На мојата дланка ги држам своите петнаесет години. Во мојот ум, владее минатото, а размислувањата патуваат некаде кон иднината. Погледнувам во огледалото и ја забележувам сегашноста. Да, мојата сегашност е овој момент, мојата сегашност е мое царство изградено од минатото, а сè уште недовршено, бидејќи ја чека иднината! Јас сум израз на човек чија насмевка го отсликува недопреното срце во мене, чии мисли кажуваат многу, а сепак за некој толку малку... јас сум тоа што сакам да бидам, девојче чии чекори ќе бидат богат вез на патот послан со златен килим, но девојче кое секојдневно ги слуша своите мечти, кое сака да ги протолкува своите скриени тајни и кое... кое танцува по грапавиот под од својот живот под влијание на лаежот од веќе одамна разбудениот пес во него... Дали за вас длабочината би претставувала само недофатна замисла чие дно ниту можете да го видите, а најмалку да го допрете? Ете, за мене длабочината само претставуваше поим кај кој секојпат го гледав дното, се загледував во празнината и наеднаш стапнував во студенило, но сепак тоа беше крајот, а новиот почеток веќе беше видлив за мене на хоризонтот. Но сега кога на мојот пат се издигнаа повеќе згради, кога некои од деловите на патот се обоаја во сиво... јас знам!... Знам дека секоја длабочина има свој крај, но за нас крајот е тешко достапен. Златните скали за нас се појавуваат дури после низа размислувања, во нашата градина почнуваат да цветаат црвените рози со својата жаркост за живот, дури откако после решеното се стави упорноста! Мојата душа наликува на тунел... мојата глава е мрачен лавиринт. Понекогаш во него блеснуваат некои молњи што осветлуваат некакви ходници... но... никогаш не дознавам зошто правам одредени работи... Го слушам лаежот, го следам... сакам да го протолкувам... Ох, само колку ме измачува оваа секојдневна иста песна!!! Ја отворам вратата на мојата душа, внатре само празни одаи од кои бликнуваат вресоци на незадоволство и спомени, на прозорците застанати скриени тајни се обидуваат да излезат на слобода... копнеат по тоа да бидат откриени, желни се за совет од друг, но никако не си допуштаат да го стават клучот во клучалката и конечно да ја состават загатката. Не мислев дека мојата душа би можела да претставува толку долг ходник, тапо чекорам по него, а никако да постигнам доволна брзина за да стигнам до влажниот ѕид, чии пукнатини ќе претставуваат мое писмо, а кое писмо... хе... кое писмо ќе го запре лаежот во мене, ќе ги отклучи сите затворени врати и прозорци... односно ќе направи животот да ми биде ден, дури и во ноќта! Бледникавата светлина која се јавува пред мене, на мојот пат, во тој куп од прашина ми открива само едно единствено нешто... пред тој влажен ѕид .. пред тоа за мене сè уште непознато писмо... одекнува лаежот, а песот никаде го нема. Околу мене само ѕидови, а пред мене исто така огромен ѕид, на кое пукнатините испишале: „Не дојде на овој свет за да бидеш поразена! Не ги прекривај своите очи со премрежје кое само може да те збуни ... помисли на стореното но не се казнувај, само потруди се грешката да не ти се повтори. Затоа што јас, твојата совест упорно лаам во тебе, бидејќи ти мене ме разбуди од мојот сон, а сега кога си го пронајде своето Јас остави ме да заспијам, за да не бидам само здодевен пес кој те буди наутро и кој ти го донесува сонот навечер!“ Овие зборови се залепија врз моето срце, како мува на леплива лента. Во главата ми кружеше слика обојана од моите грешки, платно од петнаесетгодишен колорит, започнат со плач, следен од детски смев, а издигнат во расудувања и замисли... Сфатив дека само половина сме будни во споредба на она колку треба да бидеме, затвораме врати на нешта кои можат да нѝ донесат победа, а клучот го даваме во погрешни раце кои можат да нѝ изградат крај! Затоа, да се предадеме на упорноста и да го убиеме здодевното лаење на совеста во нас... да истраеме за да успееме! Еве ако ти е убаво напиши го
Здраво на сите! Ми треба за конкурс по македонски јазик состав или песна на тема Мојата иднина ја создавам ја. Ве молам помогнете ми не ми текнува ништо што да пишувам Ако се одберете за песна да ми помогнете ве молам во актростих да е !
Здраво девојки дали на некој му се наоѓа некое составче за татковината или мојата борба за Македонија ? Благодарам однапред.
Ми треба вовед за тема „Центар-во срце те носам“ за утре ми треба за конкурс ако имате некоја идеја кажете... Однапред ви благодарам!
Ве молам некој ако има есеј на тема „државјанството како взаемна врска меѓу државата и граѓаните“ нека ми прати во ЛП.
Здраво девојки ми треба обработена новела од Декамерон(Џовани Бокачо).Ако може некој да ми помогне за утре ми е,благодарам однапред може да ми пишете во ЛП
Карма означува труд кој ја обликува судбината на суштествата и во крајна линија резултира со повторно раѓање. Овој труд се одвива во 3 области: телесна, говорна и мисловна. Карма не означува едноставно некоја однапред одредена судбина, како што се често верува, туку таа е ознака за принцип на акција и реакција - човекот (суштество) пати од сопствените дела. Поради ова во будизмот, кога се зборува за карма, особено се истакнува етички момент, бидејќи со него во потполност се одредува исходот од напорот да се прекине шатењето. Трудот може да биде двоен: здрав и нездрав; последици или плодови на тие трудови созреваат во текот на овој, следниот или наредните животи. Според Буда , три причини за нездрави кармички дејствија се алчноста, омразата и измамата; а здрави се несебичноста, доборнамерноста и искреноста кон себе (знаењето). Ослободувањето од кармата, односно од последиците на (неисправното) делување е можно само преку освестување , односно е кумулативен збир на работи чие дејство може да се разреши единствено преку освестување во сегашниот момент и превзенање на исправни (здрави) дела кои веднаш остваруваат резултат (плод), чии последици можат да се чуствуваат во неопределената иднина (во наредните животи).
Здраво девојки ми требаат две песни на тема Слобода- птица влет и борбата на македонскиот народ... неможев да најдам некоја посоодветна тема па овде пишав ако има некоја нека ми пиши во ЛП најкасноо до кај 21-22hD
ми треба состав за Странецот- Албер Ками ако има некоја нека ми пиши во ЛП итно ми е ве молам фала однапред..
Хелоуу драги мои Имам една молба до вас, дали може некоја да ми напише состав со наслов "Блага и смирена душа" . Би била благодарна ако биде побрзо пошо за утре ми треба.. Бакнежиии имајте убав ден
Албер Ками е едно од најзначаните имиња во повоената француска литература, а овој факт посебно се должи на неговиот прв и најдобар роман - Странецот. Во него, прегу главниот лик (Мерсо) е претставен механичкиот и безчуствителниот начин на живеење. Мерсо е нихилист, тој верува дека минатото и сегашното постоење на човекот е без некоја цел, сврсисхоидност или некоја посебна вредност. Тој ги негира вредностите на некои или сите социјални структури, власта и законот, нормите, вредностите и моралните принципи. Автоматски ваквиот начин на дејствување го води кон насилство и тероризам во однос на воспоставениот систем но исто така резултира и со пасивен отпор кон се, без било какви алтернативи.Во овој роман Ками ни расправа за една форма на (не)сензибилитет и таквиот денешен/современ човек. Низ текот на романот, Мерсо е претставен како беспрекорно ладнокрвен човек во повеќе ситуации, како смртта на мајка му, врската со дактилографката Марија, и најважно од се, неговото убиство и судење во Алжир. Еден од клучните моменти во романот доаѓа кога Мерсо, во момент на изгубеност, раздразнет и заслепен под немилосрдното јужно сонце, безмалку со никаква причина, убива еден Арапин. Осуден е на смрт. Додека трае истрагата Мерсо е затворен и ја очекува смртната казна. Тие денови, во осамеништво и притвор, кај Мерсо постепено се буди револтот против бесмисленоста и апсурдноста на еден свет и живот, па и на еден општествен систем кој не сака да се соживее со Мерсо, уважувајќи ги моментите и мотивите на неговата интима.Со сета негова дотогашна пасивност и рамнодушност кон животот, кога Мерсо се нашол пред смртта, се почувствувал подготвен одново да преживе се и како единствен начин на кој би можел да се почувствува помалку сам, посакува на денот на неговото погубување да има многу посматрачи кои ќе го дочекаат со извици на омраза, омраза кон неговото бидување странец во свет полн со странци.
Девојкии може ли набрзина да прераскажете некој филм во 15тина реченици во моментов немам некоја инспирација и не можам да се сетам на филм.. Благодарам однапред
ми треба состав на тема : Апсурдноста на човековото живеење,темата е за книгата Странецот ве молат ми треба за утре :Д
Nekoj da ne ima pismeni na slednive temi:1.Jazikot-neraskinliv del od Makedonskiot identitet 2.Mitot i folklorot se nepresushen izvor za literaturnite dela 3.Preku narodnata pesna narodniot genij ni gi pretstavuva tradicijata i minanoto na Makedonskkiot narod. Potrebni mi se za vo vtornik (02.11.2015)