ИТНО! Случајно да не имате некој есеј за Црно семе, Пиреј, Големата вода или Пустина??? Фала однапред..
Дали може некој да ми даде состав за писмена за Коле Неделковски и споредба меѓу неговите песни Мајка и Рането срце ... Благодарам многу однапред
Ајде дечки ве молам итно е.. Ми треба состав за илијадата, одисејата, Гилгамеш и Царот Едип. Ако имате некој состав за тие теми ве молам дадете. Фала однапред
Само за гилгамеш имам Секој има ѕвезда. Ѕвезда на некој лик, и живот. Цел живот го трошиш во потрага по неа. Еднаш кога ќе згасне, никогаш повеќе не светнува, останува како светол спомен и чека на своето „Будење и воскреснување“. Можеби тажниот глас на Гилгамеш допрел до нежниот светлосен зрак кој осветлува од далечното минато, да излезе на површината и не восхитува. Тоа е човекот што љуби и мрази, силник и похотник, ја чувствува болката и радоста, плаче, се надева и очајува иако „две третини бог е тој“, а „една третина тој човек се роди“: „По убавина и по снага никаде му не беа виделе рамен лавот тој од лежиштето го брка неговиот збор е моќен, а решението закон.“ Зборови исполнети со мир и спокоен пламен, ја откриваат неговата душа, сила и мудрост. Осуден е да ја носи судбината на смртните, да го чувствува проклетството на боговите, да другарува со полудивиот Енкиду, кој е креиран од божицата Аруру: „Таа ги изми рацете, зема глина и ја навлажни со својата божја, мајчинска плунка. Го обликува Енкиду, создаде јунак...“ Кога еден од нив ке падне, паѓа поради оние пред него, оние зад него, тие стојат заедно пред лицето на сонцето. Тие здружени и сплотени во едно, одат во борба против непријателот. Изморен и осуден од боговите Енкиду умира. „Зар и јас ко Енкиду ке умрам?“-Гилгамеш се соочува со смртта, се плаши од неа. Се издигнува над сонцето, спие во ноќната тишина. Не е без сништа. Има ли мир, спокој што ја открива неговата сила. Оплакувајки си го другарот, ја кине облеката, облекува жална и прашлива. „Шест дена и шест ноки го оплакуваше Енкиду пријателот свој. Седмиот ден пријателот си го закопа И градот Урук го напушта.“ Тргнува во потрага по единствениот смртник кој останал бессмртен, кој го преживеал потопот „Гласно лелекав, зошто сите луѓе изумреја.“ Тргнува да го оствари сонот на луѓето, да ја пронајде тревката на вечниот живот. Но, змијата ја јаде, тревката исчезнува. Исчезнува неговата болка и неговата страв од смртта, можеби тој пат, чија порта е утринската магла, а прозорци се тишините на ноќта, ке ја донесат неговата среќа која упорно ја бараше и талкаше од ден на ден, од немило до недраго, од мрак до мрак. Таа е несфатливата судбина на древниот човек. Но, што да се прави со оние чиј живот не е океан, ниту песочна кула? За нив животот е карпа и со глето е вдлабен нивниот лик, останувајки таму за секогаш. повели се надевам ќе ти заврши работа.
Хм да ми помогнете околу темата- Толеранција, демократија, мирот и слободата- најважни идеали на цивилизираниот свет ??
Може ли да ми дадете некоја идеја за состав на тема Јазикот-срце кое бие за татковината ? Благодарам однапред
ве молам ако има некој состав за : 1.Печалбарството опишано во парите се отепувачка 2.Печалбарството опишано бо печалбари 3.социјалните елементи опишани во драмата Чорбаџи Теодос
Хелп , да не' има некој случајно есеј , или некои реченици во врска со "ДОГМА" (догма - неприкосновен став, неменлив принцип). Благодарам однапред
Се вика ЕСЕЈ, значи твој став. Сигурно не го знам твојот став за догма... Или пак немаш став? Изгради го. Измисли го. Поинтересна тема не си можела да добиеш. Напиши го онаа што го мислиш со некој интересен метафоричен стил. Готово. Не биди претерано сериозна и не пишувај клушеа - онаа што се очекува да го напишеш. Едноставно напишии го онаа што го мислиш.
Треба да пишувам есеј на тема: „Младоста е мојата религија“. Би можела некоја феминка да ми помгне, само неколку реченици или некоја идеја како да го пишувам есејот ?
Јас сум дежурен пишувач на состави во маало. Па и пошироко, хаха. Секогаш кога прават писмена, имам многу деца кои ме замолуваат да им напишам состави, есеи... Денеска еве напишав 3 на англиски )))) Ако некој има потреба нека ми пише приватна порака, па ако сум расположен и имам време - ќе помогнам, уај нот?
Дали има некој идеа што би можела да пишувам на темата Како да избегнеш раскажување во есеј... Кога ќе го пишувам треба да биде раскажување ?! тешко ее