Доколку е дупла темава канта. Причината што ме натера да ја отворам темата е бидејќи и јас неможам сеуште да си поверувам на тоа што го видов. Пред еден час во овие доцни часови си имам навика да излезам на цигара,на балконот и седејќи здогледав на небото ситни ѕвезди на едно место како фигура кои се разликуваа од останатите кои беа малку покрупни. Станав се доближив до оградата на балкон да видам што поточно видов, нормално високо на небото но со голо око се гледаше убаво фигурата на соѕвездија. А тоа беа ситни ѕвезди поврзани како со... би рекла како со конец поврзани убаво видов баш во форма на правоаголник и од лева страна како продолжена кратка цртичка. Колку што можев доловив со тел кој слика ѕвезди но сепак беа многу далеку така што само со голо око се гледа јасно. Евеа фотоградијата, ептен е далеку но сепак може да се види. Прв пат гледам соѕвездија така што не ми се веруваше и бев збунета во моментот што едвај се сетив дека се викаше соѕвездија а фигурава ми е позната од училиште кога цртавме соѕвездија а посебно на оваа се сеќавам и од една игра кога бев мала спојував соѕвездија на оваа фигура. Потоа прогуглав на нет и ја најдов под име GEMINI Прогуглав и за гемини и ми излезе знакот близнаци! (ме потсеќаше на близнаци но од што бев збунета и не ми се веруваше а сепак сум љубопитна пребарав) И сеуште неможам да си поверувам дека сум видела соѕвездија на својот хороскопски знак! Јас сум близнаци во хороскоп Поточно бидејќи ова е мојот знак бев збунета и додека не видов со свои очи и на нет/ додека не си мавнав печат на потврда немаше сеуште да си поверувам на ова чудо Има ли некакво значење ова или Инаку уопште не сум по овие работи и не се разбирам многу бидејќи и не верувам. Ретко читам хороскоп од чиста забава. Како и да е доколку имате искуства или пак знаете околу оваа тема повеќе коментирајте, во спротивно доколку ви е досадна, не ви се допаѓа или пак е дупла слободно канта!
Не е малку касно за близнаци? Колку што се разбирам во хороскоп (вага сум) мислам дека сега е лав и дека според тоа соsвездие треба да се гледа сега на небото, знам дека според тоа се одредило кој знак во кој месец ќе биде. Близнаци се некаде мај-јуни, но не се разбирам премногу. Во колку часот е сликано и во кое место ова?
Не е ова близнаци, туку мала мечка. Кога е чисто небото редовно се гледа, како и големата, но не си ја забележала до сега.
Моментално месечевите јазли се во Близнаци и Стрелец ... Астрономијата толку ме привлекува и ме обзема чуство на мир и се релаксирам
Малата мечка е поголема од ова. Мене на сликата ми изгледа како Плејадите. Тие се така ептен мали во грст на едно место. Се наоѓаат малку над линијата на стрелата на Орион. И најубаво се забележуваат кога не гледаш директно во нив. Познати се и како седумте сестри.
Тоа се Плеијадите. Се наоѓаат во соѕвездието Taurus (Бик). На сликата од првото мислење се гледа и ѕвездата Aldebaran под нив (посветлата жолта точка). Апликацијата Star Walk 2 многу помага за овие работи.
Јас мислам деκа соѕвездијата од хоросκопот не се видливи со голо оκо. Тие можат да се видат само со телесκоп.
Како ги разбираш кој каде е? Јас упорно учам и се сплеткувам , само некоја планета знам каде е и толку
Не ми е тешко да следам преку апликацијава. Наоѓам место каде подобро се гледа ноќното небо и потоа лесно е. И посветлите ѕвезди се добра ориентација. Многу веќе ги научив и без да гледам со апликацијата.
Видливи се, затоа се викаат соѕвездија. Сите соѕвездија се идентификувани на небесниот свод, т.е. се видливи со голо око. Соѕвездијата не претставуваат ѕвезди поврзани физички во вселената, дури ниту ѕвезди кои се физички блиску, буквално се ѕвезди кои се привидно споени на небесниот свод.
Епа, треба да ги знаеш созвездијата κаκо изгледаат за да ги идентифиκуваш. Јас поима немам κаκо изгледаат соѕвездијата на Зодијаκот. Само знам κаκо изгледаат Голема и Мала Мечκа. Знам и ѕвездата Деница е видлива, прва се појавува по заоѓањето на Сонцето на небото и се наоѓа сеκогаш на Запад.
Star Walk 2 на Плејстор. Таа е планетата Венера. На лето се појавува пред изгрејсонце а на зима после зајдисонце.
Уште од лани ми е инсталирана не ми побарало да платам општо за користење. Бара само за ако сакаш да не излегуваат реклами (ова едноставно без плаќање се решава со тоа што ќе исклучиш вифи или интернет дури ја користиш) и нешто плус апликацијата што го нуди ама не мора тоа.
Аии можеби да е мала мечка и јас не се разбирам многу но така ми заличе према тоа што ги споредив сликите бидејќи тоа како опавче не е долго пократко ми изгледа исто и во живо кога видов. Еве, зар не се исти?
Да во јуни се. Јас сум родена во јуни и сум близнаци Инаку ова е сликано околу 2часот Исто така и сега ја видов и е малку подоле за разлика од вчера еве едвај сликав ке се превртев од балкон
Да баш исто изгледа како и на мојата слика. Изгледа се Плеијадите. Прв пат дознавам за вакво нешто. Но стварно е нешто wowww! Неможам да се изначудам и стварно си интелегентна особа, како успеа точно да пронајдеш И јас ја приметив жолтата ѕвезда под нив прво во живо, потоа на мојата фотографија откако насликав, и ти веќе ми удри печат на потврда со твојата фотографија, поточно истото го пронајде што јас го видов и во живо. Ти благодарам
Нема на што. И јас ги видов сношти и се уверив, баш овој период почнува на ноќе да изгрева соѕвездието Бик и бидејќи е ведро многу лесно се гледаат Плејадите и Aldebaran.