Дечки, за утре ми треба итно состав за писмена за лектирата "Чорбаџи Теодос" . Ве молам напишете нешто.
Вака сега јас имам состав за тоа што беше за приказна од школската клупа,но мојот е училишен живот.тука и има опишано и една случка се надевам дека ќе ти помогне. -Училишен живот Иднината е светлината кон која одиме низ животот,а факелот со кој ја осветлуваме е во нас,во нашето знаење,образование.За да може секое дете да се изгради во успешен човек потребно му е учењето од родителите,постарите,но пред се од наставниците во улилиштето.Учењето не е мачење-ако си го олесниш.Одењето на училиште не е само добивање на нови знаења,туку стекнување и на нови пријателства.Најдобрите другари остануваат за цел живот а потекнуваат од училишните клупи.Знаењето ја пали искрата на образованието,а таа искра треба да ти служи за целиот живот. Во забавиште започува и мојот училишен живот.Тогаш запознав многу другарчиња и сѐто тоа беше голем чекор напред во моето детство. Кога за прв пат стапнав во просториите на моето училиште бев многу среќен,а вооедно и многу возбуден за сѐ она што ме очекува.Додека седев во училишните клупи,постојано се восхитував на убавите зборови,на советите,на утехите што ми ги даваше мојата наставничка.Наставичката во моите очи изгледаше како сезнајка,беше мој идол. На моменти се чувстував и како исплашено глувче кое незнае што треба да прави.Не бев од оние палави деца кои секогаш беа прекокувани од наставничката.Во прво одделение јас повторно се запознав со нови другарчиња и започнав да ги изучувам и првите букви и бројки.Секоја година се искачував скала погоре и го проширував своето знаење.Кога стигнав до четврто одделение се чувстував како веќе да сум пораснал,бидејќи тогаш бевме најголеми на долниот кат.На крајот на учебната година се чувствував многу тажно поради разделбата со мојата наставничка,но вооедно бев и среќен што се качувам скала погоре во моето образование.Во петто одделение се запознав и со моите нови наставници.Бегањето од часови или добивањето на слаба оцекна го сметав како најголемата глупост што можи да ја направи еден ученик.Во шесто одделение бевме „прогласени“ и за најнедисциплинираниот клас.Постојано добивавме укори од наставниците.Во седмо одделение започнав да ги правам и нештата што порано ги сметав за најголемите глупости.Многу бегав од часови,добивав слави оценки,укори од сите,неоправдани...По некое време дојдов до заклучок дека ова што го правам не е во ред,па решив да се смирам малку.Сватив дека сите овие глупости воопшто нема да ми помогнат,туку напротив тие само ќе ми го отежнат учењето.Сите настаавници добија лоша слика за мене.Многу се мачев за да избришам таа лоша слика и на крај успеав.Се уверив во тоа дека секој труд вреди.Седмо оддление ќе го запаметам и поради непријатната случка,која ме засрами пред целиот клас.Правевме тест по македонски јазик.Цел ден ден дома играв,бидејќи играњето беше позабавно од учењето речиси и заборавив дека правиме тест.Вечерта набрзина,иако времето можев да го искористам за учење,јас набрзина приготвив ливчиња за препишување.Се беше добро,но јас заборавив дека наставничката има будни очи кои гледаат и од тилот,иако се свртени кон таблата.Не знам како,но таа дојде до мене и ми ги побара лифчињата.Моето лице се врцвени како булка.Многу се застрамив,но наставничката ми прости и ми рече дека идниот час ќе ме испрашува скоро цел час.Непријатната случка остана и ден денес врежана во календарот на мојот живот.Непријатната случка ме обележа со погрдно име.Иако наставничката ми прости одделението не ми прости и ме нарекоа Ladylove - препишувачот.Кога следниот час ги одговорив сите прашања,прекарот веќе немаше смисла. До година ќе бидам осмо одделение.Ќе бидам полуматурант.Ќе се наоѓам на една голема раскрсница,за тоа каде да го продолжам моето образование.Верувам во себе и искрено се надевам дека искрата на моето знаење ќе ми помогне да го изберам вистинскиот пат.Еден од најголемите генијалци во светот Алберт Ајнштајн рекол.... „Образованието е она што ќе остане кога ќе заборавиме се што сме научиле во училиште“. Имам и состав за Зошто да не помогнам утешам израдувам можеби е касно но јас сега ја гледам темава се надевам ќе му помогнам на следните генерации. - Зошто да не помогнам,утешам,израдувам Добрината е особина што ја облагодарува душата го разгалува срцето.Да замислиме дека добрината е бисерно зрно и дека секое човечко срце е закитено со такво зрно,тогаш,целиот свет би личел на бисерен ѓердан.Сите скапоцености можат да се измерат со физичка величина,но вредноста на добрината,убавиот збор,радоста,можат да ја мерат само душата и срцето. Ако сакам да дарувам утеха на нечија душа,ќе го сторам тоа со збор.Тој со својата уметност ќе се претвори во чудотворен лек за болниот,ќе ја стопи тагата не несреќниот ќе го истера стравот од плашливиот.Ќе облагодарам нечија душа така што со уметноста за зборовите ќе ја насликам сликата на животот во очите обвиткани со превезот на темнината. Зошто да не утешам,помогнам,израдувам! Нема причина да не го сторам ова,зашто јас сум човек,а од сите живи суштества,само човекот ги има овие особини.Хуманоста носи и друг збор„човечност“.Помошта личи на бумеранг зашто еден ден ќе ти се врати.Радоста се меша со среќа и насмевака. Да пиеме во животот од чашата наполнета со овој коктел и да го градиме животот на темелите од овие вредности. Вчера дарував крв,а со тоа можеби спасив нечиј живот.Дарувањето крв е како црвена врвца за која ќе се заврзе животот што е во опасност.Само хуманите луѓе можат да ја почувствуваат среќата зашто се трудат во реката на животот да ги капат луѓето само со среќа. Денес и помогнав на една старица безбедно да ја помина улицата,а радоста сама си бликна и на моето и на нејзиното лице.Му помогнав на брат ми околу домашната задача,на мајка ми околу средувањето во домот.Нахранив едно гладно врапче,го стоплив и згрижив малото кученце оставено беспомошно во џунглата на асфалтот. Подарив само еден цвет на баба ми,едно шарено луле на дедо ми,но ја измамив радоста за себе и за другите. Ова што го направив вчера и денес е патоказ моето утре,а таму ќе се трудам уште повеќе со зборови и дела да утешам,помогнам,израдувам.....Моето срце ќе биде широко колку небото,топло колку Сонцето,мило колку детското раче.И тоа секогаш ќе дарува добрина и убав збор и ќе се радува на животот како пчелка на шарен цвет. а мене ми требаат состави за хектор и за гилгамеш позззззз
Ве молам дечки за помош! Утре правам писмена, а не сум многу добра со состави. Ако може некој да ми напише состав под тема 1.Другарството не познава разлики или 2. Чист воздух здрава средина Благодарам! Спојлер Може која и да било.
дали ви се наоѓа нешто на тема странски долг ? состав или семинарска или бииило што SSSSS очајна сууууууууууум
За на факултет ? Па треба да прашаш доколку ти е за факултет некој шо завршил Економски , некако паметам за банкарски смер ова да не е .. што знам како да ти помогнам..
ХЕЛП....дали некој може да ми помогне.т.е да ми напише состав на тема „што е времето„ или за времето и просторот...за прва година средно е .пишете ми во лп ако има некоја доброволна душа ..за утре ми треба .
Девојки, правам утре писмена за ликовите на Ахил и Одисеј, поточно вака гласат темите: - Aхил - олицетворение на совршен јунак - Истрајноста и итрината ќе го однесат Одисеј до посакуваната цел Ќе ми биде многу од помош, ако некој најде нешто особено за Одисеј, зашто нигде неможам да најдам..
Имав погоре напишано еве ти го пак,доколку не си го видела - Зошто да не помогнам,утешам,израдувам Добрината е особина што ја облагодарува душата го разгалува срцето.Да замислиме дека добрината е бисерно зрно и дека секое човечко срце е закитено со такво зрно,тогаш,целиот свет би личел на бисерен ѓердан.Сите скапоцености можат да се измерат со физичка величина,но вредноста на добрината,убавиот збор,радоста,можат да ја мерат само душата и срцето. Ако сакам да дарувам утеха на нечија душа,ќе го сторам тоа со збор.Тој со својата уметност ќе се претвори во чудотворен лек за болниот,ќе ја стопи тагата не несреќниот ќе го истера стравот од плашливиот.Ќе облагодарам нечија душа така што со уметноста за зборовите ќе ја насликам сликата на животот во очите обвиткани со превезот на темнината. Зошто да не утешам,помогнам,израдувам! Нема причина да не го сторам ова,зашто јас сум човек,а од сите живи суштества,само човекот ги има овие особини.Хуманоста носи и друг збор„човечност“.Помошта личи на бумеранг зашто еден ден ќе ти се врати.Радоста се меша со среќа и насмевака. Да пиеме во животот од чашата наполнета со овој коктел и да го градиме животот на темелите од овие вредности. Вчера дарував крв,а со тоа можеби спасив нечиј живот.Дарувањето крв е како црвена врвца за која ќе се заврзе животот што е во опасност.Само хуманите луѓе можат да ја почувствуваат среќата зашто се трудат во реката на животот да ги капат луѓето само со среќа. Денес и помогнав на една старица безбедно да ја помина улицата,а радоста сама си бликна и на моето и на нејзиното лице.Му помогнав на брат ми околу домашната задача,на мајка ми околу средувањето во домот.Нахранив едно гладно врапче,го стоплив и згрижив малото кученце оставено беспомошно во џунглата на асфалтот. Подарив само еден цвет на баба ми,едно шарено луле на дедо ми,но ја измамив радоста за себе и за другите. Ова што го направив вчера и денес е патоказ моето утре,а таму ќе се трудам уште повеќе со зборови и дела да утешам,помогнам,израдувам.....Моето срце ќе биде широко колку небото,топло колку Сонцето,мило колку детското раче.И тоа секогаш ќе дарува добрина и убав збор и ќе се радува на животот како пчелка на шарен цвет. незнам можеби не ти се допадна,но јас добив петка за овај сотав поззз
Што поточно за Робинзон Крусо??? Ние лани ја имавме оваа лектира и целата сме ја прераскажувале во тетратките, ако знам можам да ти помогнам.
Ауу... баш сега пребројав колку страни ми зафатила, 34! Не сум била нормална! Иначе ако сакаш да ти раскажам некој расказ, на раскази сум ја прераскажувала. Еве мала содржина и нешто од тебе си додади. Ти препорачувам да ја прочиташ лектирата многу е интереснаа и има многу поучн работи! Содржина: Робинзон Крусо е дете кое многу сака да плови по морињата, да го види целиот свет, да доживее разни авантури но, мајка ми и татко му не го одобрувале тоа. Тој сакал да избега. Една вечер кога се шетал покрај брегот и таму го сретнал неговиот другар (мислам дека му беше другар ) и тој го поканил со него да отпатуваат некаде далеку, Крусо се согласил. Два дена подоцна, тој и другар му избегале, на сред море (или океан не се сеќавам баш) ги фатило мало невреме, Робинзо многу се исплашил, почнало да му се врти свест. Брзо поминало невремето, тие стигнале во (незнам како се викаше градот не ми текнува). Таму Крусо почнал со работа и се запознал со еден човек, капетан на три брода, тој го поканил со него да патуваат (некаде, незнам каде ). Крусо прифатил. Ти патувале многу, останале без храна, мну луѓе умреле, на секој остров имало дивјаци тие ги напаѓале. еднаш едни дивјаци ги фатиле и ги заробиле, таму биле слуги. Еден ден Крусо и капетанот биле испратени од главниот на дивјаците да отидат на лов бидејќи на нив ќе им доаѓале важни гости. Тогаш Крусо и капетанот планирале да побегнат, се спремале. Дошло ноќ. Тие биле исплашени да не ги види главниот како бегаат па потоа да ги изедат. Тие тргнале. Со нив дошол и некој другар на капетанот. Биле целосно опремени за бегство, имале храна, вода, алишта, пушки и др. Се што им е потребно за да опстанат додека не отидат на друг остров. Така тие полечка почнале да се одалечуваат од островот на дивјаците. Тие многу се одалечиле. Сега повеќе не биле во опасност. Но им било страв да застанат на некој остров за да не ги фатат пак дивјаците. Така патувале и патувале. Стигнало на некој остров. Но биле одалечени од него. Таму ги пречекале луѓе. Нив ги било страв да им се доближат. Па така се разбирале со мимики. Крусо побарал да им дадат јадење. Ти изгледале како добри луѓе но сепак им било страв од нив. Им дале храна и облека. Круго и неговите другари им се заблагодариле и пак тргнале да пловат по морето. Така тие патувале и патувале. (Мислам дека пишуваше дека патувале 3 години, можда се лажам, сепак види). Од ден на ден тие се повеќе и повеќе снемувале храна, другарот на капетанот веќе не можел да издржи и се договориле да го фрлат во океанот. Тие го послушале и го фрлиле. Сега останале само Крусо и капетанот. Тие продолжиле да пловат по морето. Времето брзо минувало. Еден ден ги фатило силно невреме. Тие доживеале бродолом. Леле ме заболе раката. Ае препиши го ова јас сега ќе поспиам малце и подоцна ќе ти го пратам и другиот дел. Извини вака.
najvekje na svet ve molam da mi pomognete za sostav na tema sporedba megju likovite Lukov i Fezliev od dramata "Crnila"...fala mnogu odnapred
Ауу... баш сега пребројав колку страни ми зафатила, 34! Не сум била нормална! Иначе ако сакаш да ти раскажам некој расказ, на раскази сум ја прераскажувала. Еве мала содржина и нешто од тебе си додади. Ти препорачувам да ја прочиташ лектирата многу е интереснаа и има многу поучн работи! Содржина: Робинзон Крусо е дете кое многу сака да плови по морињата, да го види целиот свет, да доживее разни авантури но, мајка ми и татко му не го одобрувале тоа. Тој сакал да избега. Една вечер кога се шетал покрај брегот и таму го сретнал неговиот другар (мислам дека му беше другар) и тој го поканил со него да отпатуваат некаде далеку, Крусо се согласил. Два дена подоцна, тој и другар му избегале, на сред море (или океан не се сеќавам баш) ги фатило мало невреме, Робинзо многу се исплашил, почнало да му се врти свест. Брзо поминало невремето, тие стигнале во (незнам како се викаше градот не ми текнува). Таму Крусо почнал со работа и се запознал со еден човек, капетан на три брода, тој го поканил со него да патуваат (некаде, незнам каде ). Крусо прифатил. Ти патувале многу, останале без храна, мну луѓе умреле, на секој остров имало дивјаци тие ги напаѓале. еднаш едни дивјаци ги фатиле и ги заробиле, таму биле слуги. Еден ден Крусо и капетанот биле испратени од главниот на дивјаците да отидат на лов бидејќи на нив ќе им доаѓале важни гости. Тогаш Крусо и капетанот планирале да побегнат, се спремале. Дошло ноќ. Тие биле исплашени да не ги види главниот како бегаат па потоа да ги изедат. Тие тргнале. Со нив дошол и некој другар на капетанот. Биле целосно опремени за бегство, имале храна, вода, алишта, пушки и др. Се што им е потребно за да опстанат додека не отидат на друг остров. Така тие полечка почнале да се одалечуваат од островот на дивјаците. Тие многу се одалечиле. Сега повеќе не биле во опасност. Но им било страв да застанат на некој остров за да не ги фатат пак дивјаците. Така патувале и патувале. Стигнало на некој остров. Но биле одалечени од него. Таму ги пречекале луѓе. Нив ги било страв да им се доближат. Па така се разбирале со мимики. Крусо побарал да им дадат јадење. Ти изгледале како добри луѓе но сепак им било страв од нив. Им дале храна и облека. Круго и неговите другари им се заблагодариле и пак тргнале да пловат по морето. Така тие патувале и патувале. (Мислам дека пишуваше дека патувале 3 години, можда се лажам, сепак види). Од ден на ден тие се повеќе и повеќе снемувале храна, другарот на капетанот веќе не можел да издржи и се договориле да го фрлат во океанот. Тие го послушале и го фрлиле. Сега останале само Крусо и капетанот. Тие продолжиле да пловат по морето. Времето брзо минувало. Еден ден ги фатило силно невреме. Тие доживеале бродолом. Леле ме заболе раката. Ае препиши го ова јас сега ќе поспиам малце и подоцна ќе ти го пратам и другиот дел. Извини вака. Продолжение: И бидејки нивниот чамец бил слаб се скршил. Крусо се спасил. Веднаш почнал да плива. Пливал најбргу што можел. Кога стигнал на брегот, бил многу уморен. И кога се завртел назад не го видел капетанот. Многу се растажил и почнал да плаче. Почнало да се стемнува. Му се јадело многу но бродот бил многу далеку од островот. Мил уморен па се качил на некое дрво, бидејќи го било страв да не го нападне некое животно, и заспал. Утредента времето се смирило. Чамецот бил поблизу до брегот. Крусо земал некоја даска што била од бродот, и отишол накај бродот, надевајќи дека можеби нешто останало, за јадење, за пиење, облека што било. Кога отишол кај бродот, имало неколку работи ги ставил на даската и ги ноднел до брегот, и пак така направил, и пак, и пак, до крајот на денот. (е сега ова е многу интересно, кога си правел живеалиште и друго. прочитај го тој дел и раскаж го. могу е интересна книгата. би ти ја напишала целата, но многу е, можеш и ти ) Многу интересна книгичка. Се надевам дека помогнав. Поздрав!
Здраво прво на сите. Вака сега: За утре ми треба расказ по македонски јазик, со 1 динамичен и 4 статични и со една случка.Треба да има воведен, главен и завршен дел точно определени. Ако можете, помогнете ми. Поздрав.