Социопати се личности кои што не се ни псхички ни физички болни туку имаат погрешни морални начела .Непознато им е чувството на кривица , сочувство или каење. Социопат всушност е назив за личност оболена од антисоцијално пореметување. Опис на социопат : - Арогантни и насилни спрема жртвата , благи и љубезни спрема останатите. - Добри манипулатори , за нив не важат законите и морланите норми. - Често можат да се вклучат во некои криминални активности , од кои многу завршуваат со убиства. - Оние кои што ќе ги откријат , стануваат нивни жртви и нив ги обвинуваат за своите недела. - Не покажуваат емпатија , немаат совест.
Па не дека некој конкретно ме инспирира за да отворам ваква тема , причината заради која ја отворив е затоа што мислам дека секојдневно сме опкружени со многу социопати само што тие успешно се прикриваат,всушност тоа е и една од нивните особини - неможеш да препознаеш така лесно социопат и затоа кога ќе се случи некое свирепо убиство без причина сите се чудат и се прашуваат како толку мирно дете можеше да си ја убие мајката , девојката или сл . Конкретно сакав да дискутираме околу тоа дали некој лично познава вакви луѓе ,зашто се многу позастапени отколку што мислиме, и едноставно ме интересира ставот и вашиот поглед спрема нив.
Според мене социопати се лица кои не успеале да се социјализираат во средината во која се наоѓаат, во општеството и немора да значи дека се нешто од тоа што набрјавте, туку едноставно се маргинализирани од општеството, а секое општество произведува и социопати, затоа што нема совршено оштество, но според мене ако е силна личност не може општеството да го расипи, сепак зависи и од самата личност но и од општеството и средината во која се наоѓа. Самото општество треба да се труди да ги социјализира маргинализираните и отфрлени личности, ова е само мое мислење, а има многу теории и теоретичари на оваа тема со многу различни сваќања, имаме учено на факс еден куп теории постојат некои се дури и премногу не прифатливи и неточни но сепак ги учевме и нив.
Според ова што го прочитав мислам дека познавам една личност која е ваква,која ми беше живот,а на крај ме нападна мене и заради која ќе бев мртва.Всушност и не знам дали е социопат,шизофреничар или што и да е.Само знам дека во оваа држава и покрај сите пријави нема заштита.
А дали личност која исполнува 80% од симптомите на социопатија, може да се класифицира како социопат?
Јас мислам дека социопатите, пред сè се многу интелигентни личности.За да бидеш секогаш над законот и да ги манипулираш другите така успешно мора да си далеку пред нив на интелектуално ниво.Убаво кажа една феминка погоре, тешко се препознава социопатот во општеството.Тоа е затоа што тие се успешни манипулатори, а обичниот човек-лесен плен.Тие се амбициозни, речити и интелигентни.Доста од нив се образовани и начитани.Неретко им се восхитуваме на таквите луѓе, не знаејки кој е нивниот профил на личност.Сепак социопатот не е психички болен.Тие немаат психичко пореметување, туку пореметување на личноста.За нив се непознати чувството на кривица, каење, сочуство...Симптомите најчесто се мокрење во кревет до постара возраст, окрутност кон животните, сакаат да ја мачат жртвата-садизам и пироманија. Еве едно истражување за разликата помеѓу психопатија и социопатија: Спојлер: Разлики помеѓу социопатија и психопатија Хередитет (наследни фактори) наспроти околински фактори Антисоцијалното однесување како сличност може да се најде и кај социопатите и кај психопатите. Како и да е, развојот на социопатија или психопатија кај личноста води потекло од факторот кој ги диференцира една од друга. Додека генетиката и хередитетот се причинители за личноста да стане психопат, околинските фактори се одговорни за личноста да стане социопат. Карактерни разлики Социопатот нема потешкотија во разбирање на тоа како да се однесува во социјално опкружување и главно не е темпераментен по природа. Неговиот проблем е резултат на „лошо друштво“, запоставеност од родителите, хипер интелигенција и сиромаштија. Наспроти социопатите, психопатите вообичаено се неспособни да ги разберат и да излезат на крај со нормите кои ги поставува општеството, поради нивната импулсивна и безстрашна природа која ги предизвикува на непотребен ризик. Повеќето психопати немаат контрола над својот проблематичен темперамент бидејќи тие се родени со него. Насилни тенденции Психопатите не се во можност да ги планираат нивните акти на насилство. Поради нивната импулсивна природа, повеќето од нивните криминални дела се извршени во избрзување. Социопатите се забележливо различни од психопатите кога доаѓа до извршување на криминални или насилни дела. Тие не се импулсивни по природа и како резултат на тоа тие ги планираат нивните криминални дела многу педантно. Грижа на совест Психопатите немаат морален код на етика и поради тоа тие не се способни да чувствуваат емпатија или каење за нивните блиски личности. Тие се стремат да манипулираат со другите и се подготвени да лажат за да ги постигнат своите цели. Во нивниот животен стил тие продолжуваат да ги кршат нормите на општеството во текот на нивните животи. Социопатите се различни од психопатите и чувствуваат вина за нивните дела. Како и да е, нивната емоционална поврзаност е лимитирана на одредена група луѓе, исклучиво со оние каде можат да воспостават интеракција и да градат односи. Надвор од групата, однесувањето на социопатот е слично на тоа со психопатот, и тој ги отфрла општествените норми како него. Како и да е, социопатот, нема тенденции да ги лаже луѓето и да манипулира со нив, особено ако се дел од неговото семејство или група на пријатели, наместо тоа, тој има искрени чувства за нив и ќе чувствува каење доколку ги повреди на било каков начин. Општествени односи Психопатите се неспособни да оформат нови односи и дури не можат да ги одржат односите кои ги имаат со членовите на нивното семејство. Социопатите пак, немаат потешкотии во одржување односи, повеќето од нивните односи се паразитски каде што тие зависат од другите. Кариера Социопатите се доста способни за успех во кариерата која ја избрале и се обидуваат да се претстават себеси како пријатни, за другите луѓе полесно да комуницираат со нив. За разлика од социопатите, психопатите не можат да останат на едно работно место како резултат на тоа што се неспособни да изградат кариера. Здодевност Двајцата, социопатот и психопатот не се во можност да ја задржат нивната досада. Социопатите обично ја ослободуваат својата досада препуштајќи се на драматични дела и создавајќи конфликт помеѓу луѓето во нивната група. Тие бараат внимание од луѓето и се способни да отидат многу далеку за да го добијат. Психопатите пак, бараат нешто конструктивно за да стават крај на нивната досада. Ова е причината за високото ниво на креативност и интелигенција кај нив.
Мене насловот ме асоцира на луѓе кои не можат да се социјализираат а не некои кои се мешаат во политика и слично.Некои кои не ги исполуваат стандардите на општеството,кои не шетаат,изолирани се,не одат каде што нивните врсници одат туку се затвраат и се осамени а при тоа страдаат од депресија или други психички болести.Што имаат проблем со комуникацијата со луѓето бидејќи нели се антисоцијални.Тешко дека ваквите личности можат да постигнат такво нешто т.е. да бидат манипулатори или на високи позиции.
Социопатите ги издава нивната пренагласена импулсивност во тесни ситуации во спротивно многу вешто манипулираат и оддаваат впечаток на емпатична и грижлива личност.
Социопатијата е како "полесна" форма на психопатија, но не се исто овие две. Социопатот полесно се препознава, тоа се обично деликвенти, насилници или пак избувливи луѓе кои влегуваат во конфликти. Психопатот е повешт во глума и манипулација и покреативен кога врши злодела. Социопатот се врзува во групи на слични, психопатот е соло играч. Сигурно уште во детството сте сретнале социопати. Еден од 25 луѓе е социопат. Психопатите сочинуваат нешто над 1% од популацијата. Заедничко за двете категории е што не ја почитуваат туѓата личност и достоинство. Распространет мит е дека се интелигентни, кога всушност покажуваат пониски резултати на тестовите за интелигенција, но има поедини исклучоци. Не може секогаш да се повлече јасна линија што значи психопат, а што социопат.