Со деца во изолација

Дискусија во 'Коронавирус' започната од RainBow, 19 март 2020.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.799
    Допаѓања:
    46.705
    Пол:
    Женски
    По предлог на една форумџика решивме дека ќе биде добро да имаме една ваква тема во која ќе споделиме како го минуваме времето со децата дома, како децата ја поднесуваат изолацијата, можеме и да споделиме совети за занимавање и побрзо минување на времето.

    Моето е ептен друштвено дете, најтешко и паѓа тоа што сега нема играње со другарчиња. Ама е многу разбрана, па не прави некои проблеми, туку знае тажно да ми се исповеда што ја мачи. Ја тешам само дека е период и ќе помине. Се занимаваме исто како и пред тоа, минус шетањето, имаме дворче, па тоа крајно ја олеснува работата.
    Баш ми е жал што вака им поминува времето, ама тоа е, да се надеваме дека ќе заврши побрзо периодов.
     
    На emkaemka, LiliBoz, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  2. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    13.548
    Пол:
    Женски
    Не да е тешко претешко е. Кај нас малата ја носиме кај бабаи зошто одиме на работа. Па колку толку менува играчки, простории.
    Сепак мала е уште 2,5 години за да разбери што се случува. Знае дека не смее надвор, па некако се помини и не ни бара.
    Дома ни е игротека. Извадени сите играчки, па малку цртани, боиме , се лакираме се што ќе и текни.
    Моментално хит и се бебешките играчки. Ги најде дома па се преправа дека е бебе и игра со нив.
     
    На emkaemka, LiliBoz, An-na и 2 други им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    259.612
    Веднаш да се пријавам и јас.
    Изолација од вторникот минатата недела.
    Прво изолацијава не ја сфатив сериозно, па првите два дена возеше велосипед по пустите улици каде живееме, ама некако страв ме фати па влеговме со неа во изолација.

    Нејзе не и паѓа многу тешко, домашарка е, ама сепак знае да побара велосипед, тротинет, прошетка.

    Се снаоѓам некако.
    Сите активности дома настојувам да ги успорам зашто понекогаш немам идеа како да ја анмирам и притоа да биде поучно и корисно.
    Првоте денови ги изчитавме сите сликовници, па сложувалките беа на ред...
    Сега активно ја вклучувам во сите активности па макар и да се за возрасни.Заедно местиме кревети, заедно миеме садови, правиме ручек..
    ...забавно и е...

    Давајте предлози за нешто поучно, за домашни активности имаат време.Убаво е навика и дисциплина да им се вгради, ама сакам нешто креативно за неа.
     
    На emkaemka, snegulkata, LiliBoz и 3 други им се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    12.781
    Допаѓања:
    22.721
    Пол:
    Женски
    Јас ги носам надвор. Избегнувам да се во близина на деца. А дома си играат, бојат, редат сложувалки, гледаат цртани....И двајцата ми помагаат во средување - диплат алишта, мијат садови, бришат прашина....Гледам да направам се што можам за да не им е досадно.
     
    На Lattina, referentka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    259.612
    Каде надвор ?

    Откако слушнав дека и преку асфалт се пренесува, некако страв ми е.

    Полесно е кога се има сопствен двор, па можат да си поиграат без допир со други деца или ошто со луѓе
     
    На Coco31 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    12.781
    Допаѓања:
    22.721
    Пол:
    Женски
    Пред зграда. Да трчкаат низ дворот.
     
    На kiki_riki и referentka им се допаѓа ова.
  7. fana

    fana Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    18.986
    Пол:
    Женски
    На оваа тема треба да пишат сестра ми, мајка ми и татко ми. Ќерка ми е во Битола, а јас и маж работиме во Скопје, па кога затворија градинките ја однесовме во Битола :(
    Си играле со топка во дворот, возела точаче, брканица со сестра ми... Тоа. Мала е и не и е јасно што се случува, ама не правела проблеми.
     
    На NarCis@, LiliBoz, emkaemka и 2 други им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    259.612
    Ние ова со лакови за нокти кои ми беа суви
    20200319_144659.jpg
    Денес и таа летаргична ми е, какп да нема воља да работи нешто.
    Жал ме фаќа.
     
    На Love 83, NarCis@, LiliBoz и 12 други им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    3.872
    Допаѓања:
    23.650
    Пол:
    Женски
    Мене најголем проблем ми е физичката неактивност. Збесна дома. Џабе анимации, кога си сака активност, а ова во стан ептен тешко :(
    Ако ја имате апликацијата youtube kids денес ми стигна известување дека имаат плејлисти со активности за деца. Јас веднаш проверив :D и цели 45 минути :o се занимаваше со тоа. Цртаа сладолед и правеа вртелешка. Истиве работи и јас ги правам со неа, ама со мене не се задржува толку долго.
    Цртање, боење ни е стандард. Симнувам од нет и и принтам worksheets за деца, па и со тоа се занимаваме.
    Исто, имаше линкови (ќе се обидам да ги најдам) со македонски аудио книги. И тоа и беше интересно.
    Имаше на нет (треба да го побарам линкот) со идеи од кинези за анимација на деца во изолација. Прилично интересни.
    Гледам да и ограничам гледање цртани, ама ептен тешко.

    Од психолошки аспект, на почетокот многу добро го прифати фактот дека треба дома да седи. После почна да се буни, па и мене ми беше лута (оти јас сум ја донела болеста :D) сега ретко спомнува. И фалат другарки и физичка активност најмногу.
    За миење раце имаме една финта, ја пееме abc или нашава азбука додека се мие, за да знае дека правилно ги измила рацете. Јас и претходно прилично ја "малтретирав" со правилно миење раце, па ова не и е нешто ново.
     
    На Biljarkata, NarCis@, Kitten и 8 други им се допаѓа ова.
  10. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.653
    Допаѓања:
    19.567
    Пол:
    Женски
    Ni sme od pocetok na februar doma:tmi:
    Najprvin golemata so influenza pa malata so bronchite i lezenje vo bolnica pa eve mart dojde i ovoj virus:devil:

    Golemata znae deka ima virus pa znae da razbere deka ne mozeme da se setame.
    Malata 2god cesto vika kako kako(parko) ili brm brm da se vozela so kola, se luti, ne razbira zosto ne mozeme da odime kade saka:(

    Vo dvor znaeme da izlezime malce tokpa malce velosiped, ne pomimuvat ni koli ni luge vo dvor iako eden period imavme komsi pa celo vreme bea napred nazad.

    Slozuvalki, boenje, secejne, kukli, mecinja,muzika, igranje, peenje, topka, hula hula pa i crtani i se vo krug:devil:

    Momentalno sme na terasa dodeka malata spie a golemata pravi nekoi zvuci so pticite:)

    Se nadevam brzo ke mine ovoj period:l:
     
    На bela.m, 24.07, emkaemka и 4 други им се допаѓа ова.
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    259.612
    За миење раце ние ја расажавме во три реченици за волкот кој ги лажел јарињата си побелени шепи, а сега со сапунот ги побелува и збори на тенко и го имитира волкот, па рацете баш ги мие по сите пропозиции:D
     
    На bela.m, 24.07, buba4e89 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.799
    Допаѓања:
    46.705
    Пол:
    Женски
    Јас слушам прес, малата мие садови и се шлака со вода.
    #содецавозиолација :D
     
    На LiliBoz, 24.07, mariz и 5 други им се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    259.612
    Не успевам да ограничам мобилен.

    #содецавоизолација:D
     
    На Lattina, LiliBoz, senjorita-v и 8 други им се допаѓа ова.
  14. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    13.548
    Пол:
    Женски
    За миење раце проблем немам, уште пред ова омилено и е да се мие со сапун на чешма. Сама си се качува сама си пушта вода се мие. Плус сега и антибактериски гел си става.
    Кога ја носам кај моите со маска и в раце по скали и дирек в кола. Итрересно и е со маската дека докторка била, а и нас не гледа дека носиме па сака и таа. Одма после влегување кај моите или дома кога се враќаме одма става антибактериски гел.
     
    На 24.07, referentka, snegulkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.799
    Допаѓања:
    46.705
    Пол:
    Женски
    Јас почнав деновиве да и давам да поигра на телефон, и симнав за редење сложувалки и биби нешто со азбуката. Ама, пред да и го дадам и реков дека и го давам во целосна доверба, кога ќе и кажам дека е доволно веднаш ќе го исклучи и толку ќе биде. Она се согласи. До сега и немав дадено воопшто телефон за играње, меѓутоа живееме во такво време и не може да е и до толку исклучено, според мене. Засега е супер, поигрува и го исклучува кога ќе и кажам. Сакам да ја научам умерено да ја користи технологијата, иако нели, знаеме дека тоа нема да се случи. :D
     
    На Doozy, LiliBoz, 24.07 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    8.325
    Допаѓања:
    133.005
    Пол:
    Женски
    Сега за сега немам проблем. Ужива дома.
    Ако посака ќе го носам негде кај што сигурно нема народ. Уште ја разработувам таа идеја...
     
    На emkaemka, kiki_riki и referentka им се допаѓа ова.
  17. Leo_29

    Leo_29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    3.124
    Пол:
    Женски
    Ние пееме хепи брдеј дури миеме раце (facepalm)
    Инаку, јас потешко издржувам отколку детето. Плус цело време се качува, скока, се џитка.... ако не ја гледаш опасна е. Уште на лустер се нема качено. Не е истрчана ич. Тоа ептен е тешко во стан.:sweat:
    Излегуваме и ние малку надвор, на паркинг играме топка, ама ми бега цело време на улица :worried:
    Се надевам дека брзо ќе заврши ова.
     
    На Lattina, buba4e89, kukla21 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.640
    Допаѓања:
    24.022
    Засега супер се носиме со ситауцијата. Иако имало кризни моменти. Ама со оглед на тоа што минат пола ден кај баба , пола ден дома некако се спасуваме од досада!
    Дворчињата на бабите ептен спасуваат ситуација. Па и убавото време, доволна причина надвор на дворче да се трчка, вози тротинет, возење трактор ( овде си развила игра фарма) , лулање на лулашка... Исполнето им е времето додека јас да си дојдам од работа.
    Еден ден кај едната, друг ден кај другата баба!
    Дома најчесто боиме, лепиме, сечиме со ножици...
    Кога се на добра волја двете сестрички играат различни игри- докторки, мајки, глумат дека се на плажа, играт пикник...
    Малата реди и сложувалки, големата ептен се внесе во цртање и боење.
    Големата дреми и на мобилен, гледа Дајте музика или Биби!
    Често се вклучени и во домашните обврски, воглавном ми отежнуваат...
    Бришаме прашина ( шлакат насекаде), прегеска големата ориз требаше, вчера со мене палачинки правеа... Ги радува кога ми ,, помагаат"
    Ноќе пред спиење гледаме цртан, Сирената Ариел ни е актуелна периодов!
    Играат и пластелин, денес со ММ правеа бротчиња кои ги ,,возеа " по подот. Требаше во вода, ама се поштедив од средување неред.
    Правеа и авиончиња па ги ,,летеа" низ дома!
    По 10 дланки на ден цртаме...
    Навечер некогаш и читаме, сликовници разгледуваме, Росица читаме. Ама ова кратко затоа што малата не се интересериа па се закача или досадува нешто. А големата ептен сака да и читаме нешто.
    Инаку една вечер ги возевме со кола, на едно повисоко место па цел град го гледаа како свети. Па помина пола час во раскажување каде се наоѓа градинката, куќата, болницата, плоштадот и сл...
    Се мислев да играме Не лути се човече или Монопол, ама со малото тешко би се извело ова. Ете нека биде предлог за оние со поголеми деца да се занимаваат со друштвени игри.
    И така, не е лошо засега!
     
    На Love 83, do-re-mi, Leo_29 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    97.239
    Пол:
    Женски
    Мајки кои користите инстаграм, само заследете го #dabidemekreativnipredizvik, има и тема таква од @danichap, имате многу идеи за анимирање и забава со деца, притоа ќе дознаете уште многу профили на мајки и стручни лица со идеи за изработки, игри, едукација... Мене многу ми е користо. Има, многу седи дома - биди креативен предизвици. Дури и мал ми е денот :drunk:
    Моите се и поголемки, па минуваме време и во учење.
    Најважно е да не се трујат децата со вести, да не се паничи пред нив, да им се објаснува внимателно што се случува.
    Нив им е најтешко :(
     
    На do-re-mi, danichap, 24.07 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Цвет88

    Цвет88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    14.870
    Пол:
    Женски
    Тешко е...
    Гледам да има активности, ама според можностите и материјалите идеите ми се скоро исцрпени.
    А и веќе и се досадни некој, обично оние кои ќе ги совлада, пак не сака.
    Мобилен гледам да давам само кога имам обврска низ дома за да можам да ја завршам.
    Зошто моето дете никогаш не си заигрува само.
    Мора да има некој со неа дури и кога гледа тв.
    Редиме сложувалки, цртаме боиме, листаме книги, ама не е еден ден.
    Арно и волку е умна.
     
    На cresa-jagoda, Leo_29, Lattina и 1 друга личност им се допаѓа ова.