Јас немам некој посебен сос едноставно ги варам ги цедам! Потоа на страна пржам фиде,да добие бисквит боја ги попарувам. Откако убаво ќе ѓи промешам рендам сирење или кашкавал што има дома понекогаш ставам и кечап... Овие ми се најубави мене!!!
Мајка ми прај еден од домата и салама обична, значи луѓе каков вкус има то чудо едно. Тој ни е обавезен сос со шпагети
Обожавам да приготвувам сос за паста. Во летен период го правам на слениов начин: 1. две поголеми главици кромид исечкани на меесечинки, малку покрупно ги ставам во тава со загреано масло 2. после 5-6 мин додавам исечкан модар патлиџан 2-3 круга од поголем патлиџан + 2-3 круга исечкана тивица + 1 цела црвена пиперка ситно исечкана Се ова се пропржува добро Потоа се додават 2-3 големи црвени домати исечкани ситно, или во блендер измиксани заедно со 3-4 чешниња лук и босолек ( босилекот по вкус, зависи кој како си го поднесува) Во тавчето со пржениот зеленчук се додава патлиџанот и се крчка на тивок оган Во овој сос паралено со црвениот домат се додава и 1 ситно исечкан морков. Во меѓувреме се става сад со вода и сол, да зоврие се додава паста(шпагети, макарони, 1/2 кесе, бидејќи овој сос е за две особи). Јас се трудам да штедам енергија и затоа не ги вријам цело време , туку 5 мин. и го исклучувам шпоретот; ги оставам да си одстојат во затворениот сад во кој се вриени уште неколку минути, чат пат отворам за да видам до каде се и кога ќе ми стигнат, ги прецедувам. Така прецедени ги ставам во тавата (јас правам во вог тава, а може и во поголемо тенџере) со готовиот сос и промешувам да се хомогенизира. Посолувам по вкус. Веднаш потоа ги сервирам со добро вино. Пармезан, маслиново масло и оригано секој си става во чинија според вкус. Наздравје.
Јас кога ќе ги исцедам ги ставам во тавче со врел зејтин, ги пропржувам и ставам кечап (може и доматно пире или рендани домати без лушпата). Шпагетите се пржат со кечапот и во нив се ставаат парчиња сирење, по желба шунка, оригано, вегета, буковец и спремни се за јадење а и многу се повкусни кога се пржат со кечапот отколку отпосле да им се става истиот
Оригиналниот песто сос е со босилек, пињоли, лук,солца, овчо сирење, пармезан и маслиново масло, но има многу варијации од кои има некои што воопшто ги немаат основните состојки од првиот
Вегетаријански сос кој си го правам.. Сецкам кромид и го пропржувам, додавам претходно потопена ситна соја, и магданос. На крај додавам доматен сос и зачини. Превкусно е.
Сос од домати: На доматите им ја отстранувам лушпата и ги сецкам на мали коцки, додавам малку сецкан лук, магданос и оригано и попржувам. Шпагетите се варат и се додава направениот сос. Превкусни се
Во загреан зејтин запржив 1 лукче, една рака ореви и бадеми, додадов буквец и ги додадов варените шпагети. Во истиот сос понекогаш додавам луто пиперче ситно сецкано и маслинки. Едноставно ама превкусно.
Mожеби некоја го пишала рецептот за овој бел сос, но ете јас ќе пишам како си го подготвувам. На загреано масло пропржувате ситно сецкано лукче (1 до 2 чеснички, во зависност од количината која ја приготвувате), додавате ситно сецкан морков, печурки (јас ставам шампињони) и било какво месо, зависи што ви се најде дома низ фрижидер - пилешко претходно испечено или издинстано, шунка или пилешка салама, го бидува и со кулен или чајна, значи изборот е голем. Кога веќе состојките се при крај со пржењето, додавате солена павлака за готвење, мешате додека не ја добиете посакуваната густина, додавате вегета, бибер, босилек или магдонос и ставате одозгора врз шпагетите. Превкусен е сосот, штом дечко ми се заљуби во него значи мора да е одличен!
Шпагетите се варат во претходно зовриена вода во која ставам зејтин и сол.За сос подготвувам варено пилешко месо искинато на ситни парчиња и исецкани вакумирани печурки.Заедно се пропржуваат на тивок оган и се посолуваат со вегета,бибер,кари зачин и се додава павлака по желба.Така подготвениот сос се прелева врз шпагетите на кои им ставам малку зејтин претходно за да не се лепат. Многу се вкусни.
Цурици многу го искомплициравте овој болоњезе сос значи. Јас го правам на многу едноставен начин. Зимам шпагети и ги ставам да се варат на зовриена вода, и истовремено додавам сол. Во друго тенџерче ги ставам исечканото лукче, кромидот и морковот и ги оставам да се пропржат на средна температура со малку зејтинче. Во меѓувреме го додавам и меленото месо, ситно раздробено и оставам да се пропржи. Откако ќе се случи тоа, додавам tomatelo Italiano сос. Знаете, оние паќетчиња што се продаваат по маркетите. Совет: Секогаш внимавајте да имате повеќе сос отколку месо во шпагетите! Исто ставам по половина лажичка шеќер дур сосот со месото и зеленчукот се крчка, и неколку трошки брашно за да си добие малце на густина. Зачинувам со босилек, оригано, вегета и црн бибер. Кога ќе забележам дека сосот се згуснал го тргнам од рерна и ги полевам врз претходно подготвените шпагети кои преферирам да ми бидат малкуцка тврди, т.е. да не бидат преварени! Ако се наоѓа кашкавалче по дома, рендам по малце одозгора, ставам у микро да се стопи и разлие врз шпагетите и рааааааај! Прсти да излижеш. Од прилика изгледа вака: И то.
Итно ми е! Сакам да правам сос од печурки ама сеа видов дека немам павлака ме интересира дали кисело млеко или јогурт можат да завршат работа..
Авокадо сос Две авокада,сок од еден лимон плус малку рендена кора,две чешниња лукче,две лажички маслиново масло,сол и пипер по вкус. Изблендирајте го во блендер. Сварете ги шпагетите и зачувајте едно филџанче од водата. Водата доадете ја во сосот за да стане поводенкаст и полесно да се вклопи со шпагетите. Одозгора јас си ставам пармезан а некогаш и си додавам сецкани домати. Брзо, вкусно и здраво.
Јас обично правам шпагети со печурки и бешамел сос(брашно, путер, млеко, оригано, мајонез а може и павлака). Одозгора рендан пармезан...Омилени!!! Најодвратни ми се шпагети со кечап , мелено месо или зеленчуци. Бљак!