Имам Фејсбук и си минам време на него, не велам не. Порано бев активна на Тамблр но сега го отварам во месецот по еднаш. Ми здосадија сите препукувања за претседатели, политики, човечки права и сл. Денес отворив Твитер, и си пишувам што ми лежи на душа и гледам интересни слики од вселената, Земјата, архитектура, уметност, Дизни и други интереси што ги имам а кога би ги објавувала на Фејсбук никој не би се замарал.
Фб, ама не е интересен ко порано. Некако од навика влегувам као да видам шо има, а уствари нема ништо посебно интересно.
Јас најмногу користам инста и вибер. Како што рече @Brunhilde фб воопшто не е интересен. Еднаш во 1 недела ако го отворам.
Вечно сум неодлучна дали ги сакам или мразам социјалниве мрежи. Супер се за комуникација ама на мобилен имам и viber, watsapp, facebook, instagram, messenger, и во месеци кога ќе ми скисне можам и по пет пати да бришам и симнувам(сите или една, зависи од потреба) Тешко да најдам златна средина
Имам ФБ, Инстаграм и Вибер . ФБ ми е за комуникација за животните... гледам, споделувам постови за вдомување. Јас нешто ќе споделам, каде треба помош и тоа. Инстаграмот ми е претежно по мој вкус како и ФБ, пратам луѓе кои треба т.е. оние кои ги познавам само и оние кои се околу животни. Претежно и тоа гледам за животни и природа, луѓето многу не ме интересираат и нивниот живот. Виберот за слушање и гледање кога не сум дома...
Не знаев каде да пишам... На снапчат има нова опција КАМЕОНС нешто како гиф од вашето лице. Мене не ми ја дава опцијата... Само што го инсталирав и дури им пишав на нив ама нема одговор...