Не постои социјална помош сега тоа е ГМП ( Гарантирана минимална помош ) ГМП изнесува околку 4000 денари за едно лице, најдобро е да си појдиш во центар за социјални работи и да се информираш за висината и условите за остварување на првото на ГМП.
Добро вечер Може ли некој/а членка да ми кажи колку изнесува социјалната помош... Не сум вработена јас ни мажот ми а имаме и мало бебе (штотуку породена).. Немаме имот на Наше име, немаме заштеда и немаме сопствено живеалиште... Живееме во заедница од 6лица (со се бебе) од кои само 1 вработен (девер ми) и еден пензионер (свекор ми ). Живееме во рурална средина...
Основната социјална парична помош за носителот корисник износот е 2.871 денар. За секој дополнителен член на домаќинството се зголемува според коефициент 0,37 — до максимум 5 членa За лица неспособни за работа, постојана парична помош износот е 4.306 денари за само корисник, 6.028 денари за корисник + еден соуживател, и 8.312 денари ако има корисник + два или повеќе соуживатели. За лица кои треба постојана нега/помош од друга личност (тешка попреченост, слепило и сл.) надоместокот изнесува околу 4.475 денари (или 3.959 денари ако потребата за помош е помала). Домаќинството мора да бид материјално необезбедено односно да нема доволни приходи/средства за егзистенција. Да нема сопствен имот (или имотни права) од кои може да се издржува освен ако, во одредени случаи сопственикот не склучи договор за доживотна издршка. Ако барањето е за парична помош за работа способен невработен лицето (или носителот) мора да биде невработено, активно да бара работа и да не може само да се издржува. Доколку сте корисник на социјална помош, никако играње на игри преку видеолотарија (кладилница, спортска, казино, грепки) Со исплата на дури 1 денар од овие места, нема да имате право на социјална помош.
https://cms.mtsp.gov.mk/uslugi-ns_article-socijalna-paricna-pomosh.nspx Тука имаш се, што ти треба, колку изнесува.. Едит. Што се однесува до членовите на семејството мислам дека е на потесното семејство (Сопругот, вие и бебето), нема врска што живеете во заедница, нека ме исправи некој ако грешам.
Во ред што е со: Детски додаток Додаток за домување Гарантирана минимална помош Зимски додаток (така стои напишано ) Ќе пробам и за овие да прашам..
Не би да те судам, ама, цел живот планираш да се крепиш со додатоциве? Што ќе покријат и тие жити се, мизерни се кај нас. Треба да се види дали ги исполнувате условите. Во социјално да прашаш. Гарантирана минимална помош е уствари социјалната помош. Не знам како вака, викаш со 100 души живеете, работи само еден од кој деверот, а вие? Способни не сте? Имате и бебе.. Контрадикторно ми е тоа што низ други теми поинаку пишуваш..
Социјална помош треба да зимаат лица што не се работоспособни, што останале без работа поради стечај, не работат поради грижа за друг болен член од фамилија, останале без дом и приходи ради пожар и слични катастрофи и луѓе што излегле од abusive дом додека најдат нормална работа. Све друго не гледам причина.
Да способни сме нема каде ... Се партиски а вујко владика немам.. Да цела надеж ми беше во проектот за самовработување и таму мислев не треба врски ама требало... Инаку не сум неспособна дс почнам сама нешто.. Имав убаво размислено и се средено.. Мене мислите дека ми е убаво и лесно вака меѓутоа кога неможиш нешто неможиш... Знам дека се мизерни но нема цел живот да останам на нив многу нормално.. Бараме начин меѓутоа во мало место тешко е .. Зошто мислите дека сме неспособни? Јас не сум неспособна фала Богу за јадење и за бебе има ....Немам за луксузи но за основни работи се снаоѓам имам помош за бебето.. Мене ми е да не бидам терет на никого.. Затоа инаку нека вработато некој од дома нема да бидам на терет на државата... Не само политички да се местат.. Е не сум ни "лижи газе нити слуга на некој, ниту кодош". Јас работев и мажот ми работеше.. Сега моментално неможиме да се снајдаме затоа прашував и барав чаре.. Да тогаш нека дадат работа на тие што бараат а не врски да бараат и партии. Извини вака директно што кажувам.. А влезиш некаде за работа веднаш партија бараат.. Погоре членката мисли дека сме неспособни ... Не не сме неспособни фала Богу имаме капацитети за се меѓутоа не можиме поради политика и вујко владика а не поради тоа што не мрзи..
Зависи каде, политика и врски најчесто за во јавна адмистрација се бара. Ама за во маркет, аптека, приватно, возач, дистрибутер,градежништво.... не се бараат врски.
Да во големи места можеби за обичен работник немс врска ама ви место односно мал град кадешто на прсти се знаат сите верувај неможиш продавчка да влезиш... Јас кога не бев бремена со триста врски под дрво и камен за да работам и да работев (не бев неспособна) меѓутос поради операција т.н. шеф бидејќи приватно сакаше после операција за три дена да почнам на работа оти немало луѓе . ама јас имав конци и многу нормално дека боледување.. И не сакаше да ми го продолжи договорот така да не сме бескорисни со мажот ми и тој работеше ама него го испуштија ради промена на агенцијата за обезбедување..
Во Македонија многу тешко се наоѓа работа, може ќе потрошиш месец/два додека да најдеш ама сигурно ќе најдеш не се откажувај. Има многу фирми кои што не се македонски и примаат многу работници, незнам од кој град си ама ќе ти дадам предлог за една, DRÄXLMAIER Group, Германска фирма за производство на каблови имаат фабрики во Куманово и Кавадарци, имат превоз платен од многу градови ширум Македонија. Слична фирма има и во Скопје. Исто има многу слични фабрики што бараат работници во многу градови, распрашај се, и убава плата се зема 30-40 илјади зема обичен работник. Едит: Можеби за тебе нема да одговора да патуваш плус на работа поради бебето ама за маж ти е супер прилика.
Епа за да не ја цедат наместо партиски и "на чичо внучето" да почнат да ценат и некој што се труди и што сака да работи а не секое свирче шефче, менацерџе а поим нема.. Јас не барам ни премиер, ни директор, ни шеф, ни менаџер... Барам да работам а не цел живот да ми судат дека со врски сум се вработила... Примери колку сакате имам за кажување Да те разбирам меѓутоа не од секој град има превоз.. Јас прашав за Кичево и тоа со човек што работи во ресурси и не можеше гјомити не примале..