На кои социјални мрежи сте приклучени и зошто? Фејсбук и Твитер. На Фејсбук направив профил за забава, за да пополнувам слободно време, а денес го користам само заради информациите од факултетот кои ги споделуваме на заедничката група на Фејсбук. Твитер користам онака за да прочитам некој интересен твит, да споделам некое мислење. Колку време минувате на нив, и главно за што ги користите? На Фејсбук минувам повеќе време, играм некои игри и се допишувам со блиски луѓе. За познанства преку Фејсбук не сум заинтересирана. На Твитер не се уклучувам многу често, а кога ќе се уклучам тоа трае најмногу еден час. Кое е вашето мислење воопшто за ваквиот начин на користење на слободното време? Јас сум тотално против социјалните мрежи. Ќе бидам пресреќна ако некој паметен ги укине. Точно е дека се добар начин да се биде во тек со актуелни настани или комуникација, но имаат една огромна негативна страна. Уништуваат животи. Можеби некој од вас има сопствен блог? Блог немам. Имав еден обид но не го одржував.
Веќе неколку години наназад користам ФБ, на почетокот ми беше интересно, иако во последниве две-три години ништо паметно нема. Се само разголени девојчиња желни за внимание и лајкови. Исто ми сметааат тие сликања на кафиња и јадења и чекирања кој со кого е, што прави и како прави, ко божем ние другиве правиме помалку или повеќе од тоа што тие го прават. На ФБ ретко објавувам мои слики, еве последната што сум ја објавил е пред еден месец, ниту пак објавувам статуси како некои што се прават паметни и учени, а надвор од виртуелниот свет не се ни половина од тоа што го објавуваат. Едноставно тоа што го мислам и знам го задржувам само за себе, не чувствувам потреба моето мислење да го споделам со некого. Искрено, оваа социјална мрежа го загуби своето значење, а тоа беше за дружење, за комуникација со далечни роднини и пријатели, а сега се претвори само во тролање, чаталење и прчење. Веќе некое време планирам да го избришам фејсбукот, ама не го бришам од две причини, првата е затоа што преку него комуницирам со мојата прва братучетка која живее надвор од Македонија и со неа си збориме за нормални работи и си праќаме некои смешни слики, а втората е заради две игри што ги играм, иако највеќе не го бришам заради неа. И не се допишувам со никој, ако некој ми пише му враќам, ниту ставам лајкови на се и на секого, ниту коментирам (освен на она што мислам дека треба, а ретко се случува). Пред некој месец се логирав на Инстаграм и не го користам многу често.
Јас ги избришав сите профили на социјалните мрежи и од некои други сајтови,освен овде што сум активна понекогаш.
ФБ избришав пред 3-4 години затоа што никогаш и не го користев, ради реда стоеше. Не ми е интересен и сметам дека јас немам што да барам таму. Имам инстаграм, каде сум доста активна затоа што се интересирам за фотографија. На твитер седам колку да прочитам нешто, самата не твитам. А на тамблр киснам секој ден.
Немам фејсбук веќе 3 месеци, леле првите денови неможев да издржам лоол. И сега се ми е ок, си реков опуштено еве стави се на местото кога фејсбук како страница поради икс причини е затворена, и тогаш што би правела, и ми успеа Многу посветувам внимание на инстаграм, особено за шминкање ово оно, и секако Јутјуб е тука како најверен пријател, да ме опушти со некоја добра песна музика што и да е. Другото е аут
Јас сум активна на социјалните мрежи, на твитер, фејсбук, инстаграм, тумблр. А и ЈутЈуб секако. Не се многу корисни, скоро ич ама арни се за губење време.
Морав да ја најдам темава за да се испукам.Значи,ќе цркнам. Аман со фејзбуков,само он он он. ЖИВОТОТ ми е фејзбук,од дома не искача. УЖАС
Не знам дали сте виделе ама кај мене многу пријатели на инстаграм почнаа да шернуваат на стори скриншот од еден профил демек за верификување на акаунтот. Пишува као на 25ти јули инстаграм ке бришел многу профили и демек да го шернеле на стори за да им бил верификуван профилот и да не им биде избришан. Мене лично тоа ми нема некоја логика пошто профилот колку што јас знам се верификува кога ќе го направиш и ти стига линк на емаил со кој можеш да го верификуваш. Дали некој се сретнал со ова ? Јас мислам дека е некој фејк акаунт , и дека не е направен од инстаграм компанијата. Сигурно нешо со вируси е поврзано.
Јас сум активна само на фејсбук, иако многу поретко се уклучувам од порано. Ми служи најчесто за комуникација со подалечни роднини.
Од социјалните мрежи најактивна сум на фб .Си разгледувам профили ,си лајкнувам,споделувам,обожавам да чатувам (не ми поминува денот ако не пишам со некој) и тоа.
https://www.google.com/amp/s/www.th...7/7/6/15929478/instagram-deleted-accounts-why Колку што разбрав од ова,вирус е ?
Фејсбук, Инстаграм, а деновиве доста слободно време поминувам на Јутјуб. Туторијалите од пославниве Јутјубери најповеќе ги пратам.
Не не ова друго испадна. На некој си тип му текнало таков aкаунт со тоа име да напраи и си собра нели у рекорден рок followersi и коа го испошернаа сите си го смени името и испадна некој албанец дека е . Хахахаха ги извозе добро и си собра followers. Мене уште на почетокот чудно ми падна пошо 32к followers а околy 100 following и сите шо ги follow беа албанци и ми немаше логика малце работава.
Моментално сум активна на ФБ кој го имам веќе 8 години и првенствено ми служи за комуникации и договарања а исто така имам и Инстаграм на кој повремено објавувам по некоја интересна фотографија.
Фб имав, ама го избришав уште ехехе пред 3.4. години. за фалби служи. Кој каде со кого на кафе, на шетање, а некои па уште на мочање кога одат што не се тагнуваат. Добро да има и предности да исконтактираш со драги луѓе со кои можеби си изгубил контакт поради икс причини. Ама во глобала не ми фали што немам мој. Мм има, па пак сум во тек со настаните
Фб, твитер, инста, снеп, јутјуб... овие најмногу ги користам. На фб искрено најмногу сум за четување, знам понекогаш и некоја слика да стаам и кенди краш летово се заразив со играње... На инстаграм сум најактивна и некако најинтересно ми е. Порано и снеп ми беше интересно, но ете со тек на време ми здосади полека, седам колку оганчиња да си праам и ради некој интересен филтер шо понекогаш го има. На твитер сум активна со години, но летово малку се оддалечив, не сум ко порано. На јутјуб пратам по некој јутјубер ама ни тоа веќе не е интересно, сите видеа се веќе видени и не ми е интересно, но секако за добра музика чичко јутјуб е тука.