешки живот. Уште еден парадокс - се гнасиме од нив но сепак се дружиме со нив. Затоа целта на секој поединец , секој здрав човек е да ја пренесува вистината за злото што не демни и се што ќе превземе да биде силно мотивирано од името на човекот и човештвото и на напредокот на човекот. Уживајте во животните радости и бидете сопствени режисери на сопствениот живот кој продолжува со неговиот тек, кој сакале или не некогаш бавно а некогаш пребрзо минува и оди во неповрат!
Илијада „Илијадата“ е епопеја - најголемо епско дело во стихови. Темата во „Илијадата“ е Тројанската војна, поточно последната, десеттата година од војната и уништувањето на градот. Според митологијата причината за Тројанската војна е грабнувањето на Елена, жена на Менелај (крал на Спарта) од страна на Парис (син на тројанскиот крал Пријам). Парис ја грабнува Елена како награда од Афродита („Митот за златното јаболко“). Војната ја започнале ахајските владетели: Агамемнон (брат на Менелај и крал на Микена); Диомед (крал на Калидон); Одисеј (крал на Итака); Ахил (син на Пелеј, крал на Мирмидонците, славното македонско племе); Нестор (крал на Пил) - за да се осветат за грабнувањето на Елена, но и заради примамливите богатства на Троја, славата и робинките. Во одбрана на својот град, од страната на Тројанците се: Хектор (син на Пријам, крал на Троја кој веќе бил стар за војување и брат на Парис); Парис, Антенор, Енеј, Мемнон итн. И боговите се вмешани во војната. Зевс е неутрален и според некои митолошки приказни тој ја предизвикал војната зашто сметал дека земјата е пренаселена. Од страната на Ахајците се: Хера, Атина, Хермес, Посејдон, Хефест; а од страната на Тројанците: Аполон, Арес, Афродита и Артемида. Градот Троја инаку се викал Илиј, па затоа епопејата се вика „Илијада“. Тројанската војна траела 10 години (1193-1184 г.п.н.е.). Во „Илијадата“ се опишани настаните од крајот на војната кои траат 51 ден. Тука не се кажуваат причините за војната, ниту нејзиниот тек, бидејќи се претпоставува дека митот и главните ликови веќе им се познати на читателите. Ликови Ахил е јунакот околу кого се одвиваат настаните во епопејата. Со него започнува „Илијадата“, без него борбите се неуспешни, а со неговото враќање се насетува победата на Ахајците. Ахил е идеал за совршен јунак. Нему не му се важни богатството и пленот од војната, туку честа и општото добро на сите Ахајци. Ахил е бестрашен јунак кој е непоколеблив во борба, најубав и најсилен од сите, одважен, непопустлив, гневен и упорен. Тој е верен пријател кој се колне дека ќе одмазди по секоја цена. Одмаздувајќи, го гледаме како бездушен (кога го влече Хекторовото тело со двоколката), но и сочувствителен, великодушен и чесен кога му го дава телото на Пријам. Хектор е најславниот јунак на Тројанците. Хектор зрачи со својата чесност: како човек, како борец, како сопруг и како бранител на својот град. Заради честа на брат му Парис, заради честа на татко му Пријам, тој го жртвува својот живот. Особено пленува љубовта која ја покажува кон жена си Андромаха и верноста кон неа и семејството. За него тоа е свето, но сепак најсвета за него е родната земја. Парис не е како неговиот брат, тој не е толку силен, а ни толку храбар. Тој повеќе сака да ужива покрај убава жена, отколку да си ја одбрани честа или да се жртвува за татковината. Бидејќи причината за војната е тој, односно Елена која си ја зел за себе, тој учествува во борбите и двобоите, но онолку колку што мора. Агамемнон е горд и надмен војководец, храбар и силен, но често нерешителен и непостојан во своите одлуки (кога сфаќа дека ќе ја изгуби војната без Ахил, тој го моли за прошка). Нестор е постар од другите кралеви и војсководци. Тој е претставен како мудар човек, умерен, кој ја согледува реалната ситуација и застанува на страната на вистината (го прекорува Агамемнон за кавгата со Ахил и му предлага да попушти). За него претераната горделивост и инает се негативности кои човекот мора да ги совлада и надмине. Одисеј е храбар и силен јунак, но исто така се одликува и со итрина. Освен што влегува во битките бестрашно и непоколебливо, тој снаодливо влегува во кампот на непријателот за да ги дознае неговите недостатоци. Врв на неговата итрина е смислувањето на тројанскиот коњ. Андромаха е добра, чесна и вредна жена, верна сопруга и нежна мајка. Елена е прекрасна убавица, вљубена во Парис, но љубовта ја прави несреќна. Не може да поднесе дека таа е причина за толку страдања и смрт, па затоа се кае за сторената грешка што го напуштила својот маж Менелај. Терсит е еден од ретките претставници на долните слоеви на народот. Битките ги решавале водачите преку двобои, а не војската. Терсит е слободен војник, кој е опишан како многу грд со што се истакнува неговото ниско потекло (кривоног, куц, со криви рамења, шилеста глава со проретчена коса). Иако бил грд, тој е бистар и прониклив, а на царевите в очи им кажува која е нивната побуда за војување: богатење и плен (девојки). Стилски обележја на Илијадата Стилот на Хомер е реалистичен при описот на борбите, јавниот живот, семејните односи, домашните занимања, на предметите, животните, полските работи, верските обичаи итн., испреплетен со фантастични елементи од митологијата (боговите). Епското спокојство во раскажувањето како и богатството на стилски фигури ја креваат епопејата на многу високо уметничко ниво. Двојните епитети се одлика на хомеровскиот стил. Секој лик го красат специфични епитети кои речиси сраснуваат со името. Така, Ахил е брзоногиот, божескиот, боголикиот, прекрасниот, русокосиот, синот Пелејев; Зевс е громобиецот, премудриот, громовникот, облакоберецот; Агамемнон е силниот, јуначкиот, големиот, пресилниот цар и великиот водач; Хера е белолакта, златостолна; Атина- сјајноока; Аполон - сребренолак, далекуметен, Фојб (светол); Арес - човекоморец, мажоморец, градобиец; Афродита - насмешлива (весела); Артемида - стрелометна; Хектор - коњокротец, сјајношлемец итн. Освен за ликовите двојни епитети се употребени и за други појави и предмети: кораби брзопловни; оган живожарен; корабоводци итн. Освен со епитети, „Илијадата“ изобилува и со контрасти, компарации, антитези и други стилски фигури, што придонесува да се наслика една реална слика на човековата душа, на човековите карактери и страсти и на амбиентот во кој се движат и живеат тие ликови. „Илијадата“ е одраз на целокупниот живот на едно општество (предробовладетелско) и на еден значаен историски настан (Тројанската војна).
Гилгамеш владател, јунак и човек Големата сила, моќ, надваласт не е се во животот. Пријателството и љубовта се оние кои ни го прават секој ден весел и поисполнет со среќа. Па дури и еден полубог како што е Гилгамеш има потреба од некој кој ќе биде постојано со него во добро и во лошо, а тоа е секако неговиот најдобар пријател Енкиду. Откако Енкиду ќе се појави, животот на Гилгамеш целосно ќе се промени. Најпрво гледаме еден горд полубог кој буди стравопочит кај луѓето, кој има бескрајна сила и моќ. Истовремено бил и тиранин, страсник и насилник, човек јунак, непокорник, но и злоделец. Нешто што ќе го идигне човечкото над божеството. Наеднаш како да гледаме друга личност, личност која чувствува љубов, среќа и болка, која би го дала својот живот за едно суштество кое што така ненадејно се појави и му стана пројател. Гилгамеи Енкиду се претвараат во непобедливи јунаци кои се борат за доброто и среќата на народот. Со заеднички сили го убиваат митолошкото чудовиште Хумбаба, грозниот чувар на Кедровата гора, чудовиште кое не само на народот, туку и на боговите им носел неволји. Храброста која што ја поседувале им дозволила да се спротивстават и на боговите, кои одлучуваат за нивната судбина. Гилгамеш ја одбива љубовта на Иштар.Таа го испраќа болшебниот небесен бик како казна. Јуначки со Енкиду повторно победуваат. Поминувајќи го целото време заедно со Енкиду, ги делат моментите на борба и слава, едноставно не можат еден без друг. Енкиду е смртник, еден ден ќе пристигне и неговата смрт... Ден на разделба кога Гилгамеш ќе остане сам. Тој не може да ја поднесе огроманата болка. Човечкото во него се бунтува и неговата душа не може да ја поднесе загубата, на некој кој оставил толку длабока трага во неговото срце. Неговите чувства на очај и тага ја достигнуваат кулминацијата, посилни од него и воден од истите тој тргнува во потрага по бесмртноста. Неможејќи да трпи тага и болка тој го минува целиот свет за да ја пронајде тајната со која ќе му помогне да стане бесмртен. Неможејќи да се помири со својата следна загуба, тој ја сфатил целта на животот, односно зборовите на богињата Иштар: „... Што ќе ти е тревката на бесмртноста? Врати се дома кај жената и децата. Направи ги задоволни и ти биди задоволен. Оди кај пријателите и направи ги среќни и ти биди среќен. А бесмртноста остави им ја на боговите...“ Јунаците во Илијадата – Ахил наспроти Агамемнон Илијадата е најсовремената епопеја на сите времиња, за сите народи. Во неа се обработува еден единствен настан – Тројанската војна, односно борбите околу градот Илиј. Илијада претставува бесмртно дело на Хомер каде што гневот на Ахил се провлекува како црвена нишка нишка низ целото дело, од самиот почеток па се до неговиот крај. Слепиот Хомер пред себе имал мноштво на личности, кои имале една желба и цел, да победат и да се прослават. Тој ја покажува својата величина во сликањето на многу различни карактери, во изнесувањето на нивните добри и лоши страни. Секој карактер во Илијада се одликува со нешто свое, индивидуално. Двигател на дејството во „Илијада“ е гневот на Ахил. Тој е главен војсководец, јунак на страстите кој оди во крајности. Ахил претставува литерарен лик, создаден од авторот, лик кој има божествени особини – идеали. Главната причина за тој гнев и таа омраза да се појави кај Ахил е грабнувањето на неговата робинка Брисеида од страна на Агамемнон. Тој е лик во кој покрај храброста се слеле себичноста и неразумноста, а сето тоа е доволно за Ахил да се навреди и да престане да се бори за Ахајците. Сакајќи да ја докаже вистината, за тоа колку е тој важен за нив и дека без негово учество нема да ја добијат борбата. Престојува во бродовите и покрај сите молби да се врати на бојното поле тој не сака да попушти, ги остава Ахајците полека да ја губат борбата. Кога веке Тројанците ќе стигнат и до самите бродови за Ахил не е доволно извинувањето на Агамемнон и молбите од неговиот најдобар пријател Патрокло. За тој повторно да настапи во борба, Партокло земајќи ја облеката и оружјето на Ахил оди во двобој со најголемиот тројански јунак Хектор. На прв поглед Хектор е подисплашен од мислата дека Ахил се вратил во борбата, но потоа гледа дека тоа е Патрокло со Ахиловите алишта дека нема потреба од паника. Сето тоа покажува дека Ахил е оној кој може да даде отпор и да вллее стравопочит кај Тројанците. Двобојот завршува со убисто на Патрокле од страна на Хектор. Ахил дознава за смртта на својот пријател, тој е прекумерно тажен – оди во крајности. Тој кубе коси, се облекува во тажечка облека... Едвај го разубедуваат таа тага и болка да ја замени со омраза и одмазда кон непријателот. Ахил конечно тргнува да се бори. На тој свој пат прави ѕверска одмазда, ги убива тројанските војници, а нивните тела ги фрла во реката, та место вода се излевало крв од мртвите тројански војници. Се судира и со Хектор, воден од гневот и желбата за одмазда, поради загубениот пријател и него го убива. За тоа колку Ахил може да биде гневен и крајно суров покажува мигот и по убивањето на Хектор. Неговиот гнев не се стишува, го врзува за својата двоколка и го влече телото на Хектор седум дена околу градот, и сето тоа предизвикало потресни сцени во Троја. Силата што конечно ќе го смекне неговото тврдо срце е љубовта кон својот татко, поточно плачот на хекторовиот татко – Пријам, кој го потетува на неговиот сакан татко. Заедно Ахил и Пријам плачат и жалат, војната престанува за одредено време за сите да му одадат почит на Хектор. Со оплакување на закопот на големиот Хектор се завршува прекрасното дело. Ахил сепак останува феномен како помеѓу луѓето така и помеѓу боговите, а Илијада останува извор на мотиви и карактери, како пример за создавање епска поезија.
Јас ве молам доколку може состав во врска со: Што би променил/а во местото каде што живеам. Ве молам за утре ми е за писмена... Благодарам однапред!
Наместо возила , велосибеди , наместо фабрики и чад што повеќе дрвја за здрава околина , грижливост за екологија и организиранје на патроли екологисти бла бла .Е сега уште да побараш да ти го спојам и суредам целото, потруди се малку. Спојлер Ова не оти сакам , колку да не смараш по разни теми и лични пораки
не знаев кај да прашам за ова,па си реков ај овде.Професорката по македонски ни рече да напишиме современа басна(за современото сегашното општество така нешто) ако можи во стихови уште поарно,а ни бара во проза како басна така современа со поука нешто на крајот...Ако можи да ми помогните? Благодарам однапред
За во понеделник имаме состав на тема "Што се случува зад училишниот ѕид" ако имате време да ми помогнете оти стварно немам инспирација
Ако има некој есеј за: 1. Смртта на Иван Илич и 2. Есеј инспириран од романот Злосторство и казна Ми треба за утре..ако има некој нека помогне...ви благодарам многу феминки
Смртта на Иван Илич Толстој е мајстор за пишување безвременски дела кои опстануваат и кои се читани од голем број генерации, генерации кои ја осознаваат тајната на уживањето, читајќи ја руската класика од времето на реализмот. „Смртта на Иван Илич“ е повест, напишана во времето на руското капиталистичко општество, истакнувајќи ги сите добри и лоши страни на општествените норми на кои треба да се потчинуваат сите и да ги перцепираат правилно и без никакви одрекнувања. Главниот лик во ова Толстоево дело е младиот човек Иван Илич кој е амбициозен и жеден за знаење и признанија од општеството... Благодарејќи на познатото потекло и своето образование, тој со текот на времето успева да стекне углед меѓу богатите и добро ситуирани сограѓани. Станува судија, се жени со убава и добра девојка и имаат две деца. Неговиот живот е совршен, има добра работа и одличен рејтинг, круг блиски пријатели и нормално семејство. Сè за што еден човек сонува. Но, што треба да се случи за да почнеме да го цениме она што го имаме, она за кое не сме свесни дека го поседуваме?! Илич се здобива со повреда, паѓајќи од скали, но на тоа не му придава огромно значение, па продолжува понатаму. Но од тој ден нему му станува сè полошо, станува пречувствителен за сè што се случува, не трпи никој во свое друштво, се чувствува изнемоштен и папсан. Дали падот од скалите е причина за неговата состојба или пак некој душевен товар е причина за неговата срозеност? Станува неподнослив, го нервираат сите неспособни лекари како што ги нарекува, во еден збор станува хипохондрик и почнува да ја сфаќа смислата на животот, сега, кога е на работ од смртта. Домашните не знаат што се случува со него, му нудат различен вид помош која тој ја одбива цинично и гротескно. Изморен е од сè, од болеста што го напаѓа, од секојдневната борба за живот и од лекарските совети. Прекрасен пример кој зборува за смислата на животот, за сите убави работи што ги нуди: семејство, љубов, среќа... Но малку луѓе можат да ја ценат онаа добра страна што им ја нуди судбината, малку луѓе го ценат она што го имаат, повеќето се незадоволни од понуденото па затоа паѓаат во искушение, се доведуваат до работ на смртта за да сфатат што имаат покрај себе и конечно да почнат тоа да го ценат. Повест која секако ќе ве стави во размислување, за она што е добро и за она што навистина вреди, која ќе ве натера на размислување за она што го имате покрај себе, повест од која ќе научите дека животот е вреден за живеење и дека сите деструктивни нешта низ кои минувате се само фази и дека на сите негативитети треба да се спротиставите и да ги надминете со големо самобитност . ќе ти помогне ова? за Злосторство и казна ова го најдов http://www.scribd.com/doc/90612820/%D0% ... 0%B8%D0%BF
Ми треба состав за Елена од Троја најдов податоци и ја имам прочитано книгата ама не знам како да склопам се ...
Имате некој состав за просветителство поврзано со Кандид,Робинсон Крусо и Гуливеровите патувања? Или немора со нив поврзано нешто општо за просветителство за воведен дел ми треба
devojki mi trebe lektirata devojkite na marko moze nekoj ako ja ima preraskazano da ja napise ili pak da mi pati link ako ne mu e maka fala odnapred