1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Социјални мрежи

Дискусија во 'Слободно време' започната од Belen, 20 август 2010.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    Пак јас :$ ама па не можам да го скужам ова твитеров. И ај, од што немам што да правам а немам пријатели на твитер и си испоаднав таму познати личности и фатив да ги тагнувам во постови, ама како ќе знам дека они го виделе тој пост и дали ми коментирале нешто на истиот. (океј, знам дека немаат они баш време да ми одговараат на мене, ама за секој случај. :D) Ама има кај некои на профил што стварно им враќале на тие што нешто ги прашале.. :)
     
  2. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Да, точно. Во право си. Сега ми текна коа пиша :) не ја користам оваа опција за коментирање. А сликите само што ги ставаш во коментар. Албуми правење нема

    А Саја ако зборуваме за манијаци, тогаш на мајспејс ги има во изобилство. Ради тоа и го избришав. Не беше можно тоа колку спамови дневно ми стигнуваа и пораки од типови "asl pls, web cam"
     
  3. ani22

    ani22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    303
    лесен е твитерот и тоа многу само додека го сватиш треба време , секако и мене ми требаше а сега немам гајле.. на почетна слика не се коментира , а слики се ставаат на twitpic ..таму се оставаат коментари , исто така можиш да видиш кој кoлку ја погледнал твојата слика.. интересно е само да се свати :D
     
  4. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Останав само на фејсбук.
    Користев најпрво пријатели, па hi5, и на крај фејсбук. Некако овде имам најбрза комуникација со луѓето со кои треба да се договорам па без да звонам. Едно време знам направив и на мајспејс профил, ама не се снајдов многу и го баталив.
    Користев и мсн, но пред некои си 3-4год. веќе не. Сега само скајп.
    Од пред некое време можам да кажам дека повеќе дремам на фемина отколку на фејсбук. Но секако стои уклучен.
    И тоа.
     
  5. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    http://userscripts.org/scripts/show/107159
    Еве, ова е за Хромот, имаш горе Install и само еден рифреш на фб и си го имаш стариот чет :wasntme: .
     
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Имав Мајспејс, но веќе не, го избришав пред некој месец. мсн-ретко користам, а скајп исто така, сепак добар е за комуникација. Од пред некое време имам Твитер, но некако не ми е интересен и не го отварам често. Фејсбукот ми е интересен и корисен за комуникација и продолжувам да си го користам...
     
  7. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Најпрво започнав со мсн. Го користев само него одредено време, се додека некои пријатели не ми предложија да си направам фејсбук профил. Најпрво не сакав. Немав фејсбук долго време. Конечно го направив, па си заборавив пасворд, па правев со лажни е-маил адреси и сега си сојат така 3-4 профили за без врска. Баш прееска пријавував, а имав и од поодамна пријавено еден профил, па никому ништо. :wasntme:
    А баш сакам да ги тргнам. Ама шта чеш.

    Сега за сега сум само на фејсбук. Имам еден профил и стварно не ги сфаќам финтине со повеќе профила. Оние пријатели кои ќе ги имаш на едниот, ќе ги имаш и на другиот. :^) И мене ме фати таа еуфорија со правење 2 профил, ама набрзо го деактивирав.

    Дали сум зависник?
    Дефинитивно. Тоа ми е како дрога, неможам да се одвикнам. "Као никотин, ти још.." хаха :D
    Сакам да се одвикнам. Еднаш пробав, издржав некој ден, па повторно се логирав. Кога сум некаде, немам гајле. На одмор издржав без воопшто пристап на него. Но кога сум на комјутер, неможам да не го оставам вклучен.

    Го користам за комуницирање со пријатели пред се. Ретко се допишувам со непознати. На чет не враќам, освен ако не ги знам. Не договарам средби и такви ствари. За тоа се плашам. :D

    Имам многу слики зошто обожавам да сликам и да се сликам. Не ми смета тоа.Кога ме аднуваа порано ги игнорирав, но подоцна ми велеа "Зошто не ме прифати, па се знаеме" А јас сум изумила.. Сега ако некој ме нервира слободно го блокирам. Не прифаќам странци. Отприлика толку. :)
     
  8. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Најпрво се регистрирав на hi5, го користев еден период, но набрзо го избришав профилот. Потоа, се регистрирав на Фејсбук, и еве до денес го користам. Кога имам слободно време, голем дел од денот го поминувам на оваа социјална мрежа. Фејсбукот го користам за контактирање со другарки, другари, роднини...

    Инаку, имав профили и на Twitter, MySpace, но воопшто не ги користев и ги избришав. Бидејќи најчесто комуницирам преку FB и MSN, а понекогаш и преку Skype.
     
  9. Shaila

    Shaila Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    56
    Обично Скајп и Фб... Понекогаш мсн, твитер ... :!: Али реткооо
     
  10. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.733
    Допаѓања:
    8.091
    Пол:
    Женски
    Имам отворено само фејсбук и тоа го користев релативно кратко време,неполна година.Го затворив зашто ми стана напорно и открив (фала богу) дека не ми треба.Немам некое позитивно мислење за фејсбук туку дека единствено служи за тепање време,ширење малограњански сеир и лечење понекој комплекс.
    Жива здрава сум,не чувствувам дека ми фали нешто.Комуницирам преку скајп,меил ама само кога морам,значи ептен ретко.Преферирам контакт во живо или евентуално преку телефон.
    Епа старомодна сум де. :P
     
  11. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Наjпрво се приклучив на Скајп, за долгите раговори на телефон со една другарка ги префрлиме таму. Планот половично беше реализиран. Сепак на телефон ни беше некако поинтересно. На скајп, заедно си игравме игрички. :D
    Потоа направив Месинџер, па таму се допишував со пријатели и роднини.

    Па се приклучив на Фејсбук. Се зачленив со цел да си играм Пет Сосајати :rofl: Ама потоа преку Фејсбук почнав да комуницирам со пријатели, роднини. Фејсбукот тогаш дефинитивно ми го замени домашниот, па и мобилниот телефон. Порано пишував по повеќе статуси, ама веќе ми здосади, па се поретко пишувам. Главно сега ми служи за допишување.

    После Фесбук се приклучив и на Твитер. Не сум многу активна таму, порано бев повеќе, ама сега се‘ помалку. Твитерот главно ми е за да ги следам моите идоли.

    И потоа Фемина форумов, на кој што сеуште сум доста активна и пишувам.

    Пред некое време си направив и акаунт на Јутуб, за да ги лајкнувам и дислајкнувам некои видеа, да оставам коментари, и по 100 пати во денот да си ја прелистувам направената листа со песни.

    Кога нема што да правам, ги вклучувам сите одеднаш. Прво Фејсбук, па Месинџер, па Фемина, па Јутуб, па Скајп. И ако ми текне Твитер. :lol: Испроверувам на сите, ако има некое известување, и потоа продолжувам со Форумов, и си читам, и читам, и читам, и читам... :lol:

    Се заразив со социјалниве мрежи. Можам да издржам подолго да не се вклучам, ако немам компјутер покрај мене. :lol: Ако има, небива, а да не вклучам. :!:

    That's all. :)
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Почнав со ем-ес-ен, нели таму беа главните дешавки.
    Па продолжив и со мајспејс, хај5 - по кратко време ги деактивирав, бидејќи ми здосадија, а почнаа да ми стигаат покани за пријателства од секаде и секакви, па мало дејче страшливо, сеукакав. :D
    Следуваше скајпот, како решение, богами и порта кон долгите видео-разговори со братучетките од странство, а и другари, другарки.
    За фејсбукот нема потреба да нагласувам, го имам колку да сум во тек со ''настаните'', знам да напишам некој статус, редовен постирач сум на линкови, ама почна да ми здосадува, искрено.
    Сакам да ги снема сите социјални мрежи и да си се вратиме на зборењето по телефон, со саати и саати, ми фалат караниците за долгите телефонски сметки.
     
  13. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    На кои социјални мрежи сте приклучени и зошто?
    Колку време минувате на нив, и главно за што ги користите?
    Кое е вашето мислење воопшто за ваквиот начин на користење на слободното време?
    Можеби некој од вас има сопствен блог?


    - Моментално facebook, youtube и форумов.
    Претходно piczo, hi5, bebo, myspace (кој не го користев) и профил на страната на кечери. :$ :$
    Зошто? Youtube поради видеата кои нели не можам да ги префрлам ради глупавиот апарат. Фала му на сервисот што го направи, гледам супер е. |(
    Facebook поради групата на мојот клас и затоа што мајка ми не ми дава да немам профил. -.-
    -Главно за комуникација со клас, а форумот валда е познато. Некогаш цел ден, некогаш ич.
    -Во последно време се повеќе и повеќе се каам. Досадно ми е некако, сакам промена.
    -Имав, пред неколку години. Кој знае што се случи со него.
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Моментално од социјалните мрежи ги користам само твитер и фејсбук. Твитерот го користам за разонода, а фејсбукот воглавно за комуникација. Порано имав и hi5 и piczo профил и свој бло, но веќе не ги користам како ни msn-от. Денес сите имаат фејсбук, дури и домашните миленичиња, па најчесто луѓето што ми требаат ги наоѓам таму.
    Освен за комуникација, фејсбукот го користам и за потполнување на слободно време со играње симс, покер, а едно време играв и фарма. :)
    Акаунт на Јутјуб имам уште од пред некоја година, ама тој не го користам за комуникација, туку чисто за да направам subscribe на некои влогери кои ги следам, да давам likes и dislikes и евентуално да пишам по некој коментар.
     
  15. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    688
    Колку повеќе социјални мрежи се појавија,толку народов стана повеќе асоцијален отколку да се социјализира. Фејсбукот е најбитната работа у нивната ствар,навлезена до толку многу што им руши пријателства,им расипуе врски,се радуваат на лајк на слика,забораваат на јадење,на спиење,на обични дневни навики,се се одвива преку фејсбук. Нормален живот,што ли беше тоа...
     
    На Beauchamp му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
  17. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Ај да ве прашам за да не отварам друга тема.Како се менува пасворд на мсн?
     
  18. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.614
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Прво што имав беше легендарниот Messanger- MSN :D Таму паднаа најголемите бркања и смешни муабети, кои дел ќе ги паметам засекогаш :D Следеше Skype, но овој пат со голема сериозност, приватност и селекција. Fb немам и не планирам :)
     
  19. Abby

    Abby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    92
    Само, што ми ставија интернет и ајде јас да не заостанувам,тогаш беше многу актуелен MSN ,па и јас си направив. :D Потоа ,другарките почнаа на Skype (и јас да не бидам заостаната нелии),ајде и јас си направив. :P Цело време,висевме таму, телефонот буквално го заменивме со Skype,таму пишувавме и домашни и триста чуда . :tmi: Стана актуелен и Facebook (без мене каде )си направив и јас но,си го заборавив пасвордот па ајде правев нов e-mail па потоа и нов профил и сеуште го користам :?: (најчесто ми служи за комуникација со другарките).Потоа се придружив и на Femina. :inlove: А сега во скоро време си направив и Tumblr (во мода е де). :wasntme: :lol:
     
  20. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    користам социјални мрежи тоа се најчесто Twitter, Facebook i Youtube :D