Кога шминкерот е уметник, обичната девојка може да ја претвори во модел од насловните страни на списанијата Ова се делата на либанскиот шминкер Самир Хузами, кој ја има токму таа моќ, обичните девојки да ги претвора во топ модели. Уживајте во магијата што ја прави Самир само со помош на шминка.
Навистина човеков има вешти раце ама па секој ден вака не може лицето трпи нели пудрата го суши. Најдобро е малку за да изгледа како многу
da mu kazam prva slika na edna licnost i poslednata slika od edna devojka,ke mi kaze pa sto poubava e ova 2va sto ti pravi sminkata.
Повеќето од девојкиве без или со минимална шминка според мене се поубави од финалниот резултат. Премногу портокалово за мој вкус.
Па добро, крајниот резултат не е за секој ден, туку само за посебни прилики. Чуда прави човекот, буквално 2 различни личности. Јас не поднесувам ни приближно волку шминка, ама на пример првата девојка ми е многу поубава со шминка.
Уште една работа во финалниот резултат е што се сликани од друг агол, во кој и без шминка би испаднале подобро
Затоа искрено не претпочитам јака шминка,заради толкавата разлика од тоа реално какви што сме...За посебни прилики да ама за секој викенд работа итн.не сакам јака шминка... Сакам умерена средена кожата да изгледа здраво а останатото само да се истакнати цртите...Инаку секоја чест за способноста на ваквите професионални шминкери,ама жените го претераја со секојдневното контурирање што не го бидува не го бидува...
Мене пола девојки како прљави ми се во ликот Не знам што мода ќе беше ова со контурирањево ама за мој вкус ептен е кич. Не треба тоа толку да се познава дека се шминкани во десет слоеви, многу вештачки изгледа како грниња се. Секогаш ми бил сто пати попривлечен природниот изглед, ко да не си се трудел нешто премногу. Е такво нешто кога ќе видам се воодушевувам, па макар и 15 слоја на шминка да има, ама никој да не може да претпостави.
Јас разбирам контурирање да се користи кај тие тв ѕвезди , да изгледаат поубаво на камера итн , но имам читано дека девојки секојдневно си го контурираат лицето за да изгледаат вака , мене тоа ми е too much. И јас сум повеќе за поприроден изглед
Ваква шминка не е секојдневна. И да, премногу е, премногу пудра. Според мене, поубаво е минимална шминка, колку да се прикријат несовршеностите, кои секој ги има. Па дури, не мора и тоа. И некои девојки носат шминка, се навикнуваат на "совршено'' лице, без маани и недостатоци, и потоа никаде не излегуваат без шминка, што навистина не е добро.
Не можам со сигурност да ти одговорам на тоа прашање зашто јас сум за поприроден изглед, за 10 минути завршувам со шминкање. Има луѓе кои веројатно не се задоволни од природниот изглед, па преку шминка целат кон тоа да бидат поубави и се доведуваат до степен да бидат непрепознатливи. Пример за тоа се матурските шминки, ама тоа е друга тема на муабет.
Секој си има различно мислење. Јас сум за ептен природен изглед и ваква обилна шминка неможам воопшто да поднесам повеќе од 2 часа. Али секој со мислењето, повеќето сакаат да експериментираат
Човеков е професионалец, буквално прави чуда. Но се разбира ова не е за секој ден, за некоја посебна пригода, убаво е да те видат во друго светло, со повеќе шминка, дотерана итн .
Да убаво изгледа онака професионално, али ја никад не би сакала да имам на мене волку шминка, премногу вештачки ми изгледа. Има пригоди кои што нормално бараат малку повеќе шминка, но сето тоа да биде умерено и суптилно, да изгледа природно и ненападно.
фино изгледа но е премногу и сепак шо ќе кажи лицето од толку шминка до некаде треба и реалниот изглед на женското да се знаи а не ајде ќе а маскираме да појди на капење дечко со една ваква има со да види ќе го замати цел базент или пак под туш хорори