Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Состави

Дискусија во 'Образование' започната од Blabla16, 7 септември 2011.

  1. Girl4e

    Girl4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Здраво, дали може некоја да напише неколку реченици, не барам цел состав за романтизмот, само ми треба вовед. На пример може нешто за Евгениј Онегин или Страданијата на младиот Вертер, само за вовед незнам како да почнам.
    Благодарам
     
  2. stela22

    stela22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    дали некој има состав на тема хамлет-омразата како чувство што го уништува човекот?
     
  3. Sofija2406

    Sofija2406 Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Има некој напишано состав на тема ,,Ако си упорен, победата е твоја ''
    или ,,Секоја личност е автор на својаta авантура''
     
  4. angela999

    angela999 Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    4
    imam pismena na tema Srednovekovniot pogled vo bozestvenata komedija od Dante Aligieri i se ne znam so da opfatam vo temata imam eden sostav na taa tema pa kazete mi dali mi e dobar i dali odgovara so temava


    Низ средновековните лавиринти се роди една светлина коjа го просветли човечкиот ум и отвори еден нов хоризонт, наречен хуманизам и ренесанса. Идеализацијата на античкото класично наследство се испреплете низ нишките на народниот и латинскиот јазик достигнувајќи го врвот на индивидуализмот. Сето тоа е преточено низ алегорично кажување во кое е синтетизирано Дантеовото сведочење за страдањето и болката на човековата душа. Епот „Божествена комедија“ започнува со делот наречен „Пекол“ во кој доминира средновековната поетика соединета со симболиката.

    “Пеколот” започнува со воведната песна, низ кои стихови се наѕира алегоричното значење на шумата, густежот темен, кои претставуваат илузија на анархичната положба во италијанските градови во времето на Данте, кој и самиот бил учесник во политичките борби. Поетската слика на пантерот ја прикажува зависта длабоко вгнездена во човечката душа. Естетската категорија страв го надополнува алгоричното значење и ги претставува ужасот, болката и страдањата, што следат во задгробниот живот. Симболиката и алегоријата продолжуваат да се синтетизираат низ улогата на лавот, кој ја претставува гордоста и волчицата како симбол на среброљубието, односно алчноста по пари кај папската власт. Но, во оваа песна треба да се регистрира и пофалбата упатена до Вергилиј, кој претставува олицетворение на разумот и светлината. Всушност, во епот тој ќе биде скапоцениот водич низ страшните предели на пеколот, толкувачот на стравотиите што ќе ги води Данте и неговиот помошник во тешките мигови, кога тој како смртник не би можел да ги види нештата.

    Убавините на текстот накитен со стилските сретства продолжува и во останатите песни каде што темнината на пеколот се испреплетува низ конците на суровата реалност, низ настаните на ренесансна Италија. Душевната болка, поетот на мошне суптилен начин ја искажал преку алегоријата доволувајќи ја вистинската слика на животот во Италија. Алегоријата е исполнета со една хуманост, праведност и со жигосување на безумните човечки страсти и пороци. Данте имал зошто да биде и хуман, и справедлив и жесток во исто време. Гледајќи дека никаде не постоела праведноста, дека секаде во светот владееле насилства и алчности, прогонства поради напредно мислење, Данте ќе најде средство да покаже со прст на крвавиот хаос и на луѓето - робје на стремежот за власт, богатство и насилие. Во исто време ќе укаже на светлото во животот, на возвишеното и на доброто.
     
    На <3 Anllea <3 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tina12

    Tina12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    9
  6. ubavata123

    ubavata123 Нов член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ај ве молам кажете некој краток есеј во идно време :)
     
  7. ifchou1

    ifchou1 Нов член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. :)
    За утре ми треба состав за писмена работа по македонски јазик.Тема:Мојата иднина по завршување на моето средно образование.
    Ако може некој да ми помогне бидејќи сум слаба за состави :3
    Фала однапред.
     
  8. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Ве преколнувам некој да ми напише есеј за Тешкото. Треба да се напишат поетски слики за строфите или да се прераскаже песната + да се вметнат податоци што ги знаеме за песната, но исто така да има анализа и анафора, епифора и сл. работи. Сето тоа да е до 200 и повеќе зборови. Ве молам, навистина ми е многу потребно!
     
  9. RumShtangla

    RumShtangla Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2015
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.421
    Пол:
    Женски

    Нет нет нет.. Побарај на нет имаш секаде напишано :) ако не се снајдеш пиши ми ЛП
     
  10. <3 Anllea <3

    <3 Anllea <3 Нов член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ке може ли некој да ми помогне во четврток правам писмена по македонски на 2 теми:
    1) Дождовните капки на мојот прозорец
    2) Одеднаш сонце се појави зад облаците
     
  11. Dora_900

    Dora_900 Нов член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ве молам ако може некој да ми напише состав за една од двете теми: :(
    • Пубертетот и предизвиците
    • Желбата и љубовта се крилја за големи дела
    Итно ми треба. Ве молам побрзо. Фала
     
  12. <3 Anllea <3

    <3 Anllea <3 Нов член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ве молам ако некој може да ми напише состав за :
    1) Дождовните капки на мојот прозорец
    2) Одеднаш сонце се појави зад облаците

    Итно ми треба. Ве молам побрзо. Фала
     
  13. ^-^

    ^-^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2015
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Состав за Евгениј Онегин по тема "Младешката идеализирана љубов на Татјана и нејзиното созревање" ако може некој да ми каже фала однапред.
     
  14. Nikola98

    Nikola98 Нов член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Ве молам ако некој може да ми напише состав за :
    Убаво е чуството да сакаш и да те сакаат
    итно ми треба фала однапред :D
     
  15. sanie

    sanie Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    23
    Здраво феминки дали некој од вас има состави на следниве теми
    1.Љубов во срцето мое
    2.Вековните страдања на македонскиот народ во поезијата на Блаже Коневски (општо, не обработка на песните) ?
    или пак да ме насочи како да пишувам ..Фала :)
     
  16. Ma4kata <3

    Ma4kata <3 Нов член

    Се зачлени на:
    2 септември 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Еве состав на тема „Желбата и љубовта се крилја за големи дела“ за 8 одд

    Љубовта е силен збор и доказ за сѐ она што го чувствуваме правиме кон нешто или некого.Кога бев малечка мислев дека љубв постои сам меѓу мажот и жената.Мислев дека срцето е толку мало што има место сам за една љубов.Но,како што поминуваат годините сзнавам дека во тоа мало срце има мест за многу љубов кја несебично која несебично ја дели на многу лица и предмети, со еден зборк секаде каде што е потребна.Но,доколку ја нема желбата би ја немало ни љубовта, бидејќи љубовта се надоврзува со желбата.Ако имаш голема самодоверба,желба и љубов кон некоја работа кја ја сакаш и сакаш да ја оствариш дури сонот да се претвори во јаве ќе успееш. Секој човек во животот доживеал некоја тага,нестварена работа. Не треба тука да застане и да се врти назад.Со желбата што гори во него и со љубовта што ја има во себе треба да продолжи да оди напред.Не залудно рекле дека после дождот доаѓа сонце.Животот е како птицата, едното крилце е љубовта, а другото желбата.Со крилјата на љубовта и желбата чекори смело напред и прав големи дела во својот живот.Дела за кои подоцна се зборува и писува.Дела со кои се гордее тој, неговите деца и пријатели.Љубов најпрв треба да имаш сам кон себе, да се сакаш и почитуваш. Да знаеш што сакаш во животот, а за да го направиш тоа потребно е во тебе да гори силна и искена желба. Секој човек кој што ги има овие две богатства во животот ќе биде сакан почитуван и успешен.Секаде каде што има љубов и желба владее мир,спокојство,среќа и успех.Со голема љубов и силна желба се постигнува сѐ, баш сѐ во животот.Леташ слобдн и среќно кон небесата.Како целиот свет да го имаш на дланка, ја чувствуваш љубовта која те опкружува од сите страни и те тера да леташ се подалеку и подалеку. Но, ако и се скрши едното крилце на птицата се губи мотивот кој што секој г има длабоко во себе.Затоа треба да се грижиме и негуваме за таа птица засекгаш, за да не ја изгуби суштината и смислата за живот.:l::l::l::l::l:
     
    На Dora_900 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Viki 99

    Viki 99 Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    6
    Ќе може еден состав на тема: Литературата - уметност на зборот кој не воспитува и образува
     
  18. _dare_

    _dare_ Нов член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Здраво,некој што ја има прочитано Шагринска кожа од Оноре де Балзак,може ли да ми каже кои се ликови,каде се случува дејството и ако знае некој некоја реченица каде што има ретроспекција и интроспекција?
     
  19. Трендафилка :)

    Трендафилка :) Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2015
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    23
    А да ја прочиташ ти книгата? М? Не би било лошо.
     
  20. Punk girl

    Punk girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    436
    Пол:
    Женски
    Сите вие што барате по форумите да ви пишуваат состави,писмени незнаете да составите две реченици, и после сме биле проста нација ! Епа ќе бидеме кога децата од најмала восзраст им ги пишуваат домашните нивните родители додека овие од средно бараат по форуми .
     
    На Трендафилка :) му/ѝ се допаѓа ова.