Ова е нешто шо го имам забележано кај многу парови. Се венчаваат - се „шегуваат“ дека толку, забавата заврши, сега е време на бидување во затвор. Се „шегуваат“ дека не си го сакаат партнерот, дека радо би имале друг, дека би биле посреќни поинаку, низ едно бумерско хехенце. Мајтап де. И со едни очи ги гледам сингл луѓе, можеби и малку огорчени па ќе кажат нешто. Сосем поинаку ги гледам овие во брак со ваков хумор. Ме интересира кој е вашиот поглед кон хетеропесимизам? Зошто мислите дека настанува? Дали го разбирате? Ако да, што е тоа што ви е забавно за него? Ако не, што е тоа што не ви се допаѓа? Ќе бидам искрена сум била „жртва“ на ваквиот хумор само зошто сум била изложена на него од најмала возраст. Пошто нашиот „супериорен“ хумор секогаш го пренесуваме на децата. И после то имав свој партнер, и бев заљубена и наеднаш бев ко: . Нешто не штима тука муабетот. Пошто, од мое гледиште, ако јас го сакам партнерот, неќам да му прам мајтап дека мојата иднина со него е затвор кој ми створа мизерија, или пак дека мојот живот со него е секојдневно мачење од кое постојано барам излез со разни активности. Пошто длабоко верувам дека во многу вакви „haha so me“ мајтапи има барем ТРОШКА вистина, ако не и поќе. И кога сум имала партнер и кога вистински сум сакала друго суштество романтично, од тогаш +/- овој хумор ми е ... ете чуден ќе речам во најмала рака. Исто така, мислам дека даваме грешна слика на помладите со ваков хумор. Је ќе се сфати како хумор, ама во исто време се нормализира просечност и несреќа само за да имаш некој покрај себе зошто то е општествено прифатливо. Се нормализира дека јеп, ова можи да не чини и ти ќе прајш мајтап дека не чини и ќе си тониш во мизерија. Исто хетеропесимизмот не мора да е во форма на хумор. Туку да е во фул он омраза кон спротивниот пол, дека не вредат, дека не ги бива, не вреди ништо да прајш и секогаш дека ќе биди исто. И се шо мислам кога читам нешто такво е - who hurt you honey пошто не мислам дека некој што не е повреден би рекол такво нешто, хел, не мислам дека таква мисла би му прелетала. И жал ми е. Жал ми е за сите искуства шо ги имаме вакви и такви. Добри и лоши. Фејсбук е плодна почнва за вакви хехенца, па дури и стрејт ап омраза додека паралелно имаат профилни слики со своите партнери. Накратко, према мене, ми е како форма на непочит кон партнер. Партнер е баш то. Личност со која си еднаков и делиш реалност. Ако не ти се допаѓа таа личност - тоа не е среќна реалност. Ако ти се допаѓа таа личност, и ја сакаш - таа реалност не би ја менвал за ништо и таа реалност носи апсолутна среќа. Искрено би ме повредило да прочитам хехенце за како моите родители се несреќни. Ќе речат дека е мајтап. Ама мислата на крај памет ќе ми остани. Како црв шо копа. Или пак условување на партнер како да е мало дете и условување со сексуалност како награда, а не како нешто шо двата партнери уствари го уживаат. Како обврска, а не како нешто шо ете, го сакаме. Пошто „хаха бракот е затвор хаха“. И натамошно мајтап колку то многу се неќите шо не сакате ни да имате секс веќе, или пак дека немате и само делите простор. Ама кажано како виц и као демек смешно е. Поентата на се ова ми е, јас не го разбирам. Сметам дека во нашето општество сме многу изложени на ваков хумор и впрочем очекувам поќе ваков хумор тука, а и општо. Не очекувам многу луѓе да се ко „лол стварно шо е ова срање“. Ама темава ми „тежи“ во последно многу, иако ми „тежи“ уште пред да го добие името хетеропесимизам ( 2019 си добива име). Нормално дека секој пар, не само хетеросексуалци можи да се жртви на ваков менталитет. Али од 2019 има официјално име хетеропесимизам и идејата е дека „прво“ е забележано и најчесто кај бели, западњачки парови. А пошто живеам во хетеронормативно општество и многу сум сведок на ваков хумор - не се бунам од поимот засега. И то е то. Ме интересира шо мислите вие. Колку мислите дека е невин хумор, колку дека не е невин. Дали уствари тупам. Мислам посекако тупам јас, ама и конкретно дали тупам. Дали сте биле „жртва“ на ваков хумор. Буквално се шо имате да споделите за ова - сакам да прочитам.
Ова ми е хајлајтот на целиот пост. Огромен дел од луѓето не го сфаќаат ова. Ако нема љубов не може да биде среќна реалноста. Џабе идеите дека полесно е да не остариш сам, полесно е да се делат сметките, поисполнет е животот со деца... И после хејтањето на врските, на браковите - на нешто што треба да биде света убавина. Дегутантно ми е и мене да ги слушам како се жалат од партнерите и брачните зандани. Темава како интересна заслужуваше да има барем еден одговор. Макар и скромен како мојов.
Нели. Не знам можи требаше да ја поставам како "социјални норми не спремаат за несреќа зошто живееме во граници на 'среќа' шо ни ги поставува друг и ги игнорираме своите потреби", има доста заеднички точки со та тема ама види го, и збор си има ова. Да отворам уште една тема шо ќе ми игнорираат ако не. Додуша уште една за бајас спремам многу спамер да не испаднам.
Тоа е едната страна од медаљата што може да се поврзе со новонаученово зборче. Другата е дека луѓето не ни веруваат во среќата која може да лежи во зедничкиот живот. Ваљда до толку лоши приказни се изнагледале што им делува хајли анлајкли дека постои супер клик меѓу двајца.
Мене ова ми е спаѓа во иста категоријa со хуморот, хехехехе не е е одамна тепана, затоа е ваква. Односно мизогинистичкиот хумор. Многу работи низ хуморот се провлекуваат, демек смешно е, ама е далеку од смешно. Исто е и со децата, шеги колку ти го уништуваат животот, хахахахахаха, пресмешно. Многу ме нервира сето ова што се провлекува како „хумор“, гледам да не го користам, а и знам да влезам во расправија некогаш зошто не е смешно. Така што, да, I'm not fun at parties.
Многу интересна тема. Мислев дека ваквиот "хумор" е покарактеристичен за нашето поднебје, но ете го, дига популарност и по западот. Имаме ние една поговорка, шала шала, пола вистина, така некако беше. Ова е еден од стереотипите каде по дифолт мора да е така, затоа што околината ни го наметнала. Како што се односите снаа-свекрва, зет-дедо итн., значи мора да е таков односот. Да не должам многу јас мислам, кај нас барем е производ на колективно избегнување на соодветна грижа кон нашето ментално здравје како нација. Ако нешто не е во ред во односот со нашиот партнер, наместо решавање на истиот, се прибегнува кон користење на евтин хумор како средство за бегање од проблемот.
Ни врските, ни бракот, ни ништо не е 'света убавина'. Живот е. Имаш ups & downs и некогаш умерена доза на формава на хумор е здрава.
Не знам точно на каков хумор мислите, ставете уште примери ... следам некои страни на кои има хумор за тоа како мажите не можат да најдат ништо дома, или како жената се утепува од работа пред mother's day за на mother's day да одмори нели ... Најчесто околу нееднаквата поделба на трудот по дома. Пошто тргнавме со поговорките, да пишам и јас, да не беше смешно, ќе беше трагично.
Пандемијата беше најлош период. Иако тука имаше простор за малце хумор и за фрустрација во нормални дози бидејќи си во карантин со партнерот 24/7, тие шеги дека ќе се испозаколат со партнерот кај и да е, редовни станаа и ми стана втф. За жал, јас мислам дека не е невин хумор туку навистина имаме премногу незадоволни луѓе во брак во Македонија. Ова со друштво имам зборено, дека нашите родители на пример, не се научени на комуникација и дека целта треба да е хармоничен брак, туку е баш нормализирано расправање ко ненормален за секоја ситница и после хаха, да можам да го вратам времето назад да не се земавме хахахаха ама мама и тато многу се сакаат не се секирај... Треба да се размислува каков пример се дава на деца. За мене врска е кога сме си safe place еден на друг. Ако нешто може да се избере тоа е партнер. Врска може да се негува и поправа. Никако не е нормално да си 24/7 фрустриран со партнерот и да мислиш дека животот би ти бил подобар без нив.
Многу интересна тема. Не сум размислувала на овој начин, но да, денес срамота е да си заљубен во партнерот, да покажувате нежност еден кон друг, да си помагате, кул се вакви “слатки” кавги. Единствено што ме нервира е ова: Зошто расизмов? Познавам еден куп црни парови кои истото го прават.
Те молам препрочитај ја реченицата. Внимателно. Клучни зборови: прво забележано, најчесто и слично. За поќе информации обрати се кај човекот ( жена беше ако добро памтам) кој/а го "измисли" зборов пошто така беше опишан кога и самата прв пат го сретнав. Мое беше само да ги изнесам сите информации кои ги знам. Инаку да, и од башка сексуалност има вакви врски. Али пак се вика хетеропесимизам. O well. Повеќе од аспект на straight up велење дека не го сакаш партнерот, дека сексот ви е лош, дека неќите очи да си видите, дека бракот е затвор и сл, ама се то намачкано како да е мајтап со "хехе" на крај. Поќе од овај аспект. Еве "пример" од темава:
За страв се работи. Пред сто години, поради " пу,пу,да не чуе ѓаолот " , жените го ословувале мажот со " чо'еку ", никаква брачна среќа не смеела да се види... Денес очекувањата од партнерот се преголеми, многу е ретко идеален спој во реалноста, многумина само глумат... па се преиспитуваш и повторно сакаш да "сокриеш " , овојпат преку хумор и вообичаени фрази...на крајот никој и не знае дали се шегуваш или не... Залажувајќи се себе си, деновите врват, децата растат, лошите моменти се забораваат...се е тоа дел од животот на оние кои истиот не го драматизираат, туку живеат од ден на ден, па како биде... Не спаѓам во таа група на шегобијци со вистината и понекогаш ми е жал поради тоа.
Во онаа врска каде што постои ваков хумор не постои ниту љубов ниту почит помеѓу партнерите. Ваквиот хумор е можност во завиена форма, демек се шегуваме, да се каже она што се мисли. Ако го сакам партнерот никогаш не би помислила а не па да се шегувам дека ми е како во затвор со него, дека не го сакам или би одбрала друг. Ниту пак би ми бил пријатен ваков хумор од партнер. А сум била сведок на вакви ситуации, каде маж пред сопругата коментира дека жената е само за да готви, чисти, во кујна и е местото, со хахаха, сите се смејат и жената со нив. Најголем хетеропесимизам на свадба младоженецот највесел на песната Ерген одев поарно ми беше... Хетеро валјда се мисли за сите хетеро парови без обзир на раса, вера, националност. Не дека не може да постои и кај хомо паровите.
Зависи каква смисла за хумор имаш. Да си со мене, цело време ќе се осеќаш навредена. За среќа, на маж ми му е смешно. *Напомена: Ростам се', вклучувајќи се и себеси. +имам црна смисла за хумор
Зависи, ама најчесто се познава по тонот на ,шегата,,. Црн хумор не ми пречи се шегувам на моја сметка и јас, знаеме да се пошегуваме и до маж кога на едниот не му е добро дека конечно ќе се спаси другиот, ама тоа е меѓу нас и еднаш, два пати се случило нешто во смисла на црн хумор. Ама пред други луѓе не би ми биле пријатни за слушање такви шеги дека подобро да си нашол друга или брак/мрак стил, особено ако се повеќе од еднаш кажани
Па Вајлд и мој хумор е ваков. Јас секогаш велам дека имам у ж а с е н хумор. Пошто е роустинг на себе пред се, а после на другите ( можи треба и за хумор да отворам тема пошто има импликации на селф роуст хумор и ментална состојба а и хумор како возрасен и корелација на трауми ко дете, зато СЕ МАЈТАПАМ дека maybe I'm broken, but at least I'm funny *пушта солзичка*) и многу, многу темен хумор искажан со "право" лице. Ама има огромна разлика од ова шо викаме дека е хетеропесимизам. Пошто тука се прај overuse најчесто и се истакнува некаква несреќа, мизерија од партнер. Како со нож да ти закачиле во врат да мораш да се венчаш и са немаш избор сем да останиш во тој брак па прајш хумор оти то ти остана како копинг механизам. Многу често преминва и како бордерлајн омраза кон спротивен пол ама хехе мајтап е хехе. Нешто баш @RainBow погоре шо спомна со реченицата: Или пак ќе спомнам примерот на @Srckata28: И шо мислам дека е клучно за ваквиот хумор е баш ова: Пошто олеснува ко ќе кажиш како се чувствуваш. Макар било то шега. Лично, сме се гибале со партнер, па дури и пооштро. Ама не до тој степен да се почувствува навреден или, чак и на момент, да дојди во ситуација да преиспита мои чувства за него. Исто очекувам и од партнер. Нека ме роуста. Нека има ужасен хумор. Ама со тој хумор да не напрај да почнам да преиспитувам дали е среќен со мене. Пошто ако почниш да прајш пресметки за задоволство од врска ради мајтап - you done goofed. Нешто смрди.
Ако се користи за брецање, тогаш е проблем на лоша комуникација и да, незадоволство од врската/бракот.
Јас со бившите многу често знам да се шалам за варaње, на пример, ќе ме прашаат што правам преку порака и јас ќе сум нешо као "ех, не е за твои уши..." и мене тоа ми е пресмешно, туп хумор клуб. Исто кога намерно "нервирам", во смисла ќе се закачам со гушкање и не пуштам и такви глупости, сум слушала "Леле, тешко мене што ме снајде", ама се осеќа леснотијата на шала кажана со љубов. Не значи дека сакам да варам или дека не ме трпи партнерот (дискутабилно...... се шалам...... ). Ама хетеропесимизам е нормализирање на лоши врски, на неодговорноста на мажите, нормализирање на игнорирање на женското задоволство за време на секс и сите овие шеги доаѓаат од жени кои навистина се соочуваат со такви проблеми. Пример за машка страна е оние вицови за како мораш да ја слушаш жена ти иначе ќе ти се дере, ќе те тепа итн. Ќе редактирам со пример ако најдам.