Пак не се согласувам, сојата како и мнооогу други растенија се ГМО да, но не секаде и за сите. За наша употреба се користи соја која не е од ГМО потекло, во Јапонија не ни постои ГМО соја, на тој народ најважен вид во исхраната е токму сојата и производите од неа па живеат и по 100 години. Додека во Америка има ГМО соја и ГМО пченка која ја употребуваат во прехраната на животните кои потоа луѓето го јадат нивното ГМО месо. Но, да се разбереме во многу истражувања покажано е дека нема опасност за внесување и гмо и вкрстување, но сепак јас би одбегнувала соја ако не пишува NONGMO и не само соја туку и многу други производи.
Што мислите за соја млекото, го конзумирате ли? Јас на гости пробав кафе со соја млеко во прав и многу ми се допадна со оглад на тоа што не пијам никакво млеко од животинско потекло.Се мислам и јас да си купам од она на Виталија, само се мислам дали е здраво.
Јас ја имам и така си стои, не знам ни јас колку е здраво, а тоа со вкус на ванила баш е вкусно. Ко шо пишав и претходно, постојат спротивставени ставови за тоа дали и колку е здрава сојата.
Не ја консумирам. Сум пробала млеко од соја, ужасно беше. Онаа за грицкање не е толку лоша, но не сум купила којзнае од кога. Соја шницли, no thanks Преферирам вистински шницли.
Колку што знам веќе подолг период е и повлечена од продажба. Иако знаев д ја користам ...околу 2..3 пати месечно но не во големи количини.
Случајно ја видов темава, па ми текна да прашам. Обожавам соја шницли (варени со вегета), иако јадев еднаш на неколку месеци. Пред година дена продавачката во малската продавница ми рече дека нема веќе бидејќи ја забранале сојата за продажба. Прашањето ми е следното: дали некаде можам да најдам соја шницли? А дали е здрава - ништо не е здраво денешно време!
Уф. Ич не се добри тие. Најсериозно. Ова од чоек шо соја коцките му се дел од омиленото јадење и со години немам јадено ко резултат. Во таа форма не е добра сојата. И повлечена е од производството и долго време ја нема. И нема да ја најдиш пак, жалам. Али печена е добра сојата, како темпе или тофу исто. Лично ми има јак вкус така и ја избегнувам сем како печени семки врз јадење кога турам. Ама тофу пример, не е на вкус како соја шницла. Далеку поразлични се.
А зошто е повлечена сојата во вид на коцки или шницли? Од време на време знаев да купам, па се зачудив зошто ја нема.