1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Социјален живот во средно

Дискусија во 'Образование' започната од peperutka.55, 15 август 2013.

  1. peperutka.55

    peperutka.55 Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Здраво феминки,

    Само што завршив основно - и направив голема беља. Често се дружев само со едно друштво , па така ми остана само и тоа. Со тек на времето почнаа да изиграваат глупости и сега не ми се интересни , а и тие не ми обрнуваат внимание. Имам поединечни другарки ама не ми се толку добри како што ми беа тие. Така да , останав без другари.

    Освен тоа сега сум средно , и ќе почнам без никој да познавам. Страв ми е дека нема да запознаам никој и ќе си го поминам средново многу лошо :( Не ми е до тешење , оти знам дека тоа ќе се случи - кажете вие што ќе кажете.

    Има ли некој искуство со ова , и што ќе ми препорача?
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. maravillosa

    maravillosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    145
    Пол:
    Женски
    јас сум сега за втора а минатата година се плашев исто како и ти. Ниту една од другарките не се запиша во исто училиште како и јас па единствената која ја познавав беше едно девојче кое е роднина на една моја сосетка и има неколку пати дојдено таму но освем неколку кратки разговори сме немале ништо друго.
    Најмногу се плашев од фактот дека треба да поминам некое време во училишниот двор сама се додека професорите не не повикаат. Кога зачекорив во училишниот двор целата се тресев размислувајќи единствено за непријатната ситуација која ме очекува но само што ги направив првите чекори некој викна по мене. Кога се свртив го видов девојчето кое го спомнав погоре. Тоа стоеше со една своја братучеда. Застанав со нив. Наредните неколку недели се дружев со неа иако не ми годеше многу нејзиното друштво.
    Потоа се задружив со други девојчина. Со некои од нив се зближив па се оддалечив со некои сеуште сум многу блиска но мило ми е што сите подеднакво ме прифатија и што успеав да се вклопам во таа средина зошто не сум баш некоја која лесно се вклопува насекаде.
    сега едвај чекам да заврши распустов за повторно да го видам својот клас.
    Немаш потреба да се грижиш нема да бидеш единствената која е без пријатели таму. Сигурна сум дека за брзо време ќе се вклопиш како и јас :)
     
  3. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Немаш апсолутно ниту малку место за вакви загрижувачки мисли, мислам, те сфаќам, сите некогаш сме го мислеле ова и сме се оптеретувале со истото, дали ќе најдам друштво, па дали ќе бидам сама... Само едно нешто треба моментално да си го процесираш и складираш во главата, дека во средно 90 посто од луѓето си наоѓаат колку толку - идеално друштво, и пријатели со кои огромен дел од нив остануваат во контакт, било да е близок или не, целиот живот.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Мила, немој да се грижиш. Ова не е никаков проблем. Од септември ќе започне нов период од твојот живот, а тоа е средношколскиот живот. Во основно знаеме дека сите се такви незрели дечиња, па богами и во прва година до некаде такви ќе бидете пак, но сепак подруго е. Не знам дали си свесна колку нови личности ќе запознаеш. И, јас пред да започнам во средно ваква бев. Имав многу тешки периоди, додека се навикнам на новата средина. Само јас си знам како ми беше. Треба да се потрудиш од почеток да оставиш многу добар впечаток, бидејќи никогаш нема да имаш втора шанса за да оставиш впечаток. Запомни првиот впечаток е секогаш најважен. Како кај децата, така и кај професорите. Од почеток започни си ја сериозно работата со учење, затоа што првото полугодие ако си учиш како што треба, веќе во второто полугодие се е на стара слава. Барем кај мене вака беше. Морам да те напоменам пред соучениците да не се отвараш уште од почетокот премногу. Всушност, воопшто да не се отвараш. Сигурно си свесна колку расипани личности се шетаат по светот. Нема потреба иште од почетокот да покажуваш слабост и да им се исповедаш. Вие сега во почетокот ќе имате многу теми за разговор. Ќе зборувате за во основно како ви било, па дали ви недостига, за полуматура, за тоа како сте го поминале летото, со кого и каде сте биле на одмор и милион други теми за разговарање. Во почетокот дружи се со секого бидејќи не знаеш кој е кој. Тек понатаму ќе сфатиш со кого најмногу си одговараш. Па, тоа е се од мене се надевам дека од корист беше мојот совет, иако те сфаќам дека сеуште кај тебе преовладува тој страв како ќе биди, што ќе биде, со кого ќе се дружам. Но, како рекол Владо Јаневски - ,,Што и да е ќе помине''. Па, и ова е еден период кој мора се искуси, но после одредено време ќе видеш дека не требало толку да се оптеретуваш со ова. И, секако дека ќе најдеш другарки. Верувај дека не си единствена така што оди сама без никого во нова средина. Благо речено таму сите ќе бидете како изгубени Германци :lol:
    Ова важи за сите идни средношколки. Прочитајте и нека ви е со среќа почетокот во средното :*
     
    На Jay-jay му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    Немој да имаш никакви грижи. Ти почнува период од животот кој е според мене најубав, затоа што сеуште немаш некои поголеми грижи, млад си мислиш само на излегувања, забави или ако ништо друго барем не се замараш за ништо.
    Првата недела на сите ќе ви биде грдо, не само тебе, сите се познаваат многу малку или ич (може да знаеш 2-3 од класот или пак никој) и тоа е сосем нормално. После постепено ќе почнете да се дружете меѓу себе, секој ќе си најде негова друшка.
    Проблем за ваквите размислувања кај тие што почнуваат сега средно се најмногу мислам оние амерички филмови каде средното е прикажано како само 5-6 се главни и популарни и сите ги сакаат, дека ако си малку поповлечен сите те вреѓаат и малтретираат - но кај нас НЕ е така во глобала гледано.
    Ќе си најдеш друштво верувам, бидејќи прва средно е идеален момент за наоѓање нови пријатели.
     
  6. bubu123

    bubu123 Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    5
    Маци немој да се сеќираш, мене другарките ми отидоа во друго средно а јас во друго, останав скроз сама и си најдов дупло поубаво друштво него они, и преубаво ми е... Иако премногу се плашев дека нема да се снајдам и дека нема да најдам друштво...
    Биди своја и не се сеќирај, само така ќе успееш
    :*
     
  7. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Нормално е да постои таков страв, кај 90% од тие што треба да почнат средно во клас каде што не познаваат никој постои, и јас го имав :) Не се секирај, ќе си се здружите уште првите две недели ќе видиш, на почеток сите ќе бидете збунети не само ти, јас како падната од марс бев :tmi:
    Заедно ќе поминувате пола ден ( и повеќе), па тестови, препишување, одлагање.. ехее неможе да не се здружиш со никој. Па на кафиња после школо, нови години ќе почнете заедно да славите, се тоа само ќе си тече нема ни да приметиш еј кога се зближив толку со овие луѓе!! Јас уште сум во контакт, уште излегувам со тие од средно, никогаш нема да ги заборавам тие денови најубави од мојот живот.
     
  8. Dobie

    Dobie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    240
    мене не ми се верува дека ова ќе ми се случи уфф :worried:
     
  9. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Единствено што можам да ви препорачам е да бидете она што сте, да немате никаков страв и страм во себе и дека се ќе помине во најдобро светло единствено ако Вие верувате во себе и во своите квалитети.
    Нешто на што ќе Ве предупредам е да не сте кон никого премногу отворени, бидејќи во денешно време ретки се оние кои се добри личности во душата без маска на лицето, на кои можете да им се доверите.
    Најпрвин добро запознајте ги сите во вашиот клас и опкружување, па потоа добро размислете со кого ќе се дружите и на кого ќе му верувате. но знајте за да препознаете верен и добар другар е потребно повеќе време, бидејќи вистинските другари се ретки.
    И најтопло Ви би препорачала уште од самиот почеток на училишната година сериозно да си ја сфатите работата со учењето, бидејќи првиот впечаток е оној вистинскиот впечаток за Вас, за тоа какви сте Вие како личности и знајте дека така многу повеќе ќе Ве ценат Професорите, но и сите останати.
    И најважно е да бидете личности кои го покажуваат своето вистинско лице и кои немаат маска на лицето. :!:
    Со среќа на сите идни средношколци :*
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.