Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Соја - здрава или не ?

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од yawn, 23 јуни 2010.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Сојата е штетна?!? Месото е уште поштетно?!?
    А што да јадеме???
    Соја јадам некогаш, прилично ретко, ама ми се допаѓа.
    Месо јадам секој ден речиси секој ден. Зашто тоа уште повеќе ми се допаѓа! Еднаш живеам, барем ко човек да проживеам, а не како животно преживар! :lol:
     
    На agirl17 и Lacrimosa им се допаѓа ова.
  2. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    јас соја јадам само кога постам за Велигден и ми се допаѓа :) а колку е здрава не знам
     
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски

    Како јас да сум го пишала ова. Не сакам соја, ниту производи со соја. Еднаш ме излажаа со плескавици од соја и после тоа желдникот два дена ми се вртеше. Невкусно...да не кажам, одвратно. Или пак она соино млеко! Па подобро крава ќе одам да ја шмукам од виме, него тоа да го пијам.

    А да, единствено е убаво со пилешко, соја сосот. И во кинеска храна оди извонредно. Само толку.
     
  4. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    8.259
    long live соја! и јас сум вегетаријанка и често ја конзумирам сојата(зрнцата, шницлите, тофуто) и воопштно немам приметено некое штетно влијание, а имам слушано демек ги пореметува хормоните кај жените....нема врска! |(
     
  5. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Па денес веќе и незнам има ли нешто што е здраво, за се се зборува дека не е :lol: . Инаку до сега мислев дека е здрава иако ја консумирам многу ретко, е сега кога ги прочитав вашите постови, малку и се подзамислив :D
     
  6. Lady-PinkHeart

    Lady-PinkHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    135
    Имам пробано шницли од соја и воопшто не ми се допаднаа... Во никој случај не може да го замени месото (ниту пак соиното млеко може да го замени млекото од анимално потекло).
    Може да грицнам солени зрнца од соја, но и тоа ретко... Едноставно не ми се допаѓа.
     
  7. MadHatter

    MadHatter Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    30
    Немам некоја посебна информација по што би знаела дали сојата е здрава или не е здрава :^) , а и меѓудругото се останато што јадеме не знаеме дали е здраво или не :^) ,под кои услови се поризведува и слично. Едноставно ако ми се допаѓа го јадам и тоа е тоа ;) . Месо не јадам, освен пилешко многу ретко,ми се допаѓаат сојните трошки, кои ги употребувам во замена за мелено месо, во бурек,во сарми,во мусака, полнети пиперки и слично, и многу ми се допаѓаат сојните трошки во комбинација со ким :rock:
     
  8. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Се разбира дека се што е во нормални количини е здраво ;) користам соино млеко,ама не мн често оти поскапичко е малку :lol: , соини зрнца за грицкање и обавезно во неделата има за ручек соини шницли :) ги обожавам можам цело пактче сама да изедам ;) прво ги варам едно 10,15 мин,па ги ставам во плехче ,одозгора им ставам малку зејтинче вегета и бибер и ги печам исто толку минути,преубави се :inlove: исто и поховани кога ги правам ми се убави,но само варени кога се не се убави,без вкус ми се :doh:
     
  9. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Јас си сакам производи од соја. Пијам соино млеко, иако го обожавам кравјото млеко сепак во последно време го заменувам со соино поради диетава. Исто сакам соја шницли, баш утре ми е месен ден па планирам вакви жницли да јадам. Ама не сакам пржени а незнам како на поинаков начин да ги приготвам, единствено само варени да ги оставам ама не се убави така како живи се.. некоја идеа енибоди :?:
     
  10. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Карина, јас не ги сакам пржени заради маснотијата што ја впиваат, еве една идеја како јас ги правам, може ќе ти се допадне...
    Ги варам, ги цедам од водата и ги редам во намастено тавче, им ставам малку зачин, црвен и црн пипер, малку сецкано лукче и ги прелевам со малку соја сос. Ги ставам во рерна, колку да заруменат.
     
    На karina8 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Добра идеа, штета немам дома соја сос.. ете никогаш не сум го пробала овој сос :x Ако не ќе си земам утре, колку пари е ? Ќе излезе ли нешто ако исто ги приготвам само без сос :?:
    Стварно незнам што да им правам, никакви ми се само варени а прженици не сакам ..
     
  12. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Па има избор, со различни цени.
    Јас ваков земам, околу 100 ден. е
    [​IMG]

    Можеш и со коцка супа да ги прелиеш доколку немаш соја сос.
     
    На karina8 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Месо - нездраво, соја - нездраво, благо - нездраво, тестенини - нездраво, епа на вода и зеленчук не можам да живеам. Гарантирам таквите што секој втор збор им е дека таа и таа храна не била здрава, се страсни пушачи. А пушењето здраво е?
    Ништо не е здраво ако се претера. Така и со сојата, не ја јадам секој ден али одвреме навреме знам да си направам од тие шницлите.

    Иначе на темава. Шницлите од соја ми се многу вкусни, али јас ги пржам и ме нервира тоа бидејќи мириса после па додека да се проветри.. али ќе го пробам советот на една членка прочитав дека ги ставала во рерна. Ем нема да има многу маснотии, и нема да мириса низ цел стан. А богами и на масло ќе се заштеди ко шо е поскапено. :D (Али сепак месо си е месо, нема што тука кој што сака нека зборува. Нека не ми споредува сочно печена кокошка со месо од соја, молимте :lol: 8) )
    Млекото еднаш го пробав, ич не ми се допаѓаше.
    Соините зрна да, вкусни се и добра ужинка и мамење на стомакот кога си гладен.
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Јас сега еве ги варам шницливе, па после прв пат ќе пробам со печење, пошто инаку ги пржам.
    А соја сос сакав да купам , и се мислев 15 минити дали да земам со сос од печурки, дали обичен и на крај си зедов кечап, така ги јадам. :lol:
    Убав е тој од печурки, има некој пробано?
     
  15. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    83.857
    Пол:
    Женски
    јас шничлите прво ги обарувам во солена вода а потоа ги стегам со рака од водата ги расекувам на половина и во нив ставам бијано сирење ги брбелам во јајце презла па ги пржам пробај сигурно ќе ти се допаднат поздрав
     
    На Lacrimosa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Ама јас мислам дека ако не е генетски модифицирана сојата не е толку нездрава, а ина4е нормално дека можеби е штетна за одредена група на луѓе кои страдаат од одредени заболувања, така е и за некои зелен4уци и овошја, не само за сојата...
     
  17. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Што знам. :?: Со соја фактички пораснав па ништо не ми е. Но сепак добро е да се знае :)
     
  18. baki-dk

    baki-dk Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Јас соја сос користам редовно, посебно за маринирање месо, а исто така и тофу.
     
  19. MilanoGirl

    MilanoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    152
    За сојата знам дека е здрава и еве баш сега читав дека помага во отстранување на холестеролот, а исто така во неа биле откриени состојки кои се добри за жените во менопауза.
    Што се однесува до храната од соја, ги јадам соја шницлите и млекото од соја (со вкус на чоколадо - омиленото. :D Иначе има и други врсти.) Ма да нема некој посебен вкус, ама одма се чувствува дека е со помала масленост од обичното тетрапак млеко. Плус се раствара со вода што игра голема улога во намалување на масленоста :)
     
  20. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    јас повеке соја имам изедено во живот него свинско месо (уопште не ми е убаво)