Moze da mi dadete tekst za slednive temi The best day in my life. The worst day in my life. Vi blagodaram
Мотивот на печалбарството во битово-социјалните драми (“Печалбари” и “Парите се отепувачка”) Меѓу двете светски војни се случува силен подем на драмското творештво во Македонија. Особено значајни драматурзи од овој период се: Васил Иљоски, Антон Панов и Ристо Крле. Карактеристично за нивното творештво во овој период е акцентирањето на македонскиот живот – социјалните разлики, битот, обичаите, традицијата.Печалбарството како мотив има длабоки корени во македонското народно творештво, тоа е всадено во психата, во менталитет, во животната филозофија на мaкeдонскиот човек. Да се зборува за делата од тој период значи да се погледне длабоко во животот на мк народ и неговата положба.Поблиску во животот на македонците не доведува драмата на Антон Панов, Печалбари“ . „Печалбари“ е битово-социјална драма со мотиви од печалбарскиот живот.Исто така, покрај мотивот на печалбарството се пејат и печалбарки песни со тоа се интензивира и наполнува драмската атмосфера.Тука е опфатен начинот на живеење, обичаите на Македонците; социјален - судирот меѓу богатите и сиромашните и печалбарството - како нужност да се спечали. Костадин,еден од ликовите во оваа драма, е прикажан како млад човек кој има многу напредни сфаќања и размислувања во споредба со времето во кое живеел. Костандин е еден од ретки млади луѓе кој не ја прифаќа печалбата како излез од тешката социјална положба.Судбината си поиграла со него, па уште од мали нозе доживеал нешто што оставило длабока трага во неговиот живот, а што најверојатно ќе остави уште подлабока во животот на неговото дете. И покрај тоа што бил голем противник на печалбарството, свесно станува негова жртва. Нема да успее да го види својот син само за да го врати долгот кон Јордан, што е дел од една традиција. Но дали е вредно да се напушти семејството и да се даде сопствениот живот само затоа што традицијата наложува секој млад човек да оди на печалба? Од друга страна пак во Парите се отепувачка примарната инспирацција потекнува од вистински настан кој оставил длабоки траги. Во оваа драма мотивот на печалбарството и мотивот на непрепознавањето се испреплетуваат и доведуваат до трагичен тек на настаните. Имено , Ангеле е принуден да оди на печалба поради социјално-економската состојба на своето семејство. После многу години се враќа како возрасен човек и решава да се пошегува со неговите родители така што не им кажува всушност кој е. Решава да се претстави како гурбетчија и бара престој за една ноќ. Родителите му дозволуваат и не го препознаваат родениот син.Кога ќе сфатат колку вредни работи носи со него, поради алчност и желба за богатство стануваат способни да извршат злосторство. Таткото Митре ладнокрвно го убива, но кога дознава дека всушност го убил својот син, се самоубива. Во двете драми е претставена несреќната судбина на двете семејства.Печалбарството не е полно кес туку и смрт, не е само можност да се излезе од сиромаштијата туку и закана со сиромаштија да се остане без татко, без маж. Доколку родителите го немале оној патријархален дух, строг и неправеден однос кон своите деца и доколку не им било важно што ќе рече светот, туку на прво место да ја ставеле среќата на нивното чедо, никој немало да излезе повреден.
@Ginger111 темава. Гледам многу касно ама онака ме погоди ... Имаме разлики од година во година, најдрастичните промени меѓу шеснаесетката и осумнаесетката и буквално се гледавме како растиме, како се оформуваме, како се сакаме, како плачиме и како се смееме. Чувствата на силна емпатија, разбирање, љубов и да бидиме искрени и по малце корист се развиваа меѓу нас и бездруго се оформувавме како една целина, како едно семејство, како браќа и сестри под исто гнездо ранети од усните на истите родители кои не учеа на подобро утре, на утре кое вреди да се живее и утре за кое не спремаа да бидиме некој човек кој ќе придонеси за општеството на таков моќен начин со кој не имаа тие замислено. Во визиите на нашите родители – професори, бевме сеуште деца, млади сонце кои ги продираа своите зраци полека во светот на возрасните каде према нив никогаш не се вклопуваме. За родител сме секогаш дете, нели? Збогум моја генерацијо, мој животе, моја среќно, велат животот после вас ќе биди ист, ама факт е дека ќе ми недостигаа караниците, ороварањата, нервирањата. Збогум моја генерацијо, ти беше таму со мене кога никој не беше, ти беше таму со мене кога мислев дека сум долу и дури кога ме немаше, вие бевте со мене. Сега ќе ве нема. Збогум моја генерацијо, ти беше многу повеќе од само седење заедно во клупите, многу повеќе од разговори без смисла, многу повеќе од пријателства без врска, ти беше значење на животот кој одеше во без цел, залутан и сам, сеуште не оформен. Сега ние се знаеме како меѓусебно дишиме, кој што мисли, кој на што се смее, но сега дојде време за догледање. Последните мига до финалниот крај се одброени, патиштата се избрани, визиите се исполнети, збогум. Не требаше да ја видам темава.
може малку помош за писмена на овие теми? 1.Moite 15 godini mi nosat problemi, baram nacin da gi resam 2.Ispolnuvanjeto na prorostvoto na car edip 3.Licnosta koja me voodusevuva so svoite postapki
ej moze li nekoj da mi napise sostav na angliski na tema : Idealen odmor mi treba odma ako moze nekoj da napisi
Може ли да ве замолам за помош (ако на некого му текнува нешто) за тема ,,Младоста ни поминува на улица" некој краток состав? благодарам однапред
Здраво феминки. Дали некоја која е добра во пишувањето есеи и има слободно време би можела да ми прати лп. Благодарам