Соја - здрава или не ?

Дискусија во 'Храна и пијалоци' започната од yawn, 23 јуни 2010.

  1. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    687
    Сојата е позната како ,, чистач на артериите,,.Помага во намалување на лошиот холестерол и мрснотиите произведени во црниот дроб , кој е еден од најважните фактори на ризик за срцевите и за артериските болести.Сојата е целосен продукт и природен лек за спречување многубројни болести , како на пример холестеролот.Дејствува дури и подобро од лек: некои нејзини белковини ги активираат рецепторите на ,,лошиот,, холестерол и го подобруваат неговото отстранување.Во сојата се откриени состојки што се добри во менопаузата кај жените : ги намалуваат и ублажуваат карактеристичните тегоби , од бранови на топлина до промена на расположението и несоницата.

    И бла бла :D А од друга страна пак ....

    Холингсворт тврди дека долготрајното консумирање соја предизвикува рак и други болести опасни за животот, го уништува хормоналниот систем на луѓето и животните и го потиснува сексуалниот нагон. Таа наведува сведоштва на родители чија четиригодишна ќерка добила менструација, на момче на кое во пубертетот му пораснале гради како на жена, наводно поради зголемената консумација на млеко од соја. Најстрашно е сведоштвото на една шокирана мајка која го го хранела својот син со препарат за деца од соино млеко што и' го препорачала лекарката зашто не можела да го дои.
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.166
    Допаѓања:
    69.271
    Пол:
    Женски
    Ништо што е претерано не е добро, па така и сојата. Колку и да е здрава, си има и мани - богата е со хормони - естроген, па затоа после долготрајно редовно користење во исхраната може да предизвика несакани последици. Заради естрогенот е добра кај жените во менопауза - им го надокнадува недостатокот, а кај мажи сум слушнала дека е добра за рак на простата.
    Не знам многу, јас користам соја во исхраната, но не претерано, некогаш купувам печена соја за грицкање, а соините трошки некогаш ги ставам измешани со мелено месо кога правам сарма, мусака, ќофтиња и слично (ама тоа кога немам доволно мелено месо :) ). Млеко од соја не пијам, а други производи не користам.
     
  3. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    687
    Исто и јас само соини зрна за грицкање,некогаш знам и да си испржам ама ретко е тоа а сега бидејќи сум на диета многу го користам соиното млеко (преку ден) , заради нивото на протеини кои ги содржи , но стварно ме тера да размислам дали да продолжам да ја конзумирам ...
     
  4. butterfly-smooth

    butterfly-smooth Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Убаво што ви текнало ова да биде тема на муабет, ми одговоривте на една долга дилема.
    Знам дека сите викаат добра е, други и дека не чини, но некако никогаш не сум увидела поединости ... .фала уште еднаш :hug:
     
  5. katka-slatka

    katka-slatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    41
    Многу јасно,се што претераш не е добро. Пренајади се-те боли стомачето, препиј-ти се лоши, преспиј-те боли глава.
    Добро е во нормални количини.... ;)
     
  6. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.460
    Секој продукт си има свои позитивни и негативни страни. Па така и сојата.

    Ја конзумирам, посебно соините топчиња (ги варам, цедам, пржам во малку масло со сусам), а исто и грицките од соја. И секако не се прејадувам иначе ќе боли стомакот :lol:
     
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.128
    Пол:
    Женски
    Можам да кажам дека ми имаат препорачано дека сојата е штетна,дека предизвикува рак,како и тоа дека е боена,а како незнам,се користи како замена за месо,меѓутоа е штетна,имам доста слушнато за сојата и се што слушнав беа само негативни коментари.Воопшто не јадам месо,не конзумирам соја,иако може да се најде и како грисини,како еден вид на леблебии,ги има во продавници за здрава храна,но знам дека сојата е штетна и дека истото мислење го потврдуваат и докторите.Сепак не би конзумирала соја,доколку незнам од што е направена,меѓутоа ќе кажам дека чим веќе докторите зборат дека сојата не е здрава,значи има нешто штом викаат така,не зборат лаички.
     
  8. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.804
    Пол:
    Женски
    Последно што слушнав е дека сојата предизвикувала стерилност кај машките кои често ја консумираат :?: Јас и онака многу не ја сакам, ми е блуткава некако, ама знам некогаш да си купам соја зрнца за занимација, соленки се, како кикирики ми се да јадам. Ама ретко.
     
  9. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    4.252
    Пол:
    Женски
    Ако е генетски модифицирана - не е здрава, инаку убаво е да се јаде соја, не дека секој ден јадам ама понекогаш знам да си направам.
    Јас па имам слушнато дека не е добра за луѓе што имаат проблеми со бубрези, содржела многу минерали и не знам уште што друго, што ги оптоварувало бубрезите. Колку е вистина, не знам. :^) :)
     
    На rainlover му/ѝ се допаѓа ова.
  10. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    136
    не верувам дека сојата е штетна
    јас сум вегетеријанец веќе осум години и до сега не сум имала некој проблеми поради сојата ( а таа е најчеситот дел од мојата прехрана) :)
     
  11. fairytale

    fairytale Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    23
    Јас сум вегетаријанец цел живот и цел живот сум на соја.
    Не е ни малку штетна. Таа ме одржува во живот ;)
     
  12. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    310
    Сојата не е штетна, освен ако е ГМО!
    Имам мн пријатели од азиските земји...........досега сите би требало да се пупунци, ако сојата е штетна :lol: :lol: :lol: !
    и бтв, ако некогаш ви се укаже шанса, земете соја сос, нема да зажалите! :!:
     
  13. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    693
    Допаѓања:
    236
    Не знам дали е штетна или не ама знам дека ние си ја употребуваме во исхраната :) Оние што се шницли од соја ми се многу убави и често знае мама да ми изпржи и после со ориз да се изнакркам :$ :lol:
     
  14. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    433
    па јас мислам дека повеќе е здрава, иако сигурно има и некои негативни страни ..
    инаку јас сојата не ја конзумирам, а од мирисот ми се гадиии, а за вкус не се осмелувам да пробам :D :puke:
     
  15. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    310
    Можеби негативна страна на сојата е тоа што е алерген.....
     
  16. Nannaa

    Nannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2010
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    28
    имам слушнато дека сојата е штетна за женски повеќе заради тоа што ги пореметувало хормоните и предизвикувало неплодност... наводно демек тие што конзумирале соја потешко можат да останат бремени од тие што не консумираат.е сеа колку е точно тоа не знам не ме фаќајте за збор
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    75.046
    Сојата е здрава,но не е алтернатива за месо,факт...чао,пријатно.Може да наликува на него,ама не е...
    Вака или онака,не смеам да ја конзумирам,но сум зависник од соја сос.Со рижото опасно добро иде,а и со секаков вид зеленчук и сосови за пилешко или риба.
    Соја сос со павлка или со сенф,без промашај.
     
  18. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    1.536
    соја јадам, али само онаа што се продава по маркетите за грицкање... иначе дома мама никогаш нема направено јадење во кое ке измеша месо и соја.. или пак само соја за ручек.. некако не ми оди баш тоа за ручек..
    не знам дали е здрава или не :) вкусна ми е за грицкање понекогаш :) oсобено оној микс од соја, сончоглед и семки од тиква мммммм :)
     
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.934
    Соја?Фала, не.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  20. butterfly.mimi

    butterfly.mimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    100
    Соја јадам понекогаш сепак спаѓа во здрава исхрана и мислам дека секоја храна може да биде штетна ако се претера. Многу е битна разновидна исхрана и умерена количина, така ќе ги избегнеме негативните страни и нема потреба да се плашиме од нејзини штетни влијанија. :)