1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сочувани писма за христијанството

Дискусија во 'Религија' започната од Bulgarian, 11 февруари 2017.

  1. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Ај одговори ми за посланијата на свети Игнатиј.
     
    На Pontif и Bulgarian им се допаѓа ова.
  2. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    @EvAngelos темата е за списи од и за христијанството.И да се држиме на таа тема.Ако сакаш да дискутираш ондак посочувај ги твоите тврдења каде пишува во некое од списите баш онака како ти изложуваш.Или наведи некое друго писмо да видиме.Само така ќе бидеме ем во склоп со темата ем некако и аргументирано би дискутирале.Значи темата е тука само со црно на бело ,со писмо.;)

    Апокрифи :

    Евангелие на Никодим

    http://macedonia.kroraina.com/bg_ap/dp_25.html

    Послание напишано од цар Авгар до Господ Исус Христос
    http://macedonia.kroraina.com/bg_ap/dp_24.html


    Книга за светите тајни на Енох
    Книгата за Енох е пишувана во облик на визија или апокалипса и која е прогласена за апокриф во V век н.е. кога почнале да се користат разни дуалистички учења. За овој апокриф се сметало дека го напишал самиот Енох кој бил седми човек од Адама, првиот човек на земјата спрема христијанската легенда. Во апокрифот Енох раскажува за својот пат по небото. Придружуван од небесните ангели Енох ги поминал седумтте неба каде го видел животот во рајот и во пеколот. Ангелите му ги покажале патиштата на сонцето и ѕвездите, го запознале со небесните достоинственици и му укажале на небесните ангели и го довеле пред господовиот престол. Самиот Бог му кажал на Енох како го создал светот и првиот човек и го запознал со своите намери во иднината.
    Автографот на овој апокриф настанал во еврејската книжевност, откаде бил преведен на грчки, а потоа од византиската книжевност стигнал до нас.
    http://macedonia.kroraina.com/bg_ap/dp_4.html
     
    На Orthophill, Jas! и Pontif им се допаѓа ова.
  3. Pontif

    Pontif Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Машки
    Фактот дека Господинот одговара само на тоа што (мисли дека) може да се фати слатко ме насмеа... Инаку да не бидам непристоен, поздрав до иницијаторот на темава писанијата се прекрасни.
     
    На Bulgarian, korisnichka и Orthophill им се допаѓа ова.
  4. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    И од мене поздрав
     
    На Bulgarian и Orthophill им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не се веродостојни. Најрани ракописи од нив се најдени дури во 11ти век. За нивната неафтентичност (фалсификуваност) можам да ти напишам цела семинарска со референци, со извори, со се. Игнатиј напишал некакви писма во крајот на 1ви или почеток на 2ри век, ама тие писма ги немаме. Институционализираната католичка црква му ги препишува овие писма каде тој го истакнува авторитетот на епископот со цел да може полесно да владее со рајата (мирјаните).
     
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Да де, фалсификат се... Не ви одговараат па одма фалсификат. Повели напиши ми, не семинарска, туку докторат! Убаво си пишува свети Игнатиј, надвор од заедницата со локалниот епископ (архијерејот, владиката), спасение нема!
    Патем едно друго прашање, нели римокатоличката црква го држеше народот во слепост и незнаење, недавајќи му да чита од светите писма, како сега одеднаш правела фалсификати на посланија од светиот Игнатиј?
    Sancte Ignati (Antiochene), ora pro nobis!
     
    Последна измена: 23 февруари 2017
    На Bitter-Sweet и Bulgarian им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    И тебе не ти одговараат евангелие по Филип, по Јуда, по Петар, па затоа го сметаш за фалсификати? Овие барем датираат од 3ти век, за разлика од овие текстови што му се припишуваат на Игнатиј и кои датираат од 11 (единаесетти) век!

    Епа не му давала, ама не можеш 100% да ги отргнеш сите свети писма од сите луѓе. Се наоѓале луѓе што доаѓале до Светото Писмо и забележувале огромна разлика меѓу тоа што пишува таму и тоа што збори локалниот епископ и нормално реагирале, па затоа морале да измислат вакви пишанија каде што замисли дури пишува дека зборот на епископот треба да се слуша повеќе и од Божјиот Збор! Која иронија за секој верник со IQ поголемо од 80.
     
  8. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Еее ќе пише докторат, нем да не. Имајќи да сее магла по форуми :D
    Ама вистината се тенче не се кине, и Црквата не може никој да ја соборе, а тешко на оној преку кого доаѓаат соблазните, така што, да се чуваме сите, Господ да чува!
     
    На melnicanecot, Bulgarian и Orthophill им се допаѓа ова.
  9. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Очекувам за оваа теорија на заговор што ја замислуваш да приложиш каков таков некој документ.Црно на бело другарче барем таква е темата инаку како ќе ти веруваме.
     
    На Orthophill и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  10. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Кумрански списи

    Едно бедуинско овчарче, во 1947 год. шетајќи се по северозападниот брег на Мртвото море на 13 милји источно од Ерусалим
    Барајќи ја својата изгубена овца наишло на темна пештера каде фрлајќи камен за да ја провери внатрешноста на пештерата
    Слушнало звук сличен на оној кога се крши некоја вазна или некој ќерамички сад.
    Збунето и зачудено овчарчето влегло внатре во пештерата да види што било тоа што го скршил.
    Кога се приближило до скршениот објект, видело дека станува збор за некакви стари садови
    Во нив биле згрижливо сместени папирусни ролни од животински кожи на кои било напишан текст со неразбирлив јазик

    Покасно стручњаците утврдиле дека тоа се многу стари манускрипти неколку векови пред нашата ера.
    Во периодот од 1947-1956, во 11 пештери, најдени се околу 850 свитоци составени од неколку десетици ијлади фрагменти.
    Ова откритие го привлече љубопитното око на скоро сите археолози од целиот свет.

    Зошто се овие стари свитоци толку важни?
    Свитоците на Мртвото море се најголемото и најважното манускриптно откритите во последниве векови.
    На нив посебно им се израдуваа христијаните.
    Во богатството на оваа "библиотека", меѓу другите текстови, најдени се и многу библиски манускрипти, цели старозаветни, книги.
    Од 39 книги (коклу што ги има во Стариот Завет) најдени текстови од 38 книги, значи сите книги, освен книгата на Естира.

    Меѓу големото богатство на библиски манускрипти, најдена е и целата книга на пророкот Исаија. Сите 66 поглавја, со неверојатна идентичност на текстот кој ние го читаме денес.
    Беа направени неколку анализи на нејзината старост и беше утврдена околу 3 век пред нашата ера.
    Староста на овие манускрипти и нивната неверојатна идентичност со текстот што денес го читаме во нашите Библии
    Им ја затвори устата на скептиците кои веруваат дека со препишувањето на Библијата голем дел бил променет.
    Исаија е старозаветен пророк чија книга изобилува со месијански пророштва (пророштва за Христос) повеќе од другите
    Во неговата книга се наведени неверојатни детали (пророштва) за животот, смртта и делото на Исус Христос.
    Таму е проречено дека ќе се роди од дева, дека ќе биде Бог, дека ќе пострада за гревовите на луѓето,
    Дека рацете и нозете ќе Му бидат прободени, дека ќе биде распнат меѓу злосторници, а погребан меѓу богатите (Исаија 53)
    Сето ова е најдено напишано околу 3 века пред да се роди Оној за кого сето ова е пророкувано - Христос!
    Овие пророштва кои целосно се исполнети во евангелијата на директен начин ја потврдија и нивната веродостојност
    Сите заедно ја затворија устата на сите оние кои тврдат дека христијанските книги се лажни или изменети низ историјата
    Муслиманите на пример веруваат дека христијаните и евреите ги измениле книгите на Стариот Завет
    Т.Е. ги "прилагодиле" пророштвата согласно нивната приказна за Исус Христос
    Секако нема ниту еден доказ за таквиот претпоставн заговор на христијаните или евреите.

    http://dss.collections.imj.org.il/
     
    На Orthophill и EvAngelos им се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Друг пат кога ќе цитираш мои текстови, барем наведи го изворот :) Овој текст го пишував на Идивиди форумот во 2007 година, пред 10 години.

    http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=8955
     
    На Bulgarian му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Текстот не е ниту мој ниту твој.Имаме можеби извлечено од ист извор.А обично сите сајтови еден од друг си препишуваат.
    И воопшто не погледнав на идивиди за текстот туку го извлеков од тука http://www.angelfire.com/falcon/voznesenie/t10Biblija.htm
    И како што можеш да видиш на идивиди го нема линкот кој јас го постирав за списите.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ноуп. Мој е. Како што можеш целиот тој православен блог Angelfire е една несредена сваштарница со лупани копи-пејстови од кај стигнеле од таму копирале, ни извори ни бутур.
    Тој текст го пишував пред 10 години во контекст на долги дебати што ги имав со муслиманите на Идивиди форумот. Затоа и во текстот има реченици од типот:

    Секој што го знае мојот стил на пишување, а го знаеш и ти, ќе потврди дека ова е моја реченица :)

    А сега приметив на истиот тој линк дека има и други мои текстови, каде што сум пишувал за ракописите, дури и целосно копирани мои забелешки и коментари за ракописите и библиските преводи :) Срцки тие православни, на форум ми контраат по секоја цена, а на страна тајно ги копираат моите текстови и си прават блогчиња од нив :D
    И ова не е прв пат да забележам вакво нешто. Ама ако, сепак не сум тужел никого за плагијат. Мило ми е што сепак некои православци длабоко во нив сфаќаат некои работи, а јавно на форуми се принудени да контраат со цел да си ја величаат својата деноминација, а да плукаат по протестантите по секоја цена.

    Е да, линкот си го додал после копи-пејстот. Тој линк не постоеше пред 10 години, бидејќи дигитализацијата на кумранските списи беше завршена пред некоја година.
     
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Интересна тема. :)

    Мислам дека никој не напиша ништо за т.н. „гностички евангелија“, иако, барем по својата старост, би можеле да се вбројат во едни од најраните записи за христијанството. Во духот на темава, бидејќи гледам дека @Bulgarian се потрудил да пласира информации на македонски јазик, во прилог го ставам она што може да се најде за гностичките евангелија на македонски - иако на англиски за нив има многу повеќе информации.

    Гностичките евангелија претставуваат збирка од околу педесет и два текста, кои биле пишувани врз основа на античките учења од страна на дел од духовните лидери од тоа време. Овие евангелија не се дел од стандардните канонски односно библиски евангелија кај секоја поголема христијанска деноминација, и како такви не се дел од Новиот Завет.

    дно од најголемите пронајдоци во историската наука, по Втората светска војна, е пронаоѓањето на гностичките евангелија од Наг Хамади. Се работи за гностички текстови, вкупно 52 на број, пронајдени во 1945 година во Наг Хамади, Северен Египет, од страна на локален селанец. Сепак, на првиот нивни целосен превод се чекало цели 30 години. Преводот на текстовите од Наг Хамади бил направен во 1977 година од страна на Џејмс Робинсон.

    Овие текстови, напишани на коптски јазик, се од извонредно големо значење за историската дисциплина која се занимава со проучувањето на раното христијанство. Имено, сè до нивното пронаоѓање, речиси сè што се знаело за христијанскиот гностицизам потекнувало од извори од негностичка провиниенција. Со пронаоѓањето на гностичките евангелија од Наг Хамади, за прв пат, историската наука дознала за гностичкото учење „од прва рака“, лично од гностиците. Оттука е заклучокот дека и покрај нивната очигледна апокрифност и неавтентичност, преку деталната анализа на текстовите на гностичките евангелија се овозможува поцелосно разбирање на раното христијанство, неговиот развој и ширење.

    Според анализата на копското писмо, анализата на папирусот, како и хемиската амализа на кожниот подврз кој бил употребен за зацврстување на текстовите, со релативно голема сигурност може да се претпостави дека пронајдените гностички ракописи датираат меѓу 350 и 400 година. Сепак, општо е уверувањето дека се работи за преписи на постари текстови, најверојатно напишани на старогрчки јазик, а потоа преведени на коптски. Единствено полемика предизвикува прецизното датирање на претпоставените оригинални текстови. Најголемиот дел познавачи на оваа проблематика, оригиналните гностички евангелија напишани на старогрчки јазик, ги датираат во периодот до 120150 година. Ова тврдење се заснова пред се на пишувањето на лионскиот епископ и маченик Свети Иринеј Лионски, кој во своето дело Contra Haereses, III,IX, 9, датирано околу 180 година, напишал дека гностиците поседуваат повеќе неавтентични евангелија.

    Некои научници сметаат дека гностичките евангелија содржат релативно автентични преданија од втората половина на 1 век. Сепак оваа теза наидува на сериозни критики од страна на другиот дел од научната јавност. Во гностичките текстови е изнесено учењето на гностичките религиозни групи. Иако, голем дел од она што го содржат овие текстови е речиси идентично со Новозаветните дела, сепак, тие содржат и идеи кои од страна на правоверната црква биле прогласени за еретички. Во нив се критикуваат некои од христијанските догми, како што е безгрешното зачнување и телесното воскресение на Исус. Спротивно на правоверната црква, гностичките евангелија упатуваат на Бога како на татко и мајка т.е. го потенцираат женскиот елемент на Светото Тројство.

    Иако постојат голем број на евангелија, сепак од нив можат да се издвојат следните:
    Извор: Википедија, Гностички евангелија.
     
    На Bulgarian му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Pontif

    Pontif Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Машки
    @EvAngelos чим текстот е твој, да те поправам дека не се папируси, туку пергаменти. А тоа што тие некои тебе те цитирале на нивните блогови, е всушност заради тоа што тебе не те познаваат дека си протестант, а и често се случува и тие самите да немаат многу познавања за да направат разлика. Сепак во случајов се работи за историски податок што небитно е дали е напишан од православен или протестант. Исто така сакам да додадам дека во некои учења се согласуваме со вас протестантите и затоа можно е да се пронајдиш цитиран некаде во однос на нешто што се согласуваме.
     
    На Bulgarian му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    На Pontif, korisnichka и Orthophill им се допаѓа ова.
  17. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Смртната пресуда на Понтиј Пилат за Исус Христос

    Оваа пресуда е пронајдена случајно во 1509 година сл. Хр.во гр. Амкула - Италија. Се наоѓала во еден убав мермерен
    сандак, поставен во друг таков од метал. пресудата е била напишана на еврејски јазик. За прв пат таа била објавена во Константинопол во 1851 година .А во времето на Патријарх Еремија, кој пишувал поучни слова, е поместена
    истата пресуда во една од своите книги, издадена на 9 април 1646 година На бугарски јазик е преведен од грчки во 1875
    година и издадена во гр. Русе

    Текстот на пресудата:

    Јас, Понтиј Пилат, кнез на римското царство, во
    салата на своето кнежевство осудувам и ја потврдувам крстната
    смрт на наречен од народот Исус Христос Назарејски,
    човек востаник против законот Мојсеев и против
    великоприличието на римскиот цар Тибериј Цезар. заповедам и
    решавам Неговата смрт да биде преку распнување на крст заедно со
    другите, според обичајот на осудените во присуство на
    народот од сите класи - сиромашни и богати, поради тоа што не
    престанал да крева бунт и пречки во Јудеја како што се прави Себе
    Си Син Божји и Цар на Ерусалим во светата црква, како што
    одбива данок на цезарот и за тоа што се осмели да влезе во
    Ерусалим како Цар, а во храмот како свештеник.

    Назначувам нашиот прв стотник Коинито Корнел да Го
    задржи во Ерусалим врзан и јавно тепан, облечен во
    црвена мантија и крунисан со трнов венец, за да биде како
    пример на другите и на сите разбојници. при тоа
    заповедам заедно со Него да се земат и други двајца
    разбојници - убијци, кои да бидат изведени низ вратата
    Имборлова, наречена сега Андонини и распнати со Исус
    Христос јавно на местото на черепи на разбојниците,
    наречен Калвар. Овој од тројцата распнати кој ќе умре,
    да биде оставено неговото тело на крстот за јавно прикажување на
    сите разбојници, а врз Исусовата глава на горниот дел
    на крстот да биде поставена плоча, на која да се напише на
    три јазици:

    "Ису Алио о Илис Јуда" на еврејски.
    "Иезус Назарос Рекс Јудејски" грчки.
    "Иезус Назарос Рекс Иудерум" на латински.
    Заповедам: никој, кој се наоѓа во моја послушност,
    независно од чинот и должноста му, да не се осмелува во
    лекомисленоста да се противи на оваа пресуда на
    самоодалечениот од еврејската вера, како што е дефинирано од
    мене, според декретот на римските царски закони!

    Сведоци на нашето решение се:
    Од племето на Израилот: Руан, Даниил, Рамбинил,
    Јонакин, Ротим, Јотавел и Периколан.
    Од царството и римското кнежевство: Лукиос, Стетилиос и
    Максимилиос.
    Од фарисеите: Барбоса, Симеон и Бонели.
    Од вишите римски судии: Рабат, Манданис и Бакаролас.
    Водител на еврејските злосторства: Бутан.
    Ерусалим, 23 март 4174 година од создавањето.
     
    Последна измена: 15 март 2017
    На Pontif му/ѝ се допаѓа ова.