Со другарка ми и братучед ми. На раат да си пиеме кафенце и да си трачариме. Па после еден убав ручек со пилешки прсти и тартар сос... Ммммм ... и да се смееме
Со самата себе и ќе бидам за неколку минути , ќе се релаксирам, длабоко ќе размислам(тоа обожавам да го правам) , средувам и потоа се фрлам над книга и после тоа “боли ме брига за све остало“ е така .
Рената.....која ја сакам повеќе од сестра, на која можам да се ослонам секогаш кога ќе ми притреба. Рената - момичето за кое немам спиено добри 2 дена, ја имам тепано , ги имаме поминато заедно најубавите моменти , најслатките караници и најсолените шеги, а и што не чекат допрва.... Таа е се само обична другарка НЕ .... Ми фалиш лепото.....
Сама сакам да бидам сама.....се молам на господ сама да бидам.....сакам да се одморам психички...напорно ми е ова.....не можам да издржам немам толку силни нерви.......
Со муцето мое најубавко ... мислев дека го заборавив , но се излажав гадно се прашувам дали ќе дојде денот да го погледнам а да не почувствувам ништо ...
Со Симона, како во старите добри времиња. На старото добропознато и за двете место, зборувајќи додека устата не ни фати пена, и не ни се исуши. Ете така...обожавам да разговарам со тоа позитивно девојче.
Со најдобрата другарка која е далеку од мене,да си пиеме кафенце да си збориме на секоја можна тема,да си гледаме филм и јадеме пуканки,да си пиеме..ахх
Со дечко ми ... бидејки се глеаме мн малку зашто живееме во различни градови на оддалеченост од 100 км
со муцето мое најнајубаво да се гушкаме, да ми шепоти на уфце, да ми вели вети ми дека нема да ме заборавиш никогаш ......... колку ми недостигаат тие денови не сум ни самата свесна колку го сакам и колку ми треба во моментов.. Модератор: Користете боја на текст само кога сакате да потенцирате нешто.
Во овој момент би сакала да сум со вујче и да го гушнам за последен пат. Да му кажам дека ми е тешко што си замина толку рано, што не успеав ни да го гушнам за последен пат. :'( Би сакала да сум заедно и со човекот кој го сакам, и него да го изгушкам и и и ... и доста е веќе не можам да се повеќе растажувам. Ај МИС ЈУ СООООУ МАЧ!!!!!!!