1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Социјалните мрежи и нивниот ефект врз денешниот човек

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Nyngya, 11 јануари 2017.

  1. Nyngya

    Nyngya Активен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2016
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Секојдневно ги користиме овие страници / апликации кои што се на само еден "клик" оддалечени од нас. Но дали некогаш сме се запрашале какво влијание и каква промена вршат овие дела на модерниот свет?
    Секој со свое мислење, дали позитивно, дали негативно, но јас лично би ги опишала овие како адиктиви или "полначи" на егото. Facebook, Instagram, Snapchat се искористени и за најситните активности во личниот живот на некоја единка, од јадења до "selfi", кој колку ке се покаже. Но, уште повеќе иритирачко е кога си во друштво со некој, очи во очи, а тој со поглед залепен но екранот, допишувајќи се, разгледувајќи нови "постови" итн. Што мислите вие за оваа нова доба на технологијата и социјалните мрежи?


    Доколку има ваква тема, слободно избришете ја и посочетеме кон истата. :)
     
    На Anon и КикиМаус им се допаѓа ова.
  2. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
     
    На Mr. Right, Nyngya, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    6.312
    Освен фејсбук не користам други вакви чуда, од типот на инстаграм, снепчет, твитер и слично... Во средно една другарка ме убеди да направам инстаграм, едно време ми беше интересно да ставам слики, ама одамна веќе ми е забатален, ја немам ни апликацијата на телефон.
    На снепчет не ја сфаќам поентата искрено, и не знам зошто стана толку популарен, сум гледала вака кај другарки и одвај сфаќам како функционира. :D
    Порано доста седев на фејсбук, и скоро секој ден ќе објавев по нешто, но најчесто песни, профилната сто години ја немам сменето. После некое време го деактивирав на неколку месеци и супер ми беше, но проблемот е што денес скоро се не врзува за социјалните мрежи. Таму ми е групата од факултет, ако ми притреба да пишам на некој нешто во моментот, а не можам да се јавам/му немам број, се наоѓа.
    Моментално, не ни памтам кога сум се ставила последен пат на фб, се ставам на две минути само да вратам на некој, да не мислат сум умрела :D и ќе се исклучам.

    Она што не можам да го сфатам и што ми е тажно, ќе отидеш да се видиш со другарка на кафе или ќе седнете поголемо друштво, и сите на телефоните, седат со вас а се допишуваат на месинџер. Или па, уште полошо ми е кога на сред журка, пред бина, ќе извадат телефон и куцкаат на фејсбук, пишуваат пораки...
    Доста од уживањето во реалниот свет ни е скратено од овој, виртуелен свет. Но, за тоа не е виновна технологијата, смартфони, лаптопи и социјални мрежи - виновни сме си ние самите.
    И порано имало радија и телевизори па сигурна сум дека нашите не виселе цел ден пред телевизорот.
     
    На Someonespecial, Nyngya, sanjaeva и 2 други им се допаѓа ова.
  4. melnicanecot

    melnicanecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите....
    ЗДраво ( одговор во хор )
    Јас сум Мелничанецот и сум Фејсбукхоличар .

    Здраво мелничанецу (одговор во хор )
     
    На Nyngya му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.581
    Пол:
    Женски
    Ќе пишам за мене лично, не ги коментирам другите.
    Најчесто користам месинџер и фејсбук заради тоа што таму комуницирам со дечко ми (за врска на далечина се работи) и ѕидот на фејсбук профилот ми е речиси празен. Приватниот живот не го презентирам таму ни на било која друга социјална мрежа. Имам и малку слики, некои дури се сомневале дека е лажен профил. :lol: На Инстаграм влегувам еднаш до два пати во денот да видам што има ново и не практикувам таму да пишувам со некој во пораки, а и таму не објавувам слики секој ден. Твитер веќе со месеци не сум отворила. И на форумов сум поретко од порано. Така да, социјалните мрежи ги користам најмногу за комуникација. Е сега, знам по цел ден да останам да комуницирам... :wasntme: тоа е единствениот проблем што некогаш го имам со овие мрежи.
     
  6. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    Го користам фб поради тоа што ми треба за комуникација. Не се чекирам, не менувам профилна секој втор ден, не бројам лајкови и не се замарам кој што лајкува и каде се чекира.
    Прикажување на личните проблеми, проблемите во врската и сл. ми се ептен детска работа и се чудам кога ќе видам повозрасни да споделуваат ваков тип на информации.
    Инстаграм ми е повеќе како тинејџерска мрежа . Интересно ми е понекогаш да гледам слики со ефекти, од убави места, од убаво приготвена храна но секој ден споделување ми е лоша навика.
    Твитер имам отворено но никогаш не сум твитала. Понекогаш се уклучувам за да се посмеам на некои твитови.
    Да сумирам - друштвените мрежи се супер ако се користат умерено а не да диктираат нечиј живот во обид да се прикаже во подобро светло пред другите.
     
  7. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Фб користам умерено, не објавувам многу често, не менувам фотографија на профил често, не одам во “live”, не додавам “story”, не се чекирам никогаш, комуницирам со најблиските, им честитам роденден на пријателите и тоа е се’.
    Социјалните мрежи се ок ако се користат умерено и со зачувување на одредена дискреција.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5, Aleksandra9999 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Подобро беше без нив. Камо да ги снема.
     
  9. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.587
    Допаѓања:
    31.694
    Пол:
    Женски
    Како велат ако не пратиш социјални мрежи ,си неинформиран ,ако пратиш ,си дезинформиран :)
    Како и да е ,мислам во глобала има негативно влијание ,со исклучоци се разбира
     
  10. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.986
    Допаѓања:
    8.753
    Пол:
    Женски
    Нè осакатија.

    Активна сум и ги користам, но има периоди кога целосно ги отфрлам (не деактивирам, туку не се вклучувам) и така вежбам самоконтрола на некој начин.

    Повеќето "сервираат" нереална слика за себе, имаат преголемо его дур седат позади мобилниве..Често инстаграмот (до сеа што сум била сведок) се користи за зумирање на слики
    (ако има некој/а крив нос или било што друго, едноставно личноста си е таа т.е своја и не е виновна за немањето совршен дел од лицето/телото)
    и оговарање во друштво што мене лично ми пречи. Никој не заслужува да биде мета на искомплексирани идиоти/ки.

    Недоличното облекување не ни го оправдувам, а е сеприсутно кај генерацииве.