Драматичен наслов. Знам. Секогаш почнувам се ултра драматично пред да почнам да зборам сериозно зошто во мое искуство то функционира за некој да се заинтересира. Леле и во ова лежи тема. Да речиме дека добив малку слободно време и сега мозоков се досадва па му текнуват вакви работи. Ама во претходната тема за хетеропесимизам го реков ова: и бев ко шит. Да. Да. Да. Јас и друг пат зборам за социјални норми и како ги гледам, барем јас, како калап. А во темата за бајас спомнав дека према Јунг постои бајас за сличности т.е. имаме одредени предрасуди кон сите кои не се како нас или во случајов на социјални норми - кои не се слични како повеќето. Од таму преминуваме на то дека свесно или несвесно отфрламе луѓе кои не се слични како нас и од таму кај друга група на луѓе можи да осети притисок да потпадни под тие социјални норми само зошто „така треба“ и „мора“ и притоа да не е отфрлен од општеството, исмеван или дискриминиран. И тоа носи до социјални норми кои не се услов за среќа, туку социјални норми кои се услов за несреќа. Ме интересира, Дали мислите дека социјалните норми се важни во едно општество? Колку е важно да сме флексибилни со социјалните норми или треба ригидно да ги пратиме? Дали лично за вас тие се услов за среќа или несреќа? Како ви се допаѓа моменталниот општествено социјален просек и колку се пронаоѓате во него? Лично, сметам дека социјални норми се важни во едно општество зошто како такво ние се градиме околу нив. И не би биле ние- ние без никакви „правила“. Но, исто така сметам дека е доста важно тоа да биди флексибилно и никој да не чувстува притисок да живее онака како шо треба, наместо онака како што сака. Пошто условот за среќа е уствари нашиот избор и она што сакаме. Лично, социјалните норми не ми се целосно во полза, ама пошто не ги „прифаќам“ и не можи да ми се услов за несреќа. Доколку би ги „прифатила“ - би биле.
Ај, да не си праиш муабет сама, малку илустративно ако може, за луѓе без вивидна креативност-кои социјални норми не ги прифаќаш, што би ти биле услов за несреќа? Како изгледа твојот општествен социјален просек? Мене ми е социјална норма да си кажуваме добар ден во зграда, да проценам дали да го пуштам кучето да се подушка со друго или не, и нормално да го шетам со поводник. Има некои ,,револуционери,, кои не ја почитуваат последнава социјална норма, и искрено тие ми се предуслов за напиздитис. До несреќа не сум стигнала уште
Фала. Па општо. Погледи кон брак пример, правила околу врски, однесување, облека, муабет за "како треба", шо према мене е неосновано да е така. Или пак "срамота е ова" а е нешто најпросечно и нормално. Поентата ми е, некогаш се стегаме за навидум ситници. Ама и капка по капка чаша се полни.
Не мислам дека е предуслов за несреќа, бар не кај мене, ама и те како се причина за тупење и комплицирање на животот. Кога ќе размислам општо за мене, сфаќам дека не се ни присутни во моето секојдневие, но сум се нашол во групни активности со други луѓе каде што сум бил ко: Вака ли функционира општеството?
Многу од работите што се сметаат за несекојдневни мене ми се најнормални. Не знам дали тоа ме прави тешка особа за да делиш со мене и арно и лошо ама ете, сестрана сум, животов ми е еден и баш не се стегам. Социјална норма според некој е да не се дои во јавност.Јас доев. И да се вратам пак назад истото би го направила.Си бев покриена со марама и тоа мене ми беше доволно а на тие околу мене ако не им се допаѓа нека свртат поглед, бебето си има свои потреби,сега и одма. Социјална норма било мажот да биди тој што пазари..ма немој.. ако имам нешто за купување и знам кај треба да го најдам кај ќе оди тој да купува, ќе си појдам јас.Всушност за повеќето работи сакам сама да ги направам, не ми треба помош освен ако ми е неопходна.Пред некој ден сама му го поправив велосипедот на син ми, маж ми ваков беше кога си дојде дома Немаше да чекам да дојди да го поправи ако можам сама, само затоа што се рачуна дека мажот е мајсторот во куќата. Него си го бива повеќе за столарија, полици сам прави , сам си варосува - тоа не ме интересира и не му се мешам. Во однос на флексибилноста на нормите,- да .Треба флексибилност меѓутоа не до тој степен да тоа се коси со нашиот карактер и личност. Одам на места кај што се чуствувам пријатно , ретко се ставам во позиција да треба да одам на слава, именден,свадба бидејќи е срамота да не појдам. На сите свадби кај што сум била со кеф сум одела и сум плачела на првиот свадбен танц.Тоа не го прави личност што е сосила отидена таму,само за да ја испочитува социјалната норма и да не зборат роднините.А имало и доста свечености што сум ги одбила без грижа на совест,пошто сметам дека не ми е таму местото. Еден ми е животов за да се секирам дали ќе ме зборат. Не мислам дека не се вклопувам во опшеството во однос на социјалните норми бидејќи гледам дека има луѓе што се свестуваат да не си ја стегаат душичката. За бракови од различни вери и истополови(геј) се имам изразено во други теми, еве и овде ќе кажам дека не треба да ги засега ниедна социјална норма.Да си прават како што мислат тие. Кај нас,во нашево опшество има многу закочени умови што слепо се држат до социјалната норма, а тоа ги води до ќор сокак. Само не се свесни уште, оти сега мислат дека така треба.Го јадат она што им се сервира без да дискутираат за вкусот.И доведува тоа до една таква несреќа што кога ќе се свртат наназад не гледаат една исполнета мајка, сопруга, жена остварена на повеќе полиња туку само една жена што трчала на сите да им ги задоволи потребите па и на сметка на тоа нејзините да се во втор, трет план.А фала никој не ти вели.
You give some, you get some. Тоа е вистината. Ако сакаш да си дел од група и да ги добиеш од неа работите што само со учество во неа се добиваат (дружење, помош од други, заштита, припаѓање на група, повеќе социјални интеракции итн) ќе се откажеш од некое однесување што групата не го прифаќа или ќе прифатиш норма што не ти е баш по ќеиф. Ти како член на многу социјални групи веќе си прифатила еден куп норми и живееш по тие правила секој ден од закони на земјата кои ги почитуваш до некои мали нешта кои си ги практикувате и пазите со, да речеме, најдобрата пријателка. Така да бегање нема од нормите. Без нормите ако секој прави што сака, од хедонистички причини (за лична среќа и задоволство) тогаш би живееле во тотална анархија. Тогаш ќе биде секој за себе. Поентата е само да се биде во проактивен однос со нив. Кога некоја норма веќе не е прифатлива за групата и штети и сл. и тоа го приметиш, да се направи она што треба за да се смени. Т.е да бидеш фактор кој ќе ја предизвика или изврши промената.