1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Со и без шминка = 2 различни личности

Дискусија во 'Лице' започната од Snow-Queen, 3 март 2015.

  1. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Поентата во шминката е да ги покрие недостатоците/мааните ,а да ги истакне убавите црти на лицето, дали очите, усните, јаболчниците... не, за да направи од вас друга личност.
    Лично ми е одбивно ова, слоеви и слоеви на шминка. Барем денес се пропагира што поприроден изглед, така да браво за талентот, ама може малку да го модифицира стилот на шминкање.
     
    На Аliсe, crazylady, marristovska1 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Ах колку пати досега сум се излажала.
    Ќе видам некоја особа така на некоја свадба,и очи не можам да тргнам од убајни.
    Бре ќе речам колку е совршена типкава.
    После кога ќе ја видам на некоја друга секојдневна слика ...
    Туѓи срам ме фаќа.
     
    На anamarija..xD, anina и Ketchup им се допаѓа ова.
  3. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    6.560
    Пол:
    Женски
    Вистина има талент човекот, ама за мене ова е премногу..Не сакам ни да замислам како изгледаат во живо со толку многу слоеви на пудра...
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.791
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Не знам како лицето може да трпи толку шминка. И кога ќе видам некоја вака нашминкана ми е чудно. Цело лице угушено во слоеви шминка.
    Во животот вака се немам нашминкано, ни за поводи ни за ништо, а не верувам ни да се случи такво нешто. Не ми се ни убави вакви лица, ми делуваат претерано вештачки, а во тоа нема убавина.
     
    На joy1, Sexybaby86, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Вака добро досега никој не ме нашминкал, не дека одам често кај професионалци, ама кога одам сакам вака да биде. За секој ден сама си се шминкам, ако сакам природно и минимално исто сама ќе се нашминкам, но еднаш во не знам колку време сакам да влезам во пепелашка филм и да сменам опис комплетно. Оти сама не знам, а да дадам пари за некој да се учи на мене шминкање и тоа не сакам, а за вака би дала.
     
    На MacenceEna, oblace1, Oneo и 8 други им се допаѓа ова.
  6. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.071
    Допаѓања:
    13.163
    Пол:
    Женски
    сликиве се пудра + фотошоп :)
     
  7. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Мене ми се допаѓа. Човекот е апсолутен уметник. Како што сликар слика на платно така и професионалните мејк ап артисти на некој начин сликаат на лица и не знам зошто толку полемики за тоа што има да се контурира, да се бои... И јас нормално за лоша шминка ќе кажам лошо е изведено не чини , ама ова мислам дека е маестрално.

    Нормално дека за секој ден нема да излезеш вака ама сите имаме прилики во животот кога сакаме да изгледаме беспрекорно.Не мора и да е некоја посебна прилика еве вечерно излегување нека е. Пример јас баш сакам да експериментирам на моето лице да испробувам и нормално дека кога ќе се нашминкам не сакам да изгледам што е можно по слично отколку без шминка. Баш намерата ми е да се видам себеси во друго светло, како ми стои оваа боја , онаа пудра, некој си кармин, едноставно ми е начин на кој се изразува креативноста. Во ред се сите тие тези за природна убавина и нормално дека некој не треба да изгледа како восочна фигура ама искрено барем мене природната убавина со тек на време ми станува досадна и неинтересна и сакам нешто ново и различно.

    Од друга страна пак има девојки чии црти не трпат многу шминка и најубави се што по природно нашминкани, други лица пак трпат трансформации и плус ако имат талент тоа е прилика за надоградување на својот талент. Едноставно со текот на времето сфаќаш што ти прилега и во кој правец треба да се движиш.
     
    На eloves, Oneo, crazylady и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Rock.Lady

    Rock.Lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Искрено? Без шминка ми се поубави.
     
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Мразам нападна шминка кај другите , многу вештачки ми изгледа , а на себе тоа сум го применила само еднаш, не по моја желба бев нашминкана толку нападно како Кловн и од тогаш никогаш повеќе:D во принцип , си го негувам природниот изглед, ставам малку маскара , кармин и малку пудра ,ни креон , ни туш и ништо слично што би ме направило многу нападно :x се е ствар укуса , ама јас сум повеќе за природен изглед него за 16 слоеви на пудра на себе , како со паштета намачкана 8)
     
    На Askopje и anina им се допаѓа ова.
  10. enia22

    enia22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Количината на пудрата е иста, само боите се различни. Мораат да бидат во баланс за да се блендира добро и да не дојде до overpowering на конкретна нанесена боја. Јас мислам дека „природниот изглед“ е премногу форсиран и фактички уште од немај каде природниот изглед на медиата е токму овој, само задржани на помека контура од прикажанава.
    Јас сакам негувана кожа, мене лично на моделиве ми се свиѓа лицето но кожата како да им е запоставена, запуштена, дехидрирана. А ваква шминка според некои шминка стандарди е погодна за посебни прилики, ма да мене ова денешново пренагласено користење на контура и веќе видлива необработена контура повеќе ми збори за несигурности и потреба од градење его отколку било што друго...
     
  11. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Мене шминката ми е прекрасна. :)
    Се гледа дека човекот има златни раце.(y)
    Секој со својот вкус, некои не сакаат нападна шминка, некои па ја обожаваат, но сепак не сметам дека е лошо нападна, пошто е многу убаво и професионално изведено.
    Некои од девојките би биле убави и со поприродна шминка, но некои се тотално непрепознатливи на последните слики - човекот дефинитивно го истакнал најдоброто.
    Јас лично секој ден ставам пудра, бронзер, светол коректор под очи, светла камена пудра под очи и на т-зоната, и хајлајтор и руменило. Ретко кога ставам туш или сенки, немам време од сабајле за тоа, во канцеларија маскара само ќе ставам а во такси додека одам кармин ставам, ама лицето си го правам џам и така многу си се бендисувам. Еве жената на адвокатот кога и да ме виде се ми вика дај научи ме и јас вака да се шминкам, а па некња братучедка ми додека бевме на ручек ми вика зошто ставаш волку пудра не ти треба. :) Мајка ми многу ме бендисува, тато ми вика како фасада да сум имала. Дечко ми многу ме бендисува, братот ми вика шо туку се шлапате, многу мразе шминка.
    Муабетот ми е - секој со својот мерак, јас обожавам и не ми е гајле другите што мислат, како сум расположена така ќе се шминкам, и имам приметено дека секогаш последните пари што ги имам на шминки ги давам, тие ми се приоритет пред облека, чевли или чанти.
    :makeup:
     
    На Mimi123, LaraSolare, kim.k и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Фотографиите се супер пример за тоа како со професионален шминкер+ професионално осветлување + професионален фотограф и обичната, секојдневна, несовршена девојка може да изгледа како фотомодел. Сем тоа, шминкава што ја носат девојкиве не е ни наменета за ријл лајф, туку е за потреби за сликање. Ви текнува на нефотошопираните слики на Бејонсе за Лореал? Тоа е тој момент на прејака пудра и контурирање (а богами и фотошоп четки :) )Во секој случај, браво за дечкото кој стои зад постираните фотографии, очигледно одлично си ја знае работата, би сакала и мене да ме нашминка еден ден :)
     
    Последна измена: 12 март 2015
    На MacenceEna, joy1, oblace1 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Женскиве ги има претворено во нешто величенствено. Е не ми се допаѓа бојата на пудрата бидејќи е премногу темна ама дека е човеков уметник, нема место за дискусија.
     
  14. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.713
    Допаѓања:
    5.035
    Пол:
    Женски
    Ваква шминка е повеќе за реклами, спотови и слично, каде се дава поголема слобода на шминкерот како уметник. На камера потоа ова изгледа многу поинаку. Или ете, клинтот сакал таа вечер да изгледа поинаку од вообичаено. А и после сета таа шминка тука има и фотошоп. Така што не мислам дека треба да се крева толкава фама. :)
     
  15. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.940
    Screenshot_2015-03-26-23-55-46-1.png
    I tuka ima dosta promena, no I celo pakovanje pudra.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  16. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.935
    Допаѓања:
    30.769
    Пол:
    Женски
    Мене ми се допаѓаат првите слики. :)
    Вака за секој ден не, но за посебни прилики, зошто да не? Па сега ако не сакаш толку шминка, никој не те тера со сила. Некој сакаат, и не му изгледа толку нападно. Јас вака до сега се немам нашминкано, а баш би сакала некој професионалец да ме нашминка, само од радозналост како би ми изгледало лицето со толку шминка, и секако да ја исфуриме шминката за ноќна забава. :makeup::lol:
     
  17. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    А од кај ти е тоа дека има цело паковање пудра? Па не се сите пудри лесни и непокривни.Еве јас имам пудра од Есте Лаудер максимум кавер за која велат и дека може да покрие тетоважи, не знам ете немам јас па да пробам , ама со многу помалку или нормално како и секоја пудра лицето го прави порцеланско и без ниедна флекичка или било што.Значи покрива све и изгледа поприродно од било која друга пудра што сум ја користела со помала покривност од оваа.

    Така да многу ми е невкусно некој на памет кога збори а не е информиран. Исто е и со било која драстична трансформација не значи дека има 15 слоја пудра, него значи дека има квалитетна и покривна пудра, ај да ве видам некој од вас што тврдите дека има 15 слоја пудра баш ставите од било која пудра 15 слоја дали ќе се добие истиот ефект? Мислам од обична средно покривна па и лесна пудра 3 слоја да ставиш, веќе ќе изгледаш како кловн затоа што не и е намената да покрие толку,едноставно си има пудри и за таа намена и со таков квалитет.

    Девојкава ја знам и од инстаграм и многу е талентирана, заборавив сега како беше потпишана баш пред некој ден ја гледав, и ми се допаѓа што е една од ретките која ја покажува и својата друга страна со цел да ги охрабри луѓето што имаат сличен проблем и да им понуди алтернативни решенија со шминка.Мислам реално јас што немам акни па не си дозволувам да шетам секаде без шминка, а можам да замислам како им е на луѓе што стварно имаат проблем и додека се во фаза на решавање се учат и како да се носат со тоа, како да го прикријат.
     
    На joy1, kim.k и Nausicaa им се допаѓа ова.
  18. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Во контекст на муабетот за тоа колку пудра е потребно за да се покријат акни и слични несовршености
    .
    Секако дека продуктите кои ги користи за да го постигне тој изглед не се евтини но ефектот е неверојатен! Да не беше видеото, за крајниот резултат ќе бев уверена дека станува збор за фотошоп :)
     
    На LaraSolare му/ѝ се допаѓа ова.
  19. badgirl2

    badgirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски


    Ke sakas li da mi kazes od kade ja kupi pudrata i kolku i e cenata?
     
  20. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Јас не ја купив од Македонија, но ја има тука во Космо и чини околу 3000 денари.

    Инаку @Nausicaa исто и девојкава ја знам од нејзинитот You tube channel и баш истата девојка има инспирирано многумина , пред некое време поради нејзината инспиративност и талент беше и ангажирана за модел не знам за која намена и повторно ја имаше споделено нејзината приказна со цел да даде поддршка на сите што се борат со сличен проблем, инаку акните и се излечени и мислам дека на Фемина имаше статија за неа. Општо за сите луѓе со таков проблем можам да замислам колку непосакувано внимание добиваат од околината и колку им е потешко на интервјуа за работа или едноставно излегување, сигурно не за џабе користат вископокривни пудри, коректори и што уште не и на сета мака сигурно не им треба некој да каже еј оваа сигруно цело кутиче пудра ставила денеска.