со негооо сакам, ама додека тој сега е со таа(ку*вата) ја седам дома осамена и дремам на форумов за да не мислам на него
Со брат ми. Си замина пред два дена и веќе ми недостига. Сакам да сум со него каде било, да пиеме кафе и да цепиме безвезни муабети (од оние нашите).
Со оној кој ми значи најмногу, во чие присуство се топам.... Да ме гушка како што сакам, и да ме бацне во чело
Кога и да ја погледнам темава и се запрашам со кого...никогаш немам желба со никого посебно...дали дека се доцна па преку глава ми е од сите...шууу знам или дефинитивно доживеав извесна кулминација во животов,па степскиот волк на сцена ми стапнува...кузнае...а имам со кого да сакам да бидам,ама изгледа целосно се исцрпувам кога им давам парче од светот мој...ах бреее...
Со една прекрасна личност ( не кажувам која е ), да се изнамуабетиме до сабајле и така не ми се спие, ама пуста далечина уфф, ќе дочекам и ја ова, само нека дојде 11ти јуни.
Логично би било да речам “со дечкото“, затоа што сакам, но има една личност што ми е многу подалеку и ми фали разговор со него, смеата со него, надополнувањето меѓу себе, едноставно ЛИЧНОСТ ШТО МЕ СФАЌА ВО СЕ, СЕКОГАШ И ЗНАЕ ШТО ДА КАЖЕ ВО СЕКАКВА СИТУАЦИЈА!
Со најдобрата и другарка...ми недостасува онака женски да си се размуабетиме до касни ситни саати...ајде ќе биде наскоро ај хоуп соу