Дали сте биле и каков впечаток ви оставила?Јас ја посетив и ми се допаѓа, но некако очекував дека земјата е посредена и поубава. Попат видов градови и села кои ми делуваа запуштено, сиромашно.
Јас идам често во Софија и како град ми се допаѓа затоа што има многу места коишто може да се посетат, има многу трговски, има убави дискотеки, кафичи, ресторани, ефтино е (не е баш сегде, но има ефтини места), а за сообраќајот - катастрофа невидена. Само тоа им штрчи.
И јас бев во трговските и многу му се допаднаа. И кафичите внатре се многу убави. Цените каде како и зависи за што. Во трговските имаат бугарска кујна, српска скара, турска храна, италијанска и ред други интересни работи. Марик баш си шетан и авантурист си. Да не си стрелец во хороскоп?
За храна имаат 20 штандови. Но јас си преферирам кинеска храна. За 2-3 дена одам пак. Иначе не сум стрелец во хороскоп.
Darry Travel. Се наоѓа на Черни Врјах, на угорницата од десна страна кога идеш од центар према Хладилника. После трговскиот Sofia City Center.
Бев деновиве. Ама баш ништо не останало од облека. Попустите не ги фатив. Беа завршени. Ама пак си купив нешто. Колку да не е без ич.
Еден од поомилените градови ми е Софиjа и често ja посетувам. Се согласувам дека има доста места каде да седнеш
За купување,многу ми е подобро во Софија,отколку Солун.Мислам дека до пред некоја година дури и цените беа пониски,што не ми изгледа така и сега. Но сепак,има многу трговски центри,многу места каде можеш да прошеташ, а како најдобар трговски центар би го избрала Софија Мол.
Јас секој викенд сум во Софија и првпат слушам дека има Софија Мол. Paradise Center Mall е најдобар мол во Софија. Ти којзнае кај шеташ таму или как те шетаат.
Всушност, ти каде шеташ по Софија (или само очигледно се фалиш по женски форум) ако не знаеш дека постои Mall of Sofia. Изгледа по пазарите шеткаш.Душичка.Еве ти една нова информација,па ако знаеш да се снајдеш,или ако стварно одиш во Софија како што тврдиш во што се сомневам ќе го најдеш.
Не одам јас по такви нискобуџетни молови. Го шетам Парадајз, Ринг, Сердика и Д Мол. И како заклучи дека сум машко кога не ми пишува на профилот?
Ринг Мол е убав,всушност еве сега видов дека трговскиот за кој сакав да кажам дека ми е еден од најубавите е The Mall, наместо Mall of Sofia (за кој незнам од каде бил нискобуџетен,или така ти кажале), ама Сердика не е ништо посебно.Освен таквите како тебе да се чекираат и да се пофалат оти биле некаде. А може си и женско којзнае, сам си бираш Верувам дека те шетаат по тие што ги наброја.
Дали сум машко, женско, спонзоруша тебе не треба да те интересира мојот приватен живот. Ти си тука да пишуваш/помагаш а не да ми се мешаш во приватниот живот, што правам, каде се чекирам и тн. Mall of Sofia постои и се наоѓа на Черни Врјах. Тој е како кај нас што е Капитол Мол. Потпуно исто. The Mall веќе му помина славата. А како најдобри молови во Софија се прогласени Сердика и Парадајз. А Ринг Мол освен што е најголем на Балканот, за друго ношто не вреди. Ниеден асален бренд нема. И плус јас кога бев 15 дрна по отворањето, немаше жив човек во него.
Многу ти благодарам за исцрпниот одговор кој патем е достапен насекаде на интернет нели ама еве ќе ги следиме твоите препораки. Инаку,колку што тебе те интересираат високобуџетни молови,толку мене НЕ ме интересира ни кој си ни што си,ете толку си небитен,или како што би рекол ти во некоја друга тема-небитен како провинцијалец во Сити Мол-ти си тој со предрасудите за провинцијалците. Друга работа-ти прв мене ме цитираше со постмев сакајќи да излезеш фраер,а потоа ми пишуваш дека сме тука да пишуваме и да помагаме,ама изгледа не ти е многу интересно кога тебе те цитираат.
Друг те цитирал со потсмев, а јас не. Ти може сама си го сфатила како потсмев. А "битен си ко провинцијалец во Сити Мол" јас не сум рекол нигде. Почнуваш веќе да бидеш дрска и да измислуваш. А јас тоа не го толерирам. Јас ти пишав со цел да ти помогнам а ти сама си ја створи ситуацијава. Поздрав.
Изгледа не сум почнала прва јас. Ниту сум дрска,ниту некогаш сум била.Нема повеќе што да се објаснувам,јасно ти е и на тебе. Поздрав !
@Marick14 gledam deka cesto si Sofia daj kazimi nekoj eftin smestaj za edna vecer dve I daj mi nekoj sovet za vo vrska so taksite treba vo ambasada da odam pa na aerodrom potoa