Со љубениот ќе одам годинава, одев неколку пати со друштво, па 3 години со ред бев со екс-бојфрендот, а оваа година за прв пат ќе одам со моето либе.
До сега сите години одам со родителите, со исклучок на две години бев и со друштво и со нив, ама тоа беше одамна помала без, за 6то па за 7мо. А сега оваа година пак со родителите, и не сум многу радосна поради тоа....Сакав негде со друштво да одиме, ама се на некој нешто не му е погодено, па шо да праиш.
Порано нормално со родителите, еднаш отидов со друштво а и дечко ми беше таму тогаш уште бевме тазе , а оваа ми е втора година сама со дечкото и мене лично 500 пати поубаво ми е кога сме сами него со плус друштво, тогаш одморот ми е замор
Поучени од лани кога на одмор трнавме друштво од 10 души (парови-распарови, 4 девојки и 6 машки), оваа година идеме 3-4 другарки. Не можеш да се погодиш со сите дефинитивно, убаво беше лани, оваа година се надевам 10 пати подобро, ако се иде по планот...
Минатата година одев со друштво, а годинава друштвото ми откажа, сите ќе оделе со родители, па и јас со родителите. И баш се радувам
Прво одам сама... Не скроз, ама немам некои многу блиски личности... После ми доаѓаат сите другарки... Најубав пречек ќе им правам!
За жал Спојлер поради финансиски причини ретко одам на одмор, неколку пати имам одено со дечко ми и другари/другарки заедно и тоа е тоа на прсти се брои колку пати имам отидено. Со моите никогаш немаме отидено (не толку од финансиска причина пошо кога бевме помали имавме можност) бидејќи татко ми не сака вода, плажа, пливање за жал. И оваа година ќе биде од тие години кога нема да одам на одмор ќе си седам дома и ќе си барам работа.
Искрено... Сакам да одам сама на одмор! Да си земам неколку дена само за себе, да не се замарам со ништо и со никој, да се затворам во хотелска соба, да јадам, да пијам коктели, да одам на ноќно капење... Да ги исклучам телефоните и да се исклучам од секој што го познавам... И ќе го направам ова кога тогаш... Понекогаш сфаќам колку ние луѓето се замараме со другите место со себе...
Досега сум одела со моите родители,братми и блиски пријатели. Оваа година ќе одиме и сами и со друштво. Сега на 4-ти заминувам охрид само со моите родители и братми,а август одам албанија со моите родители братми и друштвото
Со дечко ми, неговиот најдобар другар и мојата најдобра другарка (тие се исто така пар ). Всушност, вечер тргнуваме
Сите со дечкото, со дечкото.Е јас одам со моите и со другарка Хахаха, не е проблем да одам и со дечко,ама дечко нема.
Бев со моите, па на крајов на месецот ќе одам со друштво и после неколку дена со дечко ми Крајот го краси делото