@Nuny за тоа што си одбиена за гранд кредит верувај дека не треба врски воопшто. Или бизнис планот не ти бил добар или проектот што си го планирала. За работа има еве во Скопје. Фабрики колку што сакаш, патуваат луѓе од целата држава. За егзистенција мора да се спрегнете малку повеќе. Вујко владика треба за некоја повисока функција. И извини ако сум груба со ова што ќе го кажам, но за општ работник потребно е и малку да се поработи на физички изглед и на говор. Мора да има причина за тоа што си одбиена од многу позиции.
Аман бе. Како ние голем број од членките сме вработени без врски приватно, а вие чекате се на готово државата да ви даде. Не бива тоа така
Јас се работев и онлајн часови, чував деца, работев во фабрика, работев на бензиска, изработував трудови, помагав на децата за учење домашни и се што требаше, работев и како анкетар ... Аплицирав и Таскфорс, Rhino, Teleperformance за српски јазик, меѓутоа никаде не успеав.. Англиски знам, компјутер знам сите програми, се разбирам и во медицина ( не за доктор ама за закажување термини или кол центар знам да работам) имсм уште година и пол за да завршам факултет ради финансии неможев, така да никој не е неспособен само нема луѓе што сакаат да помогнат ако не си нивни...
@Nuny не се вреѓај, само прашав зашто и поради што бараш право на парична социјална помош. Чим мислиш дека ги исполнуваш условите, поднеси барање. И чим знаеш убаво дека сте способни за работа и двајцата, потрагата по вработување нека започне. На никого не му е лесно да најде убава и пристојна работа у оваа вукојебина, ама ќе се трудиш, ќе се мачиш. Дете имате за гледање.
За грантот сум сигурна дека сум одбиена ради тоа пто верував дека е без врска... Бидејќи јас да си го правев бизнис планот ќе речам грешка е сум згрешила не ме избрале... Меѓутоа кај истиот советник само јас одбиена а на сите прифатен е тоа не верувам дека е без причина. Јас сум директна и никогаш не барав да бидсм на функција барав само работс која ќе ми биди исплатлива бидејќи не е целта да земам 30.000 да плаќам се и превоз и да се чукам по гради еве работам.. Како мислите физички изглед и говор по тоа ли ќе се оценува дали сум способна за тоа што сакам да го работам или според тоа што знам да го работам? Се вреѓам бидејќи никој од убавина не бара социјална помош Не чекам на готово... Во никој случај ако чекав на готово немаше да се трудам и да барам ќе ми најдеа и ќе си свиркав..Вие можеби без врски како што реков во големи градови елате во мали градови да видам дали вака ќе зборувате
Епа седи си дома тогаш. Јас ненормална сум што ја прифатив оваа работа за 32.000 почетна плата со работа две смени и преку 1 сабота од 9 часа работа, без превоз и храна. Ама две деца имам дома и сигурно нема од државата да ги чекам тие пари за да им купам леб и да кукам дека нема работа
И јас работев не чекав на никого.. Меѓутоа вака испадна сега бидејќи не се подценувам никого да молам и утре другиден да ми плеснува во лице
Ако не е тајна која беше потенцијалната фирма? Со што сакаше да се занимаваш? Не можеш од дома да почниш? Претпоставувам си млада, бидејќи грандот се исплаќа до 29 години. Во врска со физичкиот изглед, си ме разбрала погрешно. Нормално дека прво ги гледаат способностите за работа, па потоа физичкиот изглед. Да ти кажам какви несредени ми доаѓале на интервју? Работата е customer service, епа не може да ми се појавиш на тренерка, со бркови до колена и без заби. Е на ова мислев. И 30.000 не се за потценување во ситуацијата во која што се наоѓаш ти. Сите сме работеле за ситни пари.
Не се за потценување не реков такво нешто меѓутоа да треба да плаќаш трошоци за патување сметки не стигаат.. Во таа смисла мислев.. Проблемот е тоа што нема каде ... Вие не ме разбирате дека каде што е мало место и каде што пред се се гледа партиска определеност а не за што си компентентен да работиш неможиш да најдиш а не па да влезиш некаде.. Ете да не осудувате дека секаде е без врски пример ќе ви кажам... Се отвори фабрика мала до кај 500души за градов и околијата... Аплициравме и јас и мажот ми.. Чекавме да не викнат (бидејќи рекоа барем еден од фамилија чњ примат).. На крај со избориве ди се напикаа внук внука син ќерка ние извисивме.. Пред избори ни ветуваа вака така ќе биди на крај ништо... Едни што живеат карши нас си ја вработија снаата синот еве и керќата влезе а немаат ни соодветно школо освен керќата рака на срце заслужува... И како после да бараш да се надеваме дека ќе бидиме и да те тапкаат по рамо ајде ќе.биди
Ама зашо си контрадикторна значи не те разбирам.. На ова токму и мислев коа реков контрадикторни ти се мислењата. Значи 30к нема да стигаат, недоволни се, али затоа паричниве додатоци ќе покријат сè? Ете зашо после луѓето ве мислат дека сте мрзи и све чекате на готово. Не се лути, ама не ти е у ред ова. Не знам кај мислите дека живеете, 1000 евра секој тука не може да зема, не бладајте. А и машала читајќи те, приватно здравствено осигурување, онлајн порачки, абе жити све од кај? Социјален случај ова све е моќен да го праи?
Не јас аплицирав категоријата над 30години.... И сакав свое да започнам и сметам дека заслужував бидејќи наместо вака да мислат дека социјална помош барам дека неспособна за работа... Јас се убаво размислив и најдов и направив план да започнам веднаш со работа бидејки поддршка добив од сите дома и планирав веднаш по добивањето на средствата да започнам со работа. Надеж ни даваа и т.н. пријатели дека мажот ми ќе го вработат (на крај ништо) а јас имав поддршка за чување на малата .. Најдов се до детал се проулив и цела бременост напорно работев договарав планирав... Бидејки имав надеж а и имав надеж дека годиниве наназад никогаш не одбиле никој што аплицирал... А многу од нив знам што ништо не направиле туку си ги пренамениле средствата во пари.. Така да многу ме разочараа оти бладаат на тв вака така на крај на нивни луѓе му нададоа..
@Nuny ако е ептен тешка ситуацијата побарај помош појди во социјално ќе ти кажат што се треба.. Не ми е реално дека не можете толку да најдете работа, те одбиле за сопствен бизнис не е крај на свет ќе најдеш работа. Работа не може да најде тој што не сака да работи. Баш Кичево нема работа, Охрид ви е на 40мин таму има работа сигурно, ништо страшно што ќе патувате 40 мин секој ден јас во ист град работам и живеам па патувам 30 мин до работа. За маж ти има на градилиште работа не мора да има сертификат за армирач или слично може како општ работник да биде пријавен исто во Охрид има хотели многу, може таму работа да најдете како хигиеничари, има кафичи, бутици раздвижен е градот... Барајте на повеќе места а не на неколку ве одбиле и готово крај.. Сигурно и во Кичево има ресторани нешто како помошник во кујна можете, на садопер, некои фабрики исто сигурно има.. Крајно ако никаде не бива во комунално, не е срамота и таму да се работи.
Колку луѓе во државава живеат со 30.000 денари гледаат фамилија, плаќаат сметки, кирии, кредити, па треба да напуштат работа, според муабетов? Ако не ти вредат тие 30.000 денари тогаш додатоците воопшто не ги барај зошто ни упола нема да ти помогнат. По маркети, аптеки, бутици и кафичи има работа за секого и без врски. Кога немаш друг избор и си стигнал додатоци да бараш, ќе прифатиш било каква работа за колку толку да застанеш на нозе. И на крај краева некој мора и тие професии да ги работи.
Со кукање губиш време. Ако ти не можеш да работиш моментално, тогаш маж ти нека фати патот и нека се распраша наоколу. Ако не бива локално, нека аплицира за во поголем град. Триесет илјади не се многу, но не се ни ништо. Со малку стегање пак ќе поминувате тројцата, за разлика од многу помала помош. Кам и Стокомак постојано објавуваат огласи за касиер/ки. Крај краева, не е срамота и да се чистат туѓи куќи и објекти. Испринтајте неколку листови со објава дека барате работа и броеви за контакт, залепете ги некаде и ќешки некој ќе ви се јави. Патот чини, но ако ви се јаде едниот од вас ќе мора да го врви.
Мислам дека некои работи не ти се јасни. Да пробам да напишам по просто. Парите никој не ти ги дава на рака, тоа е се преку профактури и фактури за да си земеш материјали за работа. Тука спаѓа и кревет, маса, клима.. зависи од потребите на бизнисот. Е сега, обврзан си фирмата да ја работиш 2-3 години, зависи од планот. Ако ја затвориш пред време (како што кажуваш ти дека некои си лапнале пари и затвориле фирма веднаш) треба да го исплатат целиот износ кој му бил одобрен. Лани беа 5.000 оваа година 10.000 евра. Што делува малку глупаво, некој да ризикува толкава сума на пари за телевизор и клима. Пари во никој случај не добиваш на рака. Тука има и дополнителни трошоци при отварање фирма, документи, штембил, печат. Тоа е некој симболичен износ од 10-12.000 денари, онолку колку што сумата што би ја потрошиле за телевизор или кревет. Тука те гонат од управа за јавни приходи и агенцијата за самовработување. Малку ми е смешно да читам како се пријавувате на вакви проекти, а не сте доволно едуцирани за процесот. Пак ке кажам, можеби идејата не им се свиѓала, можеби имало пропусти… факторите се многу и тоа е веќе завршена работа. За работа во друг град имаш платен превоз и храна во кујна. Ама мене ми изгледа само како да барате изговори и да кукате. Ситуацијата не ви е воопшто лесна, каква и да е работа е. Дали маркет, казино, бутик, кафич. Треба да се тепате во гради за пари бре луѓе, дете имате за гледање.
А социјално мислиш 1000 евра даваат или што? Исплатлива да била...човече... Ако стварно живеете околу Кичево, ене ви го Охрид, ако не ти, маж ти ќе патува секој ден.
Истото пробував да ѝ го објаснам и тогаш. А и од како ќе ја отвори фирмата, нареден месец до 15ти мораш да поминеш плата, еве минималец нека е + 10 000 за придонеси, мора да ги поминеш и тоа не е од парите од Завод, тие се за опрема само како што кажа, платата и придонесите се од твои пари и не ги интересира имаш или немаш. А прв месец, верувај, нема да извадиш цела плата од одма. Така да од една страна и подобро што не те одбрале, во твојава ситуација мислам дека бетер ќе се заглавеше. И на сѐ тоа додади бебе и сите основни трошоци околу него.
Убаво го знам процесот и свесна сум кои се условите и како оди со парите... Парите нема да ги земам одам на наменска сметка преку која е исплаќа опремата што е порачана!! Мене ми беше се спремно од добавувачи, опрема, профактури ( нели треба прво профактури да се достават).. Јас цело лето напорно работев барав де едуцирав... Се консултирав со сметководител од Скопје и навистина многу убаво ми објаснаа се... Со нив и ќе соработував ако ме избереа... Што однесува до трошоците знам дека НЕМА од прв месец да се збогатам... Знам дека треба се да се плати при самото отварање на фирмата и основање на работен однос... Значи не сум ни глупава ниту некомпатибилна да не сватам дека има трошоци... Криво ми е на толку време и вложен труд... Сведок ми е вработената во АВРМ кога отидов и и ја преставив идејата уште пред да се изработи бизнис планот јас имав комплетна шема за тоа како ќе работам.. За тоа и се борев да имам а не за мајтап (како што бев сведок на многу несериозни кандидати што не знаеа ни што би сакале да работат) .. Сакав сама за себе да работам а воедно и да имам за гледање на детето.. Ни сега скраја да не е ни гладно ми босо ни голо ни гладно... Сватете ме како сакате неможете да знаете како е кога не сте моја кожа... Јас ако не сега јас пак ке аплицирам ќе си ја остварам идејата за тоа сум сигурна... Дали преку државата или некако на друг начин... Посеккао аир нема ни од луѓето ни од државата...
Некои професии се толку потценети, а како добро заработуваат во реалноста. Чистачките на пример, во фб групи сами си диктираат цена, до квадрат ја тенчат и муабет не прават за испод цена. Со две работи (држат цела една од по 40 часа неделно, па пак одат по најмалку трипати неделно на повик по куќи и станови) заработуваат ептен солидно. За жал, во општествово на нив често се гледа како на неписмени и необразовани. За машко, мајстор најобичен да е, пак е ценет. Мајстори и така нема, општи работници па ич. Еве нека не е ни водоводџија, ни не знам каков мајстор. Ако има желба, сам ќе научи зашто кога-тогаш ќе му се пружи шанса. Многу жени работат и по две работи, остана мажите да ги жалиме со по една.