Aх тие социјални мрежи, некому му помагаат, некому му го расипуваат животот.. Јас во вториве се вбројувам
Леле ко ќе ми текне на Хај5 косава ми се крева, какви слики имав таму Сега само користам фејсбук, скајп и уште некој.
Facebook година дена има што го имам избришано, не ми фали. Не ни знам дали ќе го вратам Цел ден ми е уклучен Твитер, јутуб,скајп.
На кои социјални мрежи сте приклучени и зошто? Колку време минувате на нив, и главно за што ги користите? Кое е вашето мислење воопшто за ваквиот начин на користење на слободното време? Можеби некој од вас има сопствен блог? Некои сметаат ако не си приклучен на некој социјалана мрежа си ван свет ван нормален живот а ова уопште не е нормален живот...коа некој ќе ми каже 8саата сум на фејсбук живти се ја да заспијам пред компјутерот пак нема толку долго да останам...стојам зад тоа дека се што е умерено е добро така и за социјалниве мрежи...приклучена сум на фејсбук и твитер.Твитер го користам 2-3 пати месечно за некои глупости да видам тренд едно друго додека пак на фејсбук сум почесто поради школово...не дека е само врска со школото седнувам да видам што како има на кого му е роденден пошто преку фб тоа се дознава шала на страна преку фб дознав дека ми се омажила братучедка дека колешка на мајка ми се мажела дека некои блиски роднини добиле дете и све остало...бруки е ова да си се пофалам кога сум од понеделник до петок во школо седнувам само 1 час на пц ама комбинирано ми е ако оцабајле седам 15мин кога ке дојдам од школо уште пола саат и така, немам време и живци да седам повеќе од тој минимум/максимум 1 час..слободното време може да се искористи и на многу подобар начин сите тоа го кажуваме а не го правиме
Јас од социјалниве мрежи користам моментално само фб,а сум користела и од почеток хај фајв,тагет,топ мк секаде се имам реистрирано ама моментално само фб активно го користам и скајп а порано и мсн ако се вбројува во социјалните мрежи
Користев Фејсбук, ама ми се здосади и го избришав. Почнаа сите да ме договараат преку него, телефон да кренат да ме чујат никако. Ме немало на Фејсбук, не сум ја видела пораката, што знам што, како да е многу тешко да ме најдат вака. Епа сега кој сака да се дружи со мене, ќе ми се јави и ќе ме викне во живо да се видиме. Имав кратко време и Твитер, ама некако не ми беше привлечен, може не сум му ја сфатила поентата.
Ако разумно се користи секако дека социјалните мрежи се корисни, но како и во секоја работа има и такви кои ги злоупотребуваат. Е, сега они кои што ги злоупотребуваат презентирајќи се во лушо светло е нивен проблем, но има и такви кои користат туги фотографии и податоци како би нанале некому зло. Јас лично не сум имала непријатна ситуација на социјалните мрежи бидејки се трудам разумно да ги користам. Искрено би ме интересирало што мислите за постирање на голишави фотографи на ФБ каде што меѓу пријателите имате и роднини? Мене тоа ми е малку невкусно, да се разбереме јас немам ништо против тоа доколку некој сака да се слика пред огледало гол или полу гол но постојат и други посоодвети места каде може тие слиќи да ги пласираат. Еве јас имам такво искуство имав желба да видам што луѓето мислат за моето тело и дали моето мислење е субјективно или реално и секако направив неколку голишави фотораии и ѓи пласирав на соодветен сајт и морам да признам дека реакциите беа пвеќе од позитивни. Ова го кажувам не за да се пофалам тук за да кажам дека за се има место и време.
Мислам дека откако се дружиме со социјалните мрежи (Facebook, Twitter, Myspace...) се помалку време имаме за она вистинското, не-виртуелно дружење.Ние всушност не сме ни свесни колкав добар процент на слободно време ни одземаат. Освен за комуникација со пријатели од други делови на светот, не знам за што толку би ни биле од голема корист. Заразни се, ни го пополнуваат времето кое може да го истрошиме на милион попродуктивни работи, но ете пак секој од нас прво ги одбира нив, а потоа се друго. Адикции на 21-от век апсолутно!
Само фб користам,и тоа не нешто претерано..2,3 часа дневно.не сум баш голем зависник од него. Инаку конкретно за фб,мислам дека има позитивна страна-договарање на друштво,се друго ми е негативно-постирање слики со нашупени усни,полуголи,голи..тагирање каде си,зашо си,со кој си.. ...Како и да е,секој индивидуално си го користи.
Користам само ФБ, и тоа само затоа што ми е потребен, а не за фурање како најголемиот дел од моите врснички Точно е тоа дека Фејсбук ги упропастува луѓево
Користам само фб, ама и тој собра пајажина, немам постирано нешто не паметам од кога го користам само за допишување, лајкнувам тоа што ми се допаѓа и тоа, не сум некој ептен голем зависник ама еднаш дневно морам да се уклучам.
Користам фб и понекогапш си велам камо среќа да не постоеше, кога сум излезена сите дремиме од мобилен на фб и сите околу мене исто, значи не можиш муабет да си направиш прво седнување и се бара пасворд од ви фи глупо ми е што се тагнуваат за се што прават во тек на 24 часа и на статус што се ставаат секакви глупости, реалниот живот се премести во виртуелниот за жал
Главно долго време останав имун на социјалните мрежи. Фејсбукот го користам само за некои известувања во врска со образованието, колку да сум во тек. Сега во последно време се активирав на форумите, доста често читам и чат-пат пишувам по нешто (што не верував дека ќе го правам). Читав и кога не бев зачленета, но не толку. А се зачленив заради прашања поради стрес од уписите за на крај да се навлечам и да не можам да се тргнам од лап-топот. Има свои предности, само да знаеш да го распределиш времето. А јас не знам и останувам подолго отколку што треба.