А, да седнете и да прочитате нешто, па да напишете? Не ќе биде лошо. Ајде, разбирам за некои теми кои се поврзани со лектири и дела да ви треба помош, но навистина има и многу едноставни и лесни наслови на кои може да се филозофира многу. Ама, кој да пишува? Епа кој де.
Нова сум на Фемина, се надевам дека ќе ми помогнете и јас ќе помагам колку што можам. Ми треба состав на тема "Добриот човек се познава по добрите дела" За сестра ми е,имам многу за учење а и сега немам инспирација. Може составот ако знае некој да ми напише за кратко време да ми го пратии?
Ќе може ли состав за темиве: 1. Интервју со суштество од друга планета и 2. Изгледот на пролетта од мојот прозорец ?
Ти ако немаш време за сестра ти, не очекувај дека некој друг ќе си го троши времето да и пишува состави на сестра ти.
Ми требаат состави на темите ако има некој нека пише 1.Позитивни негативни аспекти да се биде млад денес. 2.Книгите имаат повеке дух отколку лугето што ги срекаваме. 3.Макотрпниот живот на македонскиот народ оредставен во делата на Кочо Рацин. 4.Традицијата и проклеството на парите во парите се отепувачка. 5. Патријахалните односи во семејството на Чорбаџи Теодос.
наместо да седите на фемина и да барате да ви пишува некој состави зошто не се потрудите да си напишете нешто сами или па да си прогуглате малку сигурно ке најдите нешто. До толку немате време да пишите состави а имате време цел ден да дремите на интернет
Далеку од тоа дека се потсмевам но оваа тема е конкретно за тебе од петто одделение. Па аман бе пиши на гугл другарство ќе ти излезат илјда страници, илјада состави. Си знаеш да отвориш профил на фемина, а да побараш на гугл незнаеш. Сакате да ви се здроби, изжвака а вие само да голтнете. И не губете го времето залудно овде, нема човек барем не на овој форум кој е дотолку има време и нерви за да седне вам состави да ви пишува.
Јас мислам дека оваа тема само им дава надеж на некои дека све на готово ќе добијат од другите, дека ќе најдат некој будала да им пишува нив состави, а тие да си уживаат.
Ке замолам некој ако може да ми напише воведен дел за состав на тема Трагичниот живот на Цар Едип имам писмена и никако неможам да напишам воведен дел треба да биде нешто како величење на делото класик на сите времиња , не му може ништо времето во тој стил .. Ве молам навистина немам инспирација
за интервју со суштество од друга планета имам и ке ти кажам. Треба да е замислен разговорот или реално. Јас имам за замислен разговор со суштество од друга планета. Ако ти врши рабора ќе ти го пратам.
Дали може некој да ми даде идеа како да поцнам со составот ,Книгата ми го осветлува патот кон иднината, ? Фала однапред
абе имате некој состав на овие теми...Фала ви од напред 1. На љубов со љубов се враќја тави се децата 2. Добрите дела се подобри од слатките зборови
И мене ми треба замислен разговор со суштество од друга планета.Ако може некој да ми го прати за утре ми е.Фала однапред
Ве молам итно ми треба состав за "Позитивните особини кај човекот"ако некој знае нека ми напише фала однапред