Претпоставувам има многу луѓе со овој проблем, затоа ме интересира вашето мислење. Дали постојат друштва кај нас од ваков тип? Темава е поставена тука, бидејки во последно време стварно сум анксиозен/депресивен и имам потреба од комуникација/дружба. Не е дека немам другари/пријатели, но во глобала се дружиме за викенди. Најголемиот проблем ми е што во последниве 10 години работев од дома и не стекнувам нови пријателства.
@gorjann осаменоста ја има и во луѓе кои не работат од дома. Баш скоро разговарав со поблиска личност која ми рече дека иако излегува и работи не е баш исполнета (35+). Не знам што совет да ти дадам, осаменоста е проблем и на помладите генерации.. Некако како сите да се отуѓија и веќе дружењето не е тоа што беше. Од другата страна, настани има куп и скоро секогаш е лесно да се каже оди, излези некаде. Реалноста е дека се има потреба од луѓе каде ќе си направиш убав, неисфорсиран разговор, а притоа да ја почувствуваш убавината од таквите дружења. Забележав дека после короната прекина и рандом јавување од луѓе кои постојано практикуваа да се јават и прашат како си, а ова се должи на разочарувањата од нивен круг. Ова прво ми беше несфатливо, се' додека мене не ми се случи истото.
Дали уште работиш од дома? Лично, јас можам да побарам да не сум во канцеларија и то ќе ми заштеди пари, ќе добијам флексибилност. Ама, I like my colleagues and the atmosphere there. Значи комуникацијата шо ја имам со живи суштества на работа, во живо, ми е доволно за јас да сакам со друштво да излезам за викенд - кога сите ќе можиме. Така да, ако имаш опција да одиш во канцеларија, јас ти предлагам да го направиш тоа. Не само шо ќе запознајш нови луѓе, во најмала рака ќе бидиш постојано во контакт со нив. Пошто како возрасни, сите со работа, обврски, семејство, тешко е да се најди време за излегвање и дружење сем во слободни денови или пред/после работа (иако ако некој има семејство, особено со мало дете, стварно само слободните денови му се на располагање).