1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сочувани писма за христијанството

Дискусија во 'Религија' започната од Bulgarian, 11 февруари 2017.

  1. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Темата ја отварам бидејќи сум љубител на такви писма и има доволно материјал за да се направи таква тема.Може да се објавуваат сочувани историски текстови на писма од христијански и не христијански извори,од различни векови.Но јас ќе почнам за почеток со неколку писма од првите три века.Па ајде да видиме кое е учењето во првите три века.


    Апостолски установи(Дидахи)

    Овој ранохристијански спис од времето на Светите Апостоли, е напишан од некој апостолски ученик, меѓу 60-та и 80-та година во првиот век од животот на Христовата Црква на Истокот, некаде во околината на Антиохија во Сирија. Делото е пишувано библиски просто и едноставно и претставува сума на основната Христова и Апостолска наука (Катихизис).

    https://crkvaveles.wordpress.com/2011/12/22/didahi/
     
    На Pontif, Rama и Jas! им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Баш ме интересира дали ќе најдеш христијанско писмо од првите три века каде што се спомнуваат:
    • икони
    • поклонување пред икони
    • молење пред икони
    • молење на светци
    • молитви упатени кон блажената Марија
    • обожавање на блажената Марија
    • свети водички
    • бројаници
    • фрлање крстови
    • созерцавање
    • мантрање со Исусовата молитва
    • учењето за митарствата
    • прекрстување со рацете
    • ценовници за црковни услуги
    • великодостојнички мантии
    • бацување раце на свештеници
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Една корекција на името на претходниот текст. Апостолски установи е друг текст кој неможам да го најдам на интернет.А тој текст гласи Учењето на дванаесетмината апостоли-Дидахи.

    @EvAngelos многу работи немало во писмата ама имало во преданијата.А и не е спорно дека некои работи ги немало во тие векови.Никој тоа не го негира.Иако благословот го имало и чиновите и постојаната молитва позната како исихазам итн.А за тоа ќе видиш сега во следните текстови токму за чиновите и за постојаната молитва.Но овие текстови исто така не ја негираат православната вера.Целосно се во склад со православното учење и го потврдуваат токму православието.Туку напротив не се слагаат со новаците кои се појавија во последните 150 гидини,не се согласуваат со протестантсвото.Како што добро памтам ти викаше дека во првите три века нема писма сочувани кои зборуваат православна верзија.Дека тоа се појавува во четврти век.Но еве јас такви писма изложувам.

    Игнатиј Антиохиски или Свети Игнатиј Богоносец — христијански светец и третиот патријарх на Антиохија.

    Игнатиј бил роден во Сирија. Кога Игнатиј бил дете, според преданието, Исус го зел во прегратка и на учениците им рекол: „Ако не бидете како деца нема да влезете во царството небесно.“ Поради тоа што Исус го носел во прегратка е наречен Богоносец[1].

    Тој бил ученик на Jован Богослов, како и Свети Поликарп, епископот на Смирна. Игнатиј бил третиот епископ на Антиохиja и наследник на Еводиј Антиохиски. Богоносец се нарекува бидејќи според христијанските преданија, Името на Спасителот секогаш го имал во своето срце и постојано му се молел...

    Негови посланија се:

    https://orthodul.wordpress.com/2016/01/01/св-игнатиј-избор/
    1. До Ефесјаните
    2. До Магнезијците
    3. До Тралијците
    4. До Римјаните
    5. До Филаделфијците
    6. До Смирјаните
    http://amvon.mk/ignatij-do-smirjanite/
    7. До Поликарп епископот на Смирна
    https://crkvaveles.wordpress.com/2012/01/16/ignatij-do-polikarp/


    Жалам што сите не се достапни иако ги има.
     
    На Pontif, Rama, Jas! и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    @Bulgarian на кој јазик се пишани тие писма!?
     
    На Bulgarian му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    На Rama, Jas!, Outlook и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    А промовирање на секти од врата на врата?
     
    На melnicanecot, Rama и Bulgarian им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Мислиш на она кога поп оди од врата на врата и прашува дали може да ја свети водата за 1000 денари? Такво нешто сигурно немало и тоа не само во првите 3 века, туку и многу векови подоцна се додека државната црква не стане бизнис институција.

    А за ова како што одат Јеховини сведоци од врата на врата, не сум сигурен, затоа што во Библијата Исус им заповедал на учениците да одат во Ерусалим, па низ цела Јудеја, Самарија, па и низ целиот свет и да го проповедаат евангелието. (Дела апостолски 1:8, Библијата).

    Е сега како практично го вршеле ова апостолите, па и за тоа има доста во Библијата. На пример апостол Павле одел во еврејските синагоги и таму им го промовирал христијанството кое тие го нарекувале „секта“, поточно „сектата Патот“.

    „Но тебе ти признавам: дека според Патот, кого тие го наречуваат секта, така Му служам на Бога на нашите татковци, верувајќи во сè што е напишано во Законот и Пророците,“ (Дела 24:14, Библијата)

    Понатаму има пример каде што апостол Павле оди во аеропагот во Атина и таму им сведочи за Исус (Дела 17, Библијата). Потоа оди кај една река и таму им сведочел за Исус на група жени, каде што Лидија поверувала и тоа е првата христијанка од тогашна Македонија. (Дела 16:13, Библијата).
    Апостол Филип му сведочел за Исус на еден евреин од Етиопија во кочија додека патувале заедно (Дела 8:38, Библијата)

    И така натаму, јасно е дека апостолите насекаде јавно сведочеле за Исус, без разлика дали тоа било верски храм (синагога), или пак аеропаг или река или кочија, едноставно се стремеле да му бидат послушни на Исус знаејќи дека евангелието има моќ да спасува и да преобразува луѓе.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Интересна тема
    Продолжете
     
    На Bulgarian му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Не не добро знаеш ти за какво одење по врати ти зборувам... Попот остава света вода кај тие што сакаат секако и кај православни само кај секташи не оди, а пари мора да зима секако бидејќи и тој си има семејство, децата од воздух нема да му живеат.. Мене минатата година едни дојдоа како методисти или како и да е тоа така ми се претставија, 5 пати им реков одетеси тие пак упорно. Среќа не беше тате дома.
    Кога имате мака сите барате од таа света водичка. Да ви се плукнам во људството....Поготово на тебе. Незнам, стварно незнам толку ли е тешко да си веруваш во што сакаш и да престанеш да го брукаш туѓото. Едноставно никој не те тера со сила православен да бидеш. Ама на испран мозок неможеш да ми докажеш освен ако ми го испереш со повеќе кеш како тоа што го направила неговата секта. Инаку со КЕШаров да не соработуваш нешто? Оној што ги собира луѓето со маки во сала и ги џепари, демек исцелител бил.
     
    На Rama, Bulgarian и Jas! им се допаѓа ова.
  10. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    105.726
    Пол:
    Женски
    Го следев серијалов на Nat Geo
    the-secret-bible.jpeg
    ABOUT THE SHOW
    A team of scientists joins forces with religious scholars to take a look at biblical tales of murder, miracles and mystery. The Bible is a repository for tales of miracles and divine interventions. But did any of the miraculous events described in this sacred book really happen as recorded? This remarkable series examines the great biblical stories and the passionate quests to understand them.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
  12. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    Директни и пишани сведоштва од првите векови за сите овие наведени работи можеби и немаме. Но, ги имаме посланијата на светиот Игнатиј епископот Антиохиски во кои јасно и гласно е напишано дека ако се двоумиме дали да ги слушаме светите писанија или епископот (нормално, епископот со канонско апостолско преемство, а не некојси лажни ојлевци и дојлевци кои лажно се нарекуваат епископи) да го послушаме епископот и исто така е кажано дека кој е во послушание на својот епископ, тој е во послушание и на Бога Отца, кој ги слуша презвитерите (поповите) тој ги слуша светите апостоли... Кој не го слуша својот епископ, тој е непослушен и на Бога Отца, кој не е во заедница со својот епископ тој не е ни во заедница ни со Бога Отца.
    Така да, налудничаво е да се повикува некој на Христијаните од првите векови, а ги отфрла нивните учења, односно не бива во заедница со локалниот епископ. Вратете се во единство со епископот, а со тоа и во единство со Бога Отца, па после можеме да дискутираме и за другите наведени теми.
    Да не заборавиме - скопски епископ е Неговото Блаженство, архиепископот Охридски и Македонски (и митрополит Скопски) г.г. Стефан, сполај му и да му ја имаме молитвата.
     
    На korisnichka, Pontif, sonuvana и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Климент Римски
    Првото послание на Климент Римски[1] било препишувано и нашироко користено и се смета дека е најстаро христијанско послание надвор од оние во Новиот Завет. Текстот е едноставен за разбирање, два пати подолг од Посланието до Евреите и ја покажува запознаеноста на писателот со голем број од книгите од Светото Писмо, од Стариот и од Новиот Завет. Во посланието повеќе пати се зборува за Стариот Завет како за Писмо и се сретнуваат голем број цитати од Книга Јудита. Во ова свое послание Климент ги повикува христијаните од Коринт да ја сочуваат хармонијата и поредокот...

    http://crkvenidokumenti.blogspot.mk/2008/11/klement-rimski-poslanica-korinanima_30.html
     
    На Rama, душленце, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    На Rama, Orthophill и Jas! им се допаѓа ова.
  15. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    На Jas! му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Pontif

    Pontif Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Машки
    според другите коментари можам да претпоставам дека вие сте протестант или од некаква слична секта што за жал не го почитува Светото предание, иако секој одговор според вас ќе биде невалиден се почувствував како должен да одговорам и јас на некои од вашите прашања.
    Првите неколку точки коишто ги изложивте се решени за време на Вселенските собори на црквата поточно на 7миот во којшто се зборувало за почитувањето на иконите(сепак не иконата како предмет туку почитувањето на ликот изложен на неа т.е. почитување и молење на светците за да го молат Бога за нас и нормално нели почитување и молење на Светата Троица). Иако се одржал во 787г (при што вашиот одговор на ова ќе биде дека аргументот ми е невалиден бидејќи нели не е во првите три века), одлуките од тој собор со потполно авторитетни и се воведени во секојдневието на црквата бидејќи се донесени со допуштање на Светиот Дух, како што и рекле апостолите на крајот од нивниот собор ,,На Светиот Дух и нам ни беше угодоно".Што се однесува на почитувањето на Пресвета Богородица, тие одлуки се донесени на 3тиот Вселенски собор во Ефес, кадешто е утврдено дека е таа Богородица (буквално онаа којашто го родила Бог), во последица на Несториевата ерес (look it up). И да напоменам не е обожавање, туку почитување оти го оБожаваме само Бог.
    А осветувањето на водата е дел од црковните свети таинства установени светопредански коишто припомагаат во блажениот христијански живот за телесно и духовно очистување и оздравување, и нормално тоа денес се наплаќа бидејќи свештеникот треба да живее од нешто како што беше спомнато погоре, но се наплаќа 150 денари а не 1000, така да ве молам не зборувајте за работи коишто не ги знаете такви какви што се.
    Бројаниците ни помагаат во молитвата (најчесто се изговара Исусовата молитва: ,,Господи Исусе Христе Сине Божји помилуј ме мене грешниот" , на секое топче) за подобро да бидеме сконцентрирани и подлабоко да созерцаме и исто така за да правиме нешто душеполезно, а не да броиме овци пример пред спиење. Искрено не знам кога се среќаваат за прв пат.
    Фрлањето крстови е само обичај којшто му ја зајакнува верата на христијаните не е во Вселенска пракса ама е одобрено од нашиот Синод.
    Созерцанието веќе го спомнав, коешто значи согледување на своите гревови, не воведено во одреден период туку тоа самото се применува во самата молитва.
    За митарствата пишува во житието на св. Теодора.
    Прекрстувањето е само уште еден секојдневен начин на искажувањето на верата во Светата Троица истотака установено светопредански. Толкувано: трите исправени и споени прсти ја изразуваат Светата Троица, а двата спуштени двете природи на Господ Исус Христос.
    Ценовниците се новотарија применета поради новите државни системи за водење на сметка на потрошувачки и слично, за некои работи е затоа , а за црковните служења, за народот сам да види и да посведочи и да не ги бркаат вработените да ги прашуваат. И нормално ако некој не е доволно имотен нема никој сосила да му зема пари, или колку што има и сака да плати или и да нема ич. и како што беше спомнато погоре дел од причината за таквите ценовни услуги е издржувањето на свештениците коишто живеат само од тоа, за разлика од другите секташки заедници кадешто членовите се вработени во било какви секојдневни позиции и самите донираат во нивната заедница и исто така за разлика од истите такви секташки заедници финансирани од странство.
    Носењето на мантија има свое значење како прво останато е во пракса од минатото когашто се носеле такви облеки и како второ, на одделување на свештеното лице од останатиот народ бидејќи нивниот духовен и телесен подвиг е потежок и поразличен.
    Бакнувањето рака е оддавање на почит на личноста, како што било во пракса кај нашите постари да се бакнува рака на постарите кога ни даваат пример пари или слично. И со тоа свештеникот како облагодатено лице преку чинот не благословува со благодатта на Светиот Дух во името на Отецот, Синот и Светиот Дух. Амин!
     
    На korisnichka, sonuvana, душленце и 5 други им се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    @Pontif зошто ме цитираш кога не одговараш на моето јасно поставено прашање?
    Јас не побарав објаснувања за тоа што се митарства, созерцание, икони, молитви кон светци итн. На мене и на повеќето кои дискутираат на Религија ни се одлично познати тие работи. Прашањето е дали и каде се спомнуваат во христијанските списи од првите 3 века.
     
  18. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    @EvAngelos бидејќи сега имаме веќе на увид неколку текстови од првите три века,па јас со задоволство би те прашал служејќи се од тие писма прашање кое е многу битно.

    Зошто никој од протестантите и католичката црква кога извршуваат причест не извршуваат призив на Светиот Дух,туку тоа го прави само православната црква,до ден денес.Нели бевте изворни?Ама еве гледаме дека не постапувате според изворната практика.

    Еве имаш пример од писмата од првите три века дека тоа го имало во практиката на христијаните.
    Во Дидахи :
    6. Нека дојде Благодатта Твоја, и нека помине овој свет. Осана на Бога Давидов (Мат. 21, 9, 15)! Ако некој е свет, нека пристапи, а кој не е, нека се покае. Маран ата! (Дојди Господи!) Амин! (1. Кор. 16, 22)

    Во Апостолското предание на Св.Иполит Римски:
    4.
    ..... И така, спомнувајќи си за Неговата смрт и воскресението,
    Ти принесуваме леб и чаша, благодарејќи Ти за тоа што
    си нè удостоил да застанеме пред Тебе и да Ти служиме.
    И молиме да го испратиш Духот Твој свет над приносот
    од светата Црква. Во едно собирајќи ги, дај им на сите што се
    причестуваат со светињата да се исполнат со Дух Свет за утврдување
    на верата во вистина, па да Те фалиме и прославуваме
    преку Твојот Син Исус Христос, преку Кого кон Тебе слава и
    чест, на Отецот и Синот со Светиот Дух во Твојата света Црква,
    сега и секогаш и во вековите на вековите. Амин.


    И да не изложувам и за епископ како се поставува,а не како вашите пастири.И после ќе ми зборуваш за изворност.
     
    На Pontif, Jas! и Orthophill им се допаѓа ова.
  19. Pontif

    Pontif Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Машки
    @EvAngelos јас одговорив постапно и подробно колку што можев. Не ги познавам напамет списите од првите векови и исто така не го познавам наизуст за ладнокрвно да го изрецитирам Светото писмо. Вие како протестант или слично на тоа, не поддржувајќи го Светото предание за вас се' што е надвор од Светото писмо е невалидно, така да зошто би ви било потребно да познавате нешто што сами уште од старт го отфрлате?
    Не сакам некој кој што сам не се повикува на својот пронаоѓач и на своите предци што го делат сличното (протестантско)мислење како нивното, да ме обвинува мене за преданска списовна неподдржаност на традициите, праксите и почитувањата. Светопреданскиот живот на Православната Црква е исполнет од вечноста, а не само од првите три века, што значи моето повикување на тие собори што се подоцна од третиот век се потполно издржливи во име на Православната Црква.
    Апсурдноста на вашето не верување во Светото предание, најчисто се одразува во парадоксот на повикувањето на мислења од некои протестанти од минатото. А во случај да не се повикувате на туѓи мислења, и сами да толкувате така како што ви одговара, во пласебо ефектот на вашето облагодатување од Светиот дух, тогаш го обезвреднувате Светото писмо и значајноста на неговата продлабочена, сотириолошка и христоцентрична мисла.
     
    На Bulgarian, korisnichka, Jas! и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    • икони
    • поклонување пред икони
    • молење пред икони
    • молење на светци
    • молитви упатени кон блажената Марија
    • обожавање на блажената Марија
    • свети водички
    • бројаници
    • фрлање крстови
    • созерцавање
    • мантрање со Исусовата молитва
    • учењето за митарствата
    • прекрстување со рацете
    • ценовници за црковни услуги
    • великодостојнички мантии
    • бацување раце на свештеници
    Знам дека немате. Добро ми е позната историјата на овие новотарии и кога и како се појавуваат или накалемуваат врз источното православие. Затоа велам која иронија е што ги нарекувате „НОВОверци“ протестантите кои се држат до изворното новозаветно христијанство од 1ви век.