Од соја имам пробано само зрната за грицкање..многу ми се вкусни и мислам дека се поздрави од другите грицки. Често си купувам
Не сум голем љубител на соја. Понекогаш ги јадам зрната за грицкање и супер занимација ми се, а и вкусни се. Друго немам пробано до сега.
сојата е мноогу здрава (во умерена количина, како и секоја храна всушност), ама да не е ГЕНЕТСКИ МОДИФИЦИРАНА. Затоа барајте да пишува GMO free. Иако се сомневам ако пишува, дали навистина е така, зошто кај нас се` се фалсификува, кој што сака си пишува на налепницата
Не само што не е здрава туку е штетна посебно за бебиња и машки а девојки смеат да ја користат во мн мали количини иако јас би ја исфрлил комплетно од употреба .
хахаха, да, точно е, дека делува на намалување на плодноста! Ама ако се зема во огромни количини и често. А, ти валда не ја конзумираш секој ден дома ти!!??? Не е страшно ако земиш еднаш-два пати месечно да си зготвиш. и секоја храна воопшто ако ја земаш во огромни количини е штетна. А, што не го исфрлиш алкохолот??? (претпоставувам пиеш!!) Тој е милион пати поштетен од сојата. Која логика не конзумираш едно, а конзумираш друго, уште поштетно!
Речиси никој не јаде соја само еднаш до два пати месечно но во тој случај се согласувам, најверојатно нема да има штета. Тоа што го кажав се однесува на редовно консумирање соини производи во облик на снегулки, изолиран протеин, соино млеко, соин лецитин итн. Така да не се работи за огромни количини туку за нормални количини и тогаш е несомнено штетна . Воопшто не консумирам соја и било што од соја веќе повеќе години а алкохолот ми е исфрлен освен понекоја чашка вино мн ретко со друштво но без да се испијанам .
Girl 23 е во право сојата заедно со пченката папајата и оризот е едно од растенијата врз кои најмногу се прават генетските модификации . Инаку сојата како соја е здрава, хранлива е, но не имсе препорачува на оние кои им се создаваат камења во бубрегот бидејќи има многу калциум. Од друга страна пак погодна за луѓето со скршеници и трудниците
Соја ни на мое маче не би дал а не па да ја јадам . Лично знам случаи за големи здравствени проблеми од соја и кај мажи и жени така да кој сака да си игра со оган (соја) нека повели ама пред тоа добро да се информира што става во организмот. Преполн е нетот со информации за штетните последици од соја и за тироидната жлезда како и за машкиот и женскиот хормонски систем така да не е тешко да се проверат истите информации. Кој и покрај тоа ќе ја консумира барем знае дека се информирал за ризиците. Еден рецепт како да го направите дечкото импотентен (вистинска анегдота од мој другар). Секој ден по 3 лажички лецититин од соја во гранули и големи шанси по некој месец да бидете ослободени од некои или сите активности во креветот . Не сум љубител на давање линкови но секоја што користи често соја во исхраната би требало барем оваа статија да ја прочита од сајтот на Меркола (авторките се нутриционистки): http://www.mercola.com/article/soy/avoid_soy.htm Изборот во секој случај секој сам ќе си го донесе .
Јас не јадам Соја Спојлер едноставно не ми е вкусна Сојата е една од најстарите културни растенија која му е позната на човекот. Датира уште пред 5.000 години, во Кина. Создадена е во Југоисточна Азија, каде почнала да се шири во Русија, Грузија, Украина.
Најмногу што сакам е соја... Знам да си ја правам сама .. И кога ке ми се сојаде , до продавница и си правам од тие малите топчиња, прво ги варам па после ги пржам со печурки . И имам читано дека е здрава
Јас мислам дека е здрава. Па уште ако ја приготвиш на добар начин, поубаво нема. Често ја користам во исхраната, најмногу кога е посно. Најпрво варена, па добро исцедена, па пржена со вегета...ммм
Обожавам соја и многу често ја јадам, сакам да ја грицкам, сакам да ја приготвувам во секакви видови, правам мусака со соја трошки, похувани соја шницли, салата со соја топчиња.... Дали е здрава или не не сум ногу упатена ама би требало да е, затоа што сепак Виталија е производител на здрава храна, а сојата ја купувам од таму, освен тоа што го имам прочитано на пакувањето,а на него пишува дека е здрава, знам дека е здрава. Одлична замена за месо е, а не содржи масти. И да не е здрава пак ќе ја јадам пошо ми е најубава
Сојата е здрава и без маснотии особено за оние кои имаат проблеми со срцето секогаш пазам да не е ГМО или генетски модифициран организам секогаш пазам на тоа и гледам да пишува во упатството GMО free. Инаку знам да си ја подготвувам и да биде многу вкусна за јадење. Дома сите ја јадеме.
Јас сакам да пробам соја мајонез..само не знам дали е здрав, односно дали е поздрава варијанта од класичниот мајонез кој воопшто не е здрав. Каде може да се купи соја мајонез, гледам по рафтови низ маркетиве ама или не гледам убаво или нема, никако не можам да најдам? Исто гледам и сојини шницли дека приготвувате ама од каде ги купувате ме интересира, зошто имам пробано но само во ресторан. Инаку најдов и рецепт за подготовка на соја мајонез и составов изгледа многу едноставен, па вреди ли да се проба т.е. ме интересира дали е вкусен? Мајонез од соја 2 лажици соино брашно вода малку сол ½ филџан ладно цедено масло Соиното брашно треба да се размати со пола филџан вода и да се стави на тих оган да се вариНепрекинато се меша и се додава по малку вода кога сојата ќе пошне да се згуснива. Варете ја смесата десет минути. Оставете ја смесата густа, зошто е потребно на крајот да додадете уште некои течни состојки. Кога смесата ќе се олади, во неа исцедете сок од пола лимон и додадете масло. Додајте сол и сето тоа добро изматете го во миксер или блендер. Да се чува во стаклена тегла во фрижидер.
Јас обожавам соја шницли со сенф. Многу ми се слатки така приготвени, прсти да излижеш Најпрво ги варам, потоа убаво ги процедувам и на крај ги премачкувам со сенф и ги пржам. Некогаш прво ги пржам, па ги премачкувам со сенф. Тогаш ми се уште поубави, повеќе се осеќа сенфот. Инаку соја коцките прво ги варам, па ги пропржувам и ги јадеме така. А еднаш пробав да направам мусака со соја, ама ич не ми се допадна, тоа трошките ептен ми впија од млекото и не ми беше слатко јадењето. А го имам пробано и сосот што го пишува на кесичките од соја трошките на Виталиа. Е тој ми беше ептен вкусен, го правевме со шпагети. Лукчето му дава посебен шмек. Нареден пат ќе пробам некој од вашите рецепти.
да да сојата е многу здрава и како што викате да не се претерува де нормално...а ја бидејќи кога ке ми спомнеш соја лигите ми течат и неколку пати ми се има десено да претерам малку повеќе и потоа имам гасови прдам ко настинат коњ..и затоа сега ја јадам помалку и јадам само ако не планирам да излагам вечер бидејќи лошо ќе биде