мене не ми треба состав...но ми треба нешто повеќе за Древната уметност...некои информации во врска со тоа...па ако некој знае во лп....ве молам
Ќе ве молам за помош! Да ми помогнете да напишам состав на тема МАКЕДОНИЈО ВО СРЦЕ ТЕ НОСАМ! Многу ќе ви бидам благодарна
Девојки ќе може помош за состав на тема Компјутерскиот јазик и грижата на македонското општество за јазикот.Ќе ве молам ако може ЛП. Благодарам
ми ттреба помош и инспирација за текст кој треба да го напишам за казна по македонски , текстот треба да е за случка во која главна улога е прототип на мој другар , во случката треба да дојдат до израз неговите карактеристики како бунтовност , јасно изразување на својот став кој несекогаш му држи вода , спремен за тепачка во секое време , а под сите овие уствари многу добар, пожртвуван и емоционален тип . Пример за случка?
смешно ама вистинито.. ми треба состав за дождот.. толку сум блокирана шо немам никаква идеја за состав... ако може некоја да ми помогне би била многу благодарна.. Благодарам однапред
Есеј има многу што да се пишува на оваа тема на пр. возбуденоста, твојот впечаток. .. и ред др. работи се надевам помогнав колку толку имаш тема состави разлисти можеби ќе пронајдеш нешто
Еве ви состав за Пеколот со 377 зборови Спојлер Пеколот Низ средновековните лавиринти се роди една светлина коjа го просветли човечкиот ум и отвори еден нов хоризонт, наречен хуманизам и ренесанса. Идеализацијата на античкото класично наследство се испреплете низ нишките на народниот и латинскиот јазик достигнувајќи го врвот на индивидуализмот. Сето тоа е преточено низ алегорично кажување во кое е синтетизирано Дантеовото сведочење за страдањето и болката на човековата душа. Епот „Божествена комедија“ започнува со делот наречен „Пекол“ во кој доминира средновековната поетика соединета со симболиката. “Пеколот” започнува со воведната песна, низ кои стихови се наѕира алегоричното значење на шумата, густежот темен, кои претставуваат илузија на анархичната положба во италијанските градови во времето на Данте, кој и самиот бил учесник во политичките борби. Поетската слика на пантерот ја прикажува зависта длабоко вгнездена во човечката душа. Естетската категорија страв го надополнува алгоричното значење и ги претставува ужасот, болката и страдањата, што следат во задгробниот живот. Симболиката и алегоријата продолжуваат да се синтетизираат низ улогата на лавот, кој ја претставува гордоста и волчицата како симбол на среброљубието, односно алчноста по пари кај папската власт. Но, во оваа песна треба да се регистрира и пофалбата упатена до Вергилиј, кој претставува олицетворение на разумот и светлината. Всушност, во епот тој ќе биде скапоцениот водич низ страшните предели на пеколот, толкувачот на стравотиите што ќе ги води Данте и неговиот помошник во тешките мигови, кога тој како смртник не би можел да ги види нештата. Убавините на текстот накитен со стилските сретства продолжува и во останатите песни каде што темнината на пеколот се испреплетува низ конците на суровата реалност, низ настаните на ренесансна Италија. Душевната болка, поетот на мошне суптилен начин ја искажал преку алегоријата доволувајќи ја вистинската слика на животот во Италија. Алегоријата е исполнета со една хуманост, праведност и со жигосување на безумните човечки страсти и пороци. Данте имал зошто да биде и хуман, и справедлив и жесток во исто време. Гледајќи дека никаде не постоела праведноста, дека секаде во светот владееле насилства и алчности, прогонства поради напредно мислење, Данте ќе најде средство да покаже со прст на крвавиот хаос и на луѓето - робје на стремежот за власт, богатство и насилие. Во исто време ќе укаже на светлото во животот, на возвишеното и на доброто.
pomoss dali feminki ke sakate da mi pomognete okolu edna tema po mak jazik makotrpniot pat na makedonskiot jazik
можеш да почнеш со браќата Кирил и Методиј како твореле, кој продолжил по нив за ширење на македонскиот јазик . . . во завршниот дел можеш да изнесеш свој заклучок од сето она што си го напишала. Секако вметни и реченици со стилски изразни средства, така го збогатуваат уште повеќе составот