Yellow taxi ефтино е и добри се. Кога сум таму jaс овие ги користам Се надевам не е касно што одговарам
Во Софија сум била само два пати и за жал во двата случаи имав само кратко време да ја разгледам.Првиот пат бев на семинар, и покрај тоа што останавме три дена, поголемиот дел од времето го минавме во хотелот во кој бевме сместени додека вториот пат бев на неколкучасовна шопинг тура. Како и да е, имав време да го разгледам центарот на градот и можам да кажам дека многу ми се допадна. Убаво е, има убави градби. Би отишла повторно.
Дечки, ве молам некој што студира/работи/живее или патува често за Софија да ме упати малце... Која е најдобра такси компанија, сигурна, безбедна, ги има ли баш на аеродром? И каде е најдобро да сменам евра во левови, аеродром или да барам нешто друго?
Имаш таксисти колку сакаш на аеродромот. За најдобра не знам која е, но сите што се жолти и со табла тоа значи се лиценцирани таксисти. Пари можеш да си смениш во центарот. Поточно на Витоша. Таму има многу менувачници.
Во Бугарија можеш слободно да смениш пари и во банка. Нивните курсеви не се толку високи како кај нас во Мкд. Со години наназад, во Бг менувам пари во банка.
Оваа такси компанија ОК е најсигурна во Софија, стојат пред аеродром точно, јас во никоја друга не се качувам бидејќи иако се жолти колите има диви таксисти. Пари најсигурно ќе размениш во било која банка. А може и во менувачница ама даваат помалку него ли во банка.
Бидете претпазливи со таксистите. Здраво удираат по џебот. Првин прашајте некој Бугарин што работи на Аеродром или било каде да ви каже отприлика како се движат цените до местото кое ви е предвидено да ве остави таксито, затоа што може и 10 евра повеќе да ви земат. Од лично искуство зборувам.
овие денови ке одам во Софија, ке имам слободно време од 5 саати, па која има одено да ме насочи каде да прошетам (трговски центри, некое место за кафе, комплекс на продавници каде има евтини работи, дали е поскапо или поевтино од тука, и дали такси превозот е ефтин ) Ви благодарам однапред
Ех Софија-најубавиот град. Каде и да отидеш нема да се покаеш. Можеш да прошеташ на улица Витошка каде имаш продавници за шопинг, кафичи, пицерии, ресторани. Ти го препорачувам Lounge Bar Katerina . Стадионот на Левски, шеталиштето кај НДК и секако јужниот парк . Имај најубав помин.
Некој/а да ми сподели искуства со резервации преку Букинг за хо(с)тели во Софија? Барам нешто во центар на град, со низок до среден буџет.
Превоз од Софија аеродром до Скопје со такси некој да не имал искуство и препорака на компанија која врши превоз? Знам дека има милион ама не мо се качува со секој. Плус малце се знаенесуваат со цените. Фала
Софија е убав град, има кај да се прошета, најатрактивна е улицата Витошка, има многу продавници и бутици за добар шопинг, си имам купувано гардероба од таму, секако има и добри ресторани за ручек и уживање.
Што мислите за претстојните летови Скопје Софија?Мислам дека е добра иницијатива особено ако можеме да се комбинираме со други авиокомпании за да стигнеме до некои далечни дестинации..
Идејата како идеја лично мене ми се допаѓа. Нема да морам да патувам до Софија за да летам за некоја дестинација, туку преку поврзани летови. Има еден мал проблем, а тоа е близината на двата аеродрома - скопскиот и софискиот. Во права линија тоа изнесува околу 175 километри, а прочитав дека според воздухопловниот експерт Ѓорѓи Чачкиров дека оваа инвестиција нема да биде исплатлива доколку истата не биде субвенционирана. Според него дека пократките летови се и поскапи. П.С На линков можеш да прочиташ пооширно. https://sdk.mk/index.php/makedonija...eli-vozduhoplovniot-ekspert-gorgi-chachkirov/