Може ли да ми помогнете за состав на тема Индустриско добивање на амонијак според Хабер-Бошовата метода ?
Ве молам ако има некој состав за следниве теми нека ми прати во ЛП: -ликот на кучето Бак од повикот на дивината -патопис -страница од (нечија) автобиографија
Незнаев каде да го поставам прашањето ми треба прераскажана лектирата АВТОБИОГРАФИЈА на ГРИГОР ПРЛИЧЕВ.
Може ли некој да ми даде состав за овие теми: - Како го замислувам светот во иднина? - Културното однесување, одлика на секој човек. Ве молам некој ако има состав да ми пише во ЛП
Девојки имате ли некој состав за `писменоста`, `настанување на азбуката`, `за учителите` и за `св. Кирил `? Ако имате нешто ве молам пратете ми во ЛП или постирајте тука. Фала однапред Спојлер Итно е, за утре ми треба :c
Еден мој патопис Секој човек сака да патува. Патувањата ги прошируваат нашите видици, ги збогатуваат нашите сознанија, нашиот дух. Како и сите други деца и јас сакам да патувам. Пред еден месец, заедно со другарте од фолклорната група отидовме во Турција. Патувањето беше прекрасно и траеше една недела. Времето беше топло, погодно за прошетки. Кога стигнавме во Турција најголем впечаток ми остави Памуккале. Глетката беше прекрасна. Додека се воодушевувавме на живописниот пејсаж, одеднаш почна да врне. И покрај дождот и надвиснатите облаци, времето беше топло. По некое време дождот престана и ние тргнавме кон хотелот. Хотелот беше луксузен , со прекрасна градина. Цела недела се воодушевувавме на ие убавини. Пред да си одиме се поздравивме со сите пријатели кои не пречекаа на најдобар можен начин.Потоа тргнавме.Седнав до прозеорецот за да можам подобро да ги абљудувам убавините на оваа земја. Пред да падне ноќта застанавме во Истанбул. Тоа е прекрасен град, со топли, мили и гостопримливи луѓе. Се прошетавме низ чаршиите, па се вративме во автобусот и тргнавме кон дома. Враќањето бесе исполето со емоции. Од една страна бев среќен што се враќам дома во својата земја, но од друга страна бе ногу тажен затоа што морав да ги напуштам сите тие убавини. ИМА МНОГУ ПЕЧАТНИ ГРЕШКИ ПОРАДИ БРЗАЊЕТО, НО ЌЕ СИ ГИ ИСПРАВИШ. СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ТИ ПОМОГНАВ. ПОЗДРАВ
Ve molam koj ima sostav za Sakam da bidam ... ako moze nekojneka napishe za ovoj sostav mi treba do vecer, ako moze neka napishe za Sakam da bidam Advokat. Fala odnapred <3
Дали некој би можел и би имал желба да ми напише дури и најмало делче на темите ,,Збогум мои 14 години`` и ,,Зборувам во името на мојата генерација`` ...Итно ми се потребни идеи за писмена по македонски за утре...би ви била благодарна многу
Девојки,да не има некоја од вас состав на теми: Силјан Штркот и Болен Дојчин? Во Силјан штркот темата повеќе ќе биди нешто како Непослушноста кон родителите ама сепак треба да направиме корелација со Силјан Штркот. Ви благодарам однапред
Утре правам писмена по македонски јаѕик на темите: -денот кога училиштето ми стана мачилиште -јас сум прилепчанец,јас сум горд на ликот Марко Цепенков -Есеј за мојот роден град Ве молам погноте итно е!!! Ви благодарам однапред ИИИИИИИтнооооо!!!
Епа вака.. Правиме писмена по македонски и сеа професорката ни даде неколку теми ама во неа не треба да пишуваме историски податоци и малче ми е тешко нешто напишав но ми треба и малку помош од вака. Вие се темите: -Дејноста на Кирил и Методиј(во воведниот дел треба за панонските легенди) -За Климент Охридски(треба да пишуваме за делото ,,Пофално слово" -Црноризец Храбар( за ,,О посменех "(за буквите))
Девојки ми треба само наслов за да пишувам состав во врска со драмата "Парите се отепувачка" Ве молам за побрз одговор,однапред благодарна.
Значењето и творештвото на Климент Охридски Свети Климент во македонската литература се појавува како просветител и втемелувач на писменоста на македонскиот народ. Тој има големо значење како за македонската литература така и за религијата. Во што се состои неговото значење? Од една страна свети Климент не можел да ја создаде кирилицата- тој бил следбеник на Кирил и Методиј, па го почитувал нивното дело и затоа доследно ја чувал и употребувал глаголицата. Тој бил значаен човек затоа што им помагал на селаните, на сиромашните така што им калемел овошки, градел цркви и манастири. Ја организирал Охридската книжевна школа во која работел 7 години како учител и надзорник. Во 893 година тој бил прогласен за прв словенски епископ. Творештвото на Климент Охридски изобилува со похвални и поучителни слова ки се со црковен карактер, со јасен и едноставен стил затоа што Климент сакал неговата литература да биде достапна и разбирлива за сите луѓе.Свети Климент има напишано повеќе дела. Од неговите дела најзначајно е „Похвалното слово“. Овој текст е еден од најзначајните творби на старословенската литература. Ова слово претставува химна во која се искажува топлата љубов и благодарност кон учителот, што всушност е и тема на делото. Како и да е, пофалбата за Кирил филозоф е една од најелегичните лирски творби не само во творештвото на Климент туку и во целата средновековна литература.Во овој текст авторот употребил голем број стилски изразни средства како што се: епитет, компарација, хипербола, алегорија и се тоа со цел што подобро да се претстави животот и делото на големиот учител свети Кирил. Во ова слово честа е употребата на компарацијата, а исто така има и многубројни епитети кои често се двојни. Како заклучок може да кажеме дека значењето на Климет Охридски е навистина големо, како заради неговата дејност, помошта која им ја давал на луѓето, така и поради неговите дела кои се многу значајни за старословенската литература. Неговото „Похвално слово“ е исто така многу важно затоа што од него дознаваме за дејноста на словенските просветители, за кои не би имале никакви информации да не беа напишани делата како што е „Похвалното слово“ на Климент Охридски еве нешто за климент охридски, се надевам ќе ти помогне
Дали може некој да ми помогне во составување на воведот за есеј на тема : Значењето на уметноста во животот на човекот ?