Mирц-првото нешто што го дознав како работи,дека контактираат лугето Mсн ми го направи една другарка,и го користам неколку години 6-7 год.,Hi5-го користев некои 5месеци,ми се здосади и го деактивирав,и сега да сакам да се уклучам незнам кој ми е пасворд facebook го имам точно 2 год.и прво кога се уклучив не беше толку навлезен во лугево,ретко се уклучував, и после се преселив во странство и повеке ми беше од корист,сега и да се најдам со некој другарка на фб,веднаш се преместуваме на мсн или полесно ми е за пишување и можам да се гледам и мразам да сум онлајн на фб,од причина што:ми пишуваат личности што не можам да ги поднесам,досадуваат, и некој кога ке ми напише:се секаваш на мене? леле најмногу тоа ме нервира значи најмногу користам мсн и скајп фб онака да видам слики од роднини и другарки,инаку не ах да направив и твитер,ама незнам како работи и досаден ми е,мислам ок е што можеш да читаш што прават омилените актери,пеачи и сл
Имам мсн(од кога дечко ми си дојде Мк, не го користам). Имам скајп(за еден типац од странство ). Е фејсбук е прикаска за себе.. Стварно, не да претерувам, мислам дека кога направив профил на фб бев една од ретките, меѓутоа имав едно сликче, ништо на профилот, пријатели па ич, значи само сликата. И фала богу не ми беше интересно и не ни влегував. Е!од кога почна "фб-треската", решив да се активирам повеќе. Искрено на почеток е интересно,но за да не почнам да претерувам,си се сетив и прекинав. Уште се чувствува заразата(нема ден да не влезам,макар и ништо да не направам),но кај да е ќе помине. Не го бришам единствено заради некои роднини од странство и другарка која учи надвор од Мк. И жими Господ неможам да ги сфатам луѓево! Да знаеше баба ми да работи на компјутер-100% и таа ќе имаше профил. Најмн ме нервира кога на некој му е најважен relationship статусот. Се скарал со двојката и оп сингл, по 3 минути се смириле-ете го пак во врска..Бог да чува. Исто ме изнервираа другарките пред некој ден кога ми рекоа: "па каде да те најдиме кога никогаш не седнуваш на фб или мсн.Стварно - каде си по цел ден?!?!" ЦЦЦ, кој знае како ме барале пред 2 години И да-јас сум излезена и комуницирам очи во очи.Баш ми е мило што не окапав на проклетиот чет! Морав ова да го изнапишам оти сериозно се возбудувам кога се работи за оттргнување од реалноста и стегање лајкови на секој.
Не сум зависник од социјалниве мрежи. Користам мсн и скајп секојдневно од причина што ми треба да исконтактирам со луѓе со кои неможам стално да се слушам по телефони, и едно 5-6 саати во денот ми се сигурно уклучени но не дремам цело време. Фејсбук имам тоа ми е прв профил од социјалниве мрежи, го направив пред се за да играм покер видов од кај другари и првенствена причина ми беше тоа, после 1 година го избришав затоа што се расправав со дечкото па кој ти е овој оној дрн дрн ме напињаше многу и го избришав. Ама... по неколку месеци одкога почна новава студентска година морав да го вратам ми беа потребни контакти од колегиве а и си имавме приватна група за да сум во тек со сите настани испити, предавања... и сега сум повторно на фејс. Пријатели имам исклучиво што ги познавам, не се ставам многу и не дремам на фејсбук, го користам првенствено ради факултетскиве колеги, роднините во странство, некои подалечни роднини и пријатели кои не ги гледам често, останатото ми е чиста забава, по некоја игра, некое песниче ќе ставам, не коментирам на се и свашта ко луда, не ги отварам оние квотине глупави, мразам коа некој ќе ми го нападне ѕидот и наааајбитното не се сликам специјално за на фб
па имам мсн и скајп ама веќе има една година не ѓи користам бидејќи сум на фејсбук во почетокот ми беше интересно се ставаше слики па се ширеа познанства сега веке се е навика не се допишувам со никој освен со другарките и дечкото разменуваме пораки со нив и тоа е ми помина меракот може понатаму ке го избришам
Мене ме интересира дали некоја девојка знае како на фејсбук да наместам одредена особа да не може да ми постира на зидот? знаци само одредена особа а не да направам никој да не може да ми постира???
Maца мислам дека за тоа не може да прилагодиш само за одредена личност,или сите може да ти пишуваат или никој,пошто има во прилагодувања -- Пријателите можат да пишуваат на мојот ѕид и копче да активираш и деактивираш,а нема Прилагоди,каде ќе одбереш кој не сакаш да ти пишува.
Да го најдов тоа,ама не сакам сите да не ми пишуваат а може и ќе најдам друго решение да ја избришам од пријатели таа особа зошто заслужи.фала ти,ако дознаеш нешто пиши
Мен-то ретко го користам, на скајп сум поактивна поради тоа што контактирам со луѓе со кои не моѓам телефонски стално и имам фејсбук профил на кој сум секогаш активна!!
пред 7 години прво направив мсн потоа си заборавив лозинка ајде нов,после две години скајп во 2008 фб па ми го хакна (заради чипове на покер) си направив нов (но никогаш не сум била зависна од него а на чат сум и по две недели офф) па си направив нов скајп бидејки имаше некој проблем со стариот и никако да ми се оклучи...пред некое време го деактивирав фб-то и сега сум си само на скајп и на фемина...мсн не сум пуштила со години... ни твитер ни хи5 ни пријатели ни ништо не сум имала а и нема ни да имам фб-то го исклучив од премногу молење и замарање за лајк и глупи групи (иако имав во посебна група луге за муабет) и дозволено да гледат се (ама сепак од премногу радозналост) на крај отиде во бестрага...
Па јас сум приклучена на многу социјални мрежи како Facebook,Twitter,hi5,MySpace,youtube,yahooanswers фемина,скајп и блоговите Имам сопствен блог Еве го: http://fashioncareofwoman.blogspot.com/ Ги посетувам кога имам време и кога сум слободна. Може некој да ми каже како се работи со твитер?Цела година имам акаут ама не можам целосно да сфатам Дали е до мене или твитер е глуп?
Поодамна имас на Пријатели и hi5 но веќе не , моментално сум активна на facebook, twitter и youtube .. го користам facebook најмногу , twitter го посетувам ради интересите кон славните личности , мои идоли итн, но пред некое време се случи да ме следи момче кое работи во mtv не го знам баш само од тоа што прочитав и е со плаво знакче, се изненадив по малку youtube го користам ретко, многу ретко
На кои социјални мрежи сте приклучени и зошто? Фејсбук, нормално -.-. Приклучена сум само затоа што некои личности само таму можам да стапам во контакт...Понекогаш кога ми е досадно знам да утепам некој час на него и така. Воглавно скоро сите слики и информации ми се заштитени, а пред некое време и ѕидот ми беше сокриен. Оддамна имам наумено да го бришам, не знам кога ќе биде тоа, ама ќе биде за скоро време, тоа да, секако. Друга социјална мрежа?? Ах, да. Синоќа добив покана за Гугл+, па се регистрирав...па денес ќе разгледам што сра*е е тоа. Колку време минувате на нив, и главно за што ги користите? Зависи кога како, ама воглавно малку време, едноставно немам попаметна работа. Или можеби кога играм некоја игрица или читам е-книга, или било што на нетов..го оставам вклучен. Само ќе проверам известувања...ако не ме мрзи, ако ме барал некој по порака и то. Па главно за да стапам во контакт со некој, а сега богами како што го сменив бројот...и имам едвај 10 контакти во телефонот, ми треба. Кое е вашето мислење воопшто за ваквиот начин на користење на слободното време? Глупост! Ама баш глупост! Слободното време може да се искористи и за маникир, педикир..ова она. Можеби некој од вас има сопствен блог? Ноу, ноу.
За мене твитер е најдобрата социјална мрежа каде нема глупости. Значи нема пријатели туку следачи. Само следиш одредени личности, можеш да гледаш што пишуваат, а дали тие ќе те следат тебе е нивни избор. Не значи дека ако следиш ти некого дека и тој ќе те следи тебе. Јас таму следам славни личности на кои им ја пратам кариерата и ме интересира што работат во животот, пример објавување на нов албум и ќе ги напишат сите информации таму. Има само "ѕид" и статуси (tweets), ништо повеќе. Ниту лајкови, ниту коментари, ниту слики, никакви пропратни глупости. Само статус ко информација и толку. Ми се свиѓа што е толку едноставно, а корисно (ултимативно земено) Тоа е тоа, ако сакаш да спомнеш некого, да му напишеш, не му пишваш на ѕид, туку во твојот статус го тагираш. Значи буквално нема никакви коментари, само твои статуси, а на home се статусите на оние што ги следиш
Мене Мајспејс ми остана непрежалена љубов. Подобра ми беше и од фејсбук, за твитер муабет да не правам. Штета што се накотија толку многу мањаци под маска на напатени уметници, па направија да ми се одмили мрежата. Фејсбук имам, најпрактичен ми е. Контактирам буквално со сите луѓе на кои ме мрзи да им се јавам. Твитер имам, ама никогаш нема да го користам. Барем јас не сум од оние личности што може да си ги сведе мислите на 140 карактери дневно. Тотално ми е безвезе, плус не следам познати личности. Гугл + демек ќе направеше бум, добија сите покани и замре местото, штама невидена.
Грешка си Алис. Да,точно дека на „профил“ фотографијата неможеш да коментираш но затоа можеш да коментираш на останатите слики што ги објавуаат,а исто така можеш да коментираш и на некој tweet.
А да си прашам јас, тоа на Твитер се вистинските профили на познати личности или некој што нив ги застапува, така нешто..? Бај д веј, се прашувам зашто сите познати се на твитер кога мислам дека таа поретко се користи, сите скоро користат фејсбук. А инаку јас порано користев хај5, имав акаунт на гугл, јутјуб и скајп и ги користев тогаш, ама сега сто години не сум се уклучила и сум ги заборавила и пасвордите и акаунтите и све. Само си го најдов некако на хај5 поранешниот профил и леле кога видов што ми оставале коментари на профил, па што статуси сум имала.. Абе цепки. Лелее, бебуве мое абе пикачуу.. те сакуфкам, топ профил4е имашш, зегзии си уауу. Имам и акаунт на јаху ансверс зашто нешто ми требаше да си прашам и да пратам имејл на еден писател и така.. ама од тогаш се немам уклучено. А моментално користам само фејсбук и супер ми е, ама во последно време не се уклучувам многу ми здосади веќе, све исто па исто. П.С. И да прашам дали може некој да види кога ќе го тагнеш во пост, јас тагнав некој и отидов на неговата страна и го немаше мојот пост.. Ах, и да како можеш да знаеш дека профилот на некоја позната личност е вистински, зашто сега кога го барав профилот на Аврил и на Силвестер Сталоне ми изглегоа триста профили такви.
Да,вистинските профили се.Инаку,познатите користат твитер,прво бидејќи ако користат фејсбук полесно ќе им го хакнат и ќе добиваат 5000 нотификации на ден,friend request итн
Само фејзбук имам на кој сум уклучена доста време но се обидувам да го намалам , порано имав и хи5 и пријатели ама им помина модата па ги избришав