Сос за шпагети

Дискусија во 'Рецепти' започната од milena-21, 25 ноември 2009.

  1. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Месецов на милион начини јадев шпагети ама ова денес ми е еден од фаворитиве.

    Пола главица кромид (по можност црвен) се сецка и се пропржува со малку масло. На страна се редна еден-два моркови. Кога ќе се запржи кромидот му се додава малку вода и се додаваат ренданите моркови. Се става и сол и рузмарин или оригано и се остава на оган додека не се подзготват морковите. После се додаваат сецкани ореви. Јас имав купено некој готов сос од ореви ама со сецкани ореви сум сигурна дека е поубаво. Се готви уште малку, додека да изврие течноста од морковите и се трга.

    Во меѓувреме се варат шпагетите, кога се готови и исцедени им се додава сосот, се меша и туто финито. Ептем убоо.
     
  2. wizardess

    wizardess Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2012
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    46
    Најмногу ми се допаѓа сосот со печурки и зденка. Се подготвува наједноставно. Се пропржуваат печурките со малку масло, се посолуваат, (јас не сакам месо, но кој што сака може да додаде сецкана салама, врат, печеница или што било по вкус), и се додаваат 2 зденки за да се растопат. Може да се додаде и рендан кашкавал или павлака. Се се меша и се става над шпагетите. Превкусно!
     
    На Ne znam koj, paleska3 и Libera им се допаѓа ова.
  3. popins

    popins Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    253
    Макало од Индиски Ореви и Босилек

    Потребни состојки:

    150гр индиски ореви (киснети 1-2 часа)
    2 чаши зелен босилек
    5 лажици маслиново масло
    3 лажици лимонов сок (или јаболков оцет)
    сол


    ова е песто сос
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421

    Јас колку што знам во песто нема индиски ореви.
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Па не е ова песто, во песто се става пармезан, лук и не ми текнува моментално уште што, а и рецептов на тегличката ми е на германски треба да го преведам. Ама дефинитивно нема индиски ореви, ова некој друга варијанта ќе да е, ма да не е песто се она во што се става босилек.
     
    На tigerlady му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    451
    ШПАГЕТИ СО БОСИЛОК, МОЦАРЕЛА И ДОМАТИ

    Потребни состојки,

    1 пакетче шпагети

    3 големи домати (сечени на дебели тркалца)

    3 лажици маслиново масло, плус малку за подмачкување на тавчето за печење

    Сол и бибер по желба

    250 гр. Моцарела (рендана)

    50 гр. рендан пармезан (плус малку повеќе за сервирање)

    2 чешниња лук (сецкан)

    ½ лажиче буковец

    1 рака сецкан босилок

    Начин на подготовка,

    Сварете ги шпагетите според упатството, исцедете ги и вратете ги во тенџерето. Во меѓувреме наредете ги круговите од сечениот домат на хартија за печење во тавче намачкано со малку масло, зачинете по желба, врз секое тркалце ставете од ренданата моцарела и пармезан и ставете ги доматите во загреана рерна да се запечат (5-10 мин.)или додека сирењето не добие убава златна боја. Во едно мало тавче запржете го маслиново масло со сецканото лукче и буковецот 1-2 мин. Оваа смеса ставете ја врз шпагетите , додадете го сецканиот босилок, сол и бибер по желба и сето заедно убаво измешајте.
     
  7. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    сварив кори...но не сакав стандардо да ги јадам само со кечам и сирење па од тоа што имав дома сакав да направам некој сос...
    на загреано маслиново масло ставив сусам да се запржи....потоа додадов кечап и рендано сирење...оригано и бибер...мх мх излезе повкусно отколку што очекував :D
     
  8. popins

    popins Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    253
    мозе требасе да написам бидејки јас не јадам лук за да нема горцелив вкус ставив индиски оревција по совет од еден друг форум и испадна баш оној вкусен Песто сос :hai:
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.218
    Допаѓања:
    107.451
    Пол:
    Женски
    Денес на моето диеталско мени имаше Јаглехидрати, односно тестенини. За мене си сварив само шпагети и си зачинив со бибер на Вегета. Но за дечко ми да не пати од мојата диета му направив Болоњезе по мој рецепт. Месото ми беше смрзнато и не знаев начин побргу да го одмрзнам а немав ни топла вода ни микропечка, па си делкав со остар нож од страните додека не доделкав доволно мевце за дечко ми само. Запржив во повеќе масло кромидче суво, морков, пашканат и целер, додадов и лист од целер и магдонос малку, и на крај ги спуштав мевцата како што беа ситни парчиња уште смрзнати, се испршија и дојдоа како пржени парченца мевце сите, не како класично мелено месо во сос, ама баш убаво се испржија и фатија коричка дури. Потоа додадов од шише сос од патлиџан домашен, зачини, промешав и поварив уште малку, додека да изврие вишокот вода од сосот, лизнав малку колку да пробам за вкус и морам да речам вкусот беше феноменален. Го ставив во чинија сосот и одозгора наросив со магдонос исецкан. Дечко ми не најде никаква мана, дури му се свиде баш. А јас пошто црнец со дебел газ морав да си јадам шпагети исклучиво со кечап и биберче, нема за мене мешање протеини и ЈХ уште долго време ;)
     
    На Rirri, Srekicka и mims-89 им се допаѓа ова.
  10. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Омилен ми е фунги и наjчесто го правиме него или болоньезето, но жени да ви кажам пред некоj ден маjка ми го направила прсти да излижеш. Jac го правам со неутрална павлака, свежи печурки и зачини, кромид не ставам скоро во никое jaденюе зошто и jac и мм не го сакаме и имаме мака со желудник. Но маjками ставила дурии 4 главици кромид убаво и танко испржени не ни се осeтиja.
    Ja прашувам што зачини стави ми кажува исто што и jaс вообичаено вегета, копар, магдонос морковче и печурките, не ми се веруваше што чудо напрааил кромидот.
    Значиии од сега мноогу кромид, но само таму. :!: :D
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    ДеМело да знаеш дека кромидот и зачините го даваат секогаш вистинскиот вкус на сосовите и на др јадења.
     
    На DeMelo и Doozy им се допаѓа ова.
  12. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Julie за зачините знам, jaс сум маниjaк за зачини ,баш ради тоа што не ставам кромид зашто кога сме го jaделе и jac и мм имаме мачини во желудникот, но кога маjка ми го направи не ни го осетивме , а наjинтересно ми беше што не ставила еден него четттиирти главици и
    муабетот и беше што повеке то повкусно.
     
  13. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Ако сака некој на брзина да ми пише рецепта за бешамел сос, правам ручек, ќе ги изненадувам дома :)
     
  14. Peperutche7

    Peperutche7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    23

    Состојки

    40g брашно;
    40g путер;
    500ml млеко;
    сол и црна пипер;
    мелено индиско оревче.
    Начин на подготовка

    Растопете го путерот во тавче на ниска температура. Кога ќе почне да се прави пена, додајте го брашното и оставете го да се готви 5 минути. Преку целото време мешајте брзо со дрвена лажица. Турете малку од млекото. Ќе се формира каша со грутки. Потоа додајте го остатокот од млекото и мешајќи обидете се да добиете хомогена смеса без грутки. Додајте ги солта, пиперот и индиското оревче.
     
    На rakce69 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.838
    Допаѓања:
    25.747
    Пол:
    Женски
    Брз и прелесен рецепт за шпагети во "кремасто-млечен" сос ( вкусот е сличен на оние во кам-маркет инстант-тестенини - quatro formaggi )

    Состојкиве не се измерени, туку се онака "од ракав", но не е проблем и да претерате со нешто, или пак да скратите од одредена состојка. А рецептов е правен за шпагети за двајца, толку количински.
    Откако ќе ги сварите и процедите шпагетите, ќе ги вратите во тенџерето во кое се вареле, со тоа што ке ја намалите температурата. Се додава неутрална хопла, како што кажав претходно за количина за двајца одприлика доволно е околу 250-300 мл, односно додека не се потопат убаво. Се додава пола лажичка вегета, кари и малку лук во прав.
    Се промешува, се остава да проврие 2 минути и се трга од рингла. Потоа, се ренда кашкавал - одберете некој кој лесно се топи, и откако ќе го додадете кашкавалот, вратете ги шпагетите на рингла уште 1, максимум 2 минути.

    Јас само вака ги јадам, со ниеден друг сос.
    Yummy!
     
    На kravce и Mishela им се допаѓа ова.
  16. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.951
    Пол:
    Женски
    мммм мн вкусно ми звучи а да прашам сосот настрана го правиш па го додаваш во шпагетите потоа?
     
  17. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Навистина се вкусни со хопла, јас еднаш пропржив и малку сланина, само така сланина и хопла, си ги дадов во шпагетите и многу беа вкусни. Има простор за експериментирање со хоплата :)
     
  18. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.838
    Допаѓања:
    25.747
    Пол:
    Женски
    Не на страна, туку се заедно на едно место, откако ќе се сварат шпагетите, ќе се процедат и хоплата се става врз нив, во истото тенџере каде што се вареле. И потоа се додаваат зачините и кашкавалот, и толку. :)
    Значи, шпагетите се оставаат неколку минути да провријат во самата хопла.
     
    На mime87 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.126
    Допаѓања:
    81.627
    Пол:
    Женски
    Леле Менди, што не видов порано, за ручек си правев шпагети па слободно можев да пробам. Жал ми стана сега. :D

    Оној што го пишала Ким со сечканата сланина е чинам карбонара сосот, а јас на сличен начин правам и обичен доматен сос или „црвен“, како што го вика татко ми. Речиси е ист со болоњезе сосот. :)
    Додека да зоврие водата сецкам 1-2 чешнички лук, ако се ситни чешничките сецкам и повеќе.Сецкам и морковче, додавам сув магдонос или оригано, многу малку сол и вегета и оставам да се варат шпагетите.
    Откако ќе биднат, ги процедувам и додавам Томатело или домашен кечап, ама со Томатело немате утка и така оставам да си се проварат уште некоја минутка.
    Понекогаш сецкам и обична зелена пиперка која не лути онака колку јадењето да ми добие на боја (зависна сум од јадења со убави и богати бои :$ ), меѓутоа ако сакам да ми подналутнува, откако ќе го тргнам тенџерето од оган, сецкам една лута феферонка (во овој случај, благата пиперка не ја додавам).
    Немам обичај да ставам месо, ама може да се додаде и малку мелено месо, претходно убаво пропржено или пак да cе направат мали meatballs кои ќе ги ставите во чинијата и над нив ќе прелиете со сосот.
    Bon appetit! :mm:
     
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Јас шпагетите сакам да јадам обични, без премногу додатоци, освен мнооооогу пармезан и домашен сос од домати со босилек.

    Вака го праиме сосот, мене така најмногу ми се допаѓа.
    Се запржува лук во маслиново масло, и потоа се додаваат доматите, излупени и исечени на паричиња, ни преситни ни прекрпни, како на коцки би му дошло, се соединува сместа, се става малку водичка, сол, бибер малку вегета и задолжително босилек, е сега најубаво е ако ви биде свеж или пак набран и ставен да се суши дома во некоја тепсија, мене ми има разлика од тој купечкиот.

    Доматите и лукот во количина во која дома сте луѓе ние ставаме 3 домати и 2 чешниња лук, сосема доволно за двајца. Се сервира одкако ќе до добие бараната густина, ни прегусто ни претечно и брз него пармезан.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.