Социјална помош

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Intel258, 16 октомври 2020.

  1. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    1.991
    Чекај малку, собирање фактури и отварање наменска сметка е дозволено откако ќе се отвори фирмата. Врз основа на што ти дадија материјали?
    Никој не рече дека не си способна, ама немаше план Б? Еве во случај како што си сега?
    Многу работи не ми се јасни, ајде ќе речам ти си била навистина преокупирана со ова, ама сопругот твој?
    Не барам кривец, барам решение за тебе. Не рековме дека гладувате, дај боже да си најдете работа и двајцата. Поентата е дека социјалната помош е многу мала, нема да ви помогне ништо.
    Тоа се 8.000 денари, во споредба со две минимални плати месечно.
     
    На SummerGirl и Amelia. им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.888
    Допаѓања:
    14.499
    Aко во Кичево ти нудат 30.000 денари, на коњ си. Мал град е тоа, без перспектива. Кај мене во скопска фирма неколку души во друг оддел ги паднаа на минималец, не е рентабилен, ако не чини, ќе го згаснат скроз, некои се туфкаа, немало да седат за тие пари, ова, она, и во кредити и со деца, еве ги седат уште, пола година. Како тераат на таа скапотија во Скопје мене ич не ми е јасно со тие пари, ама сигурно си мислат подобро нешто отколку ништо, барем рата за кредит да платат, за другото мажот ќе мисли и така. Тапа се платите во поголеми градови од Кичево, а што остана за Кичево. Инаку, кога ми кажа една пријателка, плата во бутик минималец, веројатно непријавени, не прашав. Колку човек прави пауза, седи без работа, на некој начин се улежува, има страв во себе, дали ќе се снајде на работното место, па колку ќе му останат од плата, па пресметки во глава и од тука се муабетите „што ќе ми остане од 30.000 денари“. Прво треба да се одработат тие 30.000 денари, потоа да се мислат каде ќе се трошат.

    Пустош е Кичево, како и многу други, и да има работа некаде, ако е фирмата албанска, нема да те примат, не знаеш јазик, и да знаеш, пак нема да те примат. Шансите се скоро на нула. Што ви е дека во Кичево лесно ќе најде? Мој колега од Тетово патува во скопска фирма за смешни пари, ај што се смешни, па и со плати доцнат, сакаше човекот да се префрли кај нас, но веќе имаа најдено човек. Ако во Тетово за еден Македонец нема работа, што е над 80.000, не знам какви шанси има во Кичево што е многу помало.
     
    Последна измена: 29 ноември 2025
    На Veseli _cvetovi и Nuny им се допаѓа ова.
  3. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    702
    Пол:
    Женски
    Така е! ама според некои на форумов имало секаде работа ама ние со мажот ми не сме сакале да ја цицаме државата оти не мрзело дс работиме... Нема врска чабе само душата си ја изнервирав.. Што се однесува до јазикот да Албански не знам ни јас ни мажот ми ама јас Англискиот го знам добро.. Така да и тос веќе не вреди... Не сум против Албанскиот народ бидејќи за разлика од нашите понекогаш побрзо ќе ти помогнат и нема дс те остават ма цедило... Кај нив зборот е збор!! Јас во 2013-2014 кога завршив средно сакав да започнам да работам најпрво на пракса па да запишам факултет во Агенцијата за развој на земјоделието... Отидов директно во канцеларија со директорот да разговарам... Рече чупе од сите страни притискаат ништо не можам да направам (искрен беше човекот)во ред разбрав ништо не реков... Во 2016-2017 повторно си ја пробувам среќата но друг директор беше и паметниот во очи ми вели од која партија сум била "пријателе реков ако јас бев во партија немаше јас лично да дојдам, ќе пуштев човек од партија" ссс му се акнав и заминав... И тоа замислете не барав функција обичен административен работник ништо посебно да мапошам да средам документ да однесам нешто некаде, да пратам маил, писмо да доставам барање или да составам барање... (да не исплашат во форумов дека Затоа не ме примале никаде небаре директор барам да бидам)... Никогаш не барам функција.. Си кажувам кои квалификации ги имам и што знам ниту лажам ниту натклавам... И затоа многу пати велам надвор од оваа "вукојебина" извинете на изразот не вредат дипломи и школо туку вредат: способноста, интересот за тоа што сакаш да го работиш, желбата и отвореноста да напредуваш. Ако те вработат како обичен работник и заклучат што велам јас "ти фаќа кликерот" веднаш ти даваат можност за унапредување и позиција погоре..
     
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.030
    Допаѓања:
    41.363
    Пол:
    Женски
    Ама ти зошто веднаш трчаш државно да работиш не ми е јасно мене.
     
    На Panda00, eliesaab и SummerGirl им се допаѓа ова.
  5. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.384
    Допаѓања:
    9.664
    Пол:
    Женски
    Тој што сака да се снајде ќе се снајде, од работа срам нема, поготово кога имаш уште една уста за хранење (бебето).
    Јас колку што знам за да одиш на испомош како градежен работник, ѕидар, мешање малтер, чирак на електричари и слично не ти треба ни врски, ни вујко владика, само треба да сакаш да работиш, ете толку.
    И мојот сопруг и еден пријател кога беше короната останаа без работа, па додека се снајдат одеа и овоа работеа за дневници.
    Џабе го браниш мажот ти, срамота е маж да не може да се снајде денеска, може нема занает, ама на испомош да оди вреќи цемет да носи тоа може секој маж.
     
    На eliesaab, SummerGirl и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.888
    Допаѓања:
    14.499
    Сега гледам попис, Кичево има 12.000 Македонци. Пописот е од 2021 година, досега сигурно има уште помалку, што умрено, што надвор од Македонија. Која економија ја има тој град? Замрено, сиво. Абе земи социјално и прати го мажот нека оди во Хрватска, имаш агенции во Скопје. Ем социјално ќе земаш, ем тој кеш пари ќе носи, значи социјалното не е загрозено, прилив нема да имаш на сметка. Абе како ја цицаш државата, куп Роми и Албанци се надвор, па земаат социјално, фиктивно некој ги пријавува во биро, или за пари или по роднински и пријателски врски. Еве ќе остави телефон на плакати низ град. И? Сите што ја знаат ќе фаќаат сеир, и плус потегот делува преочајно, а со оглед на тоа дека е мешан град, колку мажи ќе се јават да ја вознемируваат? Многу жени што пишувале по групите да бараат работа да чистат, добиле и куп повици од манијаци. Може да се заработи од чистење, ама во Скопје, кај што е елитата, а во Кичево која елита ја имаш, па ќе вика некој чистачка? Останале пензионери, двајца без тројца се вратат низ град, не знаат што со себе, цел ден им е на располагање, раце во џеб, мерат улици, чистачка ли ќе викаат? Сами ќе си исчистат, и ќе пазат средството потенко, да не го истрошат. Инаку, знам жена пензионерка што чисти кај 2-3 судијки во Скопје, ама тоа не биднало од денес до утре, почнала кај една, па ја препорачале кај други, и така си фатила терк. Ама задоволни се, жената е современа и културна, одмерена, вредна, инаку може да сонува и за тоа. И Охрид не е не знам што за работа. По хотелите не им давале некои бомбастични плати, иако се фалат на Тв.

    Се меша малтер и се носи цемент во места каде нешто се гради. Што се гради сега во Кратово, Пробиштип, и слични места? Времето застанало во делови од Македонија. Ако гради Албанец, свои ќе си викне и ќе си плати, тебе дневница нема да ти дава освен ако не мора. Не ја споредувајте Западна Македонија со Велес, Штип кои речиси се етнички чисти. о Западна шансите за работа за Македонецот се драстично помали, демографија, тоа е. Не е поентата да земе некој две дневници во месец, односно 100 евра, треба работа, постојана, стаж.
     
    Последна измена: 30 ноември 2025
    На Nuny му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    2.423
    Пол:
    Машки
    Мене по се ми изгледа дека @Nuny е единствена во тој брак која што бара кај да се фати за да ја спаси ситуација во која што се.
    Свесна е дека ако оди таа на работа бебето нема кој да го чува иако е во заедница која знае колку доверба има во другите, мажот ич не го боли уво за работа наоѓа изговори и сега ние тука да не го нападнеме него се труди да го заштити.
    Жал ми е ако е вистина секако си оставена сама на себе, се надевам ќе се свести твојот маж или барем нека го чува тој детето ти работи ако е мрза. Социјалното се многу малку пари, нема да се снајдете од тоа само да живеете. Ако немаш друг избор веќе, подобро и тоа отколку ништо, ама најдобро е барем едниот да се вработи.
    Дека е голем дел се партиски кај нас не можам да негирам, ама има места кај што работата може да се најде.
     
    На naturally, Panda00, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.150
    Допаѓања:
    25.732
    Женава ја читав дека мажот нејзин неќел да иде да го заведе бебето во матично оти неќел господинот да се ебава по шалтери и институции, па она морала сама, тазе породена.
    Ние па очекуваме да работи братот. Оќе.
     
    На naturally, Panda00, eliesaab и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Veseli _cvetovi

    Veseli _cvetovi Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2025
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Зошто државно си е државно сестро не е ради плата но куп привилегија имаш
     
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.150
    Допаѓања:
    25.732
    Бебе ако имаш, а немаш скршен денар, ќе работиш од јутра до сутра ако треба, без да бираш
    После ќе зборат оо колку бил секој родител пожртвуван за децата, а тука друга прича

    Ене ко што рекоа, Охрид им е блиску, нека праша таму мажов
     
    На naturally, eliesaab, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.888
    Допаѓања:
    14.499
    Активно мажот нека бара чаре, дали ќе е социјално плус работа на црно, ако нема регуларно, дали ќе е социјално како една сигурност барем за сметки, па работа некаде надвор, и плус каде таа со бебе ќе патува до Охрид? Тоа ќе значи 10 часа најмалку отсуство од дома. Ок е тоа, ама за млад човек без обврски, кого не го чекаат деца дома. И во малите места, државната работа им е како сламка за спас. Ако влезат, имаат сигурност. И ако навистина не сакал да отиде дете да пријави, да земе извод, тешко на жената.
     
    На Mr.Limonko и Veseli _cvetovi им се допаѓа ова.
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.030
    Допаѓања:
    41.363
    Пол:
    Женски
    А државно па една плата што зимаат :D
     
    На naturally, Panda00, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Veseli _cvetovi

    Veseli _cvetovi Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2025
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Државно си е државно бе брат ај ти и на работа не идат:D
     
  14. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.384
    Допаѓања:
    9.664
    Пол:
    Женски
    Не знам како е на тој дел од државата искрено, ама не можеш да ме убедиш дека ако некој маж што има бебе дома до толку не може со никаква работа да се снајде.
    Пак ќе кажам секогаш ќе има работа за тој што сака да се снајде да работи било што додека да најде нешто подобро.
    Нека не е во градежништво, може во некој магацин за истовар на роба да се снајде, таму секогаш има потреба од работници, или обезбедување по некој складови и слично на црно секако се работи тоа за дневница...
    А ако веќе бараме изговори и оправдување за нечија мрза... не знам што да кажам.

    Очигледно @Nuny не му врши доволно притисок, и ќути поради детето. Абе над глава ќе му висам по цел ден. Што правиш дете ако не можеш да го гледаш. Ебати таквиот маж.
     
    На Panda00, eliesaab, Nuny и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.030
    Допаѓања:
    16.797
    А у (facepalm)

    И вие сакате маж домаќин да бидело од него.. маж кој си го сака семејството, и се грижи за него.

    Кутрата жена пишала и во темата Алкохолизам и лекување..

    Со ваков, да не ве чуди што ситуацијата им е таа.

    Зашо бе жени ова го дозволувате да ви се дешава?
     
    На naturally, Snowflake97, eliesaab и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.888
    Допаѓања:
    14.499
    Не ни пиша, не сфатив, колку време е тој без работа? Џабе ќе ја дават тука жената, ако мажот е мрза. Многу полуписмени и приучени отидоа во Хрватска, дојдоа до некоја пара. Мислам лошо е во 5 до 12 ако се најдеш во затекната состојба. Лошо, очај ќе те убие, нема да знаеш кој крај да го фатиш, оти сметки ќе доаѓаат, потреби има, а пари нема. Ете мој колега Македонец од Тетово, работи во Скопје. И плати им доцнат. Евентуално ако превезува некого по пат, па да делат трошоци, ако најде некои залутани патници, па да се покрие. Ама не се откажува човекот, што да прави. Поарно да се стегнеш и да живееш поскромно, отколку да тонеш во долгови. Евентуално ако се во двор луѓето, еден пластеник да стават, да направат бавча, барем за храна нешто да се покријат.

    Ама пишала членката погоре, ако пие, ако е порочен, греота. Форумов сигурно нема да го оправи него. Колку е градот посиромашен, помали шанси за работа, толку повеќе мислење треба и барање, упорност за да се најде нешто асално за работа.
     
    Последна измена: 30 ноември 2025
    На Snowflake97 и eliesaab им се допаѓа ова.
  17. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    702
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на разбирањето.. И поддршката бидејќи не бранам никого... Ја кажувам реалноста... Ама сепак кој не знае ќе пишува секако

    Не трчам државно исто е во приватното ете фабриката што се отвори е приватна не е државна ама пак треба човек... Мене не ми е за државно или приватно не не целам кон тоа..
     
    Последна измена од модератор: 5 декември 2025 во 08:28