1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Состави

Дискусија во 'Образование' започната од Blabla16, 7 септември 2011.

  1. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.733
    Пол:
    Женски
    ^и некои уметнички цитати од делата така интересени реченици да конкретизирам ќе поможат за составче за малце естетика и идејата сама ќе си дојде ;)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Новиве генерации останавте неписмени, очекувајќи све на готово, а им се восхитувам на исклучоците кои сами се трудат да постигнат нешто во животот.
     
    На Viki28. и Summerlover им се допаѓа ова.
  3. marijaa.11

    marijaa.11 Нов член

    Се зачлени на:
    30 септември 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Devojki dali nekoj ima proektna I prezentacija za megunaroden biznis?Ako ima neka mi prati vo inbox fala odnapred :)
     
  4. Joks

    Joks Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Дали ги има некој прераскажано ликовите на цар Едип и Јокаста?
     
  5. My_Vezilka

    My_Vezilka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Женски
    Може некој да ми даде или напише состав за екологија или некој есеј :f:
    Ми треба веднаш..фала однапред
     
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.692
    Пол:
    Женски
    21 Март е денот на пролетта.Денот кога календарски ни пристигнува пролетта.Најчесто на овој ден,ширум земјата а и светот се одржуваат голем број еко акции.Се засадуваат цвеќиња,дрвца,се чистат зелените површини.Оваа година како и секоја претходно моето училиште беше дел од еко акцијата по повод денот на пролетта.Сите ученици беа поделени во делови од училиштето и секој клас имаше свој дел за чистење.Заедно засадивме многу нови дрвца,цвеќиња и помогнавме во одржување на чиста околина.Доколку почесто има вакви еко акции,и доколку луѓето повеќе внимаваат на околината нашиот град ќе биде најубавото место за живеење.


    Еве што ми текна набрзински,незнам за,што точно треба да пишуваш.Ако е нешто слично направи измени.
     
  7. My_Vezilka

    My_Vezilka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Женски
    Фалаа :*
     
  8. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Во средно училиште ќе одиш со составов? 8)
     
  9. My_Vezilka

    My_Vezilka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Женски
    основно..
     
  10. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Есеј за природата
    [​IMG]
    Не знам за други,но мене никој на светот не ми дарувал толку многу колку ПРИРОДАТА. Таа од се срце дава и небара за возврат ништо друго освен љубов!


    Секогаш ми паѓа тешко кога неможам да и отидам на гости, а откако ќе ја посетам никогаш не сум се враќала со празни раце. Почнувајќи од првите пролетни цвеќиња: кукурек,кокичиња,темјанушки преку здравецот и булките па се до розевите пеперуткини ливчиња растрчкани низ шумата и жолтата детелина која опстојува меѓу пукнатините на карпите- таа ѕвезден буќет дари. И боровинки,јаготки,дренки,капини,лешници... А пак чаеви?! Зар не е чудно и несватливо да се влезе во самопослуга и да се купи чај, а исти такови чаеви со тони растат и пропаѓаат во нашите шуми,ливади и гори: од мајчина душичка, липа, кантарион, планински чај... до плодовите од шипот,сето тоа го има во изобилство!
    Дури и да не најдеш ништо од она што го набројав, да се вратиш дома со ,,празни,, раце, градите ќе ти бидат полни со чист воздух, очите полни со убавина, душата со спокојство,а срцето со одморен ритам, уште долго време ќе затреперува од преубавите звуци на птиците, и тивкиот жубор на планинскиот поток.
    Ние децата , учениците, секогаш сме вклучени во акциите на заштита на природата и природните убавини. Нели?
    Секојдневно во нашето училиште има акции за собирање на „Стара хартија“.
    Ние учениците со рециклирањето дадовме голем придонес кон разубавувањето на природата, на животната средина. Мал придонес од големо значење!
    Како? Многу едноставно:
    Дневно во светот се трошат огромни количества разновидна хартија. Насекаде на Земјината топка па и кај нас.
    Тони и тони хартија ќе се искористи за некаква намена и потоа што?
    Би добиле тротоари „Спакувани во хартија“, паркови прекриени со хартија, хартиени дворови, улици обвиткани со хартија, тревните површини би се претвориле во хартиени, и – да не набројуваме повеќе.
    Замислите целата Земјина топка да биде прекриена со хартија!?
    Тоа сигурно нема да го дозволиме!
    Затоа рециклирајте за да го сочуваме животот на планетата Земја.
    ___________________________________________________________________________
    Состав на тема „Љубовта кон природата“
    Автор на составот: непознат

    Природата дарува љубов, живот, убавина и задоволства за нашата душа и мил поглед за нашите очи. Сепак за да ја имаме убава природата треба да ја чуваме и негуваме, да ја штитиме и да не ја уништуваме. Таа бара љубов и внимание, а ни возвраќа со чист воздух и здрава животна средина.
    Природата е повредена ако кон неа се однесуваме несовесно, фрламе отпадоци насекаде, ги уништуваме дрвјата и зеленилото, ги загадуваме реките и езерата. Во современиот свет на брза технологија на многу фабрики и милиони автомобили, природата е загрозена. Но таа се бори со сите зла и ни дарува чист воздух. Непланираното сечење на шумите и многубројни пожари го уништуваат зелениот појас на природата. Затоа треба да ги негуваме младите дрвца, да ги пошумуваме голите ридови. Природата секогаш ни порачува да ја чуваме, да не ја загадуваме, затоа што таа мисли на нас и на идните генерации. Чистите и бистри реки, езера се здрава средина на водениот свет, но и на нас- луѓето. Природата треба да се чува за да не опкружува убавина од шуми,цвеќиња, бистри реки и чиста здрава околина. Убаво е кога ке одиме во прошетка и ќе видеме разеленети дрвја, расцутени цвекиња, бујна зелена трева и животни кои разиграно трчат низ убавините на природата. Птиците пеат низ разгрaнетите дрвја, а милиони пчелки да збираат мед од цвет на цвет, пеперутки ви кралски бои да латаат низ ливадите, таа е убавината на природата. Ние сме дел од неа, таа не опкружува и заедно со нас живee, расте и умира.
    _______________________________________________________________________________________
    немам време да барам повеќе


    Еколошка чиста средина и добро здравје



    Екологија е наука за заштита на животната средина. Ние треба да ја чуваме нашата околина, а не да ја загадуваме и да ги уништуваме нејзините убавини, затоа што таа ни возвраќа на ист начин ако ја чуваме. Но сепак најголем загадувач и штетник на животната средина е човекот. Поради неговата несвесност и неодговорност страдаат голем број реки, езера, како и почвата и воздухот. Со појава на науката и техниката се изградуваат голем број на фабрики, кои се главни штетници на нашата средина. Отпадните води од фабриките одат дирекно во реките и околните места, и уништуваат голем број растителен и животински свет. Од фабричките оџаци излегува чад кој придонесува до ширење на озонските дупки, што претставува опасност по нашето здравје. Исто така големи загадувачи на животната средина се и автомобилите. Тие го загадуваат воздухот на тој начин што при согорување на обичниот бензин тој исфрла издувни штетни гасови. Затоа во поново време е во тренд е се по намалената употреба на обичен бензин, а во употреба е безоловниот бензин со кој ќе се подобри нашиот живот, како и животот на нашата средина. Освен реките и езерата, загадени се и морињата, од пловидбата на сообраќајните превозни средства и од многубројните притоки кои со себе носат голем број отпадоци, кои придонесуваат за нивно загадување. Ние сакаме да имаме чиста животна средина, но затоа треба да превземеме некои мерки, кои ќе ни помогнат да дојдеме до саканата средина и подобро здравје. Но прво треба да го решиме проблемот со најголемиот загадувач фабриките. На фабричките оџаци треба да се постават филтри, кои ќе го намалат загадувањето на средината. Највеќе треба да се советуваат децата уште од мали да ги фрлаат отпадоците во канта за отпадоци, затоа што ако не се советуваат сега во иднина ќе го прават спротивното кое не и одговара на мајката природа. Најголеми прочистувачи за нас, претставуваат шумите, па затоа треба да посадуваме и дрвја кои ќе не спасат и ќе не доведат до чиста средина и подобар живот.

    Марија Петкова
     
    На The Drifter му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.692
    Пол:
    Женски
    Мило ми е ако помогнав малку.Ако треба за друга тема може ќе можам да напишам и јас сум основно па за мои години веројатно знам да напишам.
     
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.692
    Пол:
    Женски
    Точно дека не е доволно добар за,во средно но ова беше само набрзина напишано,брзав за на час.Секој ако седне и ако има инспирација може преубав состав да напише.Јас цел живот се мачам сама пишувам бидејќи во средно ќе се види стилот на пишување и на кој му пишувал некој друг.Јас се извинувам доколку не беше доволно добар текстот.:$
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Joks

    Joks Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Дали некој ја има прераскажано песна над песните?
     
  14. 2456

    2456 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Може ли некој состав за училиштето??
     
  15. Joks

    Joks Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Дали може некој да ми напише/прати приказна на англиски со околу 130 зборови, а реченицата да почнува со: At last, help was on its way
     
  16. ПисмениЕсеј

    ПисмениЕсеј Нов член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Изработувам состави , писмени или есеј за 300 ден. Можете да пишете на следнава адреса pismeni.esej@mail.com за повеке информации. Текстовите ги добивате за 24 часа.
     
  17. medena21

    medena21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    За изработка на семинарски, презентации или проектни има едно девојче за кратко време изработува и не е воопшто скапа. И за средно и за факултет. Пишете и на seminarski12355@yahoo.com
     
  18. KKS

    KKS Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2016
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Знаете ли лирско епска песна да смислите? Ја појма неам ни што е тоа.. ај плс некој нешо така нека тропне или ако има напишано.. благодарам однапред
     
  19. Srce01

    Srce01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    23
    Здраво. Дали некој знае да пишува говори ?
     
  20. Kire404

    Kire404 Нов член

    Се зачлени на:
    20 април 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Свет во кој живееме свет на другарство и лицемерност.
    ако може или некој знае да ми напиша состав нека ми пише во порака