1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Социјални мрежи

Дискусија во 'Слободно време' започната од Belen, 20 август 2010.

  1. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Се почна некако наивно со Пријатели, продолжи на hi5, а денес главно се се сведува на Фејсбук. Меѓутоа, оваа тема нема да ја ограничам само на последнава социјална мрежа, зашто верувам дека се уште се користат и други (My Space, Twitter). Секако, не ги исклучувам ни YouTube, Yahoo! Answers и сличните на нив, како и многубројните блогови.

    На кои социјални мрежи сте приклучени и зошто?
    Колку време минувате на нив, и главно за што ги користите?
    Кое е вашето мислење воопшто за ваквиот начин на користење на слободното време?
    Можеби некој од вас има сопствен блог?


    Водете ја дискусијата на овие и слични прашања. Еве и едно видео кое содржи интересни информации како таа дека Австралијанците се најзаболени по Фејсбук, а бројот на корисници на Фејсбук се поклопува со бројот на жителите на 19 Австралии! Погледнете! :)

    http://www.youtube.com/watch?v=gQ0wFqNf ... r_embedded
     
  2. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Ајде да скршам мраз и да почнам јас... Користам социјални мрежи, во моментов претежно Фејсбук, Твитер и Јутјуб. Фејсбук го користам пред се затоа што сите што ми требаат можам лесно да ги најдам таму, значи најмногу поради четот. Порано многу повеќе го сакав разменувањето на коментари и слики, но сега ми помина тоа. :) Знам понекогаш да оставам добар статус и линк, и тоа е тоа. На Твитер сум далеку попасивна. Се уклучувам 1-2 пати дневно, меѓутоа само за кратко. Таму сум најповеќе заради читање на статуси од лица во светскиот шоубизнис, на мои идоли и сл...

    Меѓутоа, моето мислење воопшто за социјалните мрежи е дека нормалните граници на нивно користење се одамна поминати. Навистина, разговорот со друштвото често се сведува на Фејсбук, или што имало на Фејсбук, кој оставил коментар на кому, кој пишал на чет и слично... Виртуелниот и реалниот живот е измешан. Баш пред некој ден, случајно поминав блиску до две девојки кои изгледа се немаа одамна видено, а случајно се сретнаа, откако се изгушкаа, едната и рече на другата: "Еј те видов уклучена, сакав да ти пишам...". Останатиот дел од разговорот не го слушнав, а и не требаше.

    Она што исто така го мразам кај Фејсбук тоа што веќе повеќе му одговара името Фејкбук... Секој со секого е во врска, бројот на сестри и браќа во Сиблингс го надминува пола град... Секој на секого му е срце, злато, искажувања љубов кои повеќе личат на патетика, фаци кои дремат 24/7 и ставаат лајкови...

    Сакам да се врати времето кога се радувавме на детска пошта, а не на нотификации!
     
    На Dadusicka и roberta-rubi им се допаѓа ова.
  3. Ger23

    Ger23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    12
    Сакам да се вратам....не дека не постои можност да го користеш тоа туку секогаш оди од самата себе за се..тоа е правилото број еден ..Т.С се постои само треба да се сетиме..
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Прво бев на пријатели. Па го избришав таму и си направив профил на Хај5.
    За на крај (се надевам дека е крај) да го избришам и таму и не си направам Фејсбук.
    Не да ми е глупаво, преглупаво ми е. Ама ете како некоја зараза, нема ден да не проверам што имам ново. И ми доаѓа некогаш да го избришам, ама пак имам доста пријатели од страна, роднини ваму-таму со кои најлесно комуницирам преку Фејсбук.
    Еве на пример, се мажеше прва братучеда од татко ми. Живее во Австралија па немавме прилика да одиме на свадбата од финансиски причини. Благодарение на Фејсбук, мојата 70 и кусур годишна баба си ја виде внуката од брат во венчаница.
    Си има предности, ама некој тоа го злоупотребува.
     
  5. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    На кои социјални мрежи сте приклучени и зошто?
    Па... на Фемина и на Скајп :D Имав и Фејсбук ама се избришав од него, стои така празен. Едно време на многу им го хакнаа ФБ и плус има многу мањаци, измислени профили, а да не зборам за тоа колку е незгодно некој да направи профил со твое име и презиме.
    И тоа што мене ме нервираше е некој/а што едвај го знам ме бара за пријател, па уште ако не го прифатиш, кога ќе ме види гњави зошто не си го прифатил...мислам човече муабет до сега не сме направиле ни еднаш, не сакам секого да прифаќам. А да не зборам што на ФБ сите се фраери и фраерки, па слики фрчат и имаш: цуци, муци супер си, леле што си убава ... а таа на машина за перење се качила :puke:
    Колку време минувате на нив, и главно за што ги користите?
    Кога сум дома и кога немам обврски сум по цел ден уклучена или од време на време ѕиркам што има, Скајпот го користам како фиксен телефон ,со сите другарки и роднини така комуницирам
    Кое е вашето мислење воопшто за ваквиот начин на користење на слободното време?
    Па што знам ,корисни се овие социјални мрежи , ама не се користат одговорно. Мислам дека треба поумерено да се користат и да се пази што се постира затоа што секој има пристап до тоа.
    Можеби некој од вас има сопствен блог?
    Можеби еден ден , кога би имала што а промовирам на тој блог, инаку сега со која цел би го отворила ?
     
    На CaperucitaRoja му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65

    Па има многу луѓе што имаат свои блогови чисто за да искажат свој став и мислење, или едноставно зашто сакаат да пишуваат. ;)
     
  7. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски


    Муабетот ми е дека , кога би пишувала поезија, проза, колумни или кога би била член на некоја организација , кога би застапувала некое мислење или би водела некоја акција е тогаш би си отворила блог. Сега не гледам што интересно би читале луѓето на мојот блог.
    Сепак тој блог треба да има некоја цел и некоја тема .
     
  8. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    13.419

    Facebook заради контакт со некои далечни пријатели, да гледам низ страниците на мои идоли...Фемина ми е опсесија,претежно зашто е женски форум. ;)
    Колку време имам толку поминувам. :lol:
    Слободното време, не. Само кога ми е досадно. 8)


    Не е мој блогов ама влегувам понекогаш да прочитам нешто. :)
    http://www.bonbonce.blogspot.com/
     
  9. skygirl

    skygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    153
    На кои социјални мрежи сте приклучени и зошто?
    Колку време минувате на нив, и главно за што ги користите?
    Кое е вашето мислење воопшто за ваквиот начин на користење на слободното време?
    Можеби некој од вас има сопствен блог

    Користам Фејсбук, на почеток ми беше интересно, ќе најдев некој кој не сум видела со години, па коментари, новости, се се разбира таму...Но сега веќе ми се здосади, па се и сешто има, кој ли не ќе се најде, од најмало до најстаро, па и се пишуваат-кај биле со кого, како, што правеле...
    Најчесто го користам за чатот, или да постирам некоја песна и толку.
    Почесто сум уклучена на Skype, таму имам помалку контакти и баш оние што ми требаат па никој непознат не замара.
    На YouTube за некое клипче...
    Секако не претерувам по цели денови на ваквите социјални мрежи, само во слободно време, да проверам шо има кај има, и по потреба за договарање.
     
  10. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    бев на hi5 и уште ми стои профилот ама не го отварам имам и неактивен еден на мајспејс, незнам зошто не ги бришам :^)
    овој на фејсбук ми е разработен максимално, дури понекогаш си викам дека сум фејсбук зависник, ама морам барем еднаш дневно да видам што се случува, ми служи да комуницирам со луѓево успат да зачтедам на сметката за телефон....кој ми треба можам таму да го најдам и успат да видам кој каде бил и како си поминал :lol:
    морам да си признаам понекогаш си ги разгледувам профилите на луѓе што ме интересираат затоа што доста работи се дознаваат преку фејсбук профилите ;)
    порано мсн користев за комуникација, сега 100 години го немам пуштено....ама си направив скајп и тој го пуштам барем еднаш неделно да комуницирам со луѓето што немаат фејсбук.....и покрај тоа секогаш инсистирам да комуницирам во живо ама не е возможно, се нема време, сите имаат обврски и така....барем на слика ќе се видиме и нема да се заборавиме :D
    и ќе заборавев немам блог, ама можно е во иднина да си направам 8)
     
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Најпрво прв пат кога дознав за интернет нели нашколо на информатика си направив мсн и до сега имам трет сменето дека на предходните два им го заборавив пасот поради што слабо влегував, сега и на овој послабо ама пасот заборавање НЕ :)
    После актуелен ко беше хај5от и јас имав сите ко имаа па коментари на слики и ми стоеше до пред некое време , а го немав отворедно можеби 2 години и го избришав. :o
    Отприлика пред една година си направив фејсбук и на почеток беше интересно сега почна да ми здосадува ама тој ме информира за се и ми овозможува контак со луѓе со кои не сме баш блиску.
    Скајп користам од ко знам за интернет и добар е заменува телефон комотно. :skype:
    На пријатели немам профил нити на твитер нити на мајспејс.
    Јутјуб користам таму можеш па се да најдеш во вид на видео и за неколку минути да научиш нешто корисно, на пример јас таму научив како да врзувам машна/кравата. :D
    Ако се користат правилно и корисно овие мрежи добро го потполнуваат слободното време , секако не оправдувам злоупотреба на туѓи профили и имиња на сметка на тоа.
    На мреживе кога имам повеќе време си поминувам дури и по 5 часа на ден(кога сум на распуст), а кога не сум и 2 саати ми се доволни да видам што се случува.
    Немам сопствен блог , а за во иднина не знам.
     
  12. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    5.688
    Пол:
    Женски
    hi5- така започна се.
    Да не се фалам,ама секој ден си мењав тема.. си мењав абаоут ми... едноставно се оптеретив со тоа чудо :^) и тогаш нормално имаше гз-о лижачи,и викаа Имам нова слика, може коментар, ќе ти вратам.
    И не ја знаеш... Што ќе и пишеш на сликата, топ си киисче :wasntme:

    Помина и така наречената хај фајф шема.. Почна фејзбук шема.
    Од-прва рака, не ми беше воопшто забавен, дека незнаев што се има на него. :wasntme:
    Кога ги најдов тестовите, игрите, Па ајде коси фарма, па чувај животинче.. Ајде и со тоа се оптеретив :wasntme:
    И тогаш имаше гзо-лижачи, ама овој пат, за ЛАЈК.
    И така и од тоа ми стана преку глава,дека видов дека луѓето живееа за еден ЛАЈК, и за еден коментар...
    Или пак ќе отвориш еден профил, браќа сестри.... :|
    а со некои нема ни здраво.
    и така си Избришав и Фејзбук, и сега сум стрикно на МСН и на Феминкава :hai:
     
  13. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Од социјалните мрежи најмногу користам Skype,facebook,youtube.
    skype-от го користам за комуницирање со блиските,најчесто преку скајп се слушаме и гледаме со дечко ми кога тој не е тука.
    Facebook направив од причина што сите што ги знам имаат и постојано ме прашуваа направи ли профил.Инаку не му придавам којзнае какво значење,но го користам исто така за комуницирање,пошто повеќето се на фејсбук па можеш да ги најдеш таму во било кое време.
    Инаку чат пат отварам некои блогови колку да видам што има...инаку не сум зависна од интернет и не се оптеретувам многу.
     
  14. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Морам да кажам дека како помала бев зависна од нетот!
    Прво Пицзо, па Хај фајв! По цел ден седев на тие две мрежи и очекував новитети (која будала хехе)!
    После тоа си направив Фејсбук, од прво бев зависна, но кога видов дека место Фејсбук станува Порнбук...ми се одмили....по Богу, па не можам да стиснувам лајк на сликите на моите другарки кои се најчесто со порнографски вкус...........! И не само тоа, ми се смачи од лајкови, коментари безвезни од типот.... Јадам, Спијам, Е*ам....(ми е гајле, што правиш ти)!
    Сега можам да се пофалам, дека не ме интересира ич фејсбукот, и не се замарам со него!
    Социјални мрежи хмммм.....лично за мене е FAIL!
     
  15. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Користам Skype затоа што ми треба за работа а и добар е како замена за телефон. Не сакам многу социјални мрежи во кој секој ѕирка што прави другиот. Целосен воајеризам. Имав и ФБ ама ретко го вклучував зашто имам работа и не можам да гледам кој што прави а и не ме интересира. А за тоа дека ФБ е веќе Порнбук, тоа е точно. Се злоупотребува. Сепак, на ФБ открив дека ме изневериле, инаку „слепа“ ќе останев. Потоа го избришав и немам намера веќе да се замарам и сфатив дека ФБ не ми недостасува. Ако сакам да видам што прави некој пријател, му се јавувам и седнувам на кафе како во добри стари времиња.
     
    На Scarlet88 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.207
    Допаѓања:
    23.986
    Користам се (твитер,фб,јутуб). И имам блог плус. :tmi:
     
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    6.312
    Ме потсети Speechless на добрите стари времиња кога сите бевме на hi5. :lol:
    Па кога кружеа коментарите во типот.. Топ си киссче, уф најубава си бебуве мое, пупии, срцка најслатка си и тако даље и тако даље.. Ју гот д поинт. :D Па таму кога коментиравме на слики со некои анимации зашто не мрзеше да пишуваме некој паметен коментар - а паметен коментар и нема, зашто се се' вртеше околу тие три изрази што веќе ги набројав.. И ах, после ме престигна тешката судбина, кога сите си изнаправија фб а јас неможев да се одделам од мојот стар и добар hi5 (додуше и hi5 стварно беше подобар од фб :^) ) . И конечно си направив акаунт и јас на фб, ии тоа беше дури летоска во јули мислам :D И тоа мислев кујзнае што е, комплицирано, незнаев како се ракува со фб, светското чудо ама ајде и јас се привикнав. :D Не играв игри, посебно кога сите беа запалени по тоа фармата :lol: само евентуално си земав по некое квизче или од оние што ќе ти каже овој, што ќе ти каже оној :lol: и искрено сега ми станал многу досаден.
    Ама ете се уклучувам, така ради реда и од навика. Како што бев порано заразена од hi5 без заразена и од мсн, ама ни на тоа веќе се уклучувам, кога гледам и онака кога некој ќе ми притреба можам да го најдам на фб, па го заборавив и мсн-то. А Јутјуб, па тоа неможе да се заборави. Секој ден, редовна употреба. :D Па, како они мене на свадба ќе ми свират, нема песна што овие дечки не ја знаат, нели? :D
    Ии така. А јас верувам дека и на нашиов драг фб ќе му дојде крајот, само прашање на време е. А јас ушт се чудам зашто уопште hi5 уште постои?! Зар уште има корисници?! :lol:
     
  18. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.019
    Допаѓања:
    5.943
    најпрвин имав профил на пријатели ... таму беше донекаде интересно не ми текнува тошно мала б ев..после на hi5 несакав да имам профил туку помнам дека тој период го поминав шитајќи некој книги кои и ден денес ги паметам.. сега имам профил на фејзбук и задоволна сум.
     
  19. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Најпрво имав piczo профил, а откако сите го напуштија, се префрлив на hi5. Ама и тоа не траеше долго откако дојде facebook ерата и еве веќе 2 години сум на оваа социјална мрежа. Најдолго време сум издржала на фејсбук, вообичаено брзо ми досадува, а со текот на времето како да ми стана и потреба зошто сите колеги и луѓето што ми требаат можам да ги најдам таму. Имам профил и на twitter - иако нема некој што го познавам а да ја користи оваа социјална мрежа, ама ги следам познативе личности и Youtube артистите, најмногу заради тоа го креирав.
     
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    За мене најсоцијалното нешто во мојата кариера на интернет дружења беше мИрцот. Најубави времиња, мајке ми.
    Ќе си укуцаш 103, сеир, македонија, и си се зезаш со луѓето до даска. Многу пријатели стекнав благодарение на тоа, имавме собиранки, седенки, зезанки и многу други -нки. Убави времиња, богами убави.

    Чат пат одев на по некој форум за потоа во далечната 2007 да станам дел од Фејсбук мрежата. Колегата ми ја покажа. Ми прати покана преку мејл, и тогаш изгледав ко она бабулено од Мајки со Apple компјутерче - „А? Кажи сега што е ова?! А што е ова поук живти се? Аха, е добро не можеш тоа у живо да ми го направиш, мора ли вака? Е ај ќе се регистрирам!“ И морам да речам дека дури навлеков доста луѓе на ова чудово на почеток, им викав „Еј стави се на Фејсбук, ќе се дружиме!“ А за два саати ќе пиевме и онака кафе. Колку само звучи глупаво и апсурдно.

    Сега не поминува некое ново запознавање а да не се спомне зборот фејсбук. Нема одење во WC а да не видам девојчиња со напрчени усни пред огледало во стилот „Да мочам, или да се сликам за фејсбук?!“
    Пред некој месец дена запознав многу фино дете, си изнаправивме муабет и на крај ми вика „Мoже да ти се јавам за да одиме на кафе?“ Си велам зошто да не. Извадив телефонот да му го дадам бројот, и туку ми вели „ОК ај кажи ми име и презиме и како да те најдам на ФБ?!“
    ОМГ |(
    Не ми пречи воопшто. И јас сум дел од социјалнава мрежа а пред се ми е мило што сум во контакт со луѓе кои веќе не се во моја непосредна близина. И исклучиво за нив ми е наменет.
    За овие другиве кои ми се на 10 минути пешки многу пати ми е исклучен, да не речам на игнор. Дигни телефон, јави се мајкому!
    „Ама јас ти пишав во инбокс на ФБ....“ Не ме интересира - чао пријатно.
    Така да социјални мрежи - да и само фејсбук кој некогаш е се само не социјален, туку чисто само мрежа.
     
    На blueeparadise и Annath им се допаѓа ова.